|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Фебрилна конвулзија (грчеви)
30.3.2009 6:52:56   
Еца
Доста имам читано за овие грчеви и ме интересира дали имате искуство со ова?Ве фаќа ли паника и како реагирате?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
30.3.2009 10:23:59   
Aleksandra
Jas tie rcevi licno gi imam doziveano, na moeto since Luka koga bese 1 god i 3 meseci. Imase temperatura i mu dadov daleron i temperaturata naglo pocna da paga i toj dobi grc. Slikata e strasna, se grci, se trese nemoze vozduh da zeme, strasno. Eve i sega koga vi pisuvam i se prisekam mi zatropuva srceto, mi se skrati zivotot za 15 godini. Viknavme brza pomos, maz mi go drzese vo race i mu ja otvarase ustata za da ne go progolta jazikot i posle 1-2 minuti, vo taa panika i neznam kolku bea, se osvesti i dojde brzata pomos ne odnesoa na klinika. Na klinika ne zadrzaa cela vecer i ni dadoa Dijazepam od 2mg. Ni rekoa obavezno koga ke kaci tepmeratura duri i 38, obavezno da mu dademe Dijazepam, pa posle Daleron bidejki Dijazepamot go cuva mozoceto od vakvi grcevi i ni rekoa da si kupime cepcinja Dijazepam od 5 mg koga ke fati grc odma da mu stavime vo gazeto i toa ke se smiri. Mnogu se strasni grcevite, nemozete nikako da pomognete. A i kaj mene moze da e nasledno bidejki brat mi imal grcevi kako mal od golema temperatura. STRASNO.....

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
8.6.2009 10:24:28   
lide78
Joana pred dve god dobi grcevi od toploten udar.setavme nadvor okolu 10 casot,a toj den bese 45 stepeni.ne sretna edna baba -komsika i malava zapna da odi kaj nea.tamu se napi malku laden sok i za brzo vreme dojdovme doma.pocna da vika deka ne moze da odi i naednas zastana  i go fokusirase pogledot vo edna tocka.za sreka mi tekna sto moze da e i ja legnav na strana i pocna da povraka.od togas setanje po mnogu zesko nema.znaci na klinika ni rekoa deka doslo do naglo ladenje na organizmot od ladniot sok.

_____________________________

Колку убав ден!

(Одговор на членот Aleksandra)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
8.6.2009 10:37:53   
mami
ете видиш, јас не би знаела што да правам, би се скаменила на лице место...среќа што си знаела како да и помогнеш...уф јас каква паничарка сум..

(Одговор на членот lide78)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
8.6.2009 10:40:19   
lide78
vo momentot bev prisebna ama posle so denovi nemozev da dojdam na sebe

_____________________________

Колку убав ден!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
26.6.2009 12:42:29   
Еца
* Честа појава во детската возраст. Се јавуваат кај 2-5% од децата на возраст помеѓу 6 месеци и 5 години. Настануваат при нагол скок на температурата ( може да настанат и при нагло намалување на температурата), најчесто кај деца со банални инфекции. Најголема зачестеност е околу втората година.
* Нападот настанува одеднаш, обично во тек на некоја манипулација со детето ( намалување на температура, преслекување, по оброк, по будење и сл.).
* Детето ја губи свеста, помодрува, и најчесто започнуваат симетрични трзаи на рацете и нозете, а на устата се јавува пена. Во тек на нападот најчесто се измокрува.
* Оваков напад обично трае кратко ( најчесто помалку од една минута, ретко до 15 минути) и престанува спонтано. Потоа детето заспива, а при тоа често се забележува, значаен скок на температурата. Ретко се случува повторен напад, во рамките на следните 24 часа.
* Грчевите кои не се предизвикани со температура траат подолго, може да зафаќаат еден дел на телото и може да се јавуваат повторувачки.

Што треба да направат родителите ако детето добие напад?  * Додека нападот трае, единствена сврсисходна активност е детето да се сврти на мев со главата свртена на страна, за да може пената да се излива надвор.
* Секоја агресивна манипулација, масажа со цел на намалување на температурата, насилно отварање на устата и тресење на детето за да се освести, може да предизвикаат само додатна стимулација на и онака пренадразнетиот нервен систем и го продолжуваат нападот.
* Кога нападот настапил по прв пат, родителите најчесто не знаат да применат некој медикамент, со цел да се прекине или спречи нападот.
* Кога нападот ќе се смири, детето треба да се разлади, темпeратурата да се намали, да се дадат лекови за снижување на темпeратурата ( Парацетамол).
* Не е задолжително секое дете кое добило фебрилни напади, да добие антиконвулзивен лек, нити има потреба да се стави на превенција со антиконвулзивни лекови.
* Ако детето добие ваков напад треба да се одведе на лекар , кој понатаму ќе направи диференцијација дали се работи за обични фебрилни напади ( можно е нападите да се знак на сериозна болест на централниот нервен систем пр. инфекција на мозочните обвивки- вирусна или бактериска). Во такви случаи нападите се подолготрајни и често отпорни кон терапијата која се дава за прекинување на нападот

Дали може да се прекине нападот?  Нападот може да се прекине со диазепам-раствор за ректална примена. Растворот на лекот се втиснува во чмарот со помош на специјален наставок, и потоа се истиснува растворот во количина 0.3 мг/кг.т.т., максимум 3-5 мгр во единечно давање. Ова може да се повтори по 10 минути, со иста постапка. Во колку нападот е упорен, постапката може да се примени и трет пат, а во меѓувреме треба да се повика лекарот.

Дали фебрилните напади оставаат последици и каква е шансата да се повторат?  * Овие напади не се опасни и вашето дете нема да има долгорочни здравствени проблеми. Фебрилните напади не предизвикуваат мозочно оштетување, проблеми на нервниот систем, парализа, ментална ретардација или смрт.
* Фебрилните напади имаат тенденција да се јавуваат во одредени фамилии. Ризикот да се добие повторен напад, во тек на други фебрилни епизоди зависи од возраста на детето: деца кои се помали од 1 година во времето на првиот напад имаат 50% шанса за повторен напад. Деца постари од 1 година во време на првиот фебрилен напад имаат 30% шанса за повторен напад.



_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот lide78)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
6.11.2009 22:15:51   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

сега има чепчиња диазепам за грчеви, дури и ги препорачуваат доктирите, на толкава температура се ставаат и тие....ние немаме ставано,фала богу толкава температура до сега не сме кренале.јас на 38,5 му ставам чепче од 150 мл ..ич не му ја мислам..ја симнува и му олеснува..ама секој за себе со своето дете!ете ако е овде хапи мама,таа постручно да ни каже?!
поарно ке дадам лек,отколку после да си ја тупам главата...какви ли се само  последици можат да се направат од долготрајна и висока температура!?леллелл


ИЗВОРНА ПОРАКА: srekna mama

да,точно така,при висока температура има можност за грчеви и се дава диазепам.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25



Дијазепам чепчиња се даваат на деца кога имаат висока темп з да ги ослободи од грчеви кои се добиваат од темп. Мислев да и дадам ноќеска, но немаше потреба, нина беше многу весела и покрај темп и не се осеќаше дека нешто не и е ок. За среќа брзо и се симнуваше темп од ефералганот и од туширањето.




(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
6.11.2009 22:25:27   
Mamicka3
Син ми на 2,5 год фати грчеви но немаше висока температура 37,5, сега задолжително на 37,5 треба да давам по 2 фенобарбитона а диазепам ми рекоја ако фати пак грчеви (недај боже ни душманот да го види тоа што го видовме ние во тој момент) тогаш да му дадеме чепче од 5мг.

_____________________________

Децата се најголемо богатство
Марио 31.10.2002
Ана Марија 01.11.2005
Трајче 20.09.2009

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
9.11.2009 14:34:52   
mother 29
Во мал број случаи грчевите може да бидат хронични


ИЗВОР.ПЕДИЈАТРИЈА
Грчевите при висока температура се манифестираат до петтата година
Грчевите ретко траат повеќе од пет минути, но понекогаш може да се манифистираат од неколку секунди до 15 минути

Секоја мајка стравува кога детето има температура. Освен во ретки исклучоци температурата е секогаш израз на вирусна или бактериска инфекција во кој било дел од организмот. Но, зошто се јавува страв кога се знае дека најголемиот број инфекции, се смируваат? Една од причините за тој страв се грчевите што се поврзани со температурата (фебрилни конвулзии). Кога детето добива грчеви е вистинска драма во семејството, кое стравува од несакани последици, но потсвесно и за животот на детето. Грчевите при температура најчесто се манифестираат меѓу 5. месец и 5. година од животот. Тие се јавуваат кај два до пет отсто од децата до петгодишна возраст. Пред да има грчеви детето се разболува и има температура, која може да варира од 37, 8 до 40 Целзиусови степени. Таа најчесто се должи на вирусни инфекции на горните дишни патишта.



Манифестации

без претходни тегоби

Грчевите се манифестираат ненадејно без претходни тегоби и симптоми. Тие може да се манифестираат на повеќе начини - детето губи свест, се вкочанува, а потоа трнат рацете, нозете и евентуално и лицето, детето губи свест и се вкочанува неколку секунди до минути, детето губи свест, омлитавува и го вперува погледот во една точка, или се вкочанува или омлитавува. Грчевите ретко траат повеќе од пет минути, но, сепак, нивното времетраење може да биде и од неколку секунди до 15 минути. Губитокот на свеста, згрчување, евентуална појава на пена во устата предизвикуваат страв и паника кај родителите, кои тогаш се впуштаат во многубројни и непотребни манипулации. Пикањето прсти во устата на детето е најчеста и најштетна интервенција од родителите, која резултира со грч во вилицата кај детето и гризење на прстите од родителот. По завршувањето на грчот детето бргу се созема и доаѓа на себе. Појавата на грчеви при температура е најчесто семејна и податоци за исти или слични манифестации во раната детска возраст може да се сретнат и кај други поблиски или подалечни членови на семејството. Основата за фебрилните грчеви се бара во намалениот праг на издржливост на нервните клетки на висока температура. Фебрилните грчеви ако се манифестираат само еднаш, во 30 до 40 отсто од случаите може да не се повторат никогаш во животот. Во 30 до 50 отсто од случаите може да се повторуваат повремено при висока температура, може да се повторуваат при температура и по 5. година, но во два до три отсто од случаите може да се манифестираат како хронични грчеви, без температура (епилептичен синдром). Во најголем број случаи фебрилните грчеви спонтано престануваат да се манифестираат по 3. година.



Заштита од грЧеви

Ако детето со висока температура првпат манифестира обични грчеви, семејството треба да се информира како да ги спречи следниот пат. Спречувањето е едноставно - се препорачуваат два вида заштитни мерки. Првиот е со еднократно давање антиконвулзивно лекарство во дебелото црево (ректално), а вториот е истовремено давање антиконвулзивно средство низ уста цело време додека трае температурата. Но, понекогаш, при таканаречените сложени фебрилни конвулзии (кои често се појавуваат и не реагираат на заштитната терапија), се советува континуирана антиконвулзивна терапија.

Крајниот исход од надминувањето на фебрилните грчеви во најголем број на случаите е одличен. Децата престануваат да ги манифестираат грчевите и се развиваат во здрави индивидуи. Помошта на лекарот - давањето правилен совет за заштита и соодветна терапија - е од големо значење за децата и за семејството.

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 9.11.2009 14:35:16 >

(Одговор на членот Mamicka3)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
4.1.2010 0:11:05   
ripce
Грчевите (конвулзии) се неволни контракции на телесните мускули, што можат да бидат од "епилептично" или "неепилептично" потекло, со или без алтерација на свеста. Тие се честа појава во детството. Околу 90 отсто од сите конвулзивни нарушувања се во детството; 1-2 отсто од сите деца имаат некој вид конвулзивно нарушување. Кај 4 отсто постои ризик од фебрилни конвулзии (од покачена температура), а кај 1 отсто ризик од нефебрилни конвулзии на возраст до 5 години.

Грчевите во детска возраст можат да бидат од два типа: поради акутни транзиторни фактори и поради хронични рецидивантни конвулзии (епилептични напади).

Првата група вклучува грчеви поврзани со метаболички нарушувања во детството: хидроелектролитен дебаланс при проливи и повраќања, несоодветна рехидратација, намалување на некои елементи во крвта (калциум и магнезиум) води до зголемување на невромускулната екцитабилност и појава на конвулзии, хипогликемијата (ниско ниво на шеќер во крвта) може да доведе до појава на конвулзии посебно кај новороденото и доенчето, пад на нивото на одделни витамини (витамин Б6) и други.

Фебрилните грчеви (грчеви поради покачена температура), се конвулзивни напади што се јавуваат при покачена температура, која не е предизвикана поради инфекција на централниот нервен систем. Обично се работи за вирусна инфекција на горниот респираторен тракт. Најчесто се работи за прво покачување на температурата, пред родителот да забележи дека детето има покачена температура. Најчесто се јавуваат во облик на генерализирани тонично-клонични грчеви на мускулатурата, со губење на свеста. Се случува кај околу 4 отсто од детската популација до 5-6-годишна возраст. Најчесто се јавуваат во втората година од животот, многу ретко под 6-месечна возраст и над 5-годишна возраст. Се повторуваат кај околу 30 отсто. Шансите нападот да се повтори се многу поголеми ако се случил во првата година од животот. Имаат фамилијарен карактер (некој од блиска фамилија ги имал во детство) и се наследуваат автосомно-доминантно - се наследува снижен праг на екцитабилност на клетките на централниот нервен систем при покачена температура.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
4.1.2010 0:23:35   
Еца
Овие грчеви се навистина лошо искуство за родителите, иако во најголем број случаи не се опасни, сепак треба да се направат испитувања дали се работело само за обични грчеви предизвикани од високата температура, бидејќи многу ретко може да бидат вовед во некое посериозно заболување.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
1.3.2010 19:13:20   
ripce
Бевме денес на детско одделение, го прегледаа се е во ред, ќе треба да рја провериме гликемијата и преглед кај очен д-р... ни кажаа да продолжиме Лидапримот до среда и Prolife за цревната флора уште денес...

Инаку во иднина д-р ми кажа за превенција од фебрилни конвулзии при повисока Т да му дадам 3x1 фенобарбитон од 15 мг со парацетамол, или може ми кажа 2x2 па после во наредните 24 часа уште еднаш...
Во случај недај боже на фебрилни конвулзии чепче диазепам од 5мг.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
1.3.2010 19:21:30   
nadica
мило ми е што син ти е добар рипче се надевам дека никогаш повеќе нема да го доживееш истото user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
1.3.2010 19:21:56   
Natasha5
рипче многу ми е мило што сте добри,лел многу ми е страв од овие грчеви.Го видов внучето од братучед ми и се стаписав не знаев што да правамuser posted image

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
1.3.2010 21:15:19   
April
ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Бевме денес на детско одделение, го прегледаа се е во ред, ќе треба да рја провериме гликемијата и преглед кај очен д-р... ни кажаа да продолжиме Лидапримот до среда и Prolife за цревната флора уште денес...

Инаку во иднина д-р ми кажа за превенција од фебрилни конвулзии при повисока Т да му дадам 3x1 фенобарбитон од 15 мг со парацетамол, или може ми кажа 2x2 па после во наредните 24 часа уште еднаш...
Во случај недај боже на фебрилни конвулзии чепче диазепам од 5мг.


значи сепак фенобарбитон, а не диазепам???


(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
5.3.2010 15:28:45   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: majka 79

za tie majki sto ne se zapoznati, fenobarbitonot i diazepamot se lekovi koi se davaat na decata koga imaat temperatura za da gi zastitat od febrilni konvulzii.

jas sum od pp i doktorite kaj nas seuste go prepisuvaat fenobarbitonot, za razlika od doktorite vo sk. spored moi soznanija na detskata klinika vo sk. fenobarbitonot go isfrlile od upotreba i prepisuvaat samo diazepam. dali nekoj znae koi se pricinite za toa?

dali vo drugite gradovi vo mk. seuste se prepisuva fenobarbitonot?
ili majki , koe lekarstvo go koristite vie?

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
5.3.2010 15:32:03   
majka 79
ok.
bidejki sakav da dobijam konkretni odgovori na prasanjeto zatoa otvoriv nova tema.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
5.3.2010 15:42:36   
pacuvce
Кога се роди Андреј (значи пред 7 години) се даваше Фенобарбитон и веднаш откако дојодвме од болница добивме рецепта,си купивме и го имавме дома за секој случај...Фала богу никогаш не го употребивме...Сега кога се роди Бојан,јас повторно побарав фенобарбитон,не знаејќи дека во меѓувреме смениле и дека сега се дава диазепам...И кога побарав да ми дадат диазепам,докторката ми рече дека немало потреба и дека се давало на деца откако ке преживееле грчеви...user posted image Јас малку бев зачудена,ама не сакав да се расправам и си купив диазепам на моја книшка...За секој случај...Помирна ми е душава...
Еве сега овде читам дека има и чепчиња...И за нив ли треба рецепт...Да си купам и такви,за секој случај...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот majka 79)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
5.3.2010 16:03:35   
April
ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce

Кога се роди Андреј (значи пред 7 години) се даваше Фенобарбитон и веднаш откако дојодвме од болница добивме рецепта,си купивме и го имавме дома за секој случај...Фала богу никогаш не го употребивме...Сега кога се роди Бојан,јас повторно побарав фенобарбитон,не знаејќи дека во меѓувреме смениле и дека сега се дава диазепам...И кога побарав да ми дадат диазепам,докторката ми рече дека немало потреба и дека се давало на деца откако ке преживееле грчеви...user posted image Јас малку бев зачудена,ама не сакав да се расправам и си купив диазепам на моја книшка...За секој случај...Помирна ми е душава...
Еве сега овде читам дека има и чепчиња...И за нив ли треба рецепт...Да си купам и такви,за секој случај...


мислам дека за чепчињата не треба рецепт...како и да е, јас не знам кои д-ри уште даваат фенобарбитон...тоа беше одамна, сега сите даваат диазепам, доста читав за оваа тематика, и баш се чудам...
како сте денес?

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
5.3.2010 17:18:23   
April
ИЗВОРНА ПОРАКА: April

ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce

Кога се роди Андреј (значи пред 7 години) се даваше Фенобарбитон и веднаш откако дојодвме од болница добивме рецепта,си купивме и го имавме дома за секој случај...Фала богу никогаш не го употребивме...Сега кога се роди Бојан,јас повторно побарав фенобарбитон,не знаејќи дека во меѓувреме смениле и дека сега се дава диазепам...И кога побарав да ми дадат диазепам,докторката ми рече дека немало потреба и дека се давало на деца откако ке преживееле грчеви...user posted image Јас малку бев зачудена,ама не сакав да се расправам и си купив диазепам на моја книшка...За секој случај...Помирна ми е душава...
Еве сега овде читам дека има и чепчиња...И за нив ли треба рецепт...Да си купам и такви,за секој случај...


мислам дека за чепчињата не треба рецепт...како и да е, јас не знам кои д-ри уште даваат фенобарбитон...тоа беше одамна, сега сите даваат диазепам, доста читав за оваа тематика, и баш се чудам...
како сте денес?



грешка, за чепчињата диазепам обавезно треба рецепт...инаку кај нас ги има само на јака радовиш

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
10.3.2010 23:04:17   
pacuvce
Кога пред извесно време рипче го сподели своето лошо искуство во врска со своето синче и грчевите кое тоа ги добило,сватив дека ова е тема на која многу малку и имам посветено внимание,па малку истражував по интернет и дојдов до следниве сознанија...

Што треба да правам во случај моето дете да добие грчеви(фебрилни конвулзии)

1.Останете смирени(така најмногу ќе му помогнете на детето);
2.Обратете внимание на времето кога започнале и престанале грчевите(овој податок може да биде од големо значење за докторите во понатамошните испитувања);
3.Останете покрај вашето дете;
4.Завртете го детето на страна или уште попознато како recovery position.Сепак,оваа постапка може да се применува кај деца постари од 1 година и постари лица...Кај бебињата е најдобро да се земат во раце,да се легнат на стомак,при што главата ќе биде за нијанса пониско од телото,при што носот и устата треба да бидат слободни,да не дојде до гушење
5.Никогаш не ставајте ништо во устата на детето,затоа што може да го проголта и да се загуши;
6.Доколку ова е прв напад на вашето дете,доколку трае подолго од 5 минути и доколку има некакви други потешки повреди,секако повикајте Брза помош...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
24.11.2011 12:37:16   
miana
Na eden od forumive edna majka prasa zosto denesnive lekari gi "klukaat " decata so diazepam...Najdov interesna statija za ovoj lek i zatoa resiv da ja napisam tuka zosto tuka i odgovara

Ректална употреба на дијазепам - Совети за родителите и здравствените работници  Објавено на 11-11-10 16:00 Извор: zazdravje.com.mk Автор:
Д-р Елена Јовановска
Специјализант по Анестезиологија, Реанимација и Интензивно лекување


Содржината и целта на оваа статија е да се понудат релевантни информации на родителите и на здравствените работници за давањето на дијазепам ректално и да се даде одговор на одредени прашања и проблеми.

Зошто Дијазепамот се препишува ректално?

Повеќето напади кај децата прекинуваат за 5 минути, но понекогаш тие може да траат и подолго. Доколку еден напад или серија на напади траат подолго од 30 минути, тогаш таа состојба се нарекува епилептичен статус или медицински – status epilepticus. Аналогно на ова, пролонгираните напади кај децата (во време траење подолго од 1-2 часа) може да предизвикаат оштетувања на мозокот.

Со цел да се спречат продолжените напади, ректалниот дијазепам (во вид на чепчиња) се препишува за домашна употреба или доколку е возможно и во училиштето.

Кога треба да применам ректално - дијазепам кај моето дете?

Ректалниот дијазепам обично се дава 5-10минути од почетокот на нападот. Вашиот лекар е тој кој ќе одлучи која ќе биде соодветната доза и точното време за давање на дијазепамот. На Вас како родители ќе Ви биде даден индивидуален протокол за следење на нападите кај Вашето дете, во чиј протокол ќе треба да го запишувате бројот и времетраењето на нападите, и следствено ќе ги следите инструкциите за ректалното администрирање на дијазепамот.

Ректалниот Дијазепам е лек од прв избор при лекување на напади кај децата!!!

Третманот може да се повтори на 6-часовни временски интервали, доколку и понатаму постојат пролонгирани напади или серија на напади. Не треба да се даваат повеќе од три дози на ректален дијазепам за времетраење од 24 часа.

Како ќе знам дека нападот прекинал?

После нападот детето нормално постанува релаксирано и поспано. Тоа може да биде способно да одговара на наредбите но може да манифестира и конфузност. Доколку Вашето дете е сеуште згрчено иако големите движења сопреле, тоа не значи дека нападот е прекинат.

Како да знам дека ја давам коректната доза на дијазепам?

Ректалниот дијазепам е пакуван во мали пакувања со точно означена доза. Коректната доза за употреба, исто така ќе биде нотирана во индивидуалниот протокол на Вашето дете.

Како да го дадам ректалниот дијазепам?
  • Одстранете ја фолијата од чепчето, или одстранете го заштитното капаче (зависно од брендот).
  • Наместете го детето од неговата лева страна
  • Внесете го чепчето во ректумот до првата маркерна линија доколку е на возраст до 3 години, или целото чепче доколку е над 3-годишна возраст.
  • Држете до детето во седечка позиција неколку минути.

Ова е причично безбедна процедура. Сосема е невозможно чепчето да направи префорација на зидот на ректумот. Како и да е, следете ги инструкциите на лекот, следете го евентуалното крварење од ректумот, или доколку детето се жали на болки во ректумот – консултирајте лекар.

Доколку Вашето дете добие пролив веднаш после давањето на дијазепамот, прекинете со негово давање, затоа што е тешко да се одреди колку точно лек се абсорбирал преку ректумот. Побарајте лекарска помош и објаснете што точно се случило.

Секогаш трудете се да ја направите оваа процедура колку што може подискретно. Ве молиме да запомните дека доколку сами го давате дијазепамот ректално додека детето е во напад, ова може да биде тешко изводливо. Затоа во близина треба да бидат присутни минимум две лица кои би биле од помош во изведбата на оваа процедура.

Дали ректалниот дијазепам делува веднаш?

Овој лек навлегува во крвотокот за 3-4 минути а го достигнува максималниот ефект т.е. концентрација за 10 минути. Нападот би требало да прекине за 5 минути.

Дали сеуште има потреба да повикам брза помош?

Ние би Ве советувале да повикате итна помош доколку:
  • Првпат употребувате ректален дијазепам кај детето
  • Доколку нападот не се стави под контрола 10 минути откако е даден ректалниот дијазепам
  • Доколку сметате дека детето се здобило со повреди на главата за време на нападот.
  • Доколку приметите дека детето има потешкотии со дишењето, циркулацијата, свеста или општата состојба.

Кога се повикува итната помош ургентноста на ситуацијата претставува стрес за родителите, но и покрај тоа мора да се запазат деталите кога точно почнал нападот и кога дијазепамот бил даден.
Уверете се дека медицинскиот персонал точно Ве разбрале за дозата на Дијазепамот која сте ја дале.

Понатамошна нега


Вашето дете треба да остане во позиција за опоравување и треба да се набљудува внимателно се додека потполно не се опорави.

Дали да дадам следна доза на ректален дијазепам доколку првата немала ефект?

Ве советуваме да ја повторувате дозата на ректалниот дијазепам освен доколку индивидуалниот протокол за Вашето дете не го дозволува тоа. Доколку состојбата на детето не се подобрува побарајте итен медицински совет.

Корисноста од употребата на ректалниот дијазепам

Овој лек е лек на избор за превенција на продолжени напади.

Дали постои алтернатива на ректалниот дијазепам?

Постојат алтернативни лекови, кои исто така превенираат продолжени напади, но се даваат на поинаков начин од ректалниот дијазепам. Доколку сакате да дознаете повеќе информации за тоа дали алтернативните лекови би биле соодветни за Вашето дете, Ве молиме да се посоветувате со Вашиот педијатар-невролог.

Дали постојат некои негативни ефекти?

Овие појави се ретки. Вашето дете може да биде поспано неколку часа после давањето на лекот или пак да покажува нестабилност и тетеравење во одот. Исто така, ректалниот дијазепам може да го забави дишењето кај детето. Доколку Вашето дете има тешка белодробна инфекција или останати проблеми со дишењето, повикајте итна помош во исто време додека го давате ректалниот дијазепам.

Како да го чувам овој лек?

Ректалниот дијазепам треба да се чува на собна температура и надвор од дофат на деца. Проверете го рокот на употреба пред да го искористите лекот.

Запомнете!

Секогаш да ги нотирате нападите, концентрацијата и интервалите на давањето на лекот, и секако времето што е потребно за опоравувањето од нападот.

Доколку имате некакви нејаснотии во меѓувреме контактирајте го Вашиот специјалист педијатар – невролог.

Одредени заблуди кои постојат кај родителите

И за крај она што стои како навистина несоодветна и квази-информација, е дека давањето на ректален дијазепам (особено кај машки деца) може понатаму да влијае врз сексуалните преференци на личноста како возрасна индивидуа.
Ова е за жал сеуште присутна дезинформација на нашево поднебје, која помалку едуцираните родители ги одвратува од употребата на дијазепамот ректално, а инаку претставува чиста заблуда.

Токму ова е и целта на оваа статија – родители, не се плашете да употребите ректално дијазепам, затоа што на овој начин можете мошне брзо и ефикасно да ги спречите нападите и да превенирате оштетувања на мозокот кај Вашето дете!!!

Модератор: Линкот е избришан. Не се дозволени надворешни линкови.


< Поракaта ја уредил Felly RR -- 24.11.2011 15:15:00 >

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
24.11.2011 13:50:51   
kikicka
Не сум била во ваква ситуација и не дај боже на никој,нити да се случи ниту пак да се повтори али мислам дека е добро секоја мајка во својата домашна аптека да има за секој случај никогаш не се знае.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
19.11.2013 13:32:49   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: anaana

ni kazaa deka se grcevi poradi temteratura, i deka bile posledica na vakcinata... sega bas citav za Фебрилна конвулзија (грчеви)...
samo se nadevam deka se ke si bide dobro...
ako nekoj imal vakvo iskustvo neka pise


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Претпоставив дека се фебрилни грчеви....лично искуство немам, но на блиски луѓе им се случи на девојчето, кога имаше околу 1 година, од висока температура. Ја следеа одреден период, и фала Богу се е во ред сега.
Меѓутоа,одтогаш и при не толку опасна температура, над 38, секогаш ја регулираат со препарат (Парацетамол, Ефералган) и секогаш половина дијазепам од 2 мг (за превенирање на конвулзиите).
Ви посакувам бргу да го надминете проблемот user posted image



_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
19.11.2013 14:27:24   
deluxe
Сум слушала за овие грчеви,но досега бог да чува не се случило вакво нешто.Кога првото детенце беше бебе ,педијатарот ни препиша да ги имам дома за недај боже Фенобарбитол и ме советуваше да ги давам над 38 темп.

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?