|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Крштевка - колку е важна?
19.5.2009 23:37:12   
Боцко
Ни јас ни жм не сме многу религиозни. Христијански празници обележуваме за да му биде интересно на Стефан. Но, тој не е крстен и немаме некоја посебна потреба. Знам, многумина ќе не осудат сега. Јас сум крстен, жм не е. Можеби е подобро малку да потпорасне па сам да реши дали сака? Што и да одлучи би било ОК за мене.
Ајде, shoot me
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Крштевка - колку е важна?
20.5.2009 9:08:00   
mami
ние сме крстени и двајцата, јас како помала бев повеке ама откако се исподесија милион глупости некако не сум толку, а мм е поинаку воспитан и е повеке по религијата па се утепавме од карање кога да го крстиме лука, он сакаше порано, демек машки деца не било убаво долго да седат некрстени, па го крстевме на 5 месеци, во најладното ама тоа е..
а инаку повеке ми се допага идеата да го оставам сам да си одлуци, ама тоа кај нас е малку невозможно

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Крштевка - колку е важна?
20.5.2009 18:15:20   
Еца
И јас и маж ми сме крстени и Мартина ја крсивме на нејзини 4 месеци,и многу сум среќна поради тоа,барем јас сметам дека ако сум христијанка треба детето да си влезе во верата што порано,а понатака дали и колку ќе ја почитува ќе зависи и од ставот на родителите кон религијата и од самото дете. На пример,моите не се воопшто по верата,како деца сме ги одбележувале Велигден, Бадник, некој позначаен празник, а а јас сум приказна за себе и почитувам и често одам во  Црква, а еве сега и Мартина си ја носам,сметам дека детето треба да учи и знае за својата вера.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Крштевка - колку е важна?
22.5.2009 10:30:14   
niki
Jas i maz mi sme krsteni i ja krstevma i kerka ni koga imase malku poveke od godina vo zimo, mnogu poveke zaradi rodninite okolku od licno ubeduvanje. Slavime Veligden i Bozik, a vo crkva odime samo na svadbi, krstevki i pogrebi.
Mnogu poveke sum za toa koga ke bidat dovolno vozrasni da se zapoznaat so site veri i so naukata sekako pa sami da odlucat vo sto ke veruvaat otkolku nesto da im se nametnuva, no......

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Крштевка - колку е важна?
22.5.2009 15:51:12   
mis.
Ние на 17 Мај правевме крштевка на Стефан и поминавме супер.Цело време му се смееше на попот а и тој не остана рамнодушен.Го крстивме во гевгелија заедно со уште 2 девојчиња и баш ми се допана церемонијата.Тоа беше еден голем и значаен ден за мене и мм а исто и за Стефан.Мартин го кративме кога имаше 40 дена и мислам дека беше многу мал и цело време плачеше.После тоа заминавме во кафана да ги почастиме најблиските за неговото име.
Мислам дека треба да си ја почитуваме верата и да си ја сакаме.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Крштевка - колку е важна?
22.5.2009 16:11:38   
Еца
Мис зневме дека спомена за кршевката и веќе Стафан на тој ден имаше честиткиuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
http://www.ringeraja.mk/forum/17-%D1%82%D0%B8_%D0%9C%D0%B0%D1%98_%D0%9A%D1%80%D1%88%D1%82%D0%B5%D0%B2%D0%BA%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D1%82%D0%B5%D1%84%D0%B0%D0%BD/m_3735/tm.htm


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Крштевка - колку е важна?
6.8.2009 21:27:11   
Natasha5
крштевка и за мене и за маж ми е многу важна.Еве Јана има еден месец и сакаме да ја крстиме ,но кумот не ние тука во Италија е ке дојде за некој ден па ке видиме да се договориме.Многу сакам да ја крстиме сега некако ке бидам посмирена.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Крштевка - колку е важна?
7.8.2009 11:42:09   
katence
jas i decata ne sme krsteni,nie ne sme mnogu religiozni pa i na vremeto ne ni mi tekna za krstevka.jas mislev edno vreme site zaedno da se krstime samo nikako da se organiziram.mislam ke ostavam pa koga ke porasnat vo sto sakaat neka se krstat user posted image user posted image a inace vo crkva odam od vreme na vreme i site praznici gi slavime(kaj majka mi)user posted image

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Крштевка - колку е важна?
7.8.2009 12:01:43   
ripce
Правевме кога наполни 3 месеци, еве некои моменти од тоа чин.
http://i254.photobucket.com/albums/hh99/KillahBabe18/P5300028.jpg


(Одговор на членот katence)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Крштевка - колку е важна?
7.8.2009 12:08:12   
ripce
Правевме кога наполни 3 месеци од причина што кумот ни од Англија па го чекавме да дојде. Еве некои моменти од тој чин:
http://i254.photobucket.com/albums/hh99/KillahBabe18/P5300028.jpg
http://i254.photobucket.com/albums/hh99/KillahBabe18/P5300034.jpg
http://i254.photobucket.com/albums/hh99/KillahBabe18/P5300067.jpg

(Одговор на членот katence)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Крштевка - колку е важна?
7.8.2009 12:10:29   
mami
леле многу сте убави значи и двете... малата е право сонце

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Крштевка - колку е важна?
7.8.2009 12:26:47   
ripce
хахахахаuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image мами ама ме насмеа... за мала дај боже после неколку години... ова е мало

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Крштевка - колку е важна?
7.8.2009 12:58:04   
mami
извини, после видов. не ми е денот денес нешто и сите мамички ми се измешани :)))

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Крштевка - колку е важна?
7.8.2009 13:33:47   
Еца
user posted image user posted image user posted image Аница преубави сте и ти и малиот user posted image Поздрав!

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Крштевка - колку е важна?
7.8.2009 14:06:41   
Cacko
Anica, super ste i dvajcatauser posted image user posted image user posted image . Sto se odnesuva do krstevka pravenje, jas i mm sakame da si go krstime bebeto od koga ke napravi 40 dena pa maksimum do 3 meseci, vo sekoj slucaj sto pobrzo.Jas i mm sme si baagi pobozni i sakam i bebenceto da mi se krsti , da si najde mir na nekoj nacin, baska i da mozeme da si go nosime so nas u crkvauser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Крштевка - колку е важна?
7.8.2009 14:14:15   
mami
mm го крстеле по старите обичаи т.е. уште пред да напраи 40 дена и свекрва ми седела дома, ама мене тоа ми многу рано и плус, да го пуштам толку мало а јас да седам дома- нема шанси..јас и сестра ми сме на годината крстени, а Лука на 6 месеци- јас се лутев, дека е рано и плус ладно беше, ноември фати ама кога други решаваат тоа е

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Крштевка - колку е важна?
7.8.2009 14:16:23   
ripce
ви благодарам на сите. Зарем има поубаво нешто од мајка со своето дете?

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Крштевка - колку е важна?
7.8.2009 14:17:58   
mami
да!!! ти со твоето детеuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image мислам генерално секоја мајкаuser posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Крштевка - колку е важна?
5.9.2009 12:46:20   
profesorica
Ние го крстевме Дамјан на годинка но здравје за второ дете нема толку да чекаме, за да не ја дигне црквата во вис.Најубаво после 40 дена додека не разбира ништо.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Крштевка - колку е важна?
5.9.2009 13:04:54   
srekna mama
според христијанството постојат две крштевања Чво вода и со Светиот Дух.Водното крштевање е ова што сите го правиме до дека се децата мали.Но,според библијата човек треба сам да одлучи кога да се крсти,а потоа да го живее животот христијански,како што пишува во Библијата.самото потопување во вода значи дека се потопува стариот човек,а нов излегува-очистен.Тоа е тоа и мислам дека сите грешиме со крштевањето,т.е се декларираме како хростијани,а немаме прочитано Библија,не само Прочитано туку и спроведено во нашите животи

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Крштевка - колку е важна?
5.9.2009 15:31:42   
mother 29






Библискиот став е дека бебињата не треба и не можат да бидат крстени, туку откако ќе пораснат, откако ќе се запознаат со христијанската вера т.е. со евангелието, откако ќе се покајат, поверуваат во Христос, дури тогаш можат да донесат самостојна одлука да бидат крстени.         Има повеќе аргументи што го подржуваат овој став, но јас ќе се сконцентрирам само на предусловите што му предходат на крштевањето и со тоа би сакал да покажам дека едно бебе не е можно да ги исполнува тие предуслови, за да биде библиски правилно крстено.

Предуслови за крштавање


1. Примање на Словото на Евангелието


Откако Петар на првиот Духовден ја одржа неговата евангелска проповед, оние кои ја прифатија таа порака, се крстија.

"И така се крстија оние кои го прифатија неговото слово." (Дела 2:41)
Значи стихот не вели се крстија сите, туку само оние кои го прифателие неговото слово т.е. словото на евангелието.

2. Вера

"Етиопјанецот рече: Еве вода! Што ме спречува да се крстам? А Филип рече: Ако вервуаш од се срце, можеш." (Дела 8:36-37)

Кој предуслов го забележувате тука? Филип е многу јасен и недвосмислен тука, вели: Ако веруваш од се срце, можеш?
Прашање: Дале едно бебенце може од се срце да верува во Христос? Дали бебето знае Kој е Христос за да може да верува во Него? Дали едно бебенце воопшто знае колку букви содржи зборот "Христос"?
"Ако веруваш од се срце, можеш."
Ова е условна реченица која го кажува условот, дали некој се квалификува да биде крстен или не. Негацијата на овој услов би била:
Ако не веруваш од се срце, не можеш."

Исус рече: "Кој поверува и се крсти, ќе биде спасен. " (Марко 16:16)
Запазете го редоследот во горната Христова изјава. Исус не вели: "Кој се крсти и поверува, ќе биде спасен." Туку вели: "Кој поверува и се крсти, ќе биде спасен".
Значи, од овие стихови, а и од подоле наведените, јасно е дека на крштевањето му предходи вера, и тоа искрена вера во Исус Христос.

3. Покајание
"Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исус Христос... " (Дела 2:38)
Покајанието е исто така важен предуслов за крштевањето. Тоа не е ритуал. Тоа е лична одлука со која ние се каеме за нашите гревови, бараме прошка од Бог за истите и донесуваме одлука за промена, промена од внатре, која ќе резултира со промена и однадвор, во нашите дела, од кои ќе се види дека нашето покајание било искрено.
Прашање: Дали едно бебенце може да се покае? Дали бебенцето е свесно дека е грешно или дека направило грев за да се покае? Дури и најинтелигентните бебиња вие не можете да ги научите да се извинат до 3-4 годинки, а камо ли да се покајат за своите гревови на 40 дена од нивното раѓање.
Заклучок: Од цитатите погоре видовме дека на библиското крштевање му предходат три предуслови: Слушање на словото на евангелието, покајание и вера, три работи кои едно бебе не може да ги исполни. И затоа заклучуваме дека секој обид да се крсти некое бебе, не е библиско крштевање, туку само едно вонредно невообичаено бањање.



Посветен на евангелието и на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

(Одговор на членот srekna mama)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Крштевка - колку е важна?
5.9.2009 15:32:44   
mother 29
inaku nie sme site krsteni.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Крштевка - колку е важна?
25.9.2009 9:57:18   
mami
изворна порака- мис:

Kade pravevte krstevka na vasite deca?Imavte li golema ili mala krstevka?vo koja crkva gi krstevte?Sto im kupivte na kumovite i kolku pari potrosivte za podarocite kon kumot?Kolkavi bea vasite deca?
Moze nesto i propustiv.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Крштевка - колку е важна?
25.9.2009 10:14:47   
mami
mis nie krstevka pravevme koga Luka imase 5 meseci, vo crkvata sv. Naum vo Radisani, ne placese voopsto, duri i mu se smeese na popot i mu gugase :), posle otidovme vo edno malo kafance, bevme samo nie, roditelite, kumovite i starosvaticata=11 luge, na kumovite im odnesovme golem ubav sad za ovosje bidejki kumata mi rece deka ke me utepa ako im kupime nesto, bidejki toa e den na Luka a ne nivni, i vo pravo e do nekade. ne trosi pari na niv, trosi na bebushot

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Крштевка - колку е важна?
25.9.2009 10:19:52   
mami
изворна порака- Елена

ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

Kade pravevte krstevka na vasite deca?Imavte li golema ili mala krstevka?vo koja crkva gi krstevte?Sto im kupivte na kumovite i kolku pari potrosivte za podarocite kon kumot?Kolkavi bea vasite deca?
Nie treba da go krstime stefan pa baram vasi mislenja i iskustva za prasanjata sto gi nabrojav.Moze nesto i propustiv.


Кршетвка правевме во едно мал ресторан,со најблиските имавме 18 гости.Мартина беше 4 месеци,и воопшто не плачеше,инаку ја крсетвме во Света Петка,преубава црква,преубав чин. ме обземаа чувства, и така.....на кумовите, па не се сеќавам добро зосто нашето кумство е постаро па земав и за постарите кумови и нашите кумови и за децата,но сепак мислам дека се работеше за блузи,на кумата плете џемпер,колекции со парфем и купка...Па, сега колку потрошивме,не сум баш сигурна ама јас купував за 6 души па затоа мислам дека не ти е од помош сумата. Ајде драга кога ќе дојде моментот ќе најдеме идеи што и како да купиш

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?