|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Деца со церебрална парализа
17.9.2010 8:28:16   
beki RR
Еве ја веста


Немаше кој да му приклучи инфузија

Иако 15-годишниот Никола кажал дека не се чувствува добро, во Ургентниот центар во Куманово не бил ставен на инфузија со објаснување дека нема кој да му ја вклучи. Во Кумановската болница вчера починал 15- годишниот Никола болен од целебрална парализа, а семејството Златановски од кумановското село Клечовце обвинува за лекарска негрижа. Родителите пред полноќ го однеле детето во Ургентниот центар Куманово со болки во градите, забрзана работа на срцето и малаксаност. Дежурниот лекар го прегледал и го вратил дома, по што состојбата му се влошила. Околу 5 часот со возило на Брза помош го пренеле на Инфективнато одделение во Кумановската болница, каде починало.
"Го однесовме во 23.30 часот во Ургентен центар, докторот го преслуша и рече дека нема ништо на белите дробови. Детето му кажуваше дека не се чувствува добро, срцето му чука многу силно, а тој ни препиша амоксиклав и бедоксин. Го замолив да му дадат инфузија да го освежат, но тој ми рече дека нема кој да му ја вклучи. Кога дојдовме дома детето почна да малаксува и неколку пати викавме Брза помош, а тие ни велеа да му дадеме апаурин. Им објаснив дека детето претходно повраќаше од него и нема ефект. Дојдоа откако се скаравме со нив, во 4.30 часот наутро. Го донесоа во болницата и му вклучија инфузија и додека да дојде интернистот, во еден момент Никола престана да зборува и почина", раскажува и плаче мајката Анкица Златановска.Родителите вината за смртта на единственото дете ја гледаат во лекарот во Ургентниот центар кој не сакал детето да го смести во болница, а при тоа ни прегледот не го завеле во здравствената книга.
Од Брза помош велат дека детето било прегледано и му била препишана терапија, а тие го транспортирале до болницата кога им се ослободило единственото возило што го имаат. Според нив, вината треба да се бара во Ургентниот центар зошто детето веднаш не било сместено во болница.
"Станува збор за дете од 15-годишна возраст во релативно не толку тешка здравствена состојба, кое претходно имало здравствени проблеми и веднаш му била дадена терапија по што му станува полошо и, за жал, и по наша интервенција настапува смрт. Децата со церебрална парализа имаат краток век на живеење, но поради природата на болеста поврзаноста на родителите со децата е голема, па бурно и реагираат", рече Валентина Џартовска, началничка на инфективното одделение.
Телото на детето не е предадено на обдукција, бидејќи семејството нема пари да ја плати. Никола годинава завршил осмо одделение и бил одличен ученик. Освен церебрална парализа, немал други здравствени проблеми. За да го лекуваат, Златановски го продале имотот и сега живеат под кирија. Двајцата се невработени и добивале 1.800 денари социјална помош.


(Одговор на членот nezadovolen)
Непосредна врска до пораките: 201
   RE: Деца со церебрална парализа
17.9.2010 8:34:33   
beki RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: beki

Децата со церебрална парализа имаат краток век на живеење, но поради природата на болеста поврзаноста на родителите со децата е голема, па бурно и реагираат", рече Валентина Џартовска, началничка на инфективното одделение.





Оваа госпоѓа началничка ако има свест и совест нека си даде оставка, а не да тропа глупости.Како не и е срам ,бурно реагирале родителите.А нејзино дете да и почини од лекарска негрижа таа како ќе реагира.
Многу се нервирам од вакви изјави.
Не знам дали некаде ќе запри ова што се случува во нашетоп здравство.
Во март ми почина другарка , неколку дена после пораѓај.И кој е крив, таа ли е крива?! Ова не се доктори, ова се џелати.

Господе, како можиш да гледаш и да уште да  трпиш вакви работи, не знам.

< Поракaта ја уредил beki -- 17.9.2010 10:14:49 >

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 202
   RE: Деца со церебрална парализа
17.9.2010 10:14:16   
beki RR
Што значи пријател...Му испратив фалер за информативната сесија АБР, а тој ми направи  уште неколку  КЛИК




< Поракaта ја уредил beki -- 17.9.2010 10:30:04 >

(Одговор на членот nezadovolen)
Непосредна врска до пораките: 203
   RE: Деца со церебрална парализа
17.9.2010 10:48:53   
Палешка РР
Ете ја сега информацијата и во статијата КЛИК

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 204
   RE: Деца со церебрална парализа
17.9.2010 11:32:16   
beki RR
user posted image user posted image Одлично палешка, многу ти благодарам.user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 205
   RE: Деца со церебрална парализа
21.9.2010 12:01:46   
Anana
Здраво на сите!

Јас сум нова на форумов и навистина сум пријатно изненадена од сета енергија и желба за помагање од сите вас....Навистина сте сите прекрасни ...Немам зборови ...

Имам тетка од Србија која има 2 дечиња со ЦП....Едното е на возраст од 21 година а девојчето има 6 годинки....и двете се неподвижни...можат само да лазат....случајно пребарував на интернет и налетав на АБР методата....би сакала да ја донесам во Охрид на информативната презентација....дали постои возрасна граница до која може да помогне оваа метода?

Ви благодарам многу



(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 206
   RE: Деца со церебрална парализа
21.9.2010 14:46:24   
beki RR
Здраво Анана,

како прво да ти поскам добре дојде на рингераја, се надевам дке аќе не дружишuser posted image

Во врска со АБР,
за АБР нема возрасна граница КЛИК

Целта на АБР е да се нормализира мускуло-скелетниот систем, со што како резултат функциите се добиваат спонтано.
Можеш слободно да ја донеш тетка ти   на информативната сесија, ќе има што да слушни.Постои начин да им се помогне на децата.Единствено треба посветеност и упорна работа.Вежбање треба по околу 3 саати на ден.Резултати добиваат сите, без разлика на возраст и состојба.На блогот АБР македонија имам и неколку клипови со превод , па можете и тоа да го погледнете.Ако те интересира што и да е во врска со АБР , со задоволство ќе одговорам.

Инаку ринграја е прекрасна, секогаш спремна да помогне.Остани со нас .
Поздрав.



(Одговор на членот Anana)
Непосредна врска до пораките: 207
   RE: Деца со церебрална парализа
22.9.2010 0:04:39   
beki RR
Анана , а тетка ти во србија ли живее?

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 208
   RE: Деца со церебрална парализа
22.9.2010 8:59:44   
Anana
Беки,

Неможам да ти опишам колку сум ти благодарана...со месеци барам начин како да и помогнам и наидов на вас...ве гушкам ... Тета Мира живее во Бор, Србија...живее со баба ми и има жена што и помага околу децата.....Многу е тежок животот да чуваш 2 дечиња со ЦП...Кога барем моториката би им се подобрила би било полесно....Уште денес ја организирам да дојде во Охрид....Се слушаме за дополнителни инфорации......


Поздрав

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 209
   RE: Деца со церебрална парализа
22.9.2010 11:02:45   
beki RR
Анана, огромно задоволство е да се помогне.Тука сум за се што треба во врска со АБР.
Ти пратив приватна порака.
Поздрав.

(Одговор на членот Anana)
Непосредна врска до пораките: 210
   RE: Деца со церебрална парализа
22.9.2010 11:48:44   
Палешка РР
Нови материјали за АБР терапијата, слики, видеа, информации за претстојната сесија КЛИК user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 211
   RE: Деца со церебрална парализа
22.9.2010 13:48:35   
beki RR
user posted image user posted image user posted image Odlicno izgleda . Ogromna blagodarnost user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 212
   RE: Деца со церебрална парализа
28.9.2010 12:35:30   
beki RR
Ова КЛИК  е текст за АБР и говорот.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 213
   RE: Деца со церебрална парализа
28.9.2010 19:48:02   
beki RR
Ова е Ана после мноогууууууууу саати АБР.



А го имаме и Иван 



< Поракaта ја уредил beki -- 28.9.2010 19:55:52 >

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 214
   RE: Деца со церебрална парализа
13.10.2010 11:26:43   
beki RR
Еве сум и јас.
Малку зедов здив па да се јавам дека сум живаuser posted image

Мианативе денови беа ептен турбо.
АБР помина одлично.
на информативната сесија имаше над 100 луѓе, немаше место каде да се седне, некои дури и стоеја.Родителите беа задоволни од тоа што го слушнаа.
Има дечиња со церебрална,со аутизам, со даунов синдром кои ќе применуваат АБР.На тие дечиња животот ќе им се промени.РР , благодарам што се вклучивте уште од самиот почеток и помогнавте во реализацијата на мојата идеја.user posted image

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 215
   RE: Деца со церебрална парализа
13.10.2010 22:17:39   
bucko 1
ИЗВОРНА ПОРАКА: beki

Ова е Ана после мноогууууууууу саати АБР.



А го имаме и Иван 




samo napred za dvajcata da grabaat so sto pogolemi cekori i da gi pomestuvaat granicite na svest kaj nasiot covek t.e roditelot.
beki eve ja i javno da si kazam deka nemav nikakvi sansi da mrdnam od rabotata .ful e so rabota ,a ako ne sum ja nema koj da ja sraboti ili sto bi rekle covek firma.vo sekoj slucaj ke imam sansa kad tad da dojdam do ohrid da se vidime ,ako marfievite zakoni i po tret pat ne smenat nesto.ne sum se videl ni so prijatelite sto bea na prezentacijata ama se slusnav i oni isto taka se nadevaat dek a ke go najdat resenieto vo ABR.
so prisustvo od 100 luge na nasive prostori koj javno bi se pojavile so nivnoto dete da pokazat deka imaat problem da znaes i deka mnogu si uspeala i kako roditel i kako human covek koj spodelil nesto so drugite.tie 100 luge bi bile ednakvi na 100000 koga bi se rabotelo za nesto drugo od obicniot zivot.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 216
   RE: Деца со церебрална парализа
17.10.2010 21:09:16   
beki RR
Да ти кажам право буцко, не можев да си поверувам на очите .Колку многу народ дојде.Мојот труд од изминатите неколку месеци не бил залуден.Луѓето ме слушнале, сум допрела до нив.Значи, можат да се променат многу работи, но треба некој вистински да се ангажира.Овој пат запознав и неколку родители со кои делиме исти ставови.Мислам дека некако ќе тргне работата.Всушност и зад секоја голема промена, која некогаш се случила во светот, стои една мала група луѓе кои посветено и искрено работат на реализацијата на некој идеја. Доволно сме неколку,искрени и вистински посветени, а останатите како и да е , еден ден ќе слушнат и ќе ни се приклучат. Задоволна сум што некако мрднавме од мртва точка.Долг пат стои пред нас, но и најдолгиот почнува со првиот чекор.Се надевам ова е почеток на една поубава иднина за нашите деца.

(Одговор на членот bucko 1)
Непосредна врска до пораките: 217
   RE: Деца со церебрална парализа
21.10.2010 21:55:18   
beki RR
За сите родители кои се заинтересирани за АБР терапија , во март ќе има прегледи за нова група.Ми рекоа ако има интерес можат да дојдат во Март. Засега интересот е голем.Пред една година, одвај наоѓав луѓе за да им објаснам што е АБР, а сега родителите сами ме бараат. Уште сме на почеток, но со еден чекор понапред од пред една година.
Покрај АБР, наскоро ќе почнам со активности, кои во иднина, се надевам , ќе придонесат за подобрување на животот на лицата со посебни потреби.
А што правите останатите? како ви течат деновите? како се соочувате со проблемите? Ајде, да започнеме некаков разговор, да разменуваме искуства , да ја споделиме маката и радоста, така на сите ќе ни биде полесно.


(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 218
   RE: Деца со церебрална парализа
29.11.2010 11:19:54   
male





Објавувања: 1
Член од: 16.2.2010
Статус: отсутен Zdravo .jas sum nova na forumot, od Kumanovo sum.Imam cerka Aleksandra 6.5 god so cerbr,paraliza duadripareza i epilepsija.I jas slusnav za ABR metodot i gi gledav klipovite samo ne stignav da odam na prezentacijata vo dekemvri
bidejci ni bese zakazana operacija vo Cuprija RSrbija,kade sto operiraat ruski lekari .Dva pati godisno odime vo banja
Gornja Trepca, Cacak(ATOMSKA BANJA) i sme zadovolni mnogu od postignatiot efekt napadite se razredija i govorot i e mnogu mnogu podobar .Ako saka nekoj mozam i broj da vi dadam .Sega za sega tolku i golem pozdrav do site majki.user posted image
zdravo moze li da mi pratis tel . i poveke informacii za celiot tretman ?mojata kerka ima cp i epi 5 god. zboruva mn. malkupisi mi te molam

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 219
   RE: Деца со церебрална парализа
29.11.2010 14:55:24   
beki RR
Здраво мале, добро ни дојдеuser posted image
Најдобро ќе биде да и пратиш ПП на александра.

Едно прашање, со што ги поврзуваш нападите? Има ли нешто поинакво тогаш кога детето добива напади. Од кога почнавме со АБР мојата перцепција за епилептичните напади е сосема поинаква. За напади, понекогаш, главна причина е одредена слабост во телото , а не  функцијата на мозокот.

поздрав до тебе. Остани со нас да разменуваме искуства и да си помагаме.

< Поракaта ја уредил beki -- 29.11.2010 14:56:33 >

(Одговор на членот male)
Непосредна врска до пораките: 220
   RE: Деца со церебрална парализа
15.12.2010 18:36:55   
mosa
pred se golemouser posted image user posted image user posted image  za beki sto toku mnogu se angazirla bravo mnogu se raduvam i alal neka ti e za inicijativata.jas se zainteresirav za temava bidejki imam vnuce  koe isto taka e bono no nezan sto tocno mu e bidejki jatrvami nikogas ne bila iskrena.sakam da objasnam deka damjan ima skoro tri godini i ne odi i ne zbori moze da sedi i da pravi cekori koi se usporeni mnogu rekov ne zbori tuku samo ispusat glasovi koi ne se kontrolirai od mozoceto.znaci damjan ima skoro 4 godini ,a ne moze da pravi nisto sam.isto taka od vreme na vreme dobiva i napadise zgrccuva.jatrvami veli deka go povredile za vrme na poragajot no ima isto taka i edna bitna rabota.jatvami i devermi se razlicna krvna grupa ona e negativ,a toj pozitiv.jas kolku sto znam vo vakvi slucaevi se prima vakcina za zastita na plodot vo tekot na bremenosta.jatrvami ne ja primila ovaa vakcina i nikoj na poragaj ne i pobaral krvna grupa niti nmekakov dokument.nesakam nikoga da obvinuvam znam deka zadravstvoto ni e za nikade no seto ova nejzino kazuvnje mi e cudno.jas imam since i i koga bev bremena citav po internetov za ovie raboti.site raboti sto gi kazuva se nelogicni.a i voopsto ne se trudi da prevzeme nasto.ostava na toa deka deteto bilo povredeno pri poragaj.porodena so carski pri sto m bilo ppritisnato glavceto.sekako vi we se razbirate poveke ke mozete li da mi objasnite.na fakultetot za soc rabota sum i me interesira ovaa rabota .pozz za site.

_____________________________

BRAKOT vsusnost e fensi zbor za posvojuvanje vozrasno masko dete koe ne e sposobno da se grizi samoto za sebe!!!

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 221
   RE: Деца со церебрална парализа
15.12.2010 23:50:52   
bucko 1
mosa gi razbiram tvoite napori,no nema da moze da mu se pomogne pravilno na deteto se dodeka roditelot ne pocne svesno da prezema cekori da mu pomogne svoeto dete.toa spored mene e prvoto i najvazno nesto vo rehabilitacijata na deteto bez razlika za kakov problem stanuva zbor.toa sto go dava roditelot za svoeto dete nisto ama bas nisto ne moze da go zameni ni sovet ni terapija ni tretman.e sega vo odnos na toa sto go znaes za deteto mene mi izgleda kompletno nagaganje za toa sto mu e.tuka prvo bi trebalo da se napravat barem nekolku osnovni ispituvanja i snimanja na glavata da receme kako eeg,MR.bi trebalo da se poseti neuropsihijatar (najmalku dvajca spored mene da se ima barem dve mislenja).jas na primer ne znam kako bi ti pomognal i sto tie prasanjeto malku pokonkretno prasaj pa da probame da pomogneme nekako.slobodno prasaj sto konkretno te interesira mislam sekogas ke ima nekoj da odgovori se nadevam deka ke pomogneme,a tvojata najgolema pomos e da probas nekako da gi osvestis svoite rodnini da svatat deka mozebi nekade ima iskra nadez za nivnoto dete ,a ne deka e lekarska greska i tolku (ajde tesko mi e i sega ke legnam ke umiram rabotava)pozdrav do tvoite napori i bidi uporna (ne se plasi i da se skaras eden den moze ke ti bacuvaat raka ,no ti ke bides polna od samata misla deka si napravila se za dobroto na tvojot vnuk).

(Одговор на членот mosa)
Непосредна врска до пораките: 222
   RE: Деца со церебрална парализа
16.12.2010 11:47:14   
beki RR
Здраво моса, благодарам што се вклучи на форумот деца со поп.
Буцко доста добро одговори на прашањата во врска со Дамјан. Тоа што јас можам д ати го кажам е дека Дамјан има во најголема мера знаци на церебрална парализа. Мислам дека треба да разговараш со родителите на Дамјан, да се разбудат и да се потрдат да му помогнат на детето. Постои начин, тоа е најважно,многу работи можат да се променат. Не знам дали детето прима некаква терапија за епилепсија, таа терапија може да му помогне грчевите да исчезнат. Тоа што јас го препорачувам е секако АБР, но за АБР сака работа и посветеност. Можете барем на физикална да го носите, малку од малку да му го олесните животот. Тоа дете расти, еден ден ќе дојди до пубертет и тогаш настануваат огромни проблеми. Дали било повреда при пораѓај или што знам јас , не е ни толку важно.Важно е што имаме сега пред нас и како да му се помогне на детето. Секој родител е должен да му помогне на детето. Тоа е исто за сите.И за здравите деца , родителите имаат обврска да го иведат на прав пат , дури има и  обврски пропишани со закон.
Не гледам зошто за децата со посебни потреби родителите да немаат исто така обврски како и за здравите деца. Навистина обврските се малку поголеми, се е некако поотежнато, но на крајот на краиштата тоа дете не барало од нас да го родиме. Тоа е тука, заради некоја игра на судбината, наше е да му помогнеме и да му го олесниме и разубавиме животот.
Ако можеш , разговарај со родителите од Дамјан, нека не седат со скрстени раце.
Дамјан заслужува подобар живот. Помогни му да се ослободи од оклопот во кој живее. А постои начин тоа да се направи.Поздрав .

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 223
   RE: Деца со церебрална парализа
18.12.2010 15:13:33   
mosa
i na beki i na bucko im blagodaram za iscrpnite odgovori jas zaboravov da kazam deka damjan za edpilepsijata prima apcinja koj se vikaat mislam epilepsin i mislam deka go imaat noseno na MR no deka doktorot im rekol deka ima nekoe podobruvanje.po vasite razgovori utvrdiv deka kaj vasite deca ima znacajni podobruvanja(za sto so celo srce se raduvam),mislam na podobruvanja koj se zabelezuvaat,i kaj damjan toa ne go zabelezuvam dtetenceto e isto otkako e rodeno,ne kazuva nitu zbor a tie vikaat deka imalo podobruvanje.i sekogas e vadat na tarata prikazna deka gi pie apcinnjata i doktorot rece podobro mu e .ne mi e jasno sto mu e podobro koga nikoj ne zabelezuva.ke im predlozam za ABR.jas se nadevm na pozitiven rezultat.bajacki i takvi gluposti ne pomagaat.fala vi  pozzdrav mnogu.

_____________________________

BRAKOT vsusnost e fensi zbor za posvojuvanje vozrasno masko dete koe ne e sposobno da se grizi samoto za sebe!!!

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 224
   RE: Деца со церебрална парализа
27.12.2010 19:46:04   
AceMaus
здраво, ја сум нов на форумов, посакајте ми добредојде :) се надевам ке имаме убава дружба.
сакам да прашам - каде можам да најдам распоред или информација за тоа кога се одржуваат новогодишни претстави одиграни од деца со посебни потреби, болни од целебрална парализа, и слично...
- Барав на црвен крст страната, ама таква информација не најдов, ако не добијам одговор тука ке пишам меил евентуално, иако не се надевам на одговор.
- одамна сакам и планирам да отидам на нешто такво, исто убеден сум дека добро влијание има кај сите присутни на таков настан...а до сега не сум имал прилика да присуствувам на нешто такво, имам само повремени кратки средби со такви прекрасни лица.

Фала однапред


(Одговор на членот mosa)
Непосредна врска до пораките: 225
Страница:   <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?