Еца -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (30.9.2009 17:58:36)
|
Дефинитвно рибино масло, верувајте нам ни е гадно, но на мало дете кое се уште не пробало многу вкусови нема да му биде толку гадно колку што ние мислиме.Е тоа е проверено. Затоа јас сум за рибинио масло, без никакви ароми и без промена на производителот. Мартина го пие откако го прекинавме вигантолот по препорака на имунолог, и во почетокот правеше некои фраци но само упорено. Еднаш само и го сменив од друг производител и едно лажиче и дојде да повраќа.Уште истиот ден купив ново шишенце од нејзиното рибино масло и без проблем го пие. Дури ако заборавам кога ќе стане од спиење, ме потсетува. Значи се е навика и се учи, верувајте. Инаку за перлите ми дадоа совет дека немаат ист ефект како рибинотот масло.
|
|
|
|