haley
|
И јас сум деновиве опседната со оваа тема зошто мојата мала треба да ја вакцинирам сега за месец два и тоа гледам, се мислам,читам, што е најважно за вакцинирање а што може да се прескокне. Е сега во врска со тоа што Јаре објаснува : ЈАре, во логиката имаш некои грешки иако сосема е сфатлив и скептицизмот , сомнежите кон целава оваа работа Меѓутоа , ти велиш во еден дел, мислам за дифтерија, “од 1973 нема дифтерија во македонија а се вакцинираме против неа “! Јаре, токму со редовна и целосна вакцинација на популацијата НИЕ како и во развиениот западен свет се отарасивме од тие болести , меѓу кои и туберкулоза која имала замав со децении . Тоа што ја нема некоја болест тоа не значи дека АЈ трба да престанеме да се вакцинираме. Причината за тоа се наоѓа во фактот што во повеќе од 50% на земјинава топка тие болести сеуште ги има и убиваат луѓе. Твоето дете, кога ќе има 15г 20год и сл. можеби ќе отиде во бразил?можеби ќе отиде во тајланд? или другти дестинации.. каде што ако оди, овие болести (вирус)се сеуште преносливи и ги има во воздухот а детето тогаш е престаро за да се вакцинира и вакцинацијата има многу помалку ефект. (затоа се вакцинираат бебиња за Хепатитис Б иако истиот можат да го добијат во тинејџерските години и подоцна) Доволно е и утре задутре со детето да отидеш во лондон, рим,париз , да речеме туристички а таму во тие метрополи имаш постојано транзит луѓе , кои доаѓаат од африка,азија и каде све не и некои се болни од некоја од тие болести некои само носители, дали вреди да се ризикува со тоа што родителите се вакцинирани и нема да бидат подлежни за оболување од вирусот ама нивното детенце е подлежно ??? Исто така, денес е мондијализација , глобализација.. Во скопје или Македонија воопшто, денес утре имаш луѓе кои доаѓаат од егзотични краеви, од африка од каде све не и се носители на вирусот и сите деца имаат изградено антитела против болестиве ама твоето нема да има и ке биде подлежно да го фати вирусот. Поради овие причини вакцинацијата е важна но истата носи ризици. Ризиците сепак мораме да признаеме се мали инаку од цел спектар на пријатели , роднини што ги знаете од вашата мала возраст до сега , ќе имало барем 1 или 2 случаи на аутизам после вакцинирање, а се кладам дека -немате примери во вашата блиска и далечна околина. Во спротивно, ние како мала сиромашна земја, република во тогашна сфрј, ќе имавме епидемија на аутизам и само за тоа ќе се збореше, зошто ако во америка вакцините имаат алуминиум и други метали кои го нарушуваат нервниот систем(или што и да е) тогаш што останува пак за нас, кои сме биле и сме стопати зад стандардот на америка и сериозноста на нивните научници и лаборатории? Ова е некое мое резонирање на темава а инаку и јас сум скептик, и внимателно читам се информирам за вакциниве , кои може да се избегнат кои не. Во Германија вакцинирањето е според волјата, меѓутоа и во канада и америка и англија и други модерни земји. Ако не сакаш да вакцинираш дете пополнуваш еден лист , го потпишуваш , најчесто демек ради религиозни причини и крши глава понатаму ;таков им е пристапот, .. зошто ако детето оболи како мало или возрасно , ќе те кошта многу пари за лечење, интезивни неги ,карантини а за популацијата и нема некоја опасност зошто во главно се вакцинирани ..
|