|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Плацента превиа
1.11.2009 2:17:35   
ripce
Терминот плацента превиа подразбира состојба кај која плацентата не се имплантира високо спрема телото на матката, туку ниско, така што делумно или целосно го покрива грлото на матката. На крајот од бременоста кога матката се подготвува за пораѓање, грлото се шири, и ниско-имплантираната плацента се одвојува од ѕидот на матката, при што доаѓа до крварење.

Симптоми и знаци

Безболен крварење од вагината.

Се верува дека кај околу 1 од 200 бремености, стари над седум месеци, постои плацента превиа. Оваа состојба е многу ретка на почетокот од бременоста, и е почеста кај жени кои веќе раѓале или имале абортус, постарите бремени жени, и оние кои имале хируршки операции на утерусот (отстранување на миом, операцијата поради аномалии на утерусот, или царски рез).

Дијагноза

Најважен знак кај плацентата превиа е безболно вагинално крварење, обично на крајот на второто тромесечие или подоцна. Вообичаено, првото крварење се јавува ноќе за време на спиењето и крварењето обично "само запира".

Терапија

Ако лекарот претпоставува дека се работи за плацента превиа, ќе ја испрати бремената жена на ултразвучно испитување. Ако крварењето од плацентата превиа се појави при крајот на бременоста, во близина на терминот на породување, може да се направи царски рез, со цел да се спречи понатамошна загуба на крв, која може да доведе до оштетување или дури интерутерина смрт на плодот. Кај многу тешки крварења се дава трансфузија на крв.




< Поракaта ја уредил anica -- 1.11.2009 2:18:20 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Плацента превиа
1.11.2009 11:46:23   
koalicka
Se slozuvam so gore napisanoto, jas vo 37 nedela od mojata bremenost zavrsiv so placenta previa i srekna su sto se najdobro se zavrsi pa sega si imame edno ubavo angelce od 8 i pol meseci.Inaku krvarenjeto mi pocna odednas i bez nikakvi boki, imav obilno krvarenje pa taka da vednas mi napravija carski i se dobro se zavrsi. Na nikoj ne mu go posakuvam toj stres sto go preziveav jas koga vidov deka krvaram, nemate pojma kako izgledase i kako se psekav. Pozdrav

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Плацента превиа
3.11.2009 11:41:19   
biljana16
Kaj mene ova se pojavi na pocetkot na bremenosta. Toa bese i pricinata sto vo 12 nedela prokrvariv iako po celo vreme primav utrogestan. Nikogas predhodno nemav ostanato bremena. Lekarot mi rece da bidam po celo vreme vo krevet i da ne pravam nisto drugo. I da sakav nemozev da se dvizam poradi toa sto me vlecese nadole. Lekarot mi rece deka ili ke se povlece sama od sebe ili ke treba cela bremenost vo krevet da ja pominam i da se porodam po carski rez. Posle 16 nedela mi rece deka poleka poleka se povlekuva i pocna da mi dozvoluva da se dvizam. Sega sum vo 26 nedela bremena i sekoj den setam i mi e mnogu polesno. Zabranite normalno za se drugo vazat i sega ama bar ne sum vo krevet. Se nadevam deka se ke bide kako sto treba. Pozdrav  do site.

(Одговор на членот koalicka)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Плацента превиа
6.11.2009 20:24:33   
ripce
ШТО Е ТОА ПЛАЦЕНТА ПРЕВИА

user posted image

Плацентата му овозможува на бебето да прима храна и кислород преку папочната врвца. Таа е орган кој нормално се наоѓа внатре во матката, близу при нејзиниот врв. Плацента превиа пак значи дека плацентата се наоѓа премногу ниско, близу до вратот на матката. Постојат неколку варијанти на плацента превиа:
  • Комплетна плацента превиа, кога грлото на матката е целосно покриено со плацентата.
  • Делумна плацента превиа, кога грлото на матката е делумно покриено со плацентата.
  • Маргинална плацента превиа, кога плацентата се наоѓа на работ на грлото на матката.
  • Ниска плацента превиа, кога плацентата се наоѓа во долниот дел на матката, но не го допира отворот.
Доколку се забележи плацента превиа во првото или второто тромесечие нема никаква причина за загриженост. Всушност многу бремености започнуваат со таква плацента. Како што расте и се шири матката, плацентата спонтано се повлекува нагоре и се подготвува за породувањето. Плацента превиа се среќава кај една на 200 бремености. Само кај 10% од жените со забележана плацента превиа до средината на бременоста, останува таква до породувањето. Најмали шанси за спонтано повлекување има доколку се работи за целосна плацента превиа. Во принцип колку покасно ќе се заблежи плацентата превиа, има помали шанси за сама да се повлече. Доколку не се повлече, тогаш се можни компликации.


ФАКТОРИ НА РИЗИК ЗА РАЗВОЈ НА ПЛАЦЕНТА ПРЕВИА

Кај многу жени плацента превиа може да се јави иако немало видливи фактори на ризик. Сепак следните фактори ги зголемуваат шансите за да се јави:
  • Ако претходно сте имале царски рез: колку повеќе царски реза сте имале, има поголем ризик за појава на плацента превиа.
  • Ако сте имале некаква операција на матката или абортуси. Лузните на матката ги зголемуваат шансите за плацента превиа.
  • Ако сте имале плацента превиа во претходната бременост.
  • Ако сте бремени со близнаци, тројки ит.н
  • Ако пушите или употребувате кокаин.
  • Aко сте во понапредната возраст.

СИМПТОМИ НА ПЛАЦЕНТА ПРЕВИA


Главниот симптом е ненадејно, безболно крварење, кое најчесто се јавува на крајот на второто или почетокот на третото тромесечие, во просек најчесто се јавува помеѓу 27-32 седмица. Ова крварење се јавува веднаш штом вратот на матката малку ќе се истанчи или отвори. Ова крварење може да запре, за пак да се јави по неколку дена или по неколку седмици. Почетното крварење најчесто не е многу обилно, но сепак може да варира од благо па се до крварење со големи загуби на крв. Некаква нелагодност или грчеви во пределот на матката чувствуваат само 20% од жените. Понекогаш крварењето може да биде придружено и со контракции. Понекогаш пак крварењето не започнува, се до почетокот на породувањето.


МОЖНИ КОМПЛИКАЦИИ КАЈ ПЛАЦЕНТА ПРЕВИА


Плацнта превиа најчесто се дијагностицира на редовните ултразвучни прегледи, уште пред да се појави крварењето. Многу важно е внимателно следење на состојбата, ако таквата плацента не се повлече со текот на времето. Доколку се реагира благовремено, најчесто се избегнуваат сите можни ризици. Најголема опасност претствавуа ризикот од обилно крварење. Често бебињата се раѓаат со помала тежина. Ова може да биде заради предвремено породување, но понекогаш и заради тоа што просторот во кој се развива бебето е стеснет. Друг ризик е што кога се работи за случај на плацента превиа има околу 10% шанси за плацентата да биде предлабоко всадена во матката. Оваквата плацента е позната како плацента акрета и често пати не се одлепува лесно од матката. Во многу случаи предизвикува тешко крварење, кое се решава со хистероктомија. Често пати кога плацентата го покрива делумно или целосно грлото на матката се препорачува мајката да лежи и мирува. Во такви случаи веќе се забрануваат сексуални односи, вагинални лекарски прегледи, односно ништо повеќе не смее да се стави во вагината.

ТРЕТМАН НА ПЛАЦЕНТА ПРЕВИА

Кои мерки ќе се превземат зависи од стадиумот на бременоста, јачината на крварењето и од тоа колкава е опасноста за вас и за бебето. Кога се работи за плацента превиа породувањето се врши исклучиво со царски рез. Не само што кај комплетната и делумната плацента превиа, отворот низ кој треба да помине бебето е целосно или делумно блокиран, туку и затоа што при породувањето кога ќе почне да се отвара матката, од плацентата се јавува тешко крварење. Кога се работи за нормално породување со нормално поставена плацента, матката по породувањето се контрахира и тоа помага да престане крварењето од местото каде што се наоѓала плацентата. Кај плацента превиа пак, заради тоа што плацентата е поставена во долниот дел од матката, каде што нема толку јаки контракции како во горниот дел, крварењето може да биде обилно и да не може да престане. Тоа понекогаш го доведува во опасност животот и на мајката и на бебето. Вообичаено штом жената со плацента превиа ќе влезе во 37-та сецмица од бременоста, се закажува царски рез. Кај околу половина случаи крварењето не се јавува до 37-та седмица. Доколку крварењето се јави предходно, жената се хоспитализира. Ако е близу до 37-та седмица, се врши породување со царски рез. Исто така веднаш се прави царски рез и доколку се работи за обилно крварење, кое не запира. Во таков случај може да се даде и трансфузија. Ако пак крварењето запре, а мајката и бебето се наоѓаат во добра состојба, можно е да бидат вратени дома. Во таков случај царскиот рез ќе биде изврштен во 37-та седмица, доколку претходно повторно не се јави крварењето. Доколку имате RH- крвна група, задолжително при првото крварење треба да примите инекција со имуноглобулини, освен во случаи кога и двајцата родители имаат негативна крвна група. Важно е состојбата редовно да се следи и благовремено да се реагира. Имајте на ум дека на тој начин повеќето од коомпликациите ќе бидат избегнати.

< Поракaта ја уредил anica -- 6.11.2009 20:26:11 >

(Одговор на членот biljana16)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Плацента превиа
29.11.2010 10:19:14   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: beb4e

Здраво.
Процитав нешто за тоа што ме интересира, но ми е баш доволно за да бидам мирен.
Ве молам ако имате некое знаење повеќе или искуство да ми дадете поддршка и информација.
Мојата сопруга прокрвари во 24 недела, и добива контракции. Во болница докторот објасни дека е тоа бидејки имала спуштена плацента, и моментално прима инфузии за да се спречат контракциите, и не се знае до кога ке подлежи на инфузии. Што би можело да биде резултатот од ова ? Ке заврши ли состојбава со среќен крај или се работи за нешто лошо ? Ако имате сознание за слично или исто искуство, или пак знаете за проблемов колку е страшен или не, ве молам да ми пишете во секој случај.
Ви благодарам.
поздрав


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Плацента превиа
29.11.2010 10:20:49   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

beb4e kako ke zavrsi bremenosta na vasata sopruga nikoj nemoze tocno da vi kaze se e vo racete na gospod samo pozitivno i se ke izleze dobro.Neznam kakva infuzija prima no so primanje na infuzija i miruvanje sigurno deka ke se namalat kontrakciite i psihicki mir sekako.Nemozam da ti odgovoram za spustenata placenta nemam iskustvo se nadevam deka nekoja nasa clenka ke vi odgovori.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Плацента превиа
29.11.2010 10:22:27   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###



beb4e, jas imav spustena placenta. Prokrvarev i toa na rabota vo 16 nedela. Za spustenata placenta mi kazaa duri vo Sistina a ovde ne, navodno ke se krenela.Vo sistina mi preporacaa mesec do dva miruvanje i nikako krevanje tesko sto sekoja trudnica sekako ne smee.Od pocetokot piev dabroston ama tie se efikasni samo do 3 4 mesec a gledam tvojata sopruga e 24 nedela. Zavisi kolku e spustena placentata:
Комплетна плацента превиа, кога грлото на матката е целосно покриено со плацентата.
  • Делумна плацента превиа, кога грлото на матката е делумно покриено со плацентата.
  • Маргинална плацента превиа, кога плацентата се наоѓа на работ на грлото атката.
  • Ниска плацента превиа, кога плацентата се наоѓа во долниот дел на матката, но не го допира отворот.
    Доколку се забележи плацента превиа во првото или второто тромесечие нема никаква причина за загриженост. Всушност многу бремености започнуваат со таква плацента. Како што расте и се шири матката, плацентата спонтано се повлекува нагоре и се подготвува за породувањето.

    Vo Sistina mi kazaa deka dokolku do 28 nedela ne se povlece togas e porizicno.Mislam deka ako ne se povlece do kraj ke se porodi so carski rez zaradi opasnost od golemo iskrvaruvanje. Kaj mene fala bogu veke nekade pri kraj se povlece i se zavrsi ubavo. Se porodiv prirodno, a sepak mnogu iskrvarev ama toa bese zaradi infekcijata sto ja imav.
    Infuziite sigurno ke gi smirat kontrakciite a ke pie i apcinja najverojatno. Nekoi od niv predizvikuvaat zabrzana rabota na srceto pa zatoa sekogas konsultirajte se so doktor. MIruvanje pred se. Vnimavajte i na vaginalni infekcii i od niv moze da dojde do predvremeno poroduvanje. Kako sto kaza arh_diz Gospod znae kako ke bide , jas vi posakuvam se najubavo, da se sredat rabotite da se krene placentata kako sto se krena kaj mene i da se raduvate na vaset_o bebence.

    Pozdrav


  • _____________________________

    When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

    (Одговор на членот Палешка РР)
    Непосредна врска до пораките: 7
       RE: Плацента превиа
    3.3.2011 16:40:27   
    sonjuska
    zdravo na site :) jas denes bev na kontrola 36 nedela sum i mi kazaa deka placentata mie vo 3 stepen sto znaci toa dali nekoj oze da mi objasni :) falavi 

    (Одговор на членот ripce)
    Непосредна врска до пораките: 8
       RE: Плацента превиа
    3.3.2011 17:45:51   
    alfa
    placentata ima tri stepana 1.2 i tret stepen i se odcekuva koga placentata ke bide tret stepen da se porodis.no kaj mene ne bese taka jas koga vlegov vo deveti mesec mi bese tret stepen pa se porodiv vo 40 nedela so carski rez oti bolki ne dobiv

    (Одговор на членот sonjuska)
    Непосредна врска до пораките: 9
       RE: Плацента превиа
    3.3.2011 17:50:14   
    Pepelaska *
    3 степен е последен од стареењето /зреењето на плацентата, според мене 36 недела е некако рано пошто јас колку што знам според мене ми кажуваа дека по 37 недела е најдобро зрела постелката, дали имаш проверено притисок и дијабетес соњушка? Мислам дека твојот гинеколог требало поубаво да ти објасни сепак може е само знак дека добро се одвива процесот на стареење

    _____________________________

    Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

    (Одговор на членот sonjuska)
    Непосредна врска до пораките: 10
       RE: Плацента превиа
    3.3.2011 22:42:53   
    sonjuska
    se proveriv i se e vo red za edna sum na kontrola i se nadevam ke izdrzi barem uste 2 nedeli.pa koga bese vo prv stepen mi kaza deka ne e nisto strasno a sega 3 stepen dobra bila ke izdrzi uste malku dali nesakase da me plasi neznam ke vidime za edna nedela 

    (Одговор на членот Pepelaska *)
    Непосредна врска до пораките: 11
       RE: Плацента превиа
    3.3.2011 22:48:43   
    Pepelaska *
    не е страшно ако било ќе ти кажеле, уште една недела ќе издржи во 37 можеш да се породиш, само редовни контроли и со лесно user posted image

    _____________________________

    Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

    (Одговор на членот sonjuska)
    Непосредна врска до пораките: 12
       RE: Плацента превиа
    3.3.2011 23:06:03   
    sonjuska
    falati pepelaska za podrskata pa ke vidime kako ke bide :))) user posted image mozi saka da izleze porano :)) 

    (Одговор на членот Pepelaska *)
    Непосредна врска до пораките: 13
       RE: Плацента превиа
    29.3.2011 11:53:04   
    Lara2224
    мене пред една недела на 4д ми рекоа дека имам плацента превиа но до сега не сум крварела а и немам контракции (23та недела сум) ама со ова шо го изначитав деновиве сум пеплашена..... Не знам што да направам со себе, не сум човек кој може да лежи или да не оди на работа... Не дај боже ако морам секако дека ќе го направам тоа, но ако знае некој нека ми каже нешто убаво во врска со ова.....

    (Одговор на членот sonjuska)
    Непосредна врска до пораките: 14
       RE: Плацента превиа
    29.3.2011 12:09:09   
    Pepelaska *
    Лара прашај го докторот за каква плацента превиа се работи, комплетна,делумна има повеќе видови, а инаку во второ тромесечие според мене и не е толку страшно полошо е ако до 28 недела не се крене нагоре , јас на почетокот мав сосема спуштена значи под главчето на бебето ама до крај се заврши добро си се крена  ама јас мирував повеќе.Немој да се плашиш, секогаш прашувај го докторот до каде е ( јас ја умрев матичната секогаш кога одевuser posted image ) без грижи и паника има многу мајки кои и така родиле здрави прави деца,се ќе биде во ред

    _____________________________

    Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

    (Одговор на членот Lara2224)
    Непосредна врска до пораките: 15
       RE: Плацента превиа
    29.3.2011 12:12:30   
    Lara2224
    Јас до пред да ми кажат дека имам не ни знаев што е тоа. На резултатот меѓу другото пишува плацента ниско на преден ѕид, но јас колку што ја разбрав рече дека го покрива отворот...

    (Одговор на членот Pepelaska *)
    Непосредна врска до пораките: 16
       RE: Плацента превиа
    29.3.2011 12:16:38   
    Pepelaska *
    А ти кажа ли да мируваш? Не се секирај рано е уште, ќе се крене, само немој да креваш многу тешко и да се заморуваш,

    _____________________________

    Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

    (Одговор на членот Lara2224)
    Непосредна врска до пораките: 17
       RE: Плацента превиа
    29.3.2011 12:22:29   
    arh_diz
    se soglasuvam so pepelaska miruvanje i neznam dali ti napomenale pojas da nosis

    _____________________________

    Биди тоа што си

    (Одговор на членот Pepelaska *)
    Непосредна врска до пораките: 18
       RE: Плацента превиа
    29.3.2011 12:28:06   
    Lara2224
    Не ми кажа ништо, кај Адамова бев а она е малку тешка на зборови. После и кажав на матичната, а таа веројатно за да не се грижам ми вика немаш гајле ке се среди тоа самото....
    Каков појас е тој? Од каде да го набавам?
    Јас чувствувам дека ми треба нешто да носам од кога почна да ми расте меше, бидејќи чувствувам дека ми тежи и дури после подолго пешачење знае да ме заболи, не многу туку како затегање... Ми рекоа да побарам мидер за трудници, превртев два града и никако да најдам...

    (Одговор на членот arh_diz)
    Непосредна врска до пораките: 19
       RE: Плацента превиа
    29.3.2011 12:34:40   
    Maca25
    еве како изгледа мидерот


    user posted image

    < Поракaта ја уредил Maca25 -- 29.3.2011 12:36:51 >


    _____________________________

    To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

    (Одговор на членот Lara2224)
    Непосредна врска до пораките: 20
       RE: Плацента превиа
    29.3.2011 12:36:07   
    Lara2224
    mhm.... znae li nekoj kade gi ima niz Skopje?

    (Одговор на членот Maca25)
    Непосредна врска до пораките: 21
       RE: Плацента превиа
    29.3.2011 12:37:23   
    Maca25
    сега ќе ти пратам адреса и тел по пп. 

    _____________________________

    To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

    (Одговор на членот Lara2224)
    Непосредна врска до пораките: 22
       RE: Плацента превиа
    29.3.2011 12:38:54   
    Lara2224
    fala najvise!!!!

    (Одговор на членот Maca25)
    Непосредна врска до пораките: 23
       RE: Плацента превиа
    17.4.2011 13:36:38   
    blond
    Дали може плацента која делумно го покрива грлото на матката да доведе до предвремен пораѓај?
    Јас на почетокот имав целосно спуштена плацента, па потоа се крена. Но, еве пред неколку дена пак констатираа дека се спуштила плацентата и дека го прекрива грлото делумно.
    Некоја РР со исто искуство ?

    (Одговор на членот ripce)
    Непосредна врска до пораките: 24
       RE: Плацента превиа
    19.5.2011 12:49:17   
    jana81
    mene prv pat mi kazaa deka imam spustena placenta vo 17-18 nedela, na skriningot vo 21 nedela pak bese nisko na zaden zid mi velea deka najverojatno ke se krene no pred nekoj den koga bev na kontrola vo 24 nedela, maticnata mi rece deka se uste e nisko i nema sansi da se krene. Ne znam kolku e toa seriozno d-r mi vikaat samo da se pazis da ne krevas tesko i nisto dr. posebno.Na boleduvanje sum odmaram no ako izlezam malku da pesacam posle kako da imam griza na sovest, no se nadevam se ke se zavrsi so dobro..
    Lara2224 i blond do kade ste vie kako e kaj vas sostojbata i sto vi preporacuvaat d-rite strogo miruvanje ili pripazuvanje do nekoja granica. pozzd i neka pise nekoj sto ima vakvo iskusto

    (Одговор на членот blond)
    Непосредна врска до пораките: 25
    Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
    Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
    Оди на:






    Анкета

    За доилки.
    пеперутка16

    Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?