|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Доење
18.1.2010 15:57:50   
Aceva
Доењето е многу здраво како за бебето, така и за мајката. Јас постирав напис за доењето, но еве уште еден доказ дека доењето е здраво за мајата. Написот е превземен од Македонскиот портал а ракот www.rak.mk, портал кој, иако го носи името портал за ракот, како што се расте и се развива опфаќа се поголем број на теми од областа на здравјето и превенцијата, како и од областа на здравата исхрана и здравите животни навики, кои ни се потребни на сите. Да го сачуваме своето здравје. Прочитајте како доењето може да ве заштити. Ова се резултати од светски истражувања на афирмирани светски научници и лекари.


Доете го вашето бебе 12 месеци и ќе го намалите ризикот за рак на дојка за 11%. Секое следно родено бебе го намалува ризикот за рак на дојка за уште 7%. user posted image Објаснувањето на оваа појава најверојатно лежи во тоа што во текот на доењето се намалува нивото на естрогенот (многу тумори се поврзани со високата концентрација на естроген).
Можно е доењето да го менува и составот на клетите на дојката, поради што тие стануваат поотпорни на канцерогените промени.

Во секој случај, со доењето не се штитите само себе си, туку ги штитите и своите ќерки. Истражувањата покажале дека жените кои биле доени имаат три пати помал ризик да заболат од рак на дојка во споредба со оние жени кои, како бебиња, биле хранети со вештачко млеко.
Извор: www.rak.mk
Посетете го порталот, навистина е прекрасен.


(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Доење
18.1.2010 15:58:17   
delfina
Sakav da ve prasam dali go imavte mojot problem sin mi mnogu sakase da me griza koga cicase, ke me grizne i se smee  a jas sirota neznam kako da izreagiram a bolkata strasnauser posted image user posted image user posted image mi se place.Pa koga ke me griznese pocnuvav da go trgam ke prekinev so doenje no ista pesna i podocna.

(Одговор на членот delfina)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Доење
18.1.2010 17:24:51   
niki
Мислам дека сите бебиња што цицаат во еден момент ќе дојдат во искушение да гризнат. Доколку не реагираш тоа ќе се повторува. Затоа секој пат треба да го тргнеш од града да го погледнеш во очи и да му кажеш строго: Не! Твоите очи и бојата на гласот треба да му покажат дека тоа што го прави не е добро и дека нема да го толерираш. Биди доследна и строга и ќе престане. Немој да подлегнуваш на предрасудата дека е мало и не разбира, бебињата многу добро ја разбираат лутината во очите на мајка им.
Се надевам дека брзо ќе се одвикнете од оваа лоша и болна за тебе навика.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот delfina)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Доење
18.1.2010 17:37:29   
Весна
Аиии, па зарем и тоа има?! Види ги ти нив. Ја имам забележено Јана дека многу често додека цица и нешто ќе и го скрене вниманието, па те ќе се поднасмевне, те ќе закенка, заплаче, и ќе ги отвори устата, но со непцата стиска ли стиска, никако да ја пушти брадавицата, ама па не ме боли, не ме стиска силно. Можеби дека ептен е мала па нема толку сила, но ете ѕверчето расте, ууу ќе има муртење, гррррр.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Доење
18.1.2010 17:40:04   
mother 29
haha cekaj gi Vesnic..prvite zabcinja i ke pravime muabetuser posted image

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Доење
18.1.2010 17:42:28   
niki
Чекај кога ќе ја зачешкаат запчињата, господ во пижами ќе го видишuser posted image
Ама се се тоа слатки маки, брзо поминуваат и во спомени и долго сеќавање остануваатuser posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Доење
18.1.2010 18:08:18   
ripce
Доколку не реагираш тоа ќе се повторува. Затоа секој пат треба да го тргнеш од града да го погледнеш во очи и да му кажеш строго: Не! Твоите очи и бојата на гласот треба да му покажат дека тоа што го прави не е добро и дека нема да го толерираш. Биди доследна и строга и ќе престане.


Уште што не му правев, нон стоп ме гризеше, ќе ме гризне и ќе почне да се кикоти... тоа беше причина да го одбијам на 7,5-8 месеци. Луѓе правете што ќе правите, ама бидете упорни што е можно повеќе да доите, зашто додека го доев не знаевме што е тоа температура или друга болест, првите запчиња ги искаравме преку ноќ, еве како престанав за 2 месеци не фати и температура (пред 2-3недели), а во саботата и воспаление на уво. user posted image user posted image


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Доење
18.1.2010 19:03:48   
Mucka
recite mi ima li neko problema sa zubima zbog dojenja...mene u zadnje vrijeme zubi bole puno.....cak sam i antibiotike pila 2 puta...odkkada sam rodila.sta da radim!!???

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: Доење
18.1.2010 19:18:29   
BEBICA
Zlato evo ja dojim joj ali nisam imala nikakvih problema sa zubima.Iskreno ovo prvi put cujem.jadna ti.Zao mi je.user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Mucka)
Непосредна врска до пораките: 84
   RE: Доење
18.1.2010 19:38:41   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mucka

recite mi ima li neko problema sa zubima zbog dojenja...mene u zadnje vrijeme zubi bole puno.....cak sam i antibiotike pila 2 puta...odkkada sam rodila.sta da radim!!???


Meni se u trudnoci javio problem sa korenom jednog zuba, koji nije direkno bio vezan sa trudnocom, ali je ipak povecana potreba za kalcij uradila svoje.  I posto u trudnoci,  a i dok sam dojila nisu mogli da lece zub jedino su mi otvorili kanale zbog drenaze. Najbolje ti je da odes kod lekara i da vidis sta se moze uraditi. Svakako treba da obratis paznju na unos kalcija kroz ishrane, a ako je to nedovoljno da uzimas i neki dodatak.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Mucka)
Непосредна врска до пораките: 85
   RE: Доење
19.1.2010 16:16:35   
BEBICA
ПРАШАЊЕ
Зошто доење?

ОДГОВОР
Мајчиното млеко го обезбедува потребното ниво хранливи продукти за Вашето бебе, за негов здрав развој.
Со доењето се пренесуваат антитела и други заштитни фактори што ги има во млекото, што ќе му помогнат на Вашето бебе да биде поздраво и поотпорно на вообичаените инфекции. Доколку Вие или Вашиот сопруг страдате од алергии, мајчиното млеко ќе му помогне на бебето полесно да се бори против нив.
Мајчиното млеко е лесно сварливо, лесно се апсорбира и ризикот за појава на стомачни проблеми и дијареа е помал. Исто така, помала е веројатноста за појава на запек кај Вашето бебе, доколку го храните со мајчино млеко.
Доењето е бесплатно.
Доењето помага Вашата матка да се врати во нормална големина, по пораѓањето и исто така помага побргу да се вратите во нормала во однос на тежината и формата, ослободувајќи се од вишокот маснотии, што Вашето тело ги користи за да продуцира млеко.

ПРАШАЊЕ
Дали сите мајки можат да дојат ?

ОДГОВОР
Повеќето од младите мајки можат да продуцираат доволно млеко за да ги задоволат потребите за исхрана на своето новороденче.
И покрај тоа што најдобро решение е доењето, сепак постојат неколку ситуации кога тоа не е сигурно, пример, доколку мајката употребува лекови, што можат да преминат во мајчиното млеко, доењето може да предизвика анoмалии во растот и развојот на детето. Во такви случаи, по совет на доктор или фармацевт, треба да се премине на посигурен начин на исхрана со алтернативна замена на мајчиното млеко.
Исто така, доколку мајката е ХИВ позитивна, се советува да не го дои своето бебе, бидејќи ризикот за премин на вирусот од мајката на бебето, преку млекото е поголем одколку алтернативна замена на мајчиното млеко.

ПРАШАЊЕ
Дали доењето е лесно?

ОДГОВОР
Иако доењето е природен процес, тоа секогаш не е лесно. Тоа е ново искуство и за Вас и за Вашето бебе, така што е потребно малку упорност и различни техники за да се дојде до вообичаената рутина. Битно е мајката да биде опуштена кога ќе го дои бебето, за да може млекото да тече нормално и Вашето бебе нормално да се храни.
Доколку и покрај повеќето обиди доењето не е успешно, би требало да се посоветувате со стручно лице што ќе може да ви помогне.

ПРАШАЊЕ
Како да се хранам за време на доењето?

ОДГОВОР
Многу е важно, мајката за време на доењето да се храни нормално, редовно и здраво. Потребно е да се јаде и пие секогаш кога ќе се почувствува потреба за тоа. Заради доењето може да чувствувате зголемена желба за храна и да бидете пожедни од вообичаеното. Не ги пропуштајте оброците, бидејќи организмот ви продуцира млеко 24 часа, па доколку држите не соодветни диети може да дојде до ослабување на имунитетот и нарушување на здравјето.
Запомнете, трагите од Вашите оброци можат да преминат во млекото и заради тоа внимателно со алкохолот и храната што може да предизвика алергии, за да не го изложувате бебето на опасност и можност за нарушување на неговото здравје.

ПРАШАЊЕ

Колку често треба да го дојам бебето и колку долго ?

ОДГОВОР
Должината и честотата на доењето зависи од бебето и варира кај различни бебиња. Треба да го доите бебето по потреба, со што Вашиот организам ќе продуцира онолку млеко, колку што му е потребно на бебето.
Новородените бебиња не можат долго да цицаат и затоа е потребно интервалите на доење да бидат почести, односно на секои 1 до 2 часа, со мали количини млеко. Со текот на времето, интервалите на доење се зголемуваат и по недела или две тие можат да бидат на 3 до 4 часа. Во оваа фаза, на Вашето бабе ќе му требаат 6 или 8 хранења во текот на 24 часа.
Со зголемување на апетитот на бебето, се зголемува и количината на млеко што бебето ја цица, така што и доењето станува подолго, а интервалите на доење се намалуваат. Со текот на растењето, потребите за храна на бебето се зголемуваат и бебето ќе бара повеќе храна.
Во однос на прашањето, до кога треба да го доите Вашето бебе, тоа зависи исклучиво од бебето.
Доењето може да трае од 5 минути до половина час, во зависност од тоа колку е гладно бебето.


ПРАШАЊЕ

Како да знам дека моето дете добива доволно млеко?

ОДГОВОР
Количината на млеко што бебињата ја цицаат зависи пред се од самите бебиња. Доколку Вашето бебе има задоволителен раст на тежина и доколку во текот на 24 часа често ги мокри пелените, без пиење други течности, значи дека во голема мерка количината млеко што бебето ја цица е задоволителна. Во секој случај за ова прашање треба да го консултирате Вашиот доктор, поготово доколку сметате дека бебето не добива доволно храна.

ПРАШАЊЕ
Кога треба да престанам со доењето?

ОДГОВОР
Доењето за Вашето бебе претставува најдобриот начин за добар раст и развој. Вие можете да го доите бебето онолку колку што сакате. Некои мајки доењето го прекинуваат после неколку недели или месеци, а други пак го продолжуваат до една година па и повеќе. Не постои никаков релевантен доказ дека детето треба да се дои најмалку до три месеци заради можност бебето да добие стомачни проблеми, така што од продолженото доење, Вашето бебе може да има само корист.
Во фамилии каде што постои историја на нетипични болести, доењето се препорачува како превентива најмалку 4 до 6 месеци, па дури и подолго како задолжително, доколку постојат услови за тоа.
Некои мајки мислат дека треба да престанат со доењето доколку се вратат на работа. Ова не мора да биде така. Млекото може да го измолзете за да му се дава на бебето додека сте на работа или во тој период бебето да се храни со адекватни млечни формули, а потоа да го продолжите доењето кога ќе се вратите дома.
Доколку не сте сигурни како да постапите во такви случаи, посоветувајте се со доктор или стручно лице.

< Поракaта ја уредил Еца -- 21.1.2010 20:50:36 >


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 86
   RE: Доење
19.1.2010 16:17:58   
BEBICA
Многу често се сретнуваме со поимот ИСКЛУЧИВО ДОЕЊЕ. Што е всушснот ИСКЛУЧИВО ДОЕЊЕ?

Терминот ИСКЛУЧИВО ДОЕЊЕ се користи да се дефинира прехраната на бебето исклучиво со мајчиното млеко во првите шест месеци од животот, без никакво друго додавање на храна или течност, освен витамински капки или лекови.

Зошто да се дои исклучиво? Исклучивото доење е најприродниот начин на прехрана на детето до шестмесечна старост, бидејќи мајчиното млеко ги содржи изблансираните хранливи состојки кои од првата минута на животот секојдневно му се потребни на детето и доволни се за неговиот нормален раст и развој.

Мајчиното млеко содржи состојки (антитела) кои го штитат од бактерии и вируси, имунолошки недоволно развиениот организам на детето и многу го намалува ризикот од појавата на алергии, посебно на астма. И се разбира, мајчиното млеко е секогаш пристапно кога мајката е покрај детето, а количината е прилагодена на неговите потреби. Важно е да се напомене дека мајчиното млеко ги задоволува сите потреби на детето за храна и течности во првите шест месеци, вклучително и на водата, па дури и во многу жешки климатски услови.


user posted image

Фото, Roda.hr
Исклучивото доење влијае и на психолошкото ниво на развојот на децата, бидејќи при доењето ја чувствува близината на мајката, а со тоа сигурност, нежност, внимание и утеха, кои овозможуваат здрав психички развој на детето. Со доењето детето истовремено го задоволува и рефлексот за цицање што е особено изразен во првите месеци од животот.


Исклучивото доење има предности и за мајката, затоа што после породувањето го поттикнува испуштањето на хормонот окситоцин, кој освен создавањето на рефлексот за отпуштање на млекото, предизвикува и контракции кои го овозможуваат враќањето на матката во состојбата пред зачнувањето, а со тоа ја намалува можноста за постпородилни крварења. Мајките – доилки согоруваат 200 – 500 калории на ден повеќе, што овозможува намалување на вишокот килограми добиени за време на бременоста. Доењето го намалува ризикот од рак на дојката и јајниците, болестите на срцето и остеопороза, како и го одложува враќањето на менструацијата, со што ја намалува можноста за повторно зачнување.


За мајката да дои исклучиво треба да ги почитува следниве правила:


- Во првите шест месеци од животот, детето треба исклучиво да дои и да не прима друга храна, ниту течност (да се исклучи адаптираното млеко, вода, чај и сл.) Мајките многу често сакаат што побрзо да почнат со воведување на некои други производи, за да може детето да се привикне на новите вкусови. Треба да се знае дека прераната прихрана непосредно влијае на производството на млеко и води кон престанок со доењето. Поради тоа со давањето на нови намирници треба да се почека до шест месеци на старост на детето.

-
- Во овој период мајката треба да почитува законот на понуда и побарувачка, што значи дека ако детето дои почесто и подолго, производството на млеко ќе биде поголемо. Мајчиното млеко е секогаш прилагодено на возраста на детето, имајќи го предвид тоа дека неговиот состав и количина се менува од подој до подој и од месец до месец. На тој начин организмот на мајката совршено ги следи потребите на детето и неговото растење. Мајката во никој случај не смее да наметнува дневен распоред на доење, туку да го храни детето исклучиво кога тоа сака, и да не се грижи ако детето не дои секој ден во исто време. Како и возрасните, и детето има свои природни потреби, па така еден ден може да побара и до десет и повеќе подои. Тоа е нормално, а производството на млеко ќе биде прилагодено всушност на неговиот ритам. Треба само да се слушаат/гледаат сигналите на бебето и да се водиме од нив. Со наметнување на сатница, детето цица поретко, а со тоа и поретко го поттикнува организмот на мајката на производството на млеко што може да доведе до прерано воведување на прихраната.


- Во периодот на исклучиво доење треба да се избегнува хранење на шише. На детето му е многу полесно да го извлече млекото од шишето, отколку од дојката, па после некое време може да ја одбива дојката, бидејќи на неа треба да се помачи, за разлика од шишето од кое млекото капи само. Во периодот кога се одвоени, мајката би требало да се издојува колку што може почесто да ги празни дојките, за да може да се одржи производството на млеко. Личноста на која и е доверено на чување детето би требало да го дава издоеното млеко на лажиче или во чаша.


- За смирување на детето не смее да се користи цуцла лажалка. Со смирување на детето со цуцла лажалка, се смалува бројот на подоите, и многу брзо детето не мора да цица за да се смири, туку само кога е гладно. Тоа може да доведи до смалување на бројот на оброците, па и до хранење споре строго утврдена сатница, на пример, на секои 3 часа. Ако на бебето му се дава цуцла и во текот на ноќта, тоа ги прескокнува и тие подои, а со ноќното доење се поттикнува поголемо производство на млеко. За жал, многу мајки се плашат дека со смирувањето на детето на гради лошо влијаат на него. Тоа е заблуда. Бебето најлесно се смирува кога цица, бидејќи тоа е за него најприроден и најкорисен начин, а тоа делува смирувачки и на мајката бидејќи така се воспоставува посебна врска меѓу нив.


- Ноќното доење може да биде многу исцрпувачко за мајката, и затоа е препорачливо и мајката и бебето да спијат заедно. Ако детето спие покрај мајката, може да цица кога ќе посака во текот на ноќта, мајката е посмирена, а детето побрзо заспива. Производството е поголемо бидејќи во текот на ноќното доење се отпушта поголема количина на хормонот пролактин, одговорен за производство на млеко.


- Во периодот на исклучивото доење од шест месеци, мајката треба да избегнува се што го ограничува доењето, или ја раздвојува мајката од детето. Со такви примери се сретнуваме кога мајката треба порано да се врати на работа, а детето тргнува во градинка или мајката поради некоја причина е разделена од детето. Некои мајки после подолго раздвојување, се воздржуваат да го подојат своето дете или му ги скратуваат подоите, а сето тоа може да има големо влијание на намалување на производството на млеко и на рано воведување на прихраната.

< Поракaта ја уредил Еца -- 21.1.2010 20:49:43 >


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 87
   RE: Доење
19.1.2010 17:20:49   
skorpijana
zdravo na site moze nekoj da mi kaze nesto za doenje na bliznaci bremena sum so dve bliznacinja i me interesira za doenje na niv pozdrav falauser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 88
   RE: Доење
21.1.2010 20:47:51   
Еца
Постои општо мислење дека по царскиот рез многу тешко се организира доењето, отколку по обичното породување. Во многу болници детето не се носи на доење неколку часа, а понекогаш и денови. Среќа во несреќа е што моќта за цицање на бебето во првиот час е намалена, и не треба да се зема на доење во тој период.  По царскиот рез, еден до три дена жената се наоѓа во соба за полуинтензивна (или интензивна) нега, затоа мајката и бебето се раздвоени дури и во породилишта во кои по нормално породување тие се заедно. Млекото ќе почне да надоаѓа, кога бебето доволно ќе ги стимулира градите со цицање. Детето кое не се дохранува ќе биде или нервозно или ќе заспива на гради, губејќи ја силата.

Дохранувањето можете да го правите и на следниот начин :

*
за хранење користете мало лажиче или пипета, медицински шприц или слично.
* дохранувајте го бебето строго по распоред, нудејќи му доење пред и по дохранувањето
* првите десет дена на бебето му се потребни не повеќе од 30мл вештачка храна за еден оброк
* вештачката храна давајте ја во обем до постигнување на нормите за мокрење. На тој начин и кај доцењето во појавувањето на млекото ќе бидете во можност да го доите бебето.


Кај доењето на бебињата родени со царски рез се јавуваат и други вообичаени проблеми, но тие по ништо не се разликуваат од проблемите кај мајките со нормално породување, и се решаваат на ист начин.



_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот skorpijana)
Непосредна врска до пораките: 89
   RE: Доење
21.1.2010 20:48:59   
Еца
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

go imav istiot problem.
malku pokasno doaga mlekoto kaj rodilki praveni carski,a da ne zboruvame kolku e tesko pokraj rezot da si najdete pogodna polozba za doenje!

inaku koga bebeto cica,matkata kontrahira(grci),pa mozete da zamislite kolku e bolno koga stanuva zbor za veke isecena i zasiena matka!?
zatoa se nadevam deka ovie info ke vi se najdat!i vo prodolzenie ke go spodelite iskustvoto,Vie majki-doilki so carski rez .
povelete



_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 90
   RE: Доење
21.1.2010 22:49:35   
Еца
ИЗВОРНА ПОРАКА: Јасминка

Јас и двете деца ги родив со царски рез и не наидов на некои посебни проблеми со доењето. Веднаш по излегувањето од шок соба (веќе следното утро по операцијата) ми го донесоа бебето (и во двата случаја) и почнавме со доење. Со  првото дете веднаш имав доволно млеко, а со второто ми наиде доволна количина по 72 часа, но без разлика јас ја доев со тоа што го имав. Првото дете веднаш по излегувањето од шок соба беше цело време до мене (не ми го земаа да се одморам), а сестра не доаѓаше многу често на помош, па со инфузиите на рака некако се снаоѓав да си го земам до мене. Ова е моето искуство, можеби на некого му било потешко. Но, целта ми е да ги охрабрам идните мајки кои ќе родат со царски рез дека доењето и не мора да претставува проблем.



_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 91
   RE: Доење
22.1.2010 17:35:26   
skorpijana
mojata doktorka mi kaza deka ako decata se namestat vo pravilna polozba mozam da gi rodam po priroden pat se nadevam deka taka ke bide
a ne znam dali moze dve deca da se doat vo isto vreme dali ke ima dovolno mleko za dvete fala pozdravuser posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 92
   RE: Доење
22.1.2010 18:01:55   
mother 29
PA JAS ZNAM DEKA obicno bliznacite gi doranuvaat i plus cicanje.

(Одговор на членот skorpijana)
Непосредна врска до пораките: 93
   RE: Доење
22.1.2010 21:50:00   
alex_mo
   Скорпијана имам една многу блиска другарка која во пред 4 месеци се породи со близнаци.Др цело време и викаше дека ке ги роди нормално,а таа беше исплашена.Кога и пукна водењакот и отиде во болница ,побара царски оти првото било карлично,но кога ја прегледале тоа веке почнало да излегува-нормално.Ги роди нормално со разлика од 1час,ама многу лесно.За доењето имаше проблеми ,не наспана ,а тие ,а и таа недовојно нахранети.Почна со адаптирано,децата го прифатија...сега се супер..пу..пу..како топчиња се ,а таа е одморена.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 94
   RE: Доење
8.2.2010 16:14:01   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Slagjana

Е ај да ве прашам и јас нешто. Оваа недела треба да се породам. Кога треба да почнам да пијам чаеви за поттикнување на млекото. Дали веднаш по породувањето ќе се создаде млеко или по неколку дена?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 95
   RE: Доење
19.2.2010 22:42:05   
Snowhite RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Slagjana

Е ај да ве прашам и јас нешто. Оваа недела треба да се породам. Кога треба да почнам да пијам чаеви за поттикнување на млекото. Дали веднаш по породувањето ќе се создаде млеко или по неколку дена?



Слагјана ако си уште тука, во врска со чаевите ќе си видиш откако ќе се породиш кога треба да почнеш да пијаш и дали воопшто ќе има потреба, ако се породиш природно, млекото треба за ден -два да ти дојде, со царски по 4-5 дена, макар што мене, со царски бев ми дојде 7 -от ден, чај за доилки од ХИП почнав да пијам петиот ден. Ајде со лесно, ако веќе не се гушкате со бебушот

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 96
   RE: Доење
2.3.2010 22:07:59   
baby mama
И ние сме само на доење. Но пред некоја вечер стануваше на саат-два за да цица, а и преку ден незнам колку пати ја ставив на града. Мислам дека беше гладна. Се мислев дали да и дадам адаптирано млеко дента, но си реков ако прави пак така вечерта ќе и дадам. Супер ја поминавме ноќта, си стануваше за цицање на 5 саати од кога е заспана, па на 3 саати. Инаку градиве некако ги чувствувам лесни цело време. Инаку Јана има 4 месеци и мислам дека добро напредува, има 6.700 кг а се роди 3330кг.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 97
   RE: Доење
4.3.2010 14:52:51   
Rossana
Mamicki neznam dali ova moevo e problem no da ve prasam dali nekoja od vas e imala takvo iskustvo i dali e toa problem. Sara e 10 dena i si cica normalno na sekoi 2 do 2 ipol casa, mnogu retko do 3-4 casa, no cica samo od ednata grada dodeka od drugata mlekoto samo istekuva, ne ostanuva nisto i taka jas prodolzuvam da i davam samo od ednata, normalno li e toa? za sega imame dovolno mleko no sto koga ke potporasneuser posted image ako ne i e dovolno? A dobro napreduvame denes bevme na vakcina i imame + 500 gr. od bolnica izlegovme pred 6 dena so 2600 a sega sme 3100 user posted image

(Одговор на членот baby mama)
Непосредна врска до пораките: 98
   RE: Доење
4.3.2010 14:58:46   
BEBICA
Draga rosana moras da i ja nudis i drugata.Sigurno ne i se dopaga bradavicata dodeka da se navikne.I ne se sekiraj cim ona taka dobro ti napreduva se ke bide o red.A mlekoto se zgolemuva a podocna i kese namaluva sprema porebite na deteto.No bez nervozi.
Ti ponudiija prvo onaa sto ne ja saka, pa zborii malku samo izmolzise namackaja so mlekoto bradavicata zboruvaj i na malata kolku da ja izlazes.I mene Monika mi pravese taka se dodeka ne se navikne.Treba i ti na nejze da se naviknes i ona na tebe tolku dobro da se usoglasite da stanete edno.
Toa e tehnika no i golema ljubov.

user posted image user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Rossana)
Непосредна врска до пораките: 99
   RE: Доење
4.3.2010 15:03:48   
nadica
россана мила немаш потреба од грижа само секој нареден пат нуди и ја градата која не ја цицала надица и сега така цица само од едната града а наредниот подој од другата

твојата лепотица супер напредува па немаш причина за нервоза

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 100
Страница:   <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?