Fenix
|
Одкога татко и се произнесе со закани за затвор со некои набрзина набројани обвиненија кои во неговата навидум висока служба лесно и можат да се исценираат, ги спакував нејзините работи и на две идења и ги однесов дома. Не се малку приказни од типот на полициски рации во кои се вршат буквално грабежи во домови организирани од полицијата, знаеме во каква држава живееме. Доколку ова води кон државни институции најмалку сакам штрумфови без средно школо да ми протураат по домот. Мислам дека и пратив дел од мојата покуќнина затоа што незнаев кое чиво ќебе или јорган е, не ми е ни битно. Не пукам пред притисок лесно, се работи за две годишна врска, за тоа време успеав јас да работам, обезбедувам, сам да ги плаќам сите сметки дома и сметките за храна, да иницирам одмори, излегувања и сл. Г-ѓата учествуваше ентузијастички во истите, ама кога истите ќе завршеа, во домашна атмосфера 1 на 1 таа се претвара во зомби, без желба за живот, без желба да стане од спиење....пред бебето спиеше до 16h на пладне. Истото и кога одеше кај нејзините родители. Прочитав 20тина книги одкога ја знам, она неможеше 4 што и беа за испит, нити пак ги изгледа филмовите базирани на тие книги за тие испити. Можеби најголемата вина е во мене, никој не ме натера со сила да ја одберам, ама мислев ако на некој му овозможиш се, го натераш дури и со докази а не слепи ветувања во подобра иднина ќе сака да учествува во тоа и ќе и се разбуди желбата за среќа и прогрес. Мислев детето ќе ја направи посреќна. Но не, детето е сега чип за ценкање и изнудување, со детето се вади дека неможе ништо друго да работи, неможе да учи, неможе да сака,,, ама може да мрзи и да гаи гнев кон се и сешто највеќе кон мене. Не е цимолење ова, но природата не секогаш ги става страста и разумот рака под рака. Не мислам изгубивме страст, но мислам дека на полето на разумот никако да најдеме компромис. И што треба јас, да речам, заеби амбиции, заеби желби за комфорен живот, заеби соништа за патување по светот.... ќе седиме и ќе чмаеме и ке праиме седенки со секој оној кој ќе има милост да го сподели своето слободно време со нас па благословено ќе безделничиме и ќе се преправаме дека се е ок, дека животот е тоа, нозе во леген на веранда гледајќи кон зајдисонцето со пуштена некоја серија или фудбалски натпревар пред нас.... Премногу ли сум оптимиста да верувам дека можам да натерам да увиди дека живот исполнет со создавање и стремење кон цели, решавање на истите е далеку по наградувачки него живот поминат во меланхолична резигнација, ефтини трачеви, топлење со стадото и слушање на пастирот кој во тој момент е актуелен и го диктира трендот. ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR Баш заради овој форум мојата мила вчера си го доби назад сиот имот што го имаше тука. Ќе може ли да ми појасниш што значи ова? Инаку детето и те како можеш да си го бараш на суд, а за таткото џандар има лек исто така. Велешка полиција во Скопје дошла??? Иди си во центарот за социјала, поднеси барање за видување на детето. Центарот ќе донесе едно решение , ќе го обжалат, добро, министерството може да го измени, не е битно, ама и првото решение е извршно. Значи има решение за да си го гледаш детето... А кога веќе пишуваш на форум мора да очекуваш дека нема да имаш 100 посто поддршка ниту пак сите ќе се сложат со тебе. Не пукај одма под притисок! Лош знак е. Ова- најдобронамерно!
|