Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Спанаќ. Не само што одбива да го јаде туку ако ја убедам да голтне потоа го повраќа. Затоа пак се друго зелено, грашок, тиквици, брокула, краставица, обожава.
< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 5.3.2013 15:11:33 >
а да ја пуштиш сама да зема? исечкај и на парченца па сама нека си го стави во уста..Лука обично кога му даваме не сака а ако му сервираш сам да зема тогаш јаде
Да и ние така му даваме на Дамјан, и он више несака банана гмечена него така си ја гриза а и други работи сака сам да ги држи и трча низ куќа и си каснува по малку
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
види кај моите дека е по цел ден они му ставаат едно чинивче на масичката полно со сецкано овошје или оние рипчиња грицки и он помини замини си каснува
не сака мед,боранија,бананата ја прејаде и сега сме во фаза на апстиненција од неа,ама па затоа се друго јаде...домат,морковот си го грицка како зајче,омилено му е грашок манџа....
а јаболките и краставиците, мав ги прави...не се жалам си јадеме ние....
Марко си ручка се.пу пу ..... вчера за прв пат му дадов да проба мајонез,му се допадна. единствено нешто сто не сум му дала се печурки.си порачуваме пица пола со ,пола без печурки?
RE: што не сака да јаде детето 27.10.2012 11:15:19
Maca25
Н. не сака пиперка, ориз, спанаќ, млада тиквичка, не сака цвекло, во последно време не сака ни јаболко. Сево ова порано го јадеше, но последнава година одбива да ги јаде, дури и ги повраќа.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
RE: што не сака да јаде детето 27.10.2012 13:10:35
Calypso
Син ми јаде скоро сè. Многу зависи како е припремано јадењето и дали ќе му се допадне. Ама знам дека не сака тиква и костени (му се наткрева за повраќање од нив, со тиквата уште од 6 месеци кога проба првпат), не сака ни леќа ни боранија, со зорт ги јаде, исто како татко му. Ама му ги мешам со кисело млеко, па ќе ги изеде, бидејќи не му попуштам - што има за ручек, тоа ќе јаде. Не сум му дала сувомеснато и печурки сè уште, не знам ни дали ќе ги сака - сувомеснатото може ќе го сака, бидејќи сака месо, ама ќе оддолжувам колку што можам повеќе, барем до три години (сега има година и пол).
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
RE: Што не сака да јаде детето 27.10.2012 23:51:03
Felly RR
М има некои работи што воопшто не сака да ги проба. И кога ќе рече НЕ, нема шанси да и дадеш да касне. Еве на пр. цело лето не касна домат / патлиџан, иако лани јадеше цело време. Многу пати ако земам јас нешто да каснам, и таа ме прашува - Мамо, што јадиш? и уште пред да и одговорам ми вели - Јас, неќам. (Да не случајно и понудам и неа ) Не сме многу по јадењето.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
И Борјан не сака домат, многу ми е криво, ја од уплав да не биде ко татко му, пола зеленчукова храна да не ја јаде... пиперка само свежа пробал, од домат не сака ни кечап, ни салца. Не сака паштета, салама, не ми е ни криво за тоа, а и ајвар не сака. Сега купив тиква, па да видам, не верувам дека ќе ја сака, лани во чоколиното му ја мешав не ја осеќаше. Од готвена храна не сака ориз и шпагети, му се гади од лепливоста и лигавоста, а штотуку почна да јаде макарони, едвај, со триста ветувања и молби.
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
И кај мене Л. ајвар не сака, мелено месо не сака инаку другово го јаде. Се што и лепи во уста не јаде,и се што ја бочка на пр:како бискота не јаде,а инаку стопено во млеко јаде и бискота и корн флекс.
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
RE: Што не сака да јаде детето 28.10.2012 15:35:20
AnnaMolly RR
Филип не јаде апсолутно ништо што е црвено - домат, јагоди, малини, капини, црвен овошен јогурт, црвен сок, ајвар . Исклучокот е кечап. Само тоа црвено јаде. Не јаде ни мелено месо во никој случај, освен ќебап Не јаде еурокрем, мармалад, мајонез. Мислам дека тоа е тоа.
RE: Што не сака да јаде детето 28.10.2012 20:27:28
Bethany
Мојот син не сака свежо овошје ако е сецкано, на парчиња, не сака ни да проба да загризе. Било што. А ако му изблендирам ќе јаде ама оти мора. Единствено банана два дена јаде кога му давам парчиња, два дена ја плука , се гади. Друго се јаде што му давам, да ли му се допаѓа или не, додека не се буни добро е.