|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Детето и миленичето
7.10.2009 14:21:00   
big_mama817
Дали вашето дете сака милениче?
Дали вашето дете чува или би му дозволиле да чува милениче?Каков е вашиот став?
Син ми уште е мал но единстевено би му дозволила доколку тој сака да чува папагал,рибче или такви мали миленичиња.user posted image

< Поракaта ја уредил Luci RR -- 16.3.2013 9:19:39 >


_____________________________

Децата се најголемо богаство :)
Revisions: 2 | Непосредна врска до пораките: 1
   RE: детето и миленичето
7.10.2009 14:23:11   
big_mama817
Кога кучето-миленик влегува во вашиот дом, а вие имате мало дете кое дотогаш не се сретнало со четвороножниот член на семејството, потребна е ваша контрола и водство, за и двете страни да имаат мирен соживот.
Еден од најдобрите начини да им го претставите кучето на децата е да побарате од нив тие да го галат и да го хранат. На тој начин децата лесно ќе прифатат дека ќе треба да живеат со куче во домот, а притоа ќе добијат и чувство за одговорност за друго живо суштетство. Децата брзо ќе се навикнат на новиот член во семејството и нема да им пречи што околу нив постојано се мота четириножниот миленик. Воедно, ова на кучето ќе му помогне да се социјализира и да се навикне на повеќе различни луѓе.
Ако имате мало дете, а сакате да купите и куче, почнете да набљудувате како детето реагира во присуство на други кучиња. Укажете му да не им приоѓа на туѓи кучиња што не се врзани. Ако кучето е на поводник, секогаш прашувајте го сопственикот дали може да го погалите песот и приближувајте се полека до животното што не ве познава. На детето укажете му дека кучето прво ќе го помириса, бидејќи тоа е начинот на кој кучињата ги идентификуваат луѓето.
Во домот многу е важно да воспоставите правила за кучето (да не се качува на троседот или креветот и слично), но неопходно е да поставите граници и за децата во однос на миленикот. Децата никогаш не треба на кучето да му ја земаат играчката, бидејќи кучињата може да покажат посесивно однесување.
Децата и кучињата се одлични партнери за игра, но дајте му на детето до знаење дека ако игра грубо, кучето ќе возврати со иста мера. Дури и кога кучето нема да сака намерно да го повреди детето, несреќи се случуваат. Играта „Донеси стапче!" е многу подобар избор од борење.
Одличен начин на кој детето ќе се поврзе со кучето е заедно да го тренирате миленикот. Кога на кучето заедно со детето му давате награда во вид на храна по добро извршената задача, децата одлично ќе се забавуваат, а истовремено ќе добијат и важна улога во очите на кучето.
Но, како што кучето ќе почне да го почитува вашето дете, советувајте го и детето да го стори истото. Децата треба да сфатат дека кучињата се живи суштества, кои имаат свои потреби и желби. Помогнете им на децата да гледаат на миленикот како на посебен член на семејството, а не само како на средство за забава.
Така, додека галење и играње со миленикот е препорачлива активност, не треба да им дозволите на децата да го малтретираат кучето, на пример да го влечат за опашката, да му го скубат крзното или да го удираат. Не е препорачливо и да го закачаат животното додека јаде. Ако правилно ги поставите односите меѓу вашите деца и кучето-миленик, неизбежно е меѓу нив да се изроди огромно пријателство и љубов.

извор:шпиц

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот big_mama817)
Revisions: 2 | Непосредна врска до пораките: 2
   RE: детето и миленичето
4.11.2009 7:57:34   
profesorica
ние си имаме милениче ама заради Дамјан е однесено кај моите во волково во куќата и многу ми недостига.Инаку имаме пинч, женка ја чувам од бебе а сега има 3 години.user posted image user posted image user posted image едноставно не иде дете и куче заедно.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: детето и миленичето
14.11.2009 21:54:05   
Markoimama
Tekstot e odlicen, tocni informacii i super soveti kako do idealna harmonija megju deteto i milenikot. Taka deteto ke nauci sto e odgovornost, da pruzi i da dobie ljubov, da deli, da znae kako da postapuva so dr sustestva okolu nego- neznost, vnimanie, ljubov, socustvo, dobrina, nesebicnost, socijalizacija, ke ima eden strav pomalku vo zivotot, zatoa sto ke gi poznava zivotnite i tie za nego nema da bidat opasnost i strav od neznaenje, a mnogu vazno e sto ke raste pozdravo i pootporno na mnogu bolesti od koi, vo denesno vreme najvazna e alergijata. Decata koi rastat so zivotni pobrzo prozboruvaat i pobrzo prooduvaat, bidejki zivotnite se odlicen stimul za niv. Da ne zboruvam za mnogute terapii so zivotni kaj deca koi potesko zboruvaat, prooduvaat ili imaat precki vo razvojot, bolni deca i sl. Moeto raste so papagalce i dve golemi kucinja- germanski bokser i germanski ovcar, a sekoj den pred zgrada si igrame so macinjata. Presreken e vo nivno prisustvo. A toa e dovolna pricina da gi imame vo nasa blizina.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: детето и миленичето
15.11.2009 9:42:47   
niki
Минатата зима земавме кученце за ќерка ми, баш од тие причини да си има свое другарче, да научи на одговорност и сл. Но, со две годишно дете кое во тој период се учеше на нокшир и куче од два месеци кое требаше да се дресира издржав три недели и на крај го дадовме кученцето на еден пријател. Секоја чест на оние кои имаат толку трпение и живци за една таква одговорност, но јас се заколнав дека пак во куќа куче да се донесе нема шанси па колку сака нека е позитивно. Можеби беше и погрешен моментот, но сепак стојам на тоа дека единствено во двор би чувала куче и тоа кога детето би ми било поголемо и би разбирало повеќе што е одговорност и би знаело само да се грижи за кучето, а сета одговорност и грижа да паѓа на мене нема шанси и онака имам доволно обврски.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Markoimama)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: детето и миленичето
11.2.2010 0:23:42   
Марколисимо
Imame macence :) Del e od semejstvoto, i za nego se oddeluvaat dosata sredstva :)

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: детето и миленичето
11.2.2010 18:12:47   
lilit
Имаме риба и се вика Тули.Тоа беше желбата на Марко за петтиот роденден и бидејќи му го славевме на море кога се враќавме дома по цел пат не пукна за рибата.Инаку голема желба ми е да чувам самојад ама мм не ми дава user posted image

(Одговор на членот Марколисимо)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: детето и миленичето
19.2.2010 8:15:51   
mami
Еве едно убаво клипче..уживајте

КЛИК

(Одговор на членот lilit)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: детето и миленичето
7.5.2010 19:23:50   
N268268
да

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: детето и миленичето
7.5.2010 19:24:05   
N268268
мнгу

(Одговор на членот N268268)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: детето и миленичето
7.5.2010 20:50:09   
melody
Eee neznam dali malo dete bi mozelo da se nauci na odgovornost da se grizi samo za mileniceto.Se sekavam na mene koga mi go kupija moite prvoto papagalce i obekav na majka mi deka jas ke se grizam za nego znaci se od hranenje, cistenje na kafez igranje so nego...E tuka kolku se zafrknaa ne da ne se grizev nego mojata griza bese samo da dojdam do kafezot i da mu zboram i da si poigram ama bas nisto drugo.I rece majka mi odkoga ni umre od nastinka drugo papagalce jas vo kuka nikako, no ispadna posle nekoe vreme da mi kupat pak...Ovojpat si ja svativ odgovornosta do tolku da samo go hranev i igrav so nego ,a kakuskite majka mi gi cisteseuser posted image
Sakam da i kupam iguana na kerka mi, moze i kuce ama samo ako imame dvor inaku nikako vo stan i toa koga ke bide pogolema za da razbere deka zivotinkite ne mozat da se zadovolat samo so zborenje i galenje nego deka im treba i druga nega....Zdravje moze posle 5-6 godini.

(Одговор на членот N268268)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: детето и миленичето
29.5.2010 21:01:13   
niki
Ааааааааааааах што ме снајдееееееееееееuser posted image
Пред некој ден мм ја однесе ќеркичката со него на работа, случајно колегата донел кученце родено пред месец дена за некој човек. Кога го виделе овие моиве се заљубиле во него, ќерка ми уште веднаш име нашла за кучето и договориле да земат едно без воопшто да ме прашаат. И вечерва беа двајцата да го донесат. Машко лабрадор, прекрасен е, многу сладок, ама со ќерка ми и него ќе имам полни раце работа. Таа цела вечер го ѕиркаше на  тераса, почна да го напаѓа но и се заканивме дека ќе и го земеме и го остави на мира. А тој срцко се пикна под маса и уште таму си лежи ни глас има пуштено, ни ништо. Малку водичка се напи, млекцето му стои не го пробал и такаааааа. Се надевам ноќва ќе биде исто така мирен како што е сега, и супер ќе биде ако остане на тераса да седи, ако почне да ми влегува во соба ќе шекнам.
Држте ми среќа да ни оди подмачкано ко што почна...... 
леле пак куче дома, не ми се верува, абе никој не ме шиша за ништоuser posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: детето и миленичето
30.5.2010 10:06:39   
niki
Да ви кажам како ја поминавме првата ноќ. Снуки наш е многу мирен, си спиеше на тераса, прво на плочки, а кога му достуде се префрли во корпата што му ја бевме спремиле. Малку плачеше кога дојде мм од работа и си поиграа, се смири и до утрото не сме го чуле. Се будам утрово и срипав да видам дали куќата ми е уште на местоuser posted image , го гледам господинчето, влегол внатре, да се скрие од сонцето, легнал на плочки до тепихот веднаш покрај вратата. Дневната соба чиста ко вчера нема никаде гомциња, уф добро еuser posted image . Го изнесов надвор таму напраил шоу од какушки и мочки, јадењето не го ни пипнал и сунѓерот што му го наместивме да спие на него го изгризал. Ќерка ми дотрча на помош, му позајми долен дел од прскалка стара за млекце, му најде едно тврдо топче со запци за гризање, го мазеше и милуваше и му зборуваше. Разлика од она дете пред година и пол и ова сега во односот со кучето огромна, не е исто дете. Снуки ја душкаше и и ги лижеше ноџињата, а таа се кикоти и му вика немој ме скокотка твојот јазикuser posted image мнооооооогу се слатки заедно.
Мм вети дека негова одговорност ќе била, но дур се разбуди тој исчистив, му дадовме ново млекце и му покажавме како да пие, ееееех се за љубов на моето дете.
И така, Снуки е уште на тераса, претежно спие, мрзливко е и многу сака да се чешка


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Детето и миленичето
30.5.2010 11:03:12   
Палешка РР
Прекрасно!!!
user posted image за твојата ќерка. Мислам децата така се стекнуваат со одговорност, треба да го нахранат, да му дадат вода на миленичето..а и кучињата најмногу ги сакаат децата-газди.

Ние немавме таква шанса, Марио е алергичен на животински влакна.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: детето и миленичето
30.5.2010 14:06:08   
penelopa
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

едноставно не иде дете и куче заедно.


Е поголема глупост од ова не сум слушналаuser posted image ...Напротив мислам дека секое дете треба да расне со некакво животинче и кај нив да се развие љубов но и одговорност кон нив. Веќе некаде имам напишано ние имаме куче, сопругот го има веќе 12 години и воопшто не планираме да го однесеме некаде кога ќе ни се роди бебето. Да, на почетокот каков месец, два после тоа сите заедно...ќе видиме како ќе биде кога ке подпорарасне бебето ама целосно лишување НЕ.


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: детето и миленичето
30.5.2010 14:09:44   
arh_diz
Mojata kuma ima kuce prvite nekolku emseci koga i se rodi malata go odnesoa  kaj majka i , potoa go vratija . deteto si igra so kuceto eve veke ima 4 godini i nema nikakov zdravstven problem koj e od kuceto.E sega dokolku kuceto ne se odgleduva pravilno ne se  vakcinira ili ako e od ulica toa e veke drug problem.Inaku jas se plasam i od malo kuce user posted image user posted image

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: детето и миленичето
30.5.2010 14:16:26   
penelopa
ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Mojata kuma ima kuce prvite nekolku emseci koga i se rodi malata go odnesoa  kaj majka i , potoa go vratija . deteto si igra so kuceto eve veke ima 4 godini i nema nikakov zdravstven problem koj e od kuceto.E sega dokolku kuceto ne se odgleduva pravilno ne se  vakcinira ili ako e od ulica toa e veke drug problem.Inaku jas se plasam i od malo kuce user posted image user posted image


Ехее нашево куче е дел од фамилија, колку е негувано и чувано, и мазено и пазаноuser posted image а и сака деца...се надевам нема да имаме проблем, во смисла љубомора и сл.


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: детето и миленичето
1.6.2010 10:40:01   
Maca25
Ние одамна сакаме да си земеме кученце, ама некако не можевме да се одлулиме какво. Си купивме гуштер кога почнавме да живееме заедно и еве уште си го чуваме. Толку ни е мирен Себастиан, срцка е. Нина многу го сака. Преку ден си лежи под кокосот (тоа му е куќичка), а навечер се шета низ терариумот.
А за кученце стално размислуваме, а и гледаме дека нина многу сака животни и сакам да рате со животни. Мислевме за вториот роденден да и купиме мало кученце.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: детето и миленичето
2.6.2010 0:01:03   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: penelopa

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

едноставно не иде дете и куче заедно.


Е поголема глупост од ова не сум слушналаuser posted image ...Напротив мислам дека секое дете треба да расне со некакво животинче и кај нив да се развие љубов но и одговорност кон нив. Веќе некаде имам напишано ние имаме куче, сопругот го има веќе 12 години и воопшто не планираме да го однесеме некаде кога ќе ни се роди бебето. Да, на почетокот каков месец, два после тоа сите заедно...ќе видиме како ќе биде кога ке подпорарасне бебето ама целосно лишување НЕ.



Ни детето има проблем со кучето, ни кучето со детето. Проблем имаат родителите.
Јас имам проблем со детето и кучето во иста куќа. Секое утро пред да се разбуди ќерка ми станувам да видам каде се искакало кученцето, секое утро ја мијам терасата, цел ден му стојам и го пазам да не ми влезе и да не се измочка на тепих. Јаде 4-5 пати во денот исто толку пие вода и после секое јадење кака и мочка, после секое пиење мочка. Тоа се некој мора да го исчисти, а детето тоа сега неможе да го прави, а кога ќе може, нема да сака, ниту пак ќе биде потребно. Детето во секој момент го гали кучето, па миеме раце сто пати во денот, бидејќи и на сред јадење и текнува да стане од маса и да го погали. Мене косата ми се крева од обврската која ја носи едно животинче во куќа каде веќе има и дете.
Можеби кај оние кои веќе имаат големо куче и чекаат бебе е поинаку, но и кај нив ќе се јави проблем кога бебето ќе ползи, кога се ќе пика во уста. Колку и да е здрава дружбата, не верувам дека влакно во уста на бебето од кучето е здраво па макар нека е и најнегуваното куче на светот.
Затоа секој треба добро да размисли пред да се впушти во ваква авантура, посебно кога се работи за милениче куче или маче кои слободно шетаат низ домот, кои никогаш не престануваат да имаат потреба од човечка грижа.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: детето и миленичето
2.6.2010 0:09:51   
Viktori
Ники, сакам куче од првото легло! :) Пиши колку пари бараш! Кога ќе се пари со некоја she-dog сакам едно кученце за мене! user posted image

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: детето и миленичето
2.6.2010 0:15:51   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: big_mama817

Дали вашето дете сака милениче?
Дали вашето дете чува или би му дозволиле да чува милениче?Каков е вашиот став?
Син ми уште е мал но единстевено би му дозволила доколку тој сака да чува папагал,рибче или такви мали миленичиња.user posted image


искрено, овој вид на миленичиња за мене се џабе пари фрлени user posted image

Мм имаше доберман, пред да се земеме и остана кај неговите. Убавица беше, темнокафеаво влакно, несечени уши (не личеше на user posted image ) Ама многу не сакаше user posted image . Еднаш пред да се земеме, останав кај него на спиење и пред да оди на работа го предупредив убаво да ја затвори вратата, ама таа, голема бе... бам, бум за една сек. кај мене у кревет user posted image Лелеееее... Викав по мајка му и татко му да станат и да дојдат да ја земат user posted image user posted image

Ама сакам куче, и ептен сум на два ума какво да изберам. Лабрадор мислам дека е супер избор за со деца дома.


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: детето и миленичето
2.6.2010 10:30:28   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Ники, сакам куче од првото легло! :) Пиши колку пари бараш! Кога ќе се пари со некоја she-dog сакам едно кученце за мене! user posted image


Абе машко е имам ли право јас на родителски права од неговите кучиња?user posted image Плус чек да го израснеме, многу поверојатно е да го удавам у море пред да дојдеме до тој дел од неговиот живот.user posted image уствари ако ептен ме фати криза ќе ти јавам да дојдеш да го земешuser posted image

Шала на страна, деновиве се чувствувам ко да имаме новороденче дома и ме дрма постпородилна депресија. И поим немам од чување кучиња, се ми е ново, имам милион теми и дилеми околу него. Ќе го убијам мм што ми товара вакви обврски за кои немам живци.user posted image уф


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: детето и миленичето
2.6.2010 10:39:34   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Ники, сакам куче од првото легло! :) Пиши колку пари бараш! Кога ќе се пари со некоја she-dog сакам едно кученце за мене! user posted image


Абе машко е имам ли право јас на родителски права од неговите кучиња?user posted image Плус чек да го израснеме, многу поверојатно е да го удавам у море пред да дојдеме до тој дел од неговиот живот.user posted image уствари ако ептен ме фати криза ќе ти јавам да дојдеш да го земешuser posted image




а бе како немаш права user posted image може не на пола, ама 1/3 гарант имаш user posted image
па како инаку ќе ја спарат женката user posted image не е твоето жиголо па ај позајми го user posted image user posted image
за вториот болд user posted image , неее ќе се навикнете бе. а и лабрадор е прекрасно куче за со деца наоколу. Гледав пред некое време на анимал планет, многу добри оценки има за дома чување. Само што кажаа дека е навистина немирно куче кога е мало. Така рипа, скока, беснее, многу интересно ќе ти бидеuser posted image user posted image


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: детето и миленичето
2.6.2010 10:45:17   
Nade
Јас многу сакам животни, и од секогаш сум имала , но пренесуваат такви болести за кои не би можеле ни да сонуваме, сеуште ги сакам  но не сакам да ми се доближат до дечињата.Тоа е мојот став

_____________________________

I dont have time to hate people who hate me because i am too busy loving people who love me :)

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: детето и миленичето
2.6.2010 10:56:45   
niki
И јас така прочитав. Абе тој добар е, ме слуша во најголемиот број случаи. Да не го урочам не е проблематичен освен што не сака да биде сам, ноќе ми е најмногу страв бидејки не сака да спие на тераса, влегува во дневна и се ми е страв да не ми го бележи тепихот, гадлива сум и шубеџија, ќе го фрлам тепихот после.....
Ете пред малку дојде мм со неговата нова куќичка, ама пак не спие во неа ете го до вратата на терасата..Ноќеска ќе го оставиме на тераса да спие во кукичката и ќе затворам врата да не влегува внатре. Ќе има плачење цела ноќ дур се навикне, но не сакам да го чувам внатре, посебно не сега дур е малечок и не контролира кога мочка кога кака.
Инаку е сладооооооок, уф. Има весници за нужда вршење на тераса и вчера се наместил, мочка таму и ја свртел главата ме гледа со тоа очичките, ме разнежни. Ко мало дете е, кога е буден постојано ги тестира границите, имаме многу за учење и јас и тој........


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?