|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Однесување на родителите на детско игралиште/...
25.7.2010 23:25:02   
blue_blue
Не знаев кај да го отворам муабетов, ако има некое посоодветно место или ако веќе постои ваква слична тема, администраторот нека ја премести. Ме интересира вашето мислење/искуство од интеракција со други мајки кога ги ностите децата на детски игралишта, во парк, т.е. онаму каде што има куп непознати деца и мајки. Мене во последно време не ми се оди на ниедно од овие места зошто ми е преку глава од други мајки/баби да ми солат памет. Еве неколку случки:

Случка 1: Ќерка ми која има 23 месеци си игра и се качува на скаличките за да се лизга на лизгалица. Јас седам на пола метар од неа и ја гледам. До сега се качила најмлаку сто пати и многу сака да се качува, а јас и мм веруваме дека децата не треба да се прават инвалиди, туку треба да се остават сами да истражуваат и да се поттикнуваат сами да прават се, па затоа никогаш не и браниме да се качува, дури ја охрабруваме. Значи она се качува, и во тој момент една мајка почнува да се дере хистерично Чие е детево, ќе падне и трча накај неа да ја земе. Јас смирено и пријдов и и кажав да ја остави дека може да се качи, она продолжи да ми се дере, во меѓувреме другата ќерка веќе се качи и се спушти по лизгалката, нешто се изгребала и почна да плаче, а оваа хистеричнава жена ми се сврте и уште позасилено ми се издра дека ете не можеле да се лизгаат и качуваат зошто паѓале. Не знам само зошто сите имаат желба да се грижат за моите деца?

Случка 2: на детско игралиште две мајки со деца и двете деца имаат точачиња, лопатки, кофички и цел арсенал на играчки од дома. Ќерка ми нормално иде одма на едното точаче, а другата зема лопатка. Мајка ми се врти и ми вика - земи си ги децата оти овој мојов не дава ништо, ќе се испотепаат. Епа тогаш што носиш се надвор со тебе, она не е твој приватен двор, туку јавно игралиште. И се свртев и и реков дека ќерка ми е 2-годишно дете и дека не можам на ланец да ја водам. Додека седевме таму ми преседна излегувањево надвор зошто морав нон стоп да трчам по неа и да ја тргам од точачето...

Случка 3: Надвор сме и една баба со внуче и со цела опрема од храна трча по детево да го нрани. Ќерка ми ја гледа, а оваа почнува и неа да и дава да јаде (Да држи во рака) без да ме праша. Абе од кај знае дали не е алергична, дали смее да јаде, дали можеби планирам дома да и дадам да јаде...Кога и реков да престане, оваа ме погледна како да сум ненормална и ми рече - Па она сака, дете е како да не и дадам?

Случка 4: се симнувам по скали со децата (не работи лифотот) и една комшивка не среќава ими вика  ја фаќа за рака, демек ќе паднела сама не можела по скалите. И викам да си гледа работа, она не...мала била страв и било ќе паднела?!?! Абе, глеј си своја работа, а моите деца остај ми ги мене...

Рака на срце почна да ме смара идење надвор од вакви случки.

Што правите вие во вавкви ситуации?

Јас само сакам луѓето што не ги познавам да не берат грижа за моите деца оти си имаат родители и не се на улица најдени, ама изгледа тоа на Балкан е невозможно - секој само туѓата работа ја гледа! 

< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 28.6.2013 14:16:00 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
25.7.2010 23:49:55   
Viktori
Јас мноооогу долго ги тренирав и им зборев на децата мои дека не се разговара со непознати, дека не се дава рака на непознати и дека не се зема ништо од непознати.
И така и се однесуваат. НЕ разговараат никогаш со непознати. Дури тетките од Тедико кога ги прашуваат нешто они не одговараат, го гледаат онака бледо, па ќе се завртат накај мене, па јас ќе им дадам знак и они ќе и одговорат user posted image
Можеби е претерано, ама подобро е така и помирна ми е главата.

Еднаш на каса една жена купуваше мали сокчиња и мнооогу чоколади "животинско царство" и сакаше да им даде на децата мои. Они не сакаа да земат. И таа напињаше онака, ајде бе, ајде бе земете и јас и кажав: Добро, фала, ама не сакаме да земеме, не гледате?
случка 2 исто во тедико на каса: Син ми ми вика Еј мамо види какви бомбони донеле - толку. Јас видов какви се и немаше ништо спорно во муабетот.
Ама имаше една баба, која не си гледаше во касата туку во нас и ми вика: Па купи му ваљда толку заслужил! Мене да ви кажам право од такт ме извади и и викам: Да заслужил многу! Заслужиле мусли, сокови, овошје и се што е здраво и убаво! Бомбони од 5 денара на каса однеси им на внуците, кажи им дека барем толку заслужуле и чуди се после зошто не те сака снаата!

Од друга страна, сум видела деца што истрчуваат на улица, а има постари наоколу ама не им текнува да му кажат на детето да не оди по топката на пример, дете што паднало му тече крв и плаче и никој не го гледа и така.

Некако ко да немаат усул кога треба да се замешаат а кога да си бркаат своја работа.

Со родители на игралишта сум немала некаков инцидент да ми останал во сеќавање, ама од друга страна децата одеа од мали во градинка и така излегувавме, во група.


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
26.7.2010 9:48:22   
vesna1
Jas nemam takvi neprijatni iskustva. Bas naprotiv mi e mnogu prijatno da otidam na ljuljaski i so nekolku majki so koi si se druzime si imame deca na slicna vozrast si razmenuvame iskustva. Decata navistina znaat nekogas da se stepaat, obicno se skrzavi i ne gi davaat igrackite ama jas na toa ne pridavam vaznost.
Se slucilo porano koga golemata kerka mi bese mala nekoe dete da ja udri nezgodno a roditelite da ne izreagiraat i togas jas nastapuvam go karam iako ne e moe, i reagiram do roditelite da si go pazat i opomenuvaat na loso ponasanje.
Se sekavam vo gradinka vo grupata im donesoa edni bliznaci koi bea takvi nasilni deca i site deca od grupata bea tepani. Sekoj den  Iva si doagase doma so modrici i ednas koga ja udrile po oko i celo i pomodre, mi pukna film otidov vo gradinkata i se napraviv lom. Vospituvacata mi vikase sto da pravime deca se toa, a jas pocnav da vikam kako treba li oko da im izvadat pa da izreagiraat. I na krajot ja vikaa majkata posto se pobunivme site od grupata i gi otpisaa od gradinka.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
26.7.2010 10:01:48   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: vesna1


Se sekavam vo gradinka vo grupata im donesoa edni bliznaci koi bea takvi nasilni deca i site deca od grupata bea tepani. Sekoj den  Iva si doagase doma so modrici i ednas koga ja udrile po oko i celo i pomodre, mi pukna film otidov vo gradinkata i se napraviv lom. Vospituvacata mi vikase sto da pravime deca se toa, a jas pocnav da vikam kako treba li oko da im izvadat pa da izreagiraat. I na krajot ja vikaa majkata posto se pobunivme site od grupata i gi otpisaa od gradinka.



E тоа е најлошото што можеле да го направат воспитувачките. Значи и без тие близнаци не се добри воспитувачки.
Со кој памет натерале мајка да си ги отпише децата? Ние имавме исто проблематично дете во група и пола од родителите сакаа да собираат потписи за отпишување за детето. Јас им кажав дека зако собираат потписи за воспитувачка што не знае да си ја врши работата, да, ќе потпишам, ама за дете не.
Неспособни едни, па после децата се криви.
Децата не се криви никогаш. Грешката секогаш се бара во опкружувањето. Кога ќе го сфатат тоа, нема да дозволуваат такви инциденти во градинка!


< Поракaта ја уредил виктори -- 26.7.2010 10:05:15 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
26.7.2010 10:03:03   
Viktori
дупла порака!


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
26.7.2010 10:23:30   
melody
Vo hotelov kade sto ziveam zenite se cudo ne videno.Da ne mozes na raat da izlezes so deteto nekoj da ne ti prijde,vo restoranot kade jademe da ne mozes na raat da si go nahranis deteto nekoj da ne ti prijde i ne samo zeni nego i mazi...Turcive se cudo ne videno znaci...bolni po deca...moraat da go stipnat za obravce duri i na ulica vo Istanbul mi se slucilo toa...brrrr...najveke sto mrazam nekoj nepoznat kerka mi da ja dopira...
Koga se rodi kerka mi site se najavuvaa da ja vidat da dojdat..cekaj bre koj ste vie pa da ja vidite i toa ne da se ceka 40 dena nego vednas..pa zosto ne izleguvas nadvor so bebeto da go vidime...i kako da izlezam nadvor so bebe tukusto rodeno koga znam 1000 race ke se pruzat kon nego...brrrr...
Druga rabota koga bese 7 meseci odam jas vo peralna i kerka mi so mene vo kolicka me ceka koga edna zena sto isto si ja cekase masinata da i zavrsi so perenje i butna prst vo usta da proverela dali i rastat zapcinja ,lele mori majko koga ja poglednav koga pocnav da i zboram i sreka imase da ne ja udram zosto uste sega pisuvajki vo mene se javuva tepackiot nagon koga ke pomislamuser posted image .Pa koja e taa da ne i e majka pa da proveri bog da cuva...Istiot den odam na rucek jas i zosto bea mnogu napadni lugevo koga ja ostavav sama na masa da sedi i da me ceka dur jas ja zemam hranata zemajki od jadenjeto si ja turkav i kolickata so nea.I vo delot kaj sto sluzat salati da zemam jas edna i dava krastavica bozem mozela toa da jade i za nepcinjata da si gi ceskala.Koga i spiskav da si gleda svoja rabota i deka kerka mi ne moze drugi luge da ja hranat nitu pak da i davaat nesto.Prvo i osnovno kaj znae taa zena deka kerka mi moze da go jade parceto krastavica bez zapcinja bez nisto...bolna vo glavata,a koga ke se setam istata taa m u davase mastika za dzvakanje na sinot na edna od moite drugarki tuka ,a toj samo 6 meseciuser posted image user posted image
Sega pak so edna godina imame drug problem.Zatoa sto imame i futbal teren i parkce malo so lulaski ,a kerka mi pocnuva i da odi i normalno dete sekade go pika noseto,a ovie vozrasnive se poveke od nenormalni pa igraat fudbal nadvor od terenot pa vcera edna topka doleta do nas.Zborev i so maz mi gotovo veke site granici gi projdoa denes odam i na obezbeduvanjeto ke gi posocam pa neka mu ja mislat.user posted image

(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
26.7.2010 16:00:07   
niki
Незнам како се справувам со тие памет-солачи во парк, не им обрнувам многу внимание и си терам по свое, не ме погаѓаат толку.
Но, она што ми е апсолутно иритантно и несватливо колку неодговорни луѓе има кои не си ги пазат децата. Се возиме во кола на прометен пат дете од 2-3 години само стои на самиот раб од патот, на чекор од брзите коли. Е тогаш пукам во себе и вриштам во себе кај му се родителите, зошто никој не пази, со кој памет се остава така дете само надвор.
Исто ме нервираат и мајки кои ќе се соберат во парк на муабети и некое годиначе кое едвај проодело го оставаат да трча со големите деца, некој ќе го турне, ќе падне и ќе плаче, а мајката абер си нема дур не ја повлече некој за ракав и да ја насочи накај детето. Една малото ќе го стави во љуљашка ќе го заниша и ќе си седне на муабет, тоа гревче седи таму само, никој ни да го ниша ни да го земе, нит друг на ред да дојде. Коса ми се крева од такви примери.
До ден денес си одам по ќерка ми, не затоа што таа незнае да се качува на лизгалки, туку бидејќи е сепак сеуште дете кое сеуште нема свест за околината и кое несакајќи може да биде повредено од поголеми деца кои неконтролирано трчаат или да бутне некое помало кое невешто се движи околу.
И ме нервираат мајки кои немаат исто осет за околината и за да ги нахранат своите мали нејадачи ги уценуваат гриз од јадењето за 1 спуштање на лизгалка и цел ред деца чекаат позди дур неранимајковците не се нахранат, ко да не можат да седнат на клупа  и да се наранат па после да играат.user posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
26.7.2010 22:19:28   
jovanka
Odlicno drustvo sme i mnogu me raduva sto i decata i roditelite sme na ista branova dolzina.user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
27.7.2010 8:50:22   
anedespo
Одлична тема. Кај нас на игралиште мајкине излегуваат не заради децата туку заради нив. Ќе седнат и муабетат до утре, а не гледаат што нивните деца го уништуваат игралиштето(кршат), фрлаат со песок и камења по другите деца, не ги пуштаат помалите да се лизгаат на лизгалките и слично. Основна некултура. 

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
30.9.2010 13:03:05   
blue_blue
Пак јас со темава user posted image  Абе не знам дали само мене ми се слушуваат вакви ствари, ама ме вадат од такт и не знам што да правам...Вчера ги носам на доктор и чекаме таму и една тетка - леле колку се слатки, па близначки ли се, па колку се мирни, бла, бла...е пошто се толку мирни и слатки еве ќе им дадам по едно цоколадно бомбонче. И викам не им давај, чекам ред да земам упут за крв и брис да им земаат, ги држам гладни и жедни од сабајле...Она не ме ферма им дава чоколатце и настана инцидент пошто деца ко деца сакаа одма да го јадат, а јас не им давав...И од ниодкуд ми направи проблем, со плачки влеговме кај докторот.

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
30.9.2010 13:15:25   
anedespo
А да видиш ова. бабава го носи внучето на игралиште. претходниот ден беше врнело и имаше едно вирче со вода. И детево право таму и чучна до вирчето и почна со рацете да брцка, со играчките исто, а студеше. Си седна се накваси и почна и да пие од прљавата вода. А бабава размуабетена со уште една кокошка и не го ферма детево иако седеше на 1 метро од неа. Само мајката да го видеше од некоја страна мислам дека косите ќе и ги искорнеше.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
30.9.2010 14:40:58   
Џесика
Ова ми личи ко моето да било...user posted image  user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
13.12.2010 15:00:26   
mosa
na ovaa tema ne ozamda kazam nesoto mnogu bidejki tino mi e mal no sepaqk imam edna slucka imeno letovo bidejki tino mi bese prooden veke izlegovme nadvor da se setame so ostanatie deca od ulicata.i bidejki e najmal site deca go cuvaa i pazea si igraa so nego milsam nemozam da recam bea nezni soneo no eden den na edni luge koi ziveat na krajot od ulicata dojde edno devojce na vozrast so tino gpodina i nekoklu mesevcci.si rekov ete super sega ke si igraat zaedno devojceto bese so baba i i aj ke se setale so nas bidejku ustvari bea tuka na gosti kaj cickoto na devojcetro.i ajde i oni so nas se setaat i odednas tino i se priblizi,no ne i napravi nisto ona samo sedoblizzi do nejzi.go ostaviv ajde dane mu vbranam slucajno i koga odednas devojcevo koga go vati za lice i pocna da go stipe i stipe so cela sila.a jas user posted image user posted image  se iznervirav premnogu no se vozdrzav go vativ devojcevo za raka i mu velam lele  kakva si buila ti losa.i si gi zemav  tino a toj pocrvene od placenje.i  babava na devojcevo nisto ne izreagira i uste mi vika auuuuuuu lele pa ona ne znae ona i doma koga bila na brat i taka pravela.e togas stvarno se 8znervirav i si otidov.pa ne deka jas nesto posebno go pravam moeto dete ama pa sto mi e gajle tvoto dete sto pravi doma i sto mu dozvoluvas bas mi e gale ako sakas dozvolimu da zastane i na glava mene toa ne me interesira no lkoga e nadvor nema da dozvolam da go tepa moeto dete.i koga dojdov doma mu kazav na mm.toj mi veli nemoj za dtete da se raspravas a jas mu rekov deka jas gi sakam sitre devca zosto nem anesto pouiskreno od tete no pred mse jas najmnogu si go sakam moeto dete a moeto nemozam ni da go sppooireduvm so drugite i tiue si imaat roditeli i ima koj da se sekira za niv.
I sega skoro edna taze slucka kaj nas na gosti dojdoa bratucetka na mm i nejhzinata pogolema4 god kerka.gi pustivme devcava da si igraat i ejde dodeka nie sedevme bratucetkata na mm mi veli daj da se uklucam na internet da vidam nesto .i ok ne rekov nisto.se bese dobro i decava si igraa koga idednas spiste tino i placedetevo nemozam da go smiram.ja prasuvame angel i vika a nbe nisto jas ne mu napraviv ,a ona da go udira po glava so igracka i toa  so golema i teska igracxka.i po nekoe vreme detevo pak ama vrisna duri pocrvene od placenje a majk i nisto siu sedi na kompjuter.pa zgora na se i go faka za racete i go grebe.pa ui ne e prv pat i prethpodno doagaa kaj nas bidejki tino za rodenden do bi tocace dogaa bukvalno  angela da se vozi na tocak i fatila so tocakot i go gazi po ninjata.i mu rekov na mmda izreagira zosto jas ako ima recajm ke treba da nastane kavga.otprvin negoduvase no sega posleden pat kpoga cvide kako placese tino i on i svika na angela.epa sega jas nemozanm da se zamaram so ugitye deca.i nesto najveke sto me nervira koga vikaat pa lele angela ne razbira.kako moze dete od 4 godini d a zakaca drugo dtete i ti da mi kazes deka ne razbira .mene ne me interes=ira toa.ona doma moze da pravo sto i dusa saka i cuvakjte si ja i neka bide razmazena koklu vi dusa saka no nokako ama nokako ne smee da goi zakaca moeto tete.a sto ako nedajboze go povredi sto togas .tino e uste mal.a isto vazi i za tino on nikako ne smeeda se zalaca so drugi deca i ne go poravi toa.

_____________________________

BRAKOT vsusnost e fensi zbor za posvojuvanje vozrasno masko dete koe ne e sposobno da se grizi samoto za sebe!!!

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
14.12.2010 9:41:55   
anedespo
Јас не реагирам кога се тепаат моите деца(било да тепаат или да се тепани.) Гледам само да не се повредат и очи да си ископаат. Јас секогаш нема да бидам околу нив, треба да научат да се бранат.

(Одговор на членот mosa)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
14.12.2010 9:44:48   
Viktori
Мене некогаш ме нервираат родители од типот: Не ова, Не она, Ќе паднеш, Не фаќај песок, Пази Блузата, Внимавај панталоните и милион правила за внимавање, па добро бе алооо за што го однесе детето на лулашки???

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
14.12.2010 12:18:43   
Џесика
И јас сум со истото размислување, ама па ми се случило да се фатам како јас му викам на моето (Пази блузата, внимавај)  и тоа затоа што ме нервира тоа што ако моето дете е малку позапрљано го гледаат ко бог да чува, прасе некое... е тоа ме вади од такт

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
14.12.2010 12:26:37   
vesna1
Mosa koga pisuvas post mislam deka poveke treba da vnimavas na tocki, golemi bukvi, odvoeni zborovi, i ne spoeni recenici.
Ne uspeav da go docitam tvojot post do kraj od sto pisuvas ne pravilno ednostavno se izmoriv desefrirajki sto pisuvas. Ne velam deka treba da bide strogo gramaticki i kirilica ama osnovni pravila...user posted image

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
22.12.2010 12:54:27   
mosa
Mosa koga pisuvas post mislam deka poveke treba da vnimavas na tocki, golemi bukvi, odvoeni zborovi, i ne spoeni recenici.
Ne uspeav da go docitam tvojot post do kraj od sto pisuvas ne pravilno ednostavno se izmoriv desefrirajki sto pisuvas. Ne velam deka treba da bide strogo gramaticki i kirilica ama osnovni pravila...

ok se izinuvam vena 1 vistina e imas pravo od sega  ke vnimavam i jas bi se zamorila od vakvo pisuvanje.fala ti za kritikata ja prifakam.user posted image user posted image

_____________________________

BRAKOT vsusnost e fensi zbor za posvojuvanje vozrasno masko dete koe ne e sposobno da se grizi samoto za sebe!!!

(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
22.12.2010 12:59:34   
mosa
Јас не реагирам кога се тепаат моите деца(било да тепаат или да се тепани.) Гледам само да не се повредат и очи да си ископаат. Јас секогаш нема да бидам околу нив, треба да научат да се бранат.

jas ne se lutam za tepanjeto tuku poveke me nerviraat roditelite koi ne si poveduvaat racun okulo svoeto dete.Jas svkam deka se deca i deka se ke ima no nekoj da go tepa derteto i nkoj da ne izreagira e stvarno za nikade znaci poveke se lutam na vozrasnite,no ne vikam deka moeto nema da se zakaca i toa mi se slucilo pa go fativ za raka i go skarav moze da si igra ,no ne i da tepa deca.nikoj nejke negovoito dete da place neli??

_____________________________

BRAKOT vsusnost e fensi zbor za posvojuvanje vozrasno masko dete koe ne e sposobno da se grizi samoto za sebe!!!

(Одговор на членот mosa)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
22.12.2010 15:12:47   
bebe82
Мојата случка не е од игралиште бидејки мојата има само еден месец, па мали сме за игралишта.

Но, сепак кога бевме на контрола една недела од кога се роди,
имаше една баба таму дојдена со ќерка и зет и бебето на контрола
и беше најпаметна и ми кажуваше дека моето бебе плаче бидејќи има грчеви
(а беше гладна и и се цицаше).
После му вика на мм дали може да ја видам, и и се даде во лицето на 5 см и вика
аууууууу па не му давате цуцла и јас и викам уште не ја прифаќа
и и вика на ќерка и, „гледаш како тешко се чуваат деца без цуцла“.

А на крајот беше: за да не плаче стиснете ја ќерка ви до вас да осети љубов
и удирај ја по пеленките нема да ја боли ?!?!?!?!

Како јас да нејќам и незнам да го смирам моето дете.

полудев!!!!!!!!

(Одговор на членот mosa)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
22.12.2010 15:36:47   
Maca25
Кога сум со ќерка ми на игралиште јас сум цело време до неа. Кај е мала, па уште и многу радознала, пргава и без страв. Сама се качува и се пушта од големите лизгалки, и тоа некогаш сака и на глава. Затоа мора да стојам до неа. Сакам да и покажам дека на игралиштето има работи кои се за поголеми деца и некои за помали како неа, дека треба да почека друго дете да се симне од лизгалката, а не да го бутка и плаче, да избегнам тепање (затоа што е голема тепачка).
Ова го правам и од претпазливост, затоа што сакам да знае што може а што неможе за во оние моменти кога некој друг ќе биде со неа на игралиште (на пр. бабите).
Ич не се замарам со муабети со мајките, јас одам таму за моето дете, а не за муабетење. За тоа можеме по дома да се собереме и да муабетиме. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот bebe82)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
13.4.2011 23:14:35   
nade 5

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

ИЗВОРНА ПОРАКА: vesna1


Se sekavam vo gradinka vo grupata im donesoa edni bliznaci koi bea takvi nasilni deca i site deca od grupata bea tepani. Sekoj den  Iva si doagase doma so modrici i ednas koga ja udrile po oko i celo i pomodre, mi pukna film otidov vo gradinkata i se napraviv lom. Vospituvacata mi vikase sto da pravime deca se toa, a jas pocnav da vikam kako treba li oko da im izvadat pa da izreagiraat. I na krajot ja vikaa majkata posto se pobunivme site od grupata i gi otpisaa od gradinka.



E тоа е најлошото што можеле да го направат воспитувачките. Значи и без тие близнаци не се добри воспитувачки.
Со кој памет натерале мајка да си ги отпише децата? Ние имавме исто проблематично дете во група и пола од родителите сакаа да собираат потписи за отпишување за детето. Јас им кажав дека зако собираат потписи за воспитувачка што не знае да си ја врши работата, да, ќе потпишам, ама за дете не.
Неспособни едни, па после децата се криви.
Децата не се криви никогаш. Грешката секогаш се бара во опкружувањето. Кога ќе го сфатат тоа, нема да дозволуваат такви инциденти во градинка!


BRAVO VIKTORI I JAS SE SOGLASUVAM SO TEBE.NE SE KRIVI DECATA TUKU VOSPITUVACKITE.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
14.4.2011 3:02:33   
ikki
Мене пак многу ме нервираат оние жени што ќе им изнакупат на децата 1000 грицки, сокчиња и ке ги однесат на лулашки и тие јадат а друите што се таму гледаат и бараат. Може некоја мајка нема пари да му купи на детето, а на крај краеви па тоа се лулашки за играње а не е трпезарија.
Јас и Андреја честопати одиме на игралиште со внук ми и јатрва ми и бидејки внук ми е многу немирен секогаш некоја од нас го пази него, за да не повреди некое дете.  И ме нервираат жени кои ке го остават детето и цело време не го ни погледнуваат, си прават муабет и ако направи детето нешто лошо ке почнат да му се дерат, па не се криви децата тие се криви.

(Одговор на членот nade 5)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
14.4.2011 8:30:04   
vesna1
Ikki, nemoj da gi osuduvas tie sto gi ranat na igraliste. Nie redovno jademe tamu, ideme so manda, banana, kroasani. Kerka mi samo taka jade, gi gleda drugite deca, trca po niv i ne misli na jadenjeto i jade. Koga ne si videla maka so jadenje na dete nemozes da zboris. Jas sekogas sum mu ponudila na nekoe detence koga ke se zagleda. Nekna pola pica ja podelivme so edno drugo detence dojde do nas i ni bara, kako da ne mu dadam. Majka mu umre od stram vika nikogas ne sme mu kupile pica no na deteto ocigledno mu se dopadna picata.
Inace bidejki malata mi e 1.5 godina celo vreme sum so nea, ja pazam i gledam da ne ja povredat ili taa da povredi nekogo.
I mene me nerviraat nekoi koi ne reagiraat koga nivnoto dete tepa nekogo.user posted image

(Одговор на членот ikki)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
14.4.2011 8:50:45   
mama26
nikogas ne sum mu dala da jade pred drugi deca,doma se jade nadvor se igra...sum gledala kako deca gledaat i nemozes da im dades od kiflata na 20 deca,za mene toa ne e vo red .

druga e prikaznata koga se setame [ znaci ne zastanuvame nigdeka ] tuku pesacime, e togas moze nesto za grickanje po patuser posted image




_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?