|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Доење
13.3.2009 7:41:53   
Еца
Dali go doevte vaseto bebe i kolku vreme.Sto mislite za doenjeto? Za site majki koi cekaat bebus i za onie koi veke planiraat eve edna informacija plus zosto e dobro doenjeto:
Doenjeto ne e korisno samo za bebeto,isto taka i pomaga i na majkata.Po poroduvanjetodoenjeto go stimulira osloboduvanjeto na hormonot oksitocin,koj pomaga vo sobiranjeto na matkata,go namaluva krvarenjeto i pomaga da se vratite vo formata sto ste ja imale pred bremenosta.
Jas doev 2.5 god,a se nadevam deka i so ova vtoroto ke imam dovolno mleko i normalno povtorno ke dojamuser posted image

< Поракaта ја уредил Elena -- 21.3.2009 17:06:38 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Doenje
13.3.2009 9:50:03   
Aleksandra
Elena, jas gi doev i dvete deca. Nema nesto poubavo od doenje na decata, pa sekade kade odis kujnata e so tebe. Mislam deka site sto imaat moznost da gi dojat svoite deca treba da go napravat toa, bidejki e SUPER........

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Doenje
17.3.2009 20:23:55   
Alex
Доењето е корисно поради:
     - Составот на мајчиното млеко е прилагоден за потребите на бебето;
     - Заштита на бебето од инфекции;
     - Заштита од алергии и др.

(Одговор на членот Aleksandra)
Непосредна врска до пораките: 3
   Доење
27.3.2009 23:19:09   
mis.
Еве еден текст што може да им помогне на доилките:
Совети за успешно доење

Мајчиното млеко е најдоброто за Вашето дете обезбедувајќи му се што е потребно за здрав раст и развој. Советите кои следуваат Ви ги покажуваат на краток и јасен начин нештата кои треба да ги земете во предвид со цел да го направите доењето забавно искуство за Вас и Вашето бебе.

• Поставете го бебето на градата веднаш по неговото раѓање, ако е можно веќе половина час по раѓањето. Ова е најдобар начин да се стимулира создавањето на млеко кај мајката. Дури и ако Вашето бебе не цица доволно во оваа фаза, сепак тоа Ви го олеснува доењето во понатамошниот период.

• Хранете го Вашето бебе секогаш кога тоа дава знаци дека е гладно. Во почетокот, доењето може да биде на 2 часа, но времето меѓу доењата постепено ќе се зголемува се додека бебето само не си определи свој ритам на хранење. Приближно 6-7 доења во текот на денот се сосема доволни. Ова покажува дека строг план за исхрана не е неопходен. Заклучокот е колку почесто го ставате бебето на градата, толку подобро, затоа што количеството на млеко кое се создава ќе биде во согласност со неговите потреби.

•Составот на мајчиното млеко во целост ги задоволува потребите на Вашето бебе. Како бебето расте така и составот на мајчиното млеко се менува, дури и промените се во согласност со текот на доењето. Мајчиното млеко е најлесно сварлива храна и затоа е најдобра за Вашето бебе.

• Одделете време за да го нахраните Вашето бебе. Најдете тивко место каде се чувствувате удобно и каде нема да ве вознемируваат. Блискиот физички контакт ја зацврстува врската меѓу Вас и Вашето бебе. Времето кога доите користете го за да го запознаете Вашето бебе. Запомнете, доењето е ново искуство, како за Вас така и за Вашето бебе, затоа треба да бидете трпелива особено ако тоа не оди така лесно.

• За да обезбедите доволно млеко потребно е да го поставите бебето на едната града за еден оброк. Доколку бебето го испие целото млеко од едната града и сеуште е гладно, треба да го поставите да цица на другата града се додека не се најаде. Наредното доење треба да го започнете на другата града.

• Немојте нагло да го тргате бебето од градата - на тој начин може да ве повреди. Подобро е да поставите прст помеѓу крајот од устата на бебето и брадавицата на градата и на тој начин да се прекине цицањето. На овој начин Вие лесно ќе можете да го одвоите бебето од  дојката.

• По доењето, држете го бебето уште малку на вашата рака и масирајте му го грбчето. На овај начин се ослободува од воздухот кој бебето не може да го проголта и тоа ке подригне.

• По доењето, оставете ја брадавицата од дојката да се исуши на воздух неколку минути. Остатоците од млекото кое ќе се исуши на брадавицата содржат супстанции кои спречуваат појава на инфекции на градите.

• Добро балансиран план на исхрана за мајката додека таа дои влијае на составот на млекото и е посакуван со цел бебето да ги добие сите потребни витамини.

• Добро балансираната исхрана е исклучително важна за Вас како мајка доилка и игра важна улога вие да се чувствувате пријатно. Во периодот на доење, добра идеја е да имате 5 оброци на ден со мали ужини меѓу нив. Пред се, важно е да практикувате исхрана со која ќе избегнувате месни производи (околу 2/3). Треба да конзумирате житарици, леб, ориз, тестенини како и компир. Свежото овошје и зеленчук треба да бидат во центарот на вашата исхрана. Правилната количина е 5 порции на ден. Млекото истотака треба да биде вклучено во вашето секојдневно мени како извор на протеини и калциум.

• Водете сметка да пиете доволно течности. HiPP чајот за доилки е подготвен од растенија за кои е докажано дека го зголемуваат создавањето на млеко кај мајките дури за 13%. Истовремено HiPP чајот за доилки ја подобрува општата состојба на организмот на мајката, а влијанието кое го има кај доенчето е ублажување на коликите, обезбедувајќи му мирен сон.

< Поракaта ја уредил Elena -- 20.6.2009 10:08:46 >

(Одговор на членот Alex)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Доење
20.6.2009 10:09:24   
Еца
Можеби во почетокот на бебето ќе му биде тешко да ја фати брадавицата. Замолете ја сестрата да остане и да ви помогне. Бебињата го имаат рефлексот за цицање. Кога со свој образ ќе ја допре вашата дојка со усните ќе почне да ја бара брадавицата.Држете го бебето за да може со усните да ја фати брадавицата, подигнувајќи ја дојката оддоле како би можеле да ја усмерите брадавицата према неговите усни.
Помогнете му да ја опфати целата брадавица со неговите усни. На тој начин нема да ви ја повреди брадавицата.Додека бебето цица, тргнете ја дојката од неговиот нос. Откакао ќе заврши со цицањето благо тргнете му ја дојката, на тој начин што ќе го натерате да ја отвори устата, притискајќи му ги образите со палецот и показалецот на аглите на усните.
Ако дететео престане да цица, благо заголицакте го по образите. Тоа ќе го поттикне пак да цица, и набрзо ќе го навикнете да цица рамномерно се додека не се засити.Немој да дозволите да ја држи дојката откако е заситено.
Во почетокот ќе чувствувате болка додека цица. Тоа не треба да ве обесхрабри, затоа што тоа ќе престане набрзо. Две до пет минути е сосема доволно во првите неколку дена.Обично се дава по една дојка за секој оброк, додека другата се остава за следниот. Држете се о тој ред при секое хранење. Можеби лекарот ќе бара да го поделите доењето на двете дојки. Во тој случај не одстапувајте од неговите упатства.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Доење
20.6.2009 10:22:54   
mami
го доев до некои негови 6-7 месеци, потоа бидејќи веке работев ми се намали млекото многу и го прекинавме...инаку да можев ке доев уште...а за тоа дека не покажуваат во болница како се дои не покажуваат- во Чаир никој ниту ме праша кое ми  е по ред, ниту дали знам шт да правам, ништо...Албанката што беше со мене во соба ми покажа како да го дојам, а на визита само од врата не прашаа- мајки добри сте? како јаде бебето?доењето е најубаво, како за бебето така и за мајката, здравје следното ке го дојам подолго

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Доење
14.7.2009 11:20:46   
Mammy
Инфо текст заа мајчиното млеко...
Што влијае врз мајчиното млеко?


Факторите кои влијаат врз количината и составот на мајчиното млеко се разновидни. Некои од нив се одразуваат позитивно, а некои негативно.

 За некои фактори погрешно се верува дека делуваат врз лачењето на млекото. Сепак, се знае дека на лактацијата на млекото не влијаат:

-возраста на мајката

-бројот на килограми на мајката доилка

-менструалниот циклус на мајката

- нејзината бременост

- исхраната што ја внесува таа

- лековите кои ги зема мајката по препорака од лекар

Што се однесува до менструалниот циклус, некои научници кои се посветиле на ова прашање, откриле дека таканаречениот менструален хормон во мала количина преминува во млекото, но само кај посебно чувствителните можат да предизвикаат нарушувања.

Некои научници тврдат дека доброто млеко се создава само со добра исхрана на мајката. Преку недоволна исхрана на мајката, доаѓа до трошење на телесните ткива кај доилката, а подоцна се намалува и вкупното количество млеко. Други пак, тврдат дека количината и видот на храната што ја консумира мајката не можат да влијаат на количината и видот на излаченото млеко. Но, и едните и другите се сложуваат со тоа дека богатата исхрана не го зголемува вкупното количество млеко, освен ако нема високо ниво на белковини. Тие сметаат дека белковините го предизвикуваат лачењето на млекото и мастите во него, иако тие се помалку значајни. Мастите во исхраната минимално влијаат врз квалитетот и количината на млекото. Во поглед на витамините, се потврдува дека нивното присуство во млекото зависи од храната што ја јаде мајката доилка.

Фактори кои поволно влијаат врз лачењето на млеко

-Добро развиено ткиво на жлездите

-Поголем број доења- ова се користи во случај на намалување на количеството млеко ( хипогалактија ) бидејќи се смета дека цицањето одлично го предизвикува лачењето млеко.

-Телесното и духовното здравје на мајката, како и социјалната состојба

-Хормонот “пролактин “

-Цицањето како најважен предизвикувач на лачењето млеко



Фактори кои неповолно се одразуваат врз лачењето на млекото

-Недоволна развиеност на жлездното ткиво на дојката

-Застој на млекото. До рефлексен застој на лачењето на млекото може да дојде поради болки кои кај мајката предизвикуваат затегнување на жлездата. Некои научници откриле дека во тој случај доаѓа и до намалување на млечниот шеќер или лактоза.

-Староста на лактацијата. Времето поминато од породувањето нема никакво влијание врз количината на млеко и незабележливо влијае на составот на излаченото млеко. ( исклучок во текот на првите денови)

-Психички влијанија. Стравот, непријатното чувство, болката, грижите и слично, неповолно се одразуваат врз лачењето на млекото. Голема духовна вознемиреност, особено кај нервозните личности, може да доведе до прекин на лачењето, и тоа, некогаш во тој момент, некогаш после првиот подој, а се случува лачењето да прекине и по неколку дена.

-Заморот на мајката. Ова не е правило, но се случува, особено кај жените кои живеат и работат на село, физичкиот замор да доведе до намалување на количината на млекото.

-Тешки и исцрпувачки болести и заболувања поврзани со долготрајни диети неповолно влијаат врз лактацијата кај мајката.


_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Доење
14.7.2009 11:38:04   
mami
ова со нервозата и намалувањето на млеко е проверено..мене ми се случуваше во денови кога бев многу нервозна да ми се намали скроз млекото..така што трудници и тие што доите- пробајте да не се нервирате 

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Доење
14.7.2009 13:48:14   
mother 29
Jas moeto dete ne go doev.Ma kakvi vestacki bradavki nisto , ma i sestrata bese so mene non stop(se porodiv vo remedika) se molzev so pumpa mi gi izvlekuvaa bradavicite ,no se bese popusto.jas inaku nemam bradavici ,imam ramni gradi i imav malku mleko, a maliot imase neviden instinkt duri vednas ja fati silikonskata bradavica ,sila nevidena.Na pocetokot probuvavme so silikonskata bradavicka,ke cicase ama pak bese gladen ,nemav dovolno mleko.potoa pocnav da se molzam pa vo sise mu go davav (edvaj izmolzuvav po 60 ml i od dvete gradi), posle pola saat pak bese gladno a jas nemav togas ni kapka. i vidov ne vidov ,dete place ,gladno, kupivme aptamil.togas mi bese mnogu tesko, se cuvstvuvav kako nesposobna ,ne mozev da gledam kako majka go doi deteto(vo meguvreme edna bratucetka na mazot mi imase bebe i koga ke idea kaj nas koga go doese se nervirav),me nerviraa komentarite od tipot "nema poubavo mleko od majcinoto" i sl.placev skrisum i si mislev deka moeto dete ne me poznava,ne me saka i taka padnav vo depresija.mi pomogna ginekologot ,odev kaj nego na dolgi razgovori i pominav bez psiholoziuser posted image .marko piese aptamil do godinata posle bez problem si pocna so tetrapak i sega si pie normalno 250 ml koga ke stane od spienje i isto tolku pred spienje i si rucka sve.sakam da gi sovetuvam site majki koi poradi kakvi i da bilo pricini ne mozat da doat ,da ne se nerviraat i da pagaat na bilo kakvi provakacii.eve jas ne doev pa marko e super srekno i super napredno dete.nisto ne mu fali ni nemu pa ni mene i jas sum super slaba si ja vrativ kilazata za 6 meseci, ostanuvaat samo nervozite.e sega do dusa, malku e potesko- paris sisinja, edno- drugo, ama so tek na vreme razrabotuvas tehnika so termos,strerilizatori postajat taka da i toa ne prestavuva poteskotija.barem gradite ti ostanuvaat cvrsti i podugnatiuser posted image .a za taa bratucedata sto go doese pred mene i se pravese neznam "golema majka" sega nejzinoto ne pie nikakvo mleko ,samo sokovi i nema uste 2 godini a zabite mu se pocrneti.taka da ,samo napred i bez nervozi.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Доење
14.7.2009 13:57:27   
mis.
Стефан има 8 месеци.Го дојам но му давам и се да ручка.Немам доволно млеко но заедно со друго што јаде е супер.Би сакала да имав повеќе млеко да немаше потреба од дохрана но тоа е.Нервозата која што ја имав на почетокот среќа што и до сега го дојам.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Доење
16.7.2009 14:43:32   
bojanas
Те подржувам 100%. Јас со двете деца имав проблеми со доењето - за првото по две капки млеко а за второто повеќе но и двете се израснати на адаптирано млеко.
Се согласувам дека нема подобро од доењето но мора да им се објасни на сите трудници и мајки дека не е грев да се користи адаптираното млеко доколку не можете да доите и не треба да имате грижа на совеста за тоа.
Честопати се нервирам на советите од типот "јади ова, пиј она..." стави го бебето на града , измолзувај се ... но кога нема млеко нема!
Поздрав до сите мајки не-доилки (не по сопствена определба)
user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Доење
16.7.2009 15:55:16   
Еца
Сите ние добро знаеме дека доењето е најдобро за бебето, секоја мајка го посакува најдоброто за своето бебе, но кога едноставно не може поради ххх причини не гледам зошто би се чувствувала отфрлено или осудувано од околината.Тоа се чисти глупости, зошто некогаш луѓето си земаат преголема слобода да коментираат за некој друг, а можеби токму утре нив ѓи чека истата работаuser posted image Поздрав до сите мајки, без разлика дали се доилки или не, сепак се мајки, и ништо не ги прави помалку од тоа.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот bojanas)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Доење
16.7.2009 23:07:00   
mami
Зошто некои мајки имаат доволно млеко а некои не? може е глупаво прашањево ама стварно не ми е јасноuser posted image како некои имаат млеко како млекари а други едвај исцедуваат и по неколку капки и мора да го дохрануваат?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Доење
16.7.2009 23:54:30   
Natasha5
na ovaa tema i jas se prasuvam zasto jas go imam toj problem.najgolema zelba mi bese da imam mleko,ama nisto imam ama ne dovolno pa mora Jana da ja dohranuvame.
Ama sto da pravime toa e samo da e ziva i zdrava.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Доење
16.7.2009 23:57:55   
Еца
Наташа продолжи да ја ставаш на цицка иако немаш доволно млеко, а давај и адаптирано млеко плус, но поради тебе за да не ти се насобере, па сега подобро дохрана отколку малото гладно да седиuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Доење
27.7.2009 20:16:11   
Еца
Моментално сме само на доење, млеко имам, морам и да се измолзувам и тоа го правам постојано, па здравје ќе видиме како ќе биде понатака, ке ве информирамuser posted image

< Поракaта ја уредил Elena -- 27.7.2009 20:17:44 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Доење
27.7.2009 21:11:12   
ripce
го дојам 5 месеци, во почетокот имав проблеми во болница не сакаше да цица, потоа почна на едната града, па и на другата...по еден месец испадна дека не му е доволно, па почнав да го дохранувам со Хумана 1-2 оброка останатите доење, во 4тиот месец педијатарот ме советуваше да воведам јаболко, морков, банана во исхраната...после компир, ориз, слива... уште цица можеби поради младоста и неискусноста, згрешив во што во исхраната толку брзо воведив други намирници освен мајчиното млеко... ама тоа, барем добро напредува.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Доење
27.7.2009 21:27:23   
mami
па добро 4 месеци е малку рано, можеби си можела да почекаш барем уште два месеца, бидејки е малечко може да развие алергија на таа храна. 

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Доење
27.7.2009 21:45:03   
SUPER MAMA
I JA SE SLOZUVAM SO MAMI.VASIOT PEDIJATAR PRERANO VI KAZAL DA GI VOVEDETE TIE NAMIRNICI.SE SLOZUVAM SO ORIZOT, ALI BANANATA KOJA SIGURNO STVARA TVDA STOLICA ONA SE DAVA TEK POSLE 6 MESEC.MORKOC, JABOLKO KOMPIR OD 5 MESEC MOZE NO DA NE SE PRETERUVA SO MORKOVOT KOJ E BOGAT SO BETA KAROTEN PA PORADI TOA MOZE DA BEBETO POZOLTI PA ZATOA SE DAVA BAR NA SEKOJ TRET DEN.
NEMOJTE DA ME SVATITE POGRESNOSAMO DELAM MISLENJE.POZDRAV

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Доење
27.7.2009 21:49:26   
SUPER MAMA
ZDRAVO MAMA JA IMAM BEBE OD 10 MESECI I USTE DOJAM FALA BOGU IMAM MLEKO.JAS MISLAM KAKO STO I SAMATA SI VIDELA KAJ SEBE SAMO NERVOZATA E PROBLEM.NISTO DRUGO.
POZDRAV

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Доење
28.7.2009 8:22:31   
niki
Ete i jas pocnav da i voveduvam cvrsta hrana na kerka mi na 4 meseci, a ja doev do  11, imav mleko no taa mnogu povrakase i slabo napreduvase, pa zatoa mi preporaca pedijatarot da pocneme so cvrsta hrana koja nema tolku da predizvikuva povrakanje.
Anica ne veruvam deka pedijatarot bez pricina ti preporacal cvrsta hrana ako bilo se vo red. Majcinoto mleko e dobro site go znaeme toa, no i toa ima nedostatok na zelezo i za da ne dojde do pojavuvanje na anemija kaj bebeto se pocnuva so ovosje i zelencuk, najcesto vo 6 mesec no sekoe bebe e razlicno pa moze i porano.
Jas na kerka mi na tri  meseci morav da i davam Legofer sirup zatoa sto na krvna slika se pokaza nizok hemoglobin, pod normala, ako toa ne prevzemevme i uste da ja doev bez dohrana do 6 meseci kojznae kakva ke i bese krvnata slika.

< Поракaта ја уредил niki -- 28.7.2009 8:25:38 >

(Одговор на членот SUPER MAMA)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Доење
30.7.2009 20:35:33   
ripce
причината што воведовме храна во 4тиот месец беше што многу блуцкаше после пиење на млекото, ја имаше дуплирано породилната тежина во 3тиот месец така што очигледно беше дека не му е доволната дотогашната исхрана. И да Ники во право си, мајчиното млеко не содржи доволно железо + јас сум анемична, пијам антианемик, а на бебушот му е добар хемоглобинот.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Доење
30.7.2009 20:42:17   
niki
Znaci isto kako i kaj nas, bluckanje postojano i deteto ne napreduva. A mojava ne da bluckase, vo mlazevi ko cesma nekoja.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Доење
30.7.2009 20:49:36   
ripce
истата ситуација и кај нас, само што моево незнам супер напредуваше во третиот месец беше околу 7500, а се роди 3800

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Доење
2.8.2009 21:23:38   
Еца
1 - 4 месец

Доењето е најдобриот начин на исхрана. Мајчиното млеко е приспособено на специфичните прехранбени потреби на бебето, му ја обезбедува потребната енергија а содржи и имунолошки компоненти преку кои помага во заштитата од болести и од алергии. Затоа денес повеќето родилишта и овозможуваат на мајката уште во првите неколку часа по породувањето првпат да го подои своето бебе.

Во овој период најчесто бебињата имаат 8-10 доења на ден, 6-8 водени пелени и 6-8 столици (но нормално е и ако имаат само 2 столици). Некои бебиња веќе во овој период почнуваат да ги паметат времињата на оброците.

Доколку бебето од најразлични причини не добива доволно млеко или воопшто не може да се дои потребно е да се дохранува, а неопходна е консултација со педијатар. Најлош избор е обичното кравјо млеко. Тоа во споредба со мајчиното млеко значително се разликува по својот состав на протеини, масти и јагленородни хидрати и може да предизвика сериозни здравствени тешкотии . Кај некои деца кои имаат проблеми со системот за варење се јавува осетливост на протеините во кравјото млеко кои предизвикуваат различни алергиски реакции, па единствено решение е храна која не содржи протеини од кравјо млеко, како млекото произведено на база на протеини од соја.

Во вториот месец бебето полека го воспоставува својот ритам на оброци. Бебето добива во тежина и бројот на столици се намалува.

Во третиот месец бебето веќе има воспоставено правилен ритам на доење. На оваа возраст бебето понекогаш има столица еднаш на три дена, просечно има околу 1,5 кг над родилната тежина.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?