|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
24.2.2010 10:12:45   
mother 29
сега имам работа ...тоа ке пишам вечер кога ке заспие Марко
немаш гајле и за торта ке ја прашамuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
24.2.2010 10:14:08   
mami
Хвала пуноuser posted image Уживј кога ке имаш време, јас и онака денес нема да правам, тоа од утре...

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
24.2.2010 15:22:51   
caci20
Aко постите или сте на диета, еве еден совршен рецепт за вас. Колачево се прави за 5 минути, а во него нема ни јајца, ни чоколадо, ни путер ни зејтин.
п.с. најдете чаша од 250 мл., и користете ја за да ги мерите состојките од рецептот.
за тестото
1 1/2 чаша брашно
1 чаша шеќер (јас употребив кафеав шеќер)
пола шеќер какао
2 мали лажичиња цимет
1/4 мало лажиче сол
1 мало лажиче сода бикарбона
1 лажица балсамик оцет
1 ванилин шеќер
1 и пол чаша ладна вода
за филот
2/3 чаша какао
2/3 чаша шеќер во прав
пола чаша ладна вода (почнете со помалку вода и додајте ја целата количина од пола чаша ако е потребно)
Измешајте ги сите суви состојки во голема посуда, додајте го оцетот и водата и измешајте го тестото со обична лажица, ама не го мешајте премногу. Во ред е ако има неколку неизмешани грутки.
Печете го колачот во загрена рерна на 180 Ц степени. Јас моето тавче го подмачкав со масло, но ако постите покријте го тавчето со хартија за печење, и печете го околу 40 - 45 минути.
Во меѓувреме, измешајте ги состојките за филот. Кога колачето ќе биде сосема оладено, намачкајте го со еден слој фил

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
24.2.2010 15:24:45   
caci20
Poset_ete go ovoj blog, moja drugarka so sestra i go pravat ima ubavi raboti KLIK

< Поракaта ја уредил Snowhite -- 29.12.2010 20:45:10 >


_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
24.2.2010 15:28:03   
mis.
Јас сега правев шишарки(ежиња) посни се и многу ми се допаѓаат.Сега планирам да правам и посен сникерс.

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
25.2.2010 10:25:22   
Cacko
Eve vi recepta od edno brzo i mnogu vkusno kolace:
1 jajce
100g mleko
100g zejtin
200g griz
200g seker
1 pecivo
5-7 rendani jabolka
200g orasi meleni
100g rendano cokolado po vkus suvo grozje,suvi smokvi....
se pece vo namackano tavce na 200 okolu 25-30min(se proveruva so cackalica)
ja obicno pravam dupla doza i go pecam vo pleh od rerna idealna visina e kolaceto

eeee,od pusta zelba za blago ke pocnam i recepti da vi pisuvamuser posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
25.2.2010 21:05:17   
viki44ka
lele devojki ve citam i mi se otvara zelbata za jadenje odma, obavezno ke napravam nesto od ova... 

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
25.2.2010 23:15:48   
April
МАКЕДОНСКА АЛВА

30 лажици интегрално пченично брашно,
4 лажици какао,
250 грама мелени ореви,
100 грама суво грозје,
900 грама интегрален шеќер,
100 мл ладно цедено масло,
ванилин шеќер.

Брашното, какаото, оревите и сувото грозје се мешаат да се направи хомогена смеса.

Во друг сад се топи, како карамела, 250 грама од шеќерот и се додаваат (на карамелата) 250 мл вода и ладно цеденото масло. На ова му се додаваат уште 650 грама интегрален шеќер и две ќесички ванилин шеќер.

Потоа двете смеси се мешаат убаво за да се изедначат во една хомогена смеса, се ставаат во тавче и се ладат во фрижидер.

БАЈАДЕРИ

700 грама интегрален шеќер,
300 грама мелени интегрални бисквити,
300 грама мелени ореви,
200 грама посна чоколада,
ванилин шеќер.

Интегралниот шеќер се вари со 150 мл вода. Настрана се мешаат оревите и бисквитите заедно со една ќесичка ванилин шеќер. Ова се меша со претходно подготвениот шербет (на кој може, но и не мора да се додаде 1/3 маргарин). Кога ќе се измеша добро во хомогено тесто, тестото се дели на два дела. Во едниот дел се става 100 грама посна растопена чоколада. Потоа едниот дел од тестото се става во тавче, а врз него и другиот дел. Озгора се прелева со 100 грама посна растопена чоколада.

МАКЕДОНСКА БАКЛАВА

700 грама кори за баклава,
400 грама толчени ореви,
100 грама рендана посна чоколада,
250 грама мелени посни бисквити,
800 грама кафеав шеќер (ситен),
сок од еден лимон,
кокос.

Оревите, ренданата посна чоколада и бисквитите се мешаат. Во тавче за печење, кое е сосема малку подмачкано со масло, се редат корите и секоја втора кора се посипува со смесата. Кога ќе се довршат и корите и смесата, баклавата се сече на коцки или на ромбови. Се пече во рерна на тивок оган (180 степени), околу еден час.

Шербет: 800 грама кафеав ситен шеќер се вари со 1 литар вода. Кога е готов шербетот, му се додава сок од еден исцеден лимон и со топол шербет се попарува ладна баклавата. Озгора се посипува со кокос.

< Поракaта ја уредил April -- 25.2.2010 23:17:06 >

(Одговор на членот viki44ka)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
25.2.2010 23:18:29   
April
Брз, сладок, здрав намаз за вас и за вашето дете

Често се случува децата да бараат сладок намаз на лепчето за појадок или за вечера, токму кога не сте набавиле ништо слично или едноставно не сте направиле никакво слатко или мармалад. Но затоа, секој родител кој се грижи за здравјето на своите деца и внимава како се хранат тие, може брзо да се снајде и за две – три минути да подготви сладок и вкусен домашен меден „еурокрем“.
Подготовка: Измешајте две – три лажици мед со една лажица сусамов таан. Додадете две – три растопени коцки посно чоколадо за готвење (ако немате, може да додадете малку какао), и две големи лажици мелени лешници или мелени ореви.

Колку само да ве потсетиме: ваков „еурокрем“ можете да имате веќе подготвен во фрижидер и неколку лажичиња од него да додадете на претходно варениот ориз, со што на вашите најмили ќе им понудите вкусен и меден сутлијаш.

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
26.2.2010 14:30:27   
mamasane
цаци20 браво за блогот, има слатки работи по мој вкус и како што сакам благо цел ден ќе ги мислам. Ама попаметно ми е место да ги мислам нешто од ова да направам па ќе ви кажам како испаднало.

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
26.2.2010 14:41:21   
BILJANA_G
Uste e period za postenje pa na onie sto postat mozam da im preporacam edna recepta za blagicko-star recept ,jas koga postev si pravev mnogu mi e ubavo.
Se meri so fildzan za mleko od site namirnici:
1 casa voda
1 casa madzun ili slatko
1 casa zejtin
1 casa seker
3 casi brasno
1 paketce malo soda bikarbona.
Site se mesaat so lazica ubavo i se stava vo tava premackana so zejtin.Se peci na tivko 50-100 stepeni.



(Одговор на членот mamasane)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
5.3.2010 13:17:47   
Mila na mama
torta
user posted image

_____________________________

love u all

(Одговор на членот BILJANA_G)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
8.3.2010 14:11:42   
mami
ИЗВОРНА ПОРАКА: caci20

Aко постите или сте на диета, еве еден совршен рецепт за вас. Колачево се прави за 5 минути, а во него нема ни јајца, ни чоколадо, ни путер ни зејтин.
п.с. најдете чаша од 250 мл., и користете ја за да ги мерите состојките од рецептот.
за тестото
1 1/2 чаша брашно
1 чаша шеќер (јас употребив кафеав шеќер)
пола шеќер какао
2 мали лажичиња цимет
1/4 мало лажиче сол
1 мало лажиче сода бикарбона
1 лажица балсамик оцет
1 ванилин шеќер
1 и пол чаша ладна вода
за филот
2/3 чаша какао
2/3 чаша шеќер во прав
пола чаша ладна вода (почнете со помалку вода и додајте ја целата количина од пола чаша ако е потребно)
Измешајте ги сите суви состојки во голема посуда, додајте го оцетот и водата и измешајте го тестото со обична лажица, ама не го мешајте премногу. Во ред е ако има неколку неизмешани грутки.
Печете го колачот во загрена рерна на 180 Ц степени. Јас моето тавче го подмачкав со масло, но ако постите покријте го тавчето со хартија за печење, и печете го околу 40 - 45 минути.
Во меѓувреме, измешајте ги состојките за филот. Кога колачето ќе биде сосема оладено, намачкајте го со еден слој фил


Не ми се веруваше ама испадна екстра...Само една мала забелешка- во тестото помалку какао и повеќе шеќер- вака испаѓа многу нападно благо..а инаку е и брзо за правење и посно- за мерак..

Плус- Бравоuser posted image user posted image user posted image user posted image за блогот- одличен е, си најдов уште некои работи кои можам да ги правам

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
14.3.2010 14:18:22   
mother 29
Посна карамел-торта(нешто брзо и вкусно од свеки)
Потребни состојки:500-600 грама посни бисквити ,2-3 супени лажици мармалад од кајсија,lпосно чоколадо 100 грама (за глазура)

Крем:
400 грама шеќер 5-6 супени лажици посно млеко во прав 1 л вода 3 пудинзи од ванила 200 грама маргарин „кристал" 1 ванила шеќер , 2-3 супени лажици нес-кафе во 1 Чаша млака вода.
како се прави..
Прво се прави кремот. На страна се подготвува 1 л врела вода со разматено посно(има во виталиа посно млеко во прав) млеко. На тивок оган се пржи 400 грама шеќер, со мешање, додека да стане карамел. Потоа веднаш се трга на страна и во тоа се додава, мешајќи, подготвеното жешко млеко. При додавањето може да се направи пена, но тоа е нормално. Само за кратко тогаш треба да се прекине со мешањето, па се продолжува. За да се стопат сите грутки од шеќерот, млекото со карамелот треба да се вари на тивок оган 5-10 мин. Кога шеќерот сосема ќе се стопи, тенџерето се трга од огнот и во него се додаваат подготвени пудинзи (разматени само со малку вода).
 Потоа повторно се враќа на огнот, се вари неколку минути додека не стане густо. Треба да биде толку густо за кремот да не тече. Во добро  изладениот крем се додава маргарин, претходно добро изматен со ванилин шеќер.Потоа се прави премаз: мармаладот треба малку да се загрее на тивок оган, со мешање. Треба да се добие полутечна изедначена смеса. Бисквитите, пред да се наредат, се потопуваат еден по еден во нес-кафето разматено во вода. Се редат во три слоја, така што врз секој слој бисквити прво се става тенок слој од премазот, па врз премазот кремот. Значи, на крај доаѓа кремот со кој се премачкува тортата и странично. Врз тоа се става глазура. Пред да ја сечете ,треба да отстои во фрижидер барем една ноќ.


(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
20.3.2010 18:17:23   
deluxe
dali nekoj znae recept za fondan za torta?????????

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
20.3.2010 19:59:45   
caci20

vidi tuka

< Поракaта ја уредил Snowhite -- 29.12.2010 20:47:08 >


_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
3.5.2010 19:42:03   
Тања РР
Јас сега овој колач ќе го правам, ми се допаѓа а и како доручек може да помине user posted image

Колач со афион
Потербно: За тесто: 4 чаши брашно, 2 чаши млеко, 2 чаши шеќер, 2 чаши масло за јадење, 100 г афион во зрно, 1 кесичка Ванила, 1 кесичка пециво Постапка: сето добро да се измеша, се истура во подмачкан и побрашнет правоаголен сад и се пече во загреана рерна на 200 степени, 30-40 мин.Оладениот колач се декорира со чоколаден прелив или шеќер во прав.

< Поракaта ја уредил Тања -- 3.5.2010 19:43:43 >

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
11.5.2010 11:01:57   
tereza
ми треба рецепт за касато торта,ако има некој да ми пиши,ќе си ја правам за роденденот во неделаuser posted image

< Поракaта ја уредил tereza -- 11.5.2010 11:02:17 >

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Слатки работи (торти, колачи...)
11.5.2010 11:06:35   
profesorica
Подготвување:  Путерот се мати пенасто, па се додава шеќерот, јајцето и ренданото чоколадо. Потоа се додава сокот и ренданата кора од лимон, малку рум и потоа се добро се меша. Во кроата се додаваат мелените бисквити исеченото желе и сувото грозје.

На една фолија се посипува шеќер, се става смесата и се обликува како ролат. Потоа се остава во фрижидер да се стегне, па се прелива со глазура од чоколадо.

Се сече на парчиња пред да се сервира. Касато user posted image


Потребни состојки:
  • 250 грама Шеќер во прав
  • 80 грама Чоколадо
  • 100 грама Суво грозје
  • 20 милилитри Рум
  • 250 грама Путер
  • 1 парче/чиња Лимон
  • 200 грама Желе
  • 300 грама Бисквити
  • 1   Јајца/це
  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 25 мин.

    < Поракaта ја уредил profesorica -- 11.5.2010 11:07:59 >


    _____________________________

    Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

    (Одговор на членот tereza)
  • Непосредна врска до пораките: 44
       RE: Слатки работи (торти, колачи...)
    7.7.2010 22:21:25   
    Тања РР
    Toрта Јанина user posted image

    200 мл кисела павлака
    2 банани
    Се блендираат па се додава
    200 мл млеко
    200 мл масло
    200 мл гриз
    200 мл брашно
    400 мл шекер
    2 лажици сода бикарбона
    4 лажици какао
    1 лажица нескафе

    Се мати и се пече на 180 степени 30тина минути во правоаголен сад премачкан со масло и посипан со гриз.

    Глазура:
    100 г чоколадо за готвење
    5 лаж. Млеко
    Малку масло
    50 г маргарин
    1 ванила  
                                                              
    Се топат сите состојки на пареа и се прелива  изладениот колач.

    < Поракaта ја уредил Тања -- 7.7.2010 22:23:35 >


    _____________________________

    There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

    (Одговор на членот mother 29)
    Непосредна врска до пораките: 45
       RE: Слатки работи (торти, колачи...)
    7.7.2010 22:30:03   
    Тања РР
    Tреба да изгледа некако вака:

    user posted image


    _____________________________

    There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

    (Одговор на членот Тања РР)
    Непосредна врска до пораките: 46
       RE: Слатки работи (торти, колачи...)
    8.7.2010 0:34:51   
    Maca25
    интересно и лесно тања, а и вкусно изгледа. ќе пробам викендов.

    _____________________________

    To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

    (Одговор на членот Тања РР)
    Непосредна врска до пораките: 47
       RE: Слатки работи (торти, колачи...)
    26.7.2010 16:35:25   
    Bitolcanka
    СНИКЕРС

    Потребно:

    450 гр мелени бисквити
    350 гр шеќер во прав
    450 гр печени, несолени кикиритки - мелени
    1 маргарин
    3 јајца

    Маргаринот и шеќерот во прав се матат. Се додаваат јајцата, па бисквитите и кикиритките и сето тоа убаво се размесува со рака, се формира тесто. Смесата, односно тестото се става во четвртесто тавче и се прави кора со дебелина од еден прст.

    Глазура:

    200 гр чоколада
    10 лажици шеќер
    1/2 маргарин

    Во тенџере на тивок оган се растопува чоколадата со шеќерот и со маргаринот. Потоа смесата се дели на 2 дела. Во едниот дел се додаваат 50 гр сечкани кикиритки и се нанесува врз кората. Откако рамномерно ќе се разнесе врз кората се додава и вториот дел кој е само чоколада. Вака подготвено се остава во замрзнувач околу 1 час, а потоа се сече на коцки.

    _____________________________

    It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

    (Одговор на членот Maca25)
    Непосредна врска до пораките: 48
       RE: Слатки работи (торти, колачи...)
    19.11.2010 17:02:27   
    Snowhite RR
    Жени дај кажете некои слатки за име, на Михаил му е името во недела, нема да го правиме официјално ептен, домашниве и кумот евентуално ако дојди, јас имам замрзнати од Велигден уште(хихи), ама уште едни да направам брзински и нешто солено и толку доста е

    _____________________________

    Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

    (Одговор на членот Bitolcanka)
    Непосредна врска до пораките: 49
       RE: Слатки работи (торти, колачи...)
    19.11.2010 18:05:57   
    Twins
    poveli Snowhte odberi:
    Kokos kolaci

    250gr seker
    voda samo da go pokrie i se vari
    pa se dodava 1 mrgarin
    250 gr kokos 250 gr meleni biskviti
    Se mesa vo ednolicna smesa i se pravat formi po zelba
    ___________________________________
    Cokoladni bombici

    250 gr.slag se bie mnooogu gusto so mnogu malku mleko pa se dodava 100 gr rastopeno mlecno cokolado
    150 gr orevi seckani
    1 malo lajce nes kafe
    se mesa s zaedno i se ostava malku vo zamrznuvac
    posle se pravat bombicii se prplkaat vo cokoladni mrvici i se ostavaat vo zamrznuvac
    ____________________________
    Snikers

    300 gr pecni lupeni meleni i ne soleni kikiri
    300gr biskviti meleni
    250gr seker vo prav
    2 jajca
    1 mararin
    1 vanila
    Se mesi se zaedo i se pravat formi po zelba
    _____________________________
    Svejki

    200 gr meleni lesnici
    200gr rendano cokolado
    2 vanili
    2 belki
    3lajci rum
    Se bijat belkite so vanilata kako pena pa se dodavaat rumot, cokoladoto,lesnicite i se zaedno se mesa ubavo i se ostava vo frizider malku da se stegni smeata .Posle se formiraat mali kako kebapcinja isparveni .Na gorniot kraj se turba rastopeno belo cokolado i se stava po eden cel lesnik.
    _______________________________
    Stracatea bombici

    200 gr belo cokolado
    200gr meleni orevi
    100grseker vo prav (mozi i poveke
    50 ml rum
    Se renda cokoladoto se mesa zedno so sekerot rumot i orevitei se ostavaat vo fiziderPotoa se pravat okolu 40 bombici i se zamrznuvaat .Se vadat po nekolku ( ne ste naednas) i se prelevaat so rastopeno cokolado pa se valkaat po zelba vo cokoladni mrvici ili melen orev, ili moze vo sitno rendano belo cokodo(najubavo se renda ako e zamrznato)
    ________________________________
    Bombonjeri

    200 gr seker se vari so mnogu malku voda pa se trga nastarana i se dodava:
    200 gr meleni lesnici
    100gr meleni biskviti
    Koga ke se soedini ubavo se dodavaat 3 lazici eurokrem.
    Se ostava a se izladi i ubavo da se stegni smesata a potoa se pravat mali topcinja (kolku zrno grasok)
    Na strana se rastopuva 300gr cokolado so 6 lazici maslo
    Vo hartieni kosnicki se turva po edno lazice od cokoladoto i odma dodeka e toplo se stava po edno topce i se dopolnuva so cokolado da se napolni kosnickata.Se ostava da se izladat i se dekoriraat po zelba.
    ____________________________________
    Topcinja so rum

    100gr seker vo prav
    100gr meleni orevi 100gr rendano cokolado
    1 belka
    malku rum
    Se zaedno se zamesuva i se ostava da odstoi vo frizider
    Se vari edno jajce , da e ubavo tvrdo vareno .Se pasira zolckata so 30 gr puter izbien so malku seker vo prav i 1 vanila .Od smesata se pravat malecki topcenca i se ostavaat vo frizider.Potoa sekoe topce se obvitkuva so prvata smesa i se valkaat vo melen orev ili rendano cokolado ili mrvici ili najobicen kristal seker.
    _________________________________
    Kolaci od medeni srca

    750 gr medeni srca seckani
    3 pudinzi od vanila se varat so 750 gr mleko
    1 margarin
    200-300gr orevi seckani
    zele bomboni
    bisviti meleni
    Se mesi se zaedno i se pravat formi po zelba
    ___________________
    Kolaci od morkovi

    700 gr seker so 250 gr voda se varat pa se dodavaat
    1 kg rendani morkovi
    i se prodolzuva da se vari dodeka da zgusni.
    Koga ke se izldi se dodavaat 300gr meleno orevi, sk i kora od 1 limon i 2 portokali
    Se mesi ubavo i se oblikuvaat bombici i se valkaat vo meleni orevi ili se pravat formi po zelba i se dekoriraat po zelba

    Ako imas zelba za nekoj drugi kazi pa ke pobaram imam  i drugi recepti
    pa navali:
    user posted image

    (Одговор на членот Snowhite RR)
    Непосредна врска до пораките: 50
    Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
    Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
    Оди на:






    Анкета

    За доилки.
    пеперутка16

    Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?