Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? 19.7.2011 16:17:32
Fenix
Фини луѓе, иако тотално неамбициозни, нашле мир во нивното какво такво секојдневие, животот за нив е застанат можеби пред 20 години. Но немам лоши зборови, фини, услужливи, гостопримливи. Не се директни во комуникацијата, избегнуваат круцијални прашања или проблеми, ја бранат и бранеле својата ќерка цел живот и самите се окривувале за нејзиното однесување кога знаеле дека не е во право. Ама разбирливо, едно дете, ако го немаш тоа ќе останеш без ништо.
Со мене немало испади на бес или агресија, однос на дистанца. Ама кога станува збор за ќерката, таа е принцеза, таа е...нај нај, таа е чувана за принц, немало некој лош збор да кажал за неа, таа е светица.
Мајка и понекогаш е поприземјена и дали лицемерно дали искрено се труди да пружи баланс и рационалност и да ги укори постапките на ќерката.
-
Родителите, посебно татко и, за да ја заштити од опасностите на светот ја скрил под стаклено дзвоно и затоа сега имаме толку проблеми соочени со реалноста, ама убеден е и он, и ќерката дека се во право, и некој тоа ... треба исто да го одобри и да ја продолжи улогата на татко во нејзиниот живот а не сопруг.
-
Истите работи која ги вика за мојата мајка она ги вика за нејзината баба и нејзиниот татко. Скролај назад и прочитај.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010
fenix ocigledno ti edosadno tebe batka..aj da ne zabegame so temava...postavuvam prasanje Ti kako se slozuvas so nejzinite roditeli???
RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? 19.7.2011 16:22:05
humana
Замисли твоето девојче кое за тебе е све на светов да се омажи за човек кој немој да ме сватиш погрешно трча по мајка му и за све ја слуша неа.И да ти се пожали дека мм ја тепал на неколку пати,само замисли ја таа сцена и кажи ми како се чуствуваш?
RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? 19.7.2011 16:27:34
Fenix
Госпожа ова не е сексот и градот, постулираш нешто и тргнуваш од тоа убедена дека си во право.
Мајка ми нема никаква улога во мојот живот, жената ме моли еднаш неделно да дојдам да ја посетам за да може да ме види, ја слушам на телефон еднаш неделно исто така. Не прави компарации од шпански серии да ја разбереш улогата на мајка им во мојот живот. Сам живеам во стан од 2005та, моите дошле дали 10тина пати на гости.
Доста со вашите банални предрасуди да пробате да ме ставите во некој познат кош на архетипови за кои имате комотно оформени ставови и да расудувате од таму. Не ме знаете, не ве знам, ама молам да престанете да ме споредувате со работи кои ви се познати и да ги аплицирате во ова сценарио само за да изигрувате морално надмоќни.
ИЗВОРНА ПОРАКА: humana
Замисли твоето девојче кое за тебе е све на светов да се омажи за човек кој немој да ме сватиш погрешно трча по мајка му и за све ја слуша неа.И да ти се пожали дека мм ја тепал на неколку пати,само замисли ја таа сцена и кажи ми како се чуствуваш?
RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? 19.7.2011 16:33:34
Fenix
Пецка драмата, пецка неизвесноста, пецка надежда да слетаат вонземјани и нешто спектакуларно да ја наруши монотонијата на опкружувањето. Чекаш момент на слабост може, да капитулирам, да развееш знаменце дека си во право и дека твоето семе треба да се рашири низ планетата и универзумот како единствена вистина.
Незнам, запрашај се.
ИЗВОРНА ПОРАКА: humana
Ти си знаеш,незнам ни зашто воопшто ги читам постовиве
RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? 19.7.2011 17:14:13
Viktori
Добар ден на сите! Мирни! Сите Неколку поста избришав. Ако имате мислење некое пишете си слободно, ама да е подолго од именка, глагол и интерпункциски знак!
И без навреди. Секогаш може да се дискутира на нивоУ!
< Поракaта ја уредил Viktori RR -- 19.7.2011 17:15:33 >
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? 19.7.2011 17:27:14
rina13
fenix ti imas problem pred se samiot so sebe potoa odnosot so svojata sopruga a nakraj se vasite.valjda si dovolno maz i mozes da se soocis so svoite vnatresni cuvstva dobivam vpecatok deka se boris so sebe,antideprsivi nema da ti go vratat semejstvtoto a nitu pa postovite na forumov,raboti na sebe ako si dovolno pameten a gledam po postovive deka si,ke svatis deka si dojden do dzid i treba da se preispitas sto sakas kako sakas a potoa da deluvas..gi sakas zenata i deteto bori se za niv dokazi im deka gi sakas ke reces kako pa isklucila tel skype bla bla,ako ona te saka veruvaj deka i tel ke ukl i na skype ke te vrati so vreme samo treba vreme so ladni glavi poubavo se razmisluva,vo afekt se mozete da napisete i da si kazete ako toa megu vas e ona vistinskot jas veruvam deka ke bidete zaedno...
RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? 19.7.2011 19:24:34
Fenix
Абе, научете како се формулира една синтаксичка целина, и цртежи по пештери имаат повеќе смисла од овие трапави некохерентни латинични слагалици. Интерпункција следниот пат ако сакаш да те читам, ват де фак е ова, награда треба да ти дадат, ни Кафка нема волку долги реченици.
ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13

RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? 19.7.2011 19:38:25
annie
ИЗВОРНА ПОРАКА: Fenix

eve i jas da si go dadam moeto mislenje! jas mislam deka si na pogresna tema i na pogresen forum!!! isto mislam i deka malku zabega.......
aj sega ostaj prostor da si kazam i jas kako se soglasuvam so starite na mm
_____________________________
Солзата е нејзин начин да се изрази, нејзината тага, нејзината љубов, нејзината осаменост, нејзината болка и нејзината гордост!!!
RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? 19.7.2011 20:04:33
Carelija
Cel den se vozdrzuvam da ne pisam na temava. Dobro luge jas ovde citam tema "kako se soglasuvate so roditelite na maz vi?" , a ne "Mesto za isturanje bes na bracni partneri" ili " Bracno sovetuvaliste" ili uste neznam sto. Pa bi sakala nekoj da mi kaze slicajno da ne sum slepa, da ne ne sum procitala dobro?
RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? 19.7.2011 20:29:02
Fenix
Eте, и ти додаде нешто браво, ајде сега ќе ти дадат репете од раванијата.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Carelija
Cel den se vozdrzuvam da ne pisam na temava. Dobro luge jas ovde citam tema "kako se soglasuvate so roditelite na maz vi?" , a ne "Mesto za isturanje bes na bracni partneri" ili " Bracno sovetuvaliste" ili uste neznam sto. Pa bi sakala nekoj da mi kaze slicajno da ne sum slepa, da ne ne sum procitala dobro?
RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? 19.7.2011 20:29:06
kapina
i jas mislam taka oti ovde ne e mestoto za isturanje na frustracii megu bracni parovi nitu e toa bracno sovetuvaliste ako sakaat da si gi isturaat svoite besovi neka pisuvaat na temata neizbezen razvod ne tuka
RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? 19.7.2011 22:28:25
Fenix
Уште некои работи треба после да ги дооднесам, да ги спасам од ова змиско гнездо во кое мајка ми плете пајакови мрежи со кои сака да зароби слободата на малата снегулка. Се за мојата најмила, слобода и сила, фимејл паур, Инаетот и победи.
Пишав смс да разговара ако сака да разрешиме и да се договориме, пред се за нас па потоа за детето, ама ете тоа беше пред 2 саати и очигледно бегството од одговорност и соочување е поинтересно него борбата за компромис.
Идам утре на консултација со правно лице за оваа фарса да и дојде крајот.
И не заборавајте, машкото е секогаш криво, ние мажите сме ѓубриња, немој никој да ве убеди во спротивното!
А посебно јас сум дрзок, како смеам да доаѓам во ова амазонско упориште и да пробувам да најдам разум или поддршка, толку бедно и ниско од мене, маж што пробува да освои симпатии кај анонимни жени кои ете би зазеле негова стррана и би посочиче на ценетата сопруга дека мејби, мејби она не е во право.
Феникс, или како и да се викаш, ти манифестираш особини на една бабоквачка и треба да бидеш полеан со катран и спален на врвот на коњот на плоштад! Гаду еден, вистинските мажи не паламудаат по женски форуми, тие..тие се борат и молат за да ја освојат најмилата а не дремат во вакви форуми. Гори со катран, ти и таквите ко тебе. Бууја, Бууја.
- И после не бил луд, глејте го горе што пишува и во колку лица навлезе, прво, трето, шесто.... алал да и е што избегала на време кутрата мома
< Поракaта ја уредил Fenix -- 19.7.2011 22:34:20 >
RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? 19.7.2011 22:35:17
Палешка РР
"Супернова е експлозија на ѕвезда. Таа е екстремно светла и предизвикува сноп од радијација кој може да ја засени целата галактика пред да исчезне по неколку недели или месеци. За време на оваа краткотрајна експлозија, суперновата може да испушти толку енергија колку што Сонцето ќе емитува вкупно за целиот свој век. Експлозијата исфрла од ѕвездата материјал со брзини до една десетина од брзината на светлината, предизвикувајќи потрес во околината. Постојат неколку видови на супернови, кои може да настанат на еден од следниве два начини: прекин на нуклеарната фузија или почеток на нуклеарна фузија.
Во просек, супернова се појавува еднаш во 50 години во една галаксија од големината на Млечен пат и игра значајна улога во збогатувањето на меѓуѕвездената средина со тешки елементи. Покрај тоа, брановите што се шират од експлозијата на супернова може да предизвикаат создавање на нови ѕвезди."
Сакав малку да ја разјаснам етимологијата на никот Супернова. Патев и јас едно време од вакви и слични комплекси...недај Боже некој да ги излечи на начин на кој ги излечив јас. Офтопик сум, знам.
< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 19.7.2011 22:36:24 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? 19.7.2011 23:43:49
Pepelaska *
ИЗВОРНА ПОРАКА: Fenix
Ќе пробам да се потрудам да бидам концизен и непристрасен.
Феникс ова некако не ти успеа братче, од сите постови твои блика пристрастност кон твоето и само твоето его, твојата амбициозност, твојата начитаност и богат речник на изразување и да не набројувам
сакам да знам зошто не успеа да ја оствариш оваа реченица?
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? 19.7.2011 23:52:45
Fenix
Други работи ти сакаш да знаеш, да не навлегуваме во тоа.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###
ИЗВОРНА ПОРАКА: Fenix
Ќе пробам да се потрудам да бидам концизен и непристрасен.
Феникс ова некако не ти успеа братче, од сите постови твои блика пристрастност кон твоето и само твоето его, твојата амбициозност, твојата начитаност и богат речник на изразување и да не набројувам
сакам да знам зошто не успеа да ја оствариш оваа реченица?
RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? 20.7.2011 0:04:19
Fenix
Галантно ви признавам пораз о вие моќни амазонки, сите мои инфатуации се знак на еден повреден слабак и будала кој мисли дека може да ги смени луѓето за да има подбро утре. Ама нема сила еден поединец да се бори со толпата освен ако не сака да заврши како маченик на некоја клада.
Ју вин, олабаи сеа, сите сте во право ја грешната душа ќе одам на покајание да молам за прошка од општеството заради мојот ерес.
RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? 20.7.2011 0:56:41
humana
Feniks nikoj tuka neska da te navredi ili da te kritikuva,samo tvoite postovi nemaat emocii deka ti sakas da go spasis brakot,site tie se so mnogu samofalbi i kako da si pravis reklama,ova nema vrska deka nie sme zeni i sme se svrtele protiv tebe samo zasto si mas,I Bocko e mas ama e eden od najrealnite mazi na forumov,ova go spomnav samo za da ne izgledame deka sme se zdruzile protiv mazite,jas iskreno vi posakuvam da gi resite problemite so soprugata i na toa cedo da mu obezbetite topol i prijaten dom.
RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? 20.7.2011 8:25:49
anedespo
ИЗВОРНА ПОРАКА: Fenix
будала кој мисли дека може да ги смени луѓето за да има подбро утре.
Прво почни од себеси. Многу е тешко да се живее со човек кој смета дека е секогаш во право, а не е. Нервира и фрустрира. Нервира и фрустрира и човек кој нонстоп зборува и уста не затвара, кој се прави најпаметен а другите ги потценува. Мислам дека сето ова го видов кај тебе.