blue_blue
|
Џесика, Да ти кажам веќе и мене ме бунат лекариве со ова препаративе за имунитет. Од една страна ти викаат дека сите тие препарати се вештачки и содржат се и сешто, што е логично - не може еден препрат кој е во тегла или шише и има рок на траење 2 години да биде 100% природен. Земи банана или портокал и стај ја у тегла да седи па види после колку време ќе скапе пошто е 100% природна. Од друга страна децава се уште мали и сите знаеме дека немаат изграден имун систем, а одат во градинка (што би рекол еден мој познаник - ги праќаме на инфективно секој ден) и кога ќе се разболат од нешто за што мора да пијат антибиотик за кој исто знаеме дека го уништува имуниот систем иди па биди паметен што да правиш. Аника пиеше прв пат во живот антибиотик (има 2 ипол години) и тоа одма Панцеф и јас тоа го доживеав трагично оти сум ептен анти-антибиотик тип, ама мораше да го пие, цела недела температура 39 и повеќе, со ништо не се симнуваше, кашлаше ко слон, крвната слика ОК, ама лекуоцити у плафон, CRP у плафон, па иди не и дај антибиотик. И среќа и помогна, ама мене нели ме фати јанѕа што и како ќе биде после тоа, дека ќе почне да ми закачува се и сешто дека нема никаков имунитет и почнав да и давам Kinderimmun, пиеа и она и Леона еден месец, ја потрошивме теглата и сега почнав ова чудово ImunnoGlukan да им го давам и само што тргнаа во градинка одма вториот ден им се затнаа носевите, е фала богу само на тоа остана, се инхалираме секој ден со физиолошки раствор и ставме у нос спреј со физиолошки раствор и ицтерал капки и два пати на ден Синомарин и еве добри се, уште течат носеви ама нема други компликации.Инаку моите деца се на здрава исхрана одсекогаш, се дома сум им спремала, јадат зеленчук и овошје, пијат свежи сокови од соковник секој ден на сабајле, не јадат смоки, чипсови, паштети, сувомеснати производи, итд...пијат рибин зејтин секој ден и витамин Ц, ама ете и нив ги фати грипов и тоа многу лошо беше кај Аника, пнеумониа се изроди од грипов, грев не и се гледаше. И јас си мислев моите деца се здрави, здрава исхрана, доени се уредно до 9 месеци и бла, бла ама ... градинка си е градинка се ќе испофаќаат таму и колку и да не сакам вакви препрати мисам дека ќе им давам уште овој и идниот месец од препаративе, па ваљда ќе им помогне. ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue Дали некој користел Immunoglukan? Јас почнав да им го давам на децава пошто ми го препорачаа во аптека и пошто е во сируп и поелсно ми е за давање од Kinderimmun кој што морам да го мешам во сок, значи мора да го испијат цел сок за да знаеш дека дозата на Kinderimmun ја испиле. Ме интересира дали ова Immunoglukan е ефикасно, итд..,Малку ме зачуди дека во упатството пишува дека не смее да се дава повеќе од 4 недели и дека мора да консултирате лекар пред да го давате. Малку има различен состав од Kinderimmun Блу-блу, мене и за киндеримун ми кажаа да не се прима константно, туку 1 месец, па период на пауза. Јас го прекинав, сега сме само на Пиковит и вит.Ц
|