|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Јога сојуз на Македонија наградува!
3.5.2009 13:39:26   
Julie1
Сите знаеме дека правилното и умерено вежбање во тек на бременоста е особено важно за идните мамички и за бебенцето. Рингераја за сите идни мамички договори посебен попуст од 10 % за посетување на специјализирани јога вежби за бремени жени водени од специјализиран инструктор Анастазија Терзијева во Јога сојузот на Македонија. Доволно е само на овој форум да напишете дека сакате да ги посетувате овие часови. А првата идна мамичка која ќе пројави заинтересираност добива дури 50% во тек на сите месеци од нејзината бременост. Ајде мамички направете нешто убаво и позитивно за вас и вашето бебенце.

< Поракaта ја уредил Julie -- 3.5.2009 13:40:23 >


_____________________________

And this is my beautiful life ...
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
5.5.2009 11:08:50   
Mammy
Do sega imam slusnato nekolku pozitivni iskustva okolu joga vo bremenosta - odnosno joga za bremeni zeni. Posebno toa deka posle poroduvanje, bebinjata user posted image bile posmireni user posted image
Do sega ne sum vezbala joga - pa se nadevam deka ne e docna da pocnam sega.
Inaku bremena sum vo 25 nedela.

Moze li poveke info okolu toa? Koga e narednata sredba?


(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
5.5.2009 11:14:52   
Julie1
Mammy, понеделник и среда се часовите. Можеш од среда да почнеш и да бидеш првата мамичка од Рингераја, која ќе ја добие можноста да добие 50% попуст во тек на целата бременост.

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
5.5.2009 11:18:24   
Mammy
Mesto?
Vreme?
Obleka?

Doagam user posted image ..

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
5.5.2009 11:26:48   
Julie1
Mammy еве сега добиваш детален одговор од Јога инструкторот Анастазија Терзијева.

Рингераја ти посакува убави моменти со Јога вежбите и очекуваме твои позитивни искуства што поскоро да споделиш со нас.


_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
5.5.2009 11:32:41   
Анче
Здраво mammy
местото т.е. центарот за јога е во тафталиџе2, ул. женевска 43, можеш да ја одвориш веп страната yoga.org.mk  има мапа
време од 17и30 почнува часот биди таму 15 минути порано, секој понеделник и среда
облека комотна, хеланки тренерки, она што веќе го имаш, и можеби еден пешкир за главата лицето
се надевам дека ќе се видиме

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
5.5.2009 11:37:00   
Mammy
Vi blagodaram mnogu..
Definitivno utre ke dojdam..
Da, bas i bev na web stranata i najdov dosta informacii..

Pozdrav i se gledame..

(Одговор на членот Анче)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
5.5.2009 12:01:19   
Анче
ако имаш проблем да не најдеш можеш да ми зврцнеш на телефон за да те пречекам за да не луташ. телефонот го има на нашата сраница

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
5.5.2009 12:10:42   
kati
ИЗВОРНА ПОРАКА: Анче

Здраво mammy
местото т.е. центарот за јога е во тафталиџе2, ул. женевска 43, можеш да ја одвориш веп страната yoga.org.mk  има мапа
време од 17и30 почнува часот биди таму 15 минути порано, секој понеделник и среда
облека комотна, хеланки тренерки, она што веќе го имаш, и можеби еден пешкир за главата лицето
се надевам дека ќе се видиме


анче баш од вчера поминував од таму го видов знакот па се помислив да видам што и како е пошто ми е блиску јас сум тафталиџе 1 ама реков ај следниот пат user posted image
дали имате јога часови само за бремени жени пошто јас сеуште не сум и кога има термини и како се цените за месечно вежбање одпоодамна сакав да одам на јога ама никако да се решам не ми се иде сама а другаркиве сите се поише за фитнес никој не сака на јогаuser posted image

(Одговор на членот Анче)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
5.5.2009 12:32:51   
Анче
здраво kati
во центарот за инегрална јога освен специјализираните курсеви за бремени има и курсеви за релаксација и редовните курсеви за почетници и средни и напредни практиканти. следниот курс за почетници би бил негде последната недела во мај, но пријавуванјето е бар недела дена порано, затоа отворај ја станицата на сојузот за да видиш навреме кога ќе ги има информациите за новите курсеви.
тоа што другарките не сакаат да одат на јога, не е никаков проблем во твојата желба и нејзиното остварување, затоа што за на јога не ни треба друштво зашто часот по јога е времето кое си го посветуваме само на себеси, и во тие моменти не е ништо поважно од тоа.

(Одговор на членот kati)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
5.5.2009 14:23:24   
Еца
Одсекогаш сакав да одам на Јога,но никако да ми се исполни желбата,а претпоставувам дека добивката е огромна,само тоа е...секоја чест на тие што одат на јогаuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Анче)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
5.5.2009 14:28:55   
Анче
Елена желбите мораш сама да си ги исполнуваш, а добивките од јогата нема да бидат само твои туку ќе ги чувствуваат и сите во семејството.
Се надевам дека ги прочита текстовите што се објавени на сајтов за јогата. 

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
5.5.2009 14:41:12   
Еца
Да Анче,ги прочитав,јас имам читано и поодамна за делотворноста на јогата и колку е добро да се посетува и применува во животот,но верувај некогаш,навистина не можеш против некои работи...но ке дојде денот,ќе ја оставарм оваа желба да посетувам јога,тоа си го знам.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Анче)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
7.5.2009 11:32:46   
Mammy
Моето прво јога искуствоuser posted image ..
Како за прв час вчера мене многу ми се допадна.
Очекувам позитивните ефекти тек да следат..
Ги охрабрувам сите идни мајки да си посветат барем еден час - два пати неделно за себе и за своето бебе..
Толку е едноставно, а корисно.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
7.5.2009 11:35:57   
Julie1
Леле Мамму баш убаво. Скоро ќе поминеме и да ве посетиме со советувања од специјалист по гиникологија и акушерство во некој од редовните термини. Мамму на Рингераја зборувај ни за убавото искуство во Јога сојузот а на часовите по Јога зборувај и за убавото дружење на Рингераја user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
7.5.2009 11:51:03   
Еца
user posted image user posted image user posted image Браво за мамму и нејзиното бебенце кое толку рано ќе ги почувствува убавините од јогатаuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
22.9.2009 12:56:15   
Julie1
Часовите за бремени жени во просториите на Јога сојуз на Македонија, после паузата во летниот период повторно функционираат. Секој понеделник и секоја среда од 17:20 часот бремените жени може да ги посетуваат овие часови под директна инструкција на Анастазија Терзијева http://www.ringeraja.mk/mojata-prikazna_355.html.

Како наши драги партнери Јога Сојуз на Македонија овозможија дури 20% попуст за сите наши Рингерајки.

Искористете ја можноста пријавете се тука и веднаш ќе бидете поставени во списокот на трудници кои може да ја користат оваа поволност. Списокот ќе биде навремено доставен до Јога сојуз на Македонија, а вие само со кажување на вашиот ник во просториите на Јога сојуз ќе може да почнете да ги посетувате часовите.

Повеќе информации за локацијата и самите курсеви може да најдете на веб страна на јога сојуз на Македонија: http://www.yoga.org.mk/jk4.htm или да поставите прашање на нашиот форум а Анастазија (Анче) ќе ви даде одговор.  Цената без попуст е 8 часови - 1000 денари! Цената со попуст е 8 часови -800 денари.

< Поракaта ја уредил Julie -- 22.9.2009 12:59:11 >


_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
21.10.2010 23:32:42   
Natuska85
Сакам да ве прашам кога е најпрепорачливо да се почне со јога?Јас сум 10та недела и веке сакам да почнам,меѓутоа предходно не сум одела на јога,дали и тоа има некакво влијание?

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
31.10.2010 22:24:32   
Анче
Со практикувањето на јога можете да започнете веднаш после 12 недела тогаш кога вие ќе посакате или ќе се почувствувате спремни.
Тоа што немате предходно практикувано јога воопшто не е никаква пречка,  мислам дека сте го одбрале вистинскиот момент за јогата.
Ви пожелувам да си ја исполните бременоста со убавини и верувајте ми јогата е една од тие нешта.


_____________________________

сакам да го променам светот, затоа почнав да се менувам себеси

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
10.11.2010 16:16:38   
Natuska85
Се консултирав денес со докторот и добив user posted image од него за посета на јога часовите.Е сега да ве прашам како можам да си ќарам попустuser posted image ?Да ви пратам мои податоци во пп или....

Фала ви, па се гледаме

(Одговор на членот Анче)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
10.11.2010 16:21:21   
Julie1
Natuska85 испрати маил до Анче на anastazija_ti@yahoo.com и кажи дека си заинтересирана за часови, дека си од Рингераја и заинтересирана си за добивање на попуст.

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
21.11.2010 23:17:33   
Natuska85
Од утре почнувам со јогаuser posted image , ако има некоја рр нека пише да се запознаеме и личноuser posted image

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
22.11.2010 17:41:23   
Julie1
Браво Натушка па да ни пишеш искуство.

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
23.11.2010 9:33:59   
Natuska85
Вчера го имавме првиот час и супер ми беше.Малку бев збунета пошто незнаев  како да ги правам правилно вежбите ама знам дека на нареден час ќе бидам целосно опуштена.На сите user posted image   им го препорачувам.user posted image

< Поракaта ја уредил Natuska85 -- 23.11.2010 9:34:23 >

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Јога сојуз на Македонија наградува!
9.12.2010 19:31:45   
Natuska85

Еве не како вежбаме.На сите user posted image топло им ги препорачувам јога часовите.


user posted image

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?