Snowhite RR
|
Моево го чуваат бабите, една недела мајка ми, една недела свекрва ми, еве веќе 4 и пол месеци, кога тргнував на работа имаше 9 и пол месеци и беше зима, решивме додека се затопли да не го запишуваме во градинка. Во поглед на ранење, заспивање, преслекување, играње не гледам некој проблем, ама последно време ептен ми е немирен, во смисла, многу се инати, сака по негово да е, се лути ако не го оставиш да оди или да прави тој што сака. Почетокот не го поврзав тоа со чувањето, ама сега како размислувам си велам дека е таков затоа што е со бабите, тие не го караат, му дозволуваат и му даваат се што сака. Не знам дали е тоа или е такво детето Оваа идеја ми дојде пред некој ден, свекрва ми, ми вели денеска не беше мирен и го тепав по рачина(јас сум многу против тоа, кога го карам му викам и ако го подудрам по газето, мислам не дека го тепам, ама така, зашто колку што имам читано детето истражува со рацете и не се препорачува тепање по нив). Како и да е, следниот ден, фаќаше во штекерот и му ги тргам рацете од таму да не фаќа и што се случи, почна да се лути и тој да мава по мене по раце Најверојатно за брзо ќе го запишеме в градинка, кај свекрва ми, пак таму со нејзе ќе биди
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
|