|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вакцинирање на детето
7.10.2009 9:09:57   
mother 29
Навистина,многусе зборува дека вакцините може да бидат штетни, дека предизвикуваат Аутизам, но и дека користа од нив е голема. Но нема медицински докази за тоа. Сега за сега тоа се само инцидентни случаи кај кои не е доокажана поврзаноста на болеста со вакцинирањето. Многу од болестите за кои се вакцинираат децата навистина не постојат, ама тоа е баш поради вакцините, а не дека тие исчезнале сами по себе. Доколку ќе се престане со вакцинирањето тогаш многу од овие болести пак ќе се појават. Тие се тука само човекот благодарение на вакцините станал отпорен на нив.  Денес Хепатит Б можеш да добиеш и на заболекар(иако се треба да се дезинфицира сепак никогаш не можеш да бидеш сигурен дека се запазени сите хигиенски стандарди ) и било каде. Зошто да не си го заштитам детето. А, жива можеме да најдеме и во морските риби што ги јадеме, така да не се вакцините виновни за се.
Сепак одлуката да се вакциира или не е одлука на родителот, исто и последиците од таквата одлука се на совеста на родителот.




(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Вакцинирање на детето
7.10.2009 9:50:34   
niki
user posted image user posted image user posted image  за Халеу и Мотхер 29, се сложувам.
Хепатит Б се пренесува преку крв и баш имаше една мајка во некоја тема што е носител на вирусот која убаво објасни дека нејзините деца и сопруг постојано ги демне опасноста да се заразат од вирусот, тоа не исклучува да се зарази и некој од околината, а на луѓето не им пишува на чело што болести носат.
И последно што се дигна многу прашина околу вакцината за ХПВ и девојчето кое умрело, трагедија е огромна, но тоа девојче и да не примело вакцина утре задутре ќе се соочела со вирусот, зошто знаеме убаво дека секоја втора жена е носител на вирусот и ја демне опасност од рак на грло на матката. И колку жени од овој рак умреле досега и ќе умираат додека не се најде некој ефикасен лек или вакцина?
И уште ќе додадам, јас сеуште не сум нашла лек или било каков медицински препарат кој во упатството не упатува на несакани ефекти и е 100% безбеден за користење. Сите носат процент на ризик, но пак со нивна помош животниот век на човекот е многу продолжен, наспроти животниот век на луѓето во неразвиените земји каде се лишени од достигнувањата на медицината.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Вакцинирање на детето
7.10.2009 9:56:38   
Јаре
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

И доброо, ни посочи Јаре литература да читаме, ќе се информираме, ќе се изначитаме и ќе си го промениме мислењето и ќе речеме не нечинат вакцините, нема да ги примаат нашите деца. И тогаш што? Кој ќе  биде следниот чекор, што со тоа што ќе ги заштитиме децата од штетните материи во вакцините? Кој е планот за понатаму? Кое испитување ќе потврди , во моментот кога децата, сите деца ќе престанат да се вакцинираат, дека нема да се вратат сите тие болести и нема да хараат околу и нема пак да умираат деца од нив, како што умираат сеуште по Африка, ко што умирале низ целиот свет додека не постоеле вакцините и ко што умираат сега од болести за кои сеуште нема вакцина?


Моја единствена цел е подигање на свеста кај лугето, и можноста за одлука на родителот. Првото е индивидуално кај секој човек, а второто, иако е баук сепак може да не се вакцинира без никакви законски последици ( со изјава кај матичен педиајатар ) . Дали во земјите како Хрватска сметате дека родителите се неодговорни па процентот на вакцинирани е се помал ? Да не споменувам Германија, веројатно тие не знаат, па затоа не ги вакцинираат децата.

Ми се допадна постот од балтазар по ова прашање па ке ви го дадам во целост. За мене е најреално размислување.

Би сакал уште еднаш да го кажам своето мислење бидејќи гледам дека голем број родители се прашуваат дали да вакцинираат или не. За жал да/не одговор тука нема, да имаше ќе беше јасно изложен од некого досега.Накратко (ако воопшто може накратко):
НЕ -
затоа што покрај заштитата која ја даваат од некои болести, голем број вакцини се полни со алуминиум,жива (најтоксични метали),формалдехид, протеини,алергени (белки од јајце,глутен..., скоро секоја алергија која дечињата ја имат денес може да се врзе со состојка на некоја вакциниа која се вбризгува директно во крв)
Затоа што има илјадници документирани случаи на трагични и трајни последици од вакцините
Затоа што никогаш и никаде не е направена ниедна научна студија ниту од кумулативното дејство на сите вакцини кои се даваат на малите деца ниту пак е направена студија за долгорочното влијание на вакцините на здравјето (вакцините се одобруваат на начин што се вбризгуваат во телото и ако после одреден период сејават антитела кои се мерат вакцината се смета за успешна)
Затоа што во позадина е голем бизнис со десетици милијарди долари профит на кој му е од интерес да има што повеќе вакцини (секоја за вас бесплатна вакцина, државата ја плаќа на производителот). затоа стануваат задолжителни последните години и глупости како HPV, HepB на прв ден...
Затоа што ако го проучите малку достапниот материјал за вакцини ќе видите дека голем број од нив се непотребни и неефикасни
Затоа што има голем број на сериозни држави каде не се задолжителни
Затоа што Америка која има најнабиен распоред на вакцинација има најзаболена детска популација од еден куп "понови" болести (алергии,аутизам,АДХД, се случува често SIDS...)
Затоа што не штитат трајно и голем број болести против кои се вакцинираме како деца се прележуваат без никакви проблеми

Да
Затоа што ако ја имате таа несреќа да вашето дете има послаб имунитет во момнтот кога ќе се судри со некој патогген кој предизвикува таква болест и се разболи, ако не сте убедени 100% во тоа што не вакцинирате, после ќе си ја јадете душата мислејќи/знаејќи дека сте можеле да го избегнете тоа.

Одлуката треба да е лична на секој родител за секоја една вакцина (во зависност од тоа против која болест е,што содржи,колку многу вакцини се даваат...), не под притисок.ж а Мене она што се прави сега и ќе се прави понатаму со вакцините ми изгледа како ако комарец (кој е на вас, цица и крв, а може и да предизвика зараза можда) го гаѓате со куршум или топ. Да, комарецот ќе го средите, ама штетата за вас ќе биде многу поголема...



(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Вакцинирање на детето
7.10.2009 10:03:34   
srekna mama
јаре ,ти ако гледаш така тогаш и воздухот што го дишиме е штетен,т.е се мисли дека за неоплазми виновен е кислородот што го дишиме ,затоа што тој влегува во оксидо редукциски процеси во клетката ,со кои се создаваат слободни радикали....Вака можеме да најдеме милион разни причини,и се слагам со nikiдека ама буквално на секој лек има несакани дејства.Истото важи и за чаеви,витамини.....

(Одговор на членот Јаре)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Вакцинирање на детето
7.10.2009 10:10:20   
Јаре
ИЗВОРНА ПОРАКА: haley

И јас сум деновиве опседната со оваа тема зошто мојата мала треба да ја вакцинирам сега за месец два и тоа гледам, се мислам,читам, што е најважно за вакцинирање а што може да се прескокне.

Е сега во врска со тоа што Јаре објаснува :  ЈАре, во логиката имаш некои грешки иако сосема е сфатлив и скептицизмот , сомнежите кон целава оваа работа

Меѓутоа , ти велиш во еден дел, мислам за дифтерија,  "од 1973 нема дифтерија во македонија а се вакцинираме против неа "!

Јаре, токму со редовна и целосна  вакцинација на популацијата НИЕ како и во развиениот западен свет се отарасивме од тие болести , меѓу кои и туберкулоза која имала замав со децении .

Тоа што ја нема некоја болест тоа не значи дека  АЈ трба да престанеме да се вакцинираме.
Причината за тоа се наоѓа во фактот што во повеќе од 50% на земјинава топка тие болести сеуште ги има и убиваат луѓе.
Твоето дете, кога ќе има 15г 20год и сл. можеби ќе отиде во бразил?можеби ќе отиде во тајланд? или другти дестинации.. каде што ако оди, овие болести (вирус)се сеуште преносливи и ги има во воздухот а детето тогаш е престаро за да се вакцинира и вакцинацијата има многу помалку ефект. (затоа се вакцинираат бебиња за Хепатитис Б иако истиот можат да го добијат во тинејџерските години и подоцна)

Доволно е и утре задутре со детето да отидеш во лондон, рим,париз , да речеме туристички а таму во тие метрополи имаш постојано транзит луѓе , кои доаѓаат од африка,азија и каде све не и некои се болни од некоја од тие болести некои само носители, дали вреди да се ризикува со тоа што родителите се вакцинирани и нема да бидат подлежни за оболување од вирусот ама нивното детенце е подлежно ???

Исто така, денес е мондијализација , глобализација.. Во скопје или Македонија воопшто, денес утре имаш луѓе кои доаѓаат од егзотични краеви, од африка од каде све не и се носители на вирусот и сите деца имаат изградено антитела против болестиве ама твоето нема да има и ке биде подлежно да го фати вирусот.

Поради овие причини вакцинацијата е важна но истата носи ризици.  Ризиците сепак мораме да признаеме се мали инаку од цел спектар на пријатели , роднини што ги знаете од вашата мала возраст до сега , ќе имало барем 1 или 2 случаи на аутизам после вакцинирање, а се кладам дека -немате примери во вашата блиска и далечна околина.

Во спротивно, ние како мала сиромашна земја, република во тогашна сфрј, ќе имавме епидемија на аутизам и само за тоа ќе се збореше, зошто ако во америка вакцините имаат алуминиум и други метали кои го нарушуваат нервниот систем(или што и да е) тогаш што останува пак за нас, кои сме биле и сме  стопати зад стандардот на америка и сериозноста на нивните научници и лаборатории?

Ова е некое мое резонирање на темава а инаку и јас сум скептик, и внимателно читам се информирам за вакциниве , кои може да се избегнат кои не.   Во Германија вакцинирањето е според волјата, меѓутоа и во канада и америка и англија и други модерни земји.  Ако не сакаш да вакцинираш дете пополнуваш еден лист , го потпишуваш , најчесто демек ради религиозни причини и крши глава понатаму ;таков  им е пристапот, .. зошто ако детето оболи како мало или возрасно , ќе те кошта многу пари за лечење, интезивни неги ,карантини а за популацијата и нема некоја опасност зошто во главно се вакцинирани .. 






Се извинувам што ја квотирам целосната порака на haley, но има други пораки во меѓувреме.

Секаде ( ама секаде ) н нет ке ги добиеш графиконите на имуниација за поединчни болести во кои јасно се гледа дека намалувањето на болестите не е во директна зависност од вакцинирањето, односно дека вацината почнла да се применува во моментот кога светските епидемии биле во длабоко заоѓање. сами од себе, а не од вакцинирањето.

Тоа што некоја болест ја нема, токму значи да престане да се вакцинра од истата. ВО времет на СФРЈ и Вариола Вера, беше воведена вакцина против болеста, па потоа тргната, бидејки немало потреба на понатамошна вакцинација. Сега парите се премногу слатки за да истото се случи за другите искоренети болести.

За Тајланд..... ете што ако не отиде. Колку проценти од лугеток отидат ? Може ли тогаш ако треба да се вакцинираат пред да одат.

За Хеп Б, мислам дека не потреба да се пишува за нејзината тотална бескорисност.

Аутизмот не генетска болест, за нејзе напишав во претходниот пост преку пример, даден спрема релевантен извор.

Изјавата што се потпишува во Германија е дека се сложуваш наризикот од вакцинација, каде што претходно си предупреден за знајните нус појави ( од кои ги споменуваат АУТИЗАМ и СИДС )
Преземи си личе ризик, потпиши па вакцинирај.
Ко го презема ризикот кај нас? Ако се случи нешто сите вртат глаа и викаат, дека од вакцината гарант не е. 


(Одговор на членот haley)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Вакцинирање на детето
7.10.2009 10:11:55   
niki
Mене никој досега пиштол во глава не ми ставил да морам да го вакцинирам детето и никому не му ставаат, ако некој не сака може да не вакцинира. Но кога се зборува за тоа треба еднакво да се гледаат и причините за и причините против. Неможе еднострано да се гледа и тврдоглаво да се застапува само една страна.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Јаре)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Вакцинирање на детето
7.10.2009 10:15:35   
Јаре
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

Навистина,многусе зборува дека вакцините може да бидат штетни, дека предизвикуваат Аутизам, но и дека користа од нив е голема. Но нема медицински докази за тоа. Сега за сега тоа се само инцидентни случаи кај кои не е доокажана поврзаноста на болеста со вакцинирањето. Многу од болестите за кои се вакцинираат децата навистина не постојат, ама тоа е баш поради вакцините, а не дека тие исчезнале сами по себе. Доколку ќе се престане со вакцинирањето тогаш многу од овие болести пак ќе се појават. Тие се тука само човекот благодарение на вакцините станал отпорен на нив.  Денес Хепатит Б можеш да добиеш и на заболекар(иако се треба да се дезинфицира сепак никогаш не можеш да бидеш сигурен дека се запазени сите хигиенски стандарди ) и било каде. Зошто да не си го заштитам детето. А, жива можеме да најдеме и во морските риби што ги јадеме, така да не се вакцините виновни за се.
Сепак одлуката да се вакциира или не е одлука на родителот, исто и последиците од таквата одлука се на совеста на родителот.





Не се зборува само, имате милијарда докаи на лекари специјалисти за ова коисе лекари а не бравари. За жал дел од нив откако ке ја откријат поврзаноста, ги снемува, ги гази трамвај или паѓаат случајно од балкон.

Болестите не исчезнале поради вакцините, бидејки вакцините за конкретните болети се пронајдени на крајот од епидемиите.

Постојат над 20 типови на Хепатит. Хеп Б е најлесен за третман.



(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Вакцинирање на детето
7.10.2009 10:25:01   
ostoun
Ризикот постои и ќе постои . Меѓутоа еве да тргнеме од една најобична повреда за која се вакцинираме од тетанус. Знаете дека бил многу честа појава со смртни последици поради грчење на целата мускулатура на телото  а денес????  Никој не е будала да плаќа вакцини ако не е потребно вакцината на крајот на краиштата и не значи дека нема да се разболиш од болеста туку дека последиците ќе бидат многу помали . Имам лично искуство со една од болестите од кои се вакцинира и верувајте да не бев вакцинирана  може денес да не бев овде да пишувам.  Оттогаш редовно се вакцинирам дури и против грип. Затоа сум за  вакџинирање и би дала и не знам која сума за тоа без двоумење. 

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: Вакцинирање на детето
7.10.2009 10:30:08   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: Јаре

Секаде ( ама секаде ) н нет ке ги добиеш графиконите на имуниација за поединчни болести во кои јасно се гледа дека намалувањето на болестите не е во директна зависност од вакцинирањето, односно дека вацината почнла да се применува во моментот кога светските епидемии биле во длабоко заоѓање. сами од себе, а не од вакцинирањето.

Тоа што некоја болест ја нема, токму значи да престане да се вакцинра од истата.



Но, реалноста е дека на пола земјина топка уште ги има болестите и таму иако се појавиле кога и во останатиот свет, некако никако да дојдат до фаза на нивно опаѓање, а не се вакцинираат.
Зошто е тоа така?


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Јаре)
Непосредна врска до пораките: 84
   RE: Вакцинирање на детето
8.10.2009 6:59:01   
Јаре

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: Јаре

Секаде ( ама секаде ) н нет ке ги добиеш графиконите на имуниација за поединчни болести во кои јасно се гледа дека намалувањето на болестите не е во директна зависност од вакцинирањето, односно дека вацината почнла да се применува во моментот кога светските епидемии биле во длабоко заоѓање. сами од себе, а не од вакцинирањето.

Тоа што некоја болест ја нема, токму значи да престане да се вакцинра од истата.



Но, реалноста е дека на пола земјина топка уште ги има болестите и таму иако се појавиле кога и во останатиот свет, некако никако да дојдат до фаза на нивно опаѓање, а не се вакцинираат.
Зошто е тоа така?



Ова е паушален субјективен одговор, што сметам дека не е точен податок. Те молам дај ни извор на оваа твоја информација.
За твоја информација, во светот не постојат епидемии на болести од кои ги вакцинираме децата. Осем најновиот свински грип, кој токму и за тоа е створен, да се направат вакцини.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 85
   RE: Вакцинирање на детето
8.10.2009 11:05:57   
niki
Немам намера јас на твоите извори од интернет да барам контра текстови, сигурно ќе најдам, но не е поентата да се натпреваруваме кој подобро се снаоѓа со гоогле. Бидејќи си толку информиран ти најди ми одговори на моите прашања, поби ме со податоци дека тврдењето ми е паушално. Кога си веќе тука да информираш, информирај. Неможе да поставиш само текстови и да очекуваш останатите да ги прифатат без да ја доведат во прашање нивната вистинитост. Секогаш ќе се најде некој кој поинаку гледа на работите, кој на твоите тврдењеа ќе постави прашања а ти дај одговор, ако ги занемаруваш туѓите мислења и ги прогласуваш како паушални, никој нема да биде подготвен да ги прифати и твоите.
И толку текстови имаш поставено на форумите, па ме интересира како до сега не успеа ниедно медицинско лице да придобиеш на своја страна? Зошто никој не се најде од нив да прозбори и да те поддржи, зар сите лекари се толку несовесни и подмитени? Што е работата?
На интернет секој може да објавува какви сака податоци, додека педијатрите и лекарите кои ги знаеме по име и презиме, каде работат и каде можеме да ги најдеме во секое време не препорачаат поинаку јас немам намера да си го менувам мислењето, само затоа што нешто ќе прочитам на интернет.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Јаре)
Непосредна врска до пораките: 86
   RE: Вакцинирање на детето
8.10.2009 22:42:24   
Јаре
Никој од нас не бара кој како се снаоѓа на гугл. Јас сметам дека одговорив на прашањата. Текстовите што се поставени се од различни извори. Делумно страниците од каде потекнуваат се дадени, меѓутоа зад нив стојат специалисти во оваа област, а не планинари. Инаку, паушалноста ја оценив бидејки не гледам со штого поткрепуваш ставот кој го браниш.
Моите ставови во МК се прифатени од родители кои сакаат да размислат поинаку, да се информираат, да дознаат што можат да направат по ова, сепак битно прашање. Во Хрватска ( порталот roda ) вакцините се тема бр 1. Огромен дел на родителите се заинтересируваат за ова битно прашање. Зарем Германците се глупави, што имаат само 17% вакцинирана популација? Или и тие само прочитале на интернет ?
Точно е тоа дека на интернет може да објавува кој што сака. Но тој ист интернет е едно огромно место каде се наоѓаат и врвни лекари кои се против вакцинирањето, а своите ставови ги докажуваат со тези. Вакцинациите се завиени со велот на затвореноста, и нема да најдеш ниту еден лекар ( осем битолчанецот кој работи на ВМА во Белград ) кој што јавно ке ги изнесе ставовите против вакцините. Такви во другите земји има многу.
Мислењето не сакам да ти го сменам, целта на постовите е родителите да се запознаат со вакцините од поблиску. Да се види и другата страна на медаљата. Стереотипот на размислувањата ( што ке ми каже мојот лекар ) полека се напуштаат во Македонија.
И пак се, за најдоброто за нашите најмили.
Јас понатаму ке се воздржам од непотребни директни полемики со тебе, бидејки ниту на една работа која ја изнесов, не наидов на реален ( макар и лаички ) одговор.

< Поракaта ја уредил Еца -- 9.10.2009 0:10:33 >

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 87
   RE: Вакцинирање на детето
19.10.2009 14:37:30   
mother 29
НЕСАКАНИ РЕАКЦИИ ОД ВАКЦИНА ПРОТИВ ДИФТЕРИЈА И ТЕТАНУС
Во училиштата во општина Петровец е стопирана вакцинацијата против дифтерија и тетанус поради несакани реакции кај 12 осмооделенци.

На препорака од скопскиот Центар за јавно здравје превентивните тимови одлучиле привремено да ја стопираат имунизацијата откако во исто време повеќе ученици кај своите матични лекари се пожалиле на поголем оток, црвенило и температура по аплицирањето на вакцината.
Учениците кои биле на возраст од 14 години ја примале четвртата ревакцина против дифтерија и тетанус. Надлежните институции не сакаат да даваат изјави додека не биде готов извештајот од Институтот за јавно здравје - дали несаканите реакции се последица на вакцината или начинот на апликација.
Според информациите на Сител најверојатно црвенилото и отокот се појавиле бидејќи вакцината не била на соодветна температура пред инјектирањето. Епидемиолози за Сител велат дека не може да биде од вакцината бидејќи во тој случај треба да има пријави и од други места. Оваа вакцина не дава реакции по примањето и досега биле аплицирани повеќе илјади дози.
Во текот на утрешниот ден треба да биде готов извештајот од Институтот за јавно здравје. Доколку несаканите реакции настанале поради несоодветниот третман на превентивните тимови, од Министерството за здравство најавуваат дисциплински мерки. Во тој случај ќе продолжи вакцинацијата кај осмооделенците во општина Петровец

извор сител

(Одговор на членот Јаре)
Непосредна врска до пораките: 88
   RE: Вакцинирање на детето
19.10.2009 14:56:13   
Еца
user posted image искрено веќе не знам што да мислам за вакцините user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 89
   RE: Вакцинирање на детето
19.10.2009 14:58:54   
profesorica
па баш таа треба да ја примиме за месец и нешто user posted image user posted image user posted image леле страв ме фаќа

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 90
   RE: Вакцинирање на детето
19.10.2009 14:59:58   
ripce
Ги примавме сите вакцини што требаше да ги примиме досега, следната е на година... инаку досега не сме имале некоја поголема реакција, како качување на температура... дури мислам дека многу лесно поминавме.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 91
   RE: Вакцинирање на детето
19.10.2009 15:12:48   
jovanka
Mnogu mi e nelogicno za vakcinata na 13 meseci porano trebase da napolni 13 meseci a sega zakazuuvaat vednas po prviot rodenden t.e. 12 meseci.Imam cuvstvo deka sme zamorcinja vo pogled na se.............

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 92
   RE: Вакцинирање на детето
19.10.2009 15:28:46   
mother 29
Германците се противат на вакцината против А Х1Н
Претседателот на германското друштво за општа и семејна медицина Михаел Коен на лекарите им препорача да не ја даваат вакцината против новиот вирус на грипот А Х1Н1, особено не на бремените и децата, бидејќи ризикот од нив е поголем од користа, пренесува денеска германскиот печат.
Во текстот „Бунт против вакцината" неделникот „Шпигл", пред почетокот на масовната вакцинација, истакнува дека лекарите и фармаколозите предупредуваат на ризичните дополнителни супстанции што таа ги содржи.
Критичарите стравуваат дека фармацевтската индустрија намерно спроведува огромен фармаколошки експеримент, го пренесува „Дојче веле" пишувањето на „Шпигл".
Сојузната влада, министерствата и службениците од повисок ранг ќе добијат вакцини што се разликуваат од онаа што е нарачана за обичните граѓани во Германија. Нивната вакцина подобро се поднесува, нема несакани спорадични дејства бидејќи нема бустери (супстанци кои го засилуваат дејството на вакцината), а нема ниту конзерванси.
Весникот „Велт" коментира дека ова сигурно не е охрабрувачка вест за граѓанството, кое и онака не е сигурно дали да се вакцинира или не. Тоа е опасен сигнал што открива дека во земјата постојат две класи. Тоа не потсетува на Орвеловата „Животинска фарма", место каде сите се еднакви, само некои малку повеќе.
Страшното е тоа што се нарачани 200.000 вакцини за избраните највисоките службеници во земјата. На тој начин граѓаните нема да поверуваат, иако на тоа постојано ги уверуваат, дека вакцината против таканаречениот свински грип која треба да ја примат не е опасна.
Сега пораката е јасна - оваа вакцина воопшто не е така сигурна и поради тоа луѓето важни за земјата ќе добијат друга, подобра вакцина.
„За разлика од „Бакстер" вакцината која ќе ја добијат оние што се одговорни за редот и мирот во земјата, масовно ќе се вакцинира со производот на фирмата „ГлаксоСмитКлајн" која има засилувачи", пренесува „Франфуртер рундшау".
Интересно е дека и вработените во „Пол Ерлих институтот", кој ја одобри масовната употреба на вакцината, се наоѓаат на списокот на оние што ќе добијат поинаква, подобра вакцина.

извор а1

< Поракaта ја уредил Еца -- 22.10.2009 8:38:22 >

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 93
   RE: Вакцинирање на детето
22.10.2009 8:39:46   
Еца
Задолжителната вакцинација против ХПВ, која вчера започна во поликлиниката Чаир, стартуваше со проблеми.

Шестоодделенките од Основното училиште Петар Здравковски – Пенко, кои денеска требаше да ја примат првата доза од вакцината, одбија да се вакцинираат.

Официјалното објаснување на нивните родители е слабата информираност за ефектите од вакцината.

Претпладнето, министерот за здравство Бујар Османи во истата Поликлиника го објави стартот на задолжителната ХПВ вакцинација за сите девојчиња на 12-ет годишна возраст во државата.

Станува збор за околу 14.000 ученички, за кои од октомври оваа година вакцината е вклучена како редовна и задолжителна во календарот за имунизација.

Ова со вакцинирањето почна страшно да ме нервира и иритираuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 94
   RE: Вакцинирање на детето
22.10.2009 8:44:28   
mami
Јас не му ја мислам, на моето дете не му дозволувам да ја прими, оваа ХПВ зошто секаде слушам само лоши искуства, немам женско, но и да имав немаше да дозволам да ја прими, а зад другите сеуште сум во недоумицаuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 95
   RE: Вакцинирање на детето
22.10.2009 8:46:26   
Еца
Инаку за вакцинирањето против свинскиот грип пред некој ден јавија на вести дека во Германија наголемо се зборува да не се вакцинираат бремените жени, бидејќи штетите ќе биле поголемиuser posted image ма катастрофаuser posted image user posted image user posted image Си првата експерименти врз народотuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 96
   RE: Вакцинирање на детето
22.10.2009 9:37:12   
big_mama817
јас ја примив последната доза за ХПВ и немав никакви несакани реакции бар до сега и послем тоа кога бев на преглед се беше уредно (значи да појасна нели 3 дози бесплатно примаа лица до 26 год. мислам лани бидејќи и јас нели бев во таа група на кој се однесуваше бев и ја примив )

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 97
   RE: Вакцинирање на детето
22.10.2009 10:01:47   
bojanas
Искрено не знам зошто ги малтретираат децата да се вакцинираат за ХПВ. Како секој вирус има голем број на негови типизации а дали ја имаат погодено правата во вакцината е прашање. Треба да биде избор на родителите дали ќе си ги вакцинираат децата и со што? Не веруваат сите во "добрите" страни на вакцините

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 98
   RE: Вакцинирање на детето
22.10.2009 10:06:20   
mami
Биг мама, а ти правеа претходно некое испитување? Бидејќи колку што разбрав за да ја прими жената не требала да биде сексуално активна, или ако е да нема никаква инфекција.

(Одговор на членот bojanas)
Непосредна врска до пораките: 99
   RE: Вакцинирање на детето
22.10.2009 10:14:24   
Еца
Еве каде имаме нешто повеќе за ХПВ вакцината кликни тука

Но јас нема да дозволам да ми се вакцинираат моите две ќерки со оваа вакцина сигурно.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 100
Страница:   <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?