|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Фебрилна конвулзија (грчеви)
19.11.2013 14:46:29   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Na eden od forumive edna majka prasa zosto denesnive lekari gi "klukaat " decata so diazepam...Najdov interesna statija za ovoj lek i zatoa resiv da ja napisam tuka zosto tuka i odgovara

Ректална употреба на дијазепам - Совети за родителите и здравствените работници  Објавено на 11-11-10 16:00 Извор: zazdravje.com.mk Автор:
Д-р Елена Јовановска
Специјализант по Анестезиологија, Реанимација и Интензивно лекување


Содржината и целта на оваа статија е да се понудат релевантни информации на родителите и на здравствените работници за давањето на дијазепам ректално и да се даде одговор на одредени прашања и проблеми.

Зошто Дијазепамот се препишува ректално?

Повеќето напади кај децата прекинуваат за 5 минути, но понекогаш тие може да траат и подолго. Доколку еден напад или серија на напади траат подолго од 30 минути, тогаш таа состојба се нарекува епилептичен статус или медицински – status epilepticus. Аналогно на ова, пролонгираните напади кај децата (во време траење подолго од 1-2 часа) може да предизвикаат оштетувања на мозокот.

Со цел да се спречат продолжените напади, ректалниот дијазепам (во вид на чепчиња) се препишува за домашна употреба или доколку е возможно и во училиштето.

Кога треба да применам ректално - дијазепам кај моето дете?

Ректалниот дијазепам обично се дава 5-10минути од почетокот на нападот. Вашиот лекар е тој кој ќе одлучи која ќе биде соодветната доза и точното време за давање на дијазепамот. На Вас како родители ќе Ви биде даден индивидуален протокол за следење на нападите кај Вашето дете, во чиј протокол ќе треба да го запишувате бројот и времетраењето на нападите, и следствено ќе ги следите инструкциите за ректалното администрирање на дијазепамот.

Ректалниот Дијазепам е лек од прв избор при лекување на напади кај децата!!!

Третманот може да се повтори на 6-часовни временски интервали, доколку и понатаму постојат пролонгирани напади или серија на напади. Не треба да се даваат повеќе од три дози на ректален дијазепам за времетраење од 24 часа.

Како ќе знам дека нападот прекинал?

После нападот детето нормално постанува релаксирано и поспано. Тоа може да биде способно да одговара на наредбите но може да манифестира и конфузност. Доколку Вашето дете е сеуште згрчено иако големите движења сопреле, тоа не значи дека нападот е прекинат.

Како да знам дека ја давам коректната доза на дијазепам?

Ректалниот дијазепам е пакуван во мали пакувања со точно означена доза. Коректната доза за употреба, исто така ќе биде нотирана во индивидуалниот протокол на Вашето дете.

Како да го дадам ректалниот дијазепам?
  • Одстранете ја фолијата од чепчето, или одстранете го заштитното капаче (зависно од брендот).
  • Наместете го детето од неговата лева страна
  • Внесете го чепчето во ректумот до првата маркерна линија доколку е на возраст до 3 години, или целото чепче доколку е над 3-годишна возраст.
  • Држете до детето во седечка позиција неколку минути.

Ова е причично безбедна процедура. Сосема е невозможно чепчето да направи префорација на зидот на ректумот. Како и да е, следете ги инструкциите на лекот, следете го евентуалното крварење од ректумот, или доколку детето се жали на болки во ректумот – консултирајте лекар.

Доколку Вашето дете добие пролив веднаш после давањето на дијазепамот, прекинете со негово давање, затоа што е тешко да се одреди колку точно лек се абсорбирал преку ректумот. Побарајте лекарска помош и објаснете што точно се случило.

Секогаш трудете се да ја направите оваа процедура колку што може подискретно. Ве молиме да запомните дека доколку сами го давате дијазепамот ректално додека детето е во напад, ова може да биде тешко изводливо. Затоа во близина треба да бидат присутни минимум две лица кои би биле од помош во изведбата на оваа процедура.

Дали ректалниот дијазепам делува веднаш?

Овој лек навлегува во крвотокот за 3-4 минути а го достигнува максималниот ефект т.е. концентрација за 10 минути. Нападот би требало да прекине за 5 минути.

Дали сеуште има потреба да повикам брза помош?

Ние би Ве советувале да повикате итна помош доколку:
  • Првпат употребувате ректален дијазепам кај детето
  • Доколку нападот не се стави под контрола 10 минути откако е даден ректалниот дијазепам
  • Доколку сметате дека детето се здобило со повреди на главата за време на нападот.
  • Доколку приметите дека детето има потешкотии со дишењето, циркулацијата, свеста или општата состојба.

Кога се повикува итната помош ургентноста на ситуацијата претставува стрес за родителите, но и покрај тоа мора да се запазат деталите кога точно почнал нападот и кога дијазепамот бил даден.
Уверете се дека медицинскиот персонал точно Ве разбрале за дозата на Дијазепамот која сте ја дале.

Понатамошна нега


Вашето дете треба да остане во позиција за опоравување и треба да се набљудува внимателно се додека потполно не се опорави.

Дали да дадам следна доза на ректален дијазепам доколку првата немала ефект?

Ве советуваме да ја повторувате дозата на ректалниот дијазепам освен доколку индивидуалниот протокол за Вашето дете не го дозволува тоа. Доколку состојбата на детето не се подобрува побарајте итен медицински совет.

Корисноста од употребата на ректалниот дијазепам

Овој лек е лек на избор за превенција на продолжени напади.

Дали постои алтернатива на ректалниот дијазепам?

Постојат алтернативни лекови, кои исто така превенираат продолжени напади, но се даваат на поинаков начин од ректалниот дијазепам. Доколку сакате да дознаете повеќе информации за тоа дали алтернативните лекови би биле соодветни за Вашето дете, Ве молиме да се посоветувате со Вашиот педијатар-невролог.

Дали постојат некои негативни ефекти?

Овие појави се ретки. Вашето дете може да биде поспано неколку часа после давањето на лекот или пак да покажува нестабилност и тетеравење во одот. Исто така, ректалниот дијазепам може да го забави дишењето кај детето. Доколку Вашето дете има тешка белодробна инфекција или останати проблеми со дишењето, повикајте итна помош во исто време додека го давате ректалниот дијазепам.

Како да го чувам овој лек?

Ректалниот дијазепам треба да се чува на собна температура и надвор од дофат на деца. Проверете го рокот на употреба пред да го искористите лекот.

Запомнете!

Секогаш да ги нотирате нападите, концентрацијата и интервалите на давањето на лекот, и секако времето што е потребно за опоравувањето од нападот.

Доколку имате некакви нејаснотии во меѓувреме контактирајте го Вашиот специјалист педијатар – невролог.

Одредени заблуди кои постојат кај родителите

И за крај она што стои како навистина несоодветна и квази-информација, е дека давањето на ректален дијазепам (особено кај машки деца) може понатаму да влијае врз сексуалните преференци на личноста како возрасна индивидуа.
Ова е за жал сеуште присутна дезинформација на нашево поднебје, која помалку едуцираните родители ги одвратува од употребата на дијазепамот ректално, а инаку претставува чиста заблуда.

Токму ова е и целта на оваа статија – родители, не се плашете да употребите ректално дијазепам, затоа што на овој начин можете мошне брзо и ефикасно да ги спречите нападите и да превенирате оштетувања на мозокот кај Вашето дете!!!





Фенибарбитон се забранети и нивна замена се дијазепам,кои се даваат со температура над 39 Т .
Мене педијатарот ми немаше кажано за дијазепам,а керками гореше и со 40 Т кога примаше вакцини. Еднаш ја прашав зошто не ми ги кажала,таа ми рече дека обично ги даваа на деца кои што некоаш им се појавиле овие грчеви или пак доколку некој од родителите на детето биле подложни на грчеви.


(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 26
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2]
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?