Octavia
|
Искрено, јас познавам многу, многу повеќе парови кои се во брак без љубов и имаат деца. Бракот без деца го држи најчесто љубовта, а кога луѓето не се сакаат, се изневеруваат, се лажат и сл. а имаат деца, секогаш децата ги земаат за оправдување зошто уште се во брак. Многу почесно би биле таквите парови да не сакале деца, а не секој ден се караат, се лажат, се изневеруваат, се озборуваат, ама важно деца имаат и сега тие деца им се оправдување за се. Мене, искрено, повеќе ми е жал за тие деца, отколку што имам право да речам дека ми е жал за оние што одлучиле да немаат деца. Има многу себични луѓе, незрели, неизживеани, кои од многу погрешни причини одлучиле да имаат деца, некои заради срамот, некои за да не ги остави мажот, некои за да не бидат покусо од другите, некои за да не ги гледаат попреку... И никој не може да ме убеди дека со тоа што родиле дете станале автоматски подобри луѓе, или, што е уште поапсурдно, дека веднаш станале подобри, понесебични од оние кои чесно си одлучиле дека не сакаат да имаат деца. За мене е многу површно генерализирањето „немаат деца (а можат да имаат), значи не се добри луѓе“. Ај да бидам и јас прозаична, ама и Сталин имал деца, и Мусолини, и едно чудо фрикови... Дури и оној Фрицл од Австрија... Оној што има деца или сака да има, секоја чест, негов избор. Оној што не сака да има деца, пак секоја чест, и тоа е личен избор. Тоа е право на секој човек кое не не засега нас лично, не ги ограничува нашите права на избор и затоа е неумесно така лесно да се осудуваат или да се оцрнуваат. Секој од нив си има свои причини за таа одлука, на некој тоа може да не му се допаѓа, ама тоа сепак не значи дека секогаш станува збор за себични луѓе. Имам кажано, сум видела многу посебични мајки, полни со разно-разни фрустрации...
|