|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  13 14 [15] 16 17   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Одвикнување од пелени
13.1.2012 13:40:13   
Felly RR
Навистина е точно ова што го напишала Кори. Кога е детето поголемко, ќе сака да прави исто што и другите поголеми деца, да се пофали дека знае, и ако види некое друго како користи нокширче, може да помогне. Кај нас имаше дури и обратен случај - многу дечиња во градинка, иако поголеми од Матеа, носат пелени, и почна и таа да бара пелени. Јас ја убедував дека треба и тие да мочкаат во нокширче, дека само бебиња носат пелени. Ама ни се случи, подолг период, таа во градинка си беше супер, ама дома обавезно се измочкуваше. ДУри и како од инает, ќе ја прашам - да не ти се мочка? Таа - не, и по 5 мин, в гаќи. Еднаш веќе толку се изнервирав, и и реков добро сакаш да носиш памперс, бебе си ти? И таа со смеење - да, бебе сум, и и ставив памперс. Ама попладнето одевме кај едни пријатели, имаат поголеми дечиња, и таму сама побара да мочка, и ми рече - дете сум, не бебе, и го извадовме памперсот, еве од тогаш нема згрешено (да не ја подречам, па пак да почнеuser posted image )


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Kori)
Непосредна врска до пораките: 351
   RE: Одвикнување од пелени
13.1.2012 13:45:39   
Џесика

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Истото се случуваше и кај нас Џесика. И јас истото го помислив, да не се навикне друг да и води сметка за мочкање, а не сама да мисли, и затоа почнав да не ја носам на нокширче (барем не толку често) и чекав и сама да каже, а понекогаш и се измочкуваше дури да каже. Не носи го толку често, ако пие многу течности, тогаш да, ама пак барем на пола саат. А ако не пиел многу, тогаш и 2 саати може да издржи. И види да не има некој знак  да го сетиш кога ќе му се мочка, за да не носиш нон стоп. Матеа на пример, и да не ми кажеше, ќе ја видев дека се стега со ножињата, и почнуваше да се фаќа со рачето, и тогаш ја носев на нокшир.


Течности пие и тоа многу... мене ме секира и тоа што на свекрва ми и одбива да мочка во шоља, а а само што ќе го облече во гаќи се мочка. Отсабајле не сум дома и неа и искажува револт... денес само што се вратив од работа одма го седнав и се искака, а она цело сабајле го молела... ајде се надевам дека ќе навикне, време е...

А инаку, Локица и мама тоци, ако децата ви соработуваат, зборуваат, не чекајте, јас мака мачам што моево не зборува убаво и не се искажува,инаку и ние сме по цел ден во вц, се надевам нема да настине...


_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 352
   RE: Одвикнување од пелени
2.2.2012 11:10:37   
AnnaMolly RR
Девојки, јас имам еден проблем.
Знаете дека Филип од 8 месеци седи на нокшир, ама во последно време не сака ни да го види! Јас со сила не го седнувам.
Ама па и кога му менувам пелена е хорор по дома, ми бега низ соба и се бориме додека да му ја ставам пелената.
Не знам што му стана. Дали е некоја фаза?

Инаку, планирам летово да му ги вадам пелените (ќе има 2 години), зашто веќе одамна кажува кога му се кака и мочка.
Ми вика „Мамо, мочам“ и стои мирен и прави фаци. Или „Мамо, какам“ и ќе си заврши работа. Важно ми кажува ПРЕД да направи беља!

Што мислите, да не му е рано? Што ќе правам ако не сака на нокшир?


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 353
   RE: Одвикнување од пелени
2.2.2012 11:50:11   
JovanaJ
AnnaMolly mislam deka definitvno mu e faza. Ja imavme i nie. Mi begase po doma, i imas situacija prvo se nerviram, posle i veke go povisuvam tonot za da go vidam kako toj se gazi od smeenje i saka da si igra taka pa pocnuvame i nie da se smeeme i taka sekoj den ,sekoe menuvanje peleni i bas naporno! Ama mu pomina. Gi faka nekoja takva faza na "diveenje" user posted image
Vo odnos dali e rano ili ne za odviknuvanje sama ke si procenis, sin mi ne kazuvase tolku rano deka mu se moca ili kaka i ne go forsirav. Nie kasno go odviknavme od peleni...ama za beganjeto po doma ic da nemas gajle. Period e...user posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 354
   RE: Одвикнување од пелени
2.2.2012 11:50:49   
Џесика
Пробај на шоља, ние целосно го рипнавме нокширот, непипнат ни стои, земи му онакво мекано адаптерче со рачки, може од мерак ќе седнува, најди му некој мотив да го тера да седи, нас да ни се позлати казанчето само ради пуштање вода се одвикна од пелени, еве две недели како што почнавме и супер ни тргна, има испади, ама ништо страшно. Ако си почнала веќе да го одвикнуваш Филип не се повлекувај, штом ти кажува супер, значи свесен е, јас јадната чекав до 3 години да прозбори детево за да можам да го одвикнам...
П.С. во моментов и се налути на баба му дека пуштила вода во вц, сакал он user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 355
   RE: Одвикнување од пелени
2.2.2012 11:55:44   
AnnaMolly RR
Имаме капак за деца за на шоља, ама кај нас зимно време е мраз во ве-це. Кога ќе затопли и со тоа сакав да пробам.
Си го замислувам Бобо како и се лути на баба му и си се изнасмеав user posted image
Ќе пробам и јас со таа финта, може што викаш ќе му биде интересно.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 356
   RE: Одвикнување од пелени
2.2.2012 12:25:18   
Snowhite RR
И јас се надевам дека пролетва ќе ги фрлиме пелените и кај мене Анамоли ми кажува кога кака или мочка, ама ништо живо не сака да седи на нокшир, а нека се затопли оти и кај нас е камен ладно во вц, ќе пробам и јас со адаптер за на шоља, па можи од мерак ќе почни.
Јас си реков пошто еве повеќе од месец не оди во градинка да пробам пак да го одвикнам, оти кога ќе почни в градинка потешко ќе биди, и едно сабајле го разгорев огнот посилно, му ја извадов пелената и му пуштав на јутјуб клипчина да гледа деца кај што седат на нокширче, ама или седнуваше облечен или ќе ми речеше слечи ме, а после не сакаше да седни и така цело сабајле си играше со мене и ништоuser posted image
Инаку и М понекогаш бега за менување пелена, не сака и плачи, па морам да му зборувам нешто, да го залажувам, ај да го видиме папочето кај е, кај е курето и така некако да му ја сменам


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 357
   RE: Одвикнување од пелени
2.2.2012 12:35:54   
arh_diz
AnnaMolly probaj stavi go pred televizor nekolku pati pusti mu crtan .M taka neskase posle vakcina ova ni pomogna
Eve sega pak si kaka i mocka vo noksir nekogas sam si go zema noksirceto

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 358
   RE: Одвикнување од пелени
2.2.2012 12:39:33   
AnnaMolly RR
Арх_диз, така и седеше порано. Обавезно пред тв со цртани. И некогаш по 30 минути не сакаше да стане.
Ама еве едноставно престана. Не дека ич не седи, ама да речеме 2-3 пати неделно само ми успева да го седнам. Порано наутро и навечер обавезно си вршеше работа во нокшир.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 359
   RE: Одвикнување од пелени
3.2.2012 16:45:53   
anastasja
zdravo jas sum nov clen na ova semejstvouser posted image i sakam da ve pozdravam site i imam edno prasanje mojata kerkicka martina koja ima 1 i 6 meseci i kazuva po nekoj zbor nerazbirliv dali e dobro vreme da pocneme so patesestvieto za odviknuvanje od peleni ve pozdravuvam site user posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 360
   RE: Одвикнување од пелени
3.2.2012 19:09:26   
Felly RR
Добредојде во семејството на РР, анастасија!user posted image
Мислам дека е добро време да почнете. Со мојата ќеркичка точно на иста возраст почнавме, а и за зборувањето не се секирај, и таа не зборуваше многу на таа возраст, ама за брзо се научи да вели „мо“ за мочкање. Само ако видиш дека дава отпор, никако со сила не ја терај. Гледај преку игра некако да почнете. Ви посакувам многу успех, и чекаме да не известиш како ви одиuser posted image user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот anastasja)
Непосредна врска до пораките: 361
   RE: Одвикнување од пелени
4.2.2012 14:47:00   
anastasja
fala mnogu za sovetot treba da pocneme ama uste sum vo razmisluvanje neznam vremevo nekako me kocit deka e ladno pa si mislam da pocekam dodeka se pozatopli.sto mi predlozuvas ti.te molam pisi kako pocna vednas i gi izvadi pelenite ili postepeno.Jas so prvoto detence miki koj sega ima 6 godini mu gi izvadiv odma i denje i na noke i sto bese interesno na denje ke se pomockase vo gaki ponekojpat a na vecer nisto ama imase 3 godini porano nikako ne uspeavmeuser posted image .golem pozdravuser posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 362
   RE: Одвикнување од пелени
4.2.2012 14:56:30   
Felly RR
Anastasija, јас за денски сосема и ги извадив пелените, и нормално се мочкаше една недела- две, ама за брзо имавме напредок.  Ама сега е ладно времево, и не би ти препорачала да го направиш истото. Сега нека си носи памперс, ама ти кажувај и прво дека е голема, дека големите дечиња мочкаат/какаат во нокшир, и по некое време понуди дали ќе сака да седне на нокшир. Мислам дека кај вас може да помогне и поголемото детенце, зошто има влијание и тоа што гледаат дечињата, па после сакаат да го прават истото што и поголемите.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот anastasja)
Непосредна врска до пораките: 363
   RE: Одвикнување од пелени
4.2.2012 15:04:09   
Pepelaska *
Марин пред некој ден кај моите бевме и се пикна во еден ќош , му викаме што правиш и тој какаш, и стварно се покака.После тоа не кажал , ама јас го зедов нокширот и му го покажав го седнав и му викам овде се кака, и сега ако го прашаш што се прави тука знае да каже. Ама ми е жал да го оставам на ладново да го учам, здравје нека се подзатопли , инаку утре прави 1 и 5 месеца.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 364
   RE: Одвикнување од пелени
4.2.2012 17:29:27   
arh_diz
Pepelaska dokolu saka M na noksir stavaj go , ako se plasis deka ke se naladi pokrij go so nesto

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 365
   RE: Одвикнување од пелени
4.2.2012 17:48:12   
Maca25
Пепелашка може сега ви е моментот да ги оставите пелените. И јас Н. сред зима ја одвикнав од пелени. Она седеше на нокшир по пола саат додека не направи нешто и јас секогаш ја покривав со едно ќебенце. А и плус болна беше кога се одвикнувавме user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 366
   RE: Одвикнување од пелени
23.2.2012 21:26:23   
AnnaMolly RR
Луѓе, јас од завчера сум по 15-20 пати во ве-це со Филип. До сега на нокшир какаше и мочкаше, ама не кажуваше на секое. А овие три дена го седнувам на шоља со капак за деца и не сака да излезе од ве-це. Кажува на секое.
Само за се вика „какам“ и за мочкање и за какање. И го носам во ве-це а тој ќе се измочка. Од сабајле сме со една пелена, сува е цел ден. Цел ден моча и кака во ве-це.
Изгледа почна одвикнувањето од пелени кај нас, иако сакав летоска да биде зашто е полесно за соблекување и облекување.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 367
   RE: Одвикнување од пелени
23.2.2012 22:42:17   
Џесика

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Луѓе, јас од завчера сум по 15-20 пати во ве-це со Филип. До сега на нокшир какаше и мочкаше, ама не кажуваше на секое. А овие три дена го седнувам на шоља со капак за деца и не сака да излезе од ве-це. Кажува на секое.
Само за се вика „какам“ и за мочкање и за какање. И го носам во ве-це а тој ќе се измочка. Од сабајле сме со една пелена, сува е цел ден. Цел ден моча и кака во ве-це.
Изгледа почна одвикнувањето од пелени кај нас, иако сакав летоска да биде зашто е полесно за соблекување и облекување.


Кај нас па обратно вика „мама мочка“ и за какање... инаку баш прееска размислував како пред 2-3 недели одевме во вц на секои 15 минути за секој млаз мочка ме тераше... побаеги се укочив од качи-симни, ама издржав и се исплатеше, сега и за надвор не му ставам пелена, само за спиење, понекогаш и скрос сува е пелената после дневното спиење... спас било ова, да поминеш без 50 евра во месецот за какушки user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 368
   RE: Одвикнување од пелени
24.2.2012 13:14:08   
Felly RR
Ние вчера прав пат ја поминавме ноќта без памперс. Не за друго - ни беа потрошени, и немавме, инаку јас додека да се стопли планирав да и ставамuser posted image
Инаку еве од Нова година наваму, се нема измочкано во спиење, се разбудува и кажува, ама мене се ми беше страв да не се измочка, па да и достуди, и и ставав пелени.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 369
   RE: Одвикнување од пелени
24.2.2012 22:09:59   
mamamoni
имам пишувано погоре дека од 9 месеци седи на нокшир и се немаше покакано во памперс, а и за мочкање кажуваше, но пред две недели кај моите биле дојдени вујко ми со малата и Софија си седела на нокшир да се кака а ова покакано во памперсот (точно една година е постаро од неа) и ја видела дека е покакана и од тогаш во памперс се кака и ми вели -Ана кака пама- незнам како да ја навикнам пак да ми кажува дајте некој предлог, и уште ова Ана од тогаш почна да кажува и ги фрлија памперсите, несакала Софија да и се смее


_____________________________

Daughters are another version of yourself, but only better !

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 370
   RE: Одвикнување од пелени
25.2.2012 8:41:34   
Snowhite RR
Епа сега вие однесете ја кај Ана нека ја види дека седи во нокширuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот mamamoni)
Непосредна врска до пораките: 371
   RE: Одвикнување од пелени
26.2.2012 16:37:17   
omorfo89
И јас би сакала совет во врска ос одвикнувањето од пелениве. user posted image
Можеби некој ке рече дека е рано но сакам да ја одвикнам керка ми од пелени. Од 8-ми месец ја ставам понекогаш на вц школка ( си има нејзина), и кога и да ја ставам си мочка. За какање понекогаш успевам да ја фатам ( ми дава сигнали) но понекогаш кога нема да забележам не. Инаку би сакала да почнам од април месец ( тогаш ке има 1 година и 1 месец) сега некако ладно е времево за да ја разголувам. Ме интересира за навечеер да и ставам памперс или не? Да ја будам за во вц навечер? За излегување да и ставам памперс? Мислите ли дека и ова е некаков напредок што си мочка кога и да ја ставам на вц школата?
Не ме остава да и сменам пелена мрда , плаче , па кога ке се покака газето и се прави жар црвено..


_____________________________

[img]http://lb3f.lilypie.com/aJqIp2.png[/img]

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 372
   RE: Одвикнување од пелени
26.2.2012 18:19:37   
omorfo89
Инаку заборавив да напоменам дека керка ми има 11 месеци user posted image

_____________________________

[img]http://lb3f.lilypie.com/aJqIp2.png[/img]

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 373
   RE: Одвикнување од пелени
26.2.2012 21:30:02   
Џесика
Оморфо, се е индивидуално, еве на пр ќе ти кажам како се одвиваше кај нас... по некое правило кај сите е истото, најмалку 1 до 2 недели е гадното, добро е што малата си мочка кога ќе ја седнеш, и треба често да ја прашуваш, јас цела недела на секои 15 минути го нудев син ми да мочка, го седнував и имаше моменти кога ќе се измочка или искака, ама многу зборував, прочитај погоре, мотивација ни беше пуштање вода и така му се пројави интерес да ја искаже секоја потреба. За спиење сеуште му ставам пелена, од причина што е ладно и спие во вреќа, па затоплен не ми се носи во ладно вц, да беше лето ќе го будев и ќе мочкаше. (иако и сега во спиење кажува дека му се мочка, ама се презаспива и мочка во пелена заради ладното) За шетање на почетокот ќе и ставаш и ќе ја проверуваш кога ќе дојде дали и сува пелената, ќе следиш како ќе се одложува мочкањето, односно, се повеќе ќе трпи и ќе знаеш кога можеш да ја шеташ и да знаеш дека нема да се измочка... затоа летото е најпрепорачливо за одбивање од пелени, ние сме 3 години па веќе беше неопходно, пробај, неколку дена, ако и ја знае улогата на вц школката, нема да и треба многу, ќе и биде полесно без пеленче, и онака после нема да ти сака кога ќе и ставаш пелена user posted image ви посакувам успешна мисија user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот omorfo89)
Непосредна врска до пораките: 374
   RE: Одвикнување од пелени
27.2.2012 16:22:56   
omorfo89
Благодарам , се надевам дека ке успееме user posted image

_____________________________

[img]http://lb3f.lilypie.com/aJqIp2.png[/img]

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 375
Страница:   <<   < Претходна страница  13 14 [15] 16 17   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  13 14 [15] 16 17   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?