Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Saturn -> Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (1.5.2011 12:03:40)

Некои жени и брачни партнери своеволно одлучуваат дека не сакаат да имаат деца, дека сакаат да останат само тие двајца, или пак ако жената е без партнер, не затоа што не сака да има дете без партнер туку и едноставно не сака да има дете, сака да остане без такви обврски, слободна и посветена на своите потреби и цели. Какво мислење имаме за нив, дали грешат, дали пропуштаат, дали е можно навистина да не сакаат да имаат деца или нешто друго е во прашање? Што мислиме за нив?




Martins mom -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (1.5.2011 12:14:57)

Ја почитувам желбата на секого! Нивни живот - нивни правила! Имам 2-3 пријатели што имаат таква замисла за животот и имаме разговарано на таа тема часови и часови. Во ред е да се посветиш на самиот себе, во ред е и да уживаш во слободата, да шеташ, да ги трошиш парите само за себе и на кој начин сакаш ти, но мислам дека и тоа ќе ти здодее. Што кога ќе остарите и немате никој покрај себе, лично јас се плашам од осаменост, што откако ќе умрете и вашето име и дело не го продолжува никој, нема кој да ве спомене. Мојата баба пред да почине ми рече : Не се секирај, јас нема да умрам, јас ве имам вас, секогаш ќе живеам во вас. И во право е - еден куп работи и совети применуваме од неа, секој ден ја сакаме и со насмевка и солзи се сеќаваме на неа!
Мојата љубов ја имав во изобилство, па морав да ја дадам некому, не си бев доволна самата на себе, затоа си го родив Мартин[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image]




Viktori -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (1.5.2011 13:37:35)

Мислам дека се многу свесни луѓе доволно доблесни да признаат дека деца би им сметале во животот или признаваат дека не би им се посветиле онолку колку што бо требало.

Многу пофер од сакам дете затоа што така треба или и другите имаат. Инаку нормално многу несфатливо за менталитет како нашиов, каде жената сеуште постои за да раѓа деца, инаку што ќе ти е? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]




mama26 -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (1.5.2011 14:09:05)

ne mislam nisto,zivotot e eden nema dva..








Maca25 -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (1.5.2011 15:44:12)

Не знам зошто би ми биле сите пари и драгоцености на светов, кога би немала со кого да ги потрошам, со кого да ги споделам спомените, да ја дадам мојата љубов. Да, би го можела тоа со пратенорот, но партнерот би можел да се смени, да го оставиш/да те остави, да тргнете по различни патишта, и тогаш остануваш сам на светот. На кого би ја дал својата љубов ако не на детето?!?!
Секој има право да си одлучи дали ќе има дете или не. Јас мојот живот не би можела да го знамислам без моето дете. Ниту пак без мм.
Имам тетка која беше 20 години во брак. Немаа деца, сакаа да уживаат...да шетаат, си беа доволни двајцата. Сега секој си тргна по свој пат, и кривец за се им беше тоа што не можеа да имаат деца.




anedespo -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (1.5.2011 16:13:44)

Ja pocituvam nivnata odluka i ne bi mi smetalo. Ednostavno smetaat deka ne se spremni za deca i deka ne mozat da go pruzat ona sto im treba (vreme i emocii), ne samo pari. 




Olivia -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (1.5.2011 17:15:00)

Moi bliski prijateli imaat odluceno deka ne saakat da imaat deca, ednostavno zivotot go gledaat od poinakva perspektiva i toa go pocituvam i razbiram, no deka koga ke ostarat ke im fali nekoj da im pomaga ili da nema da ostavat zad sebe pokolenie ha mislam i na toa dlaboko razmisluvale,zatoa sega se maksimalno posveteni na sebe i precizni vo odlukite koi ke im go olesnat zivotot ponatamu,nikogas ne gi osuduvam na nivnata odluka, duri im se divam na nivnata hrabrost.




AnnaMolly RR -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (2.5.2011 12:05:25)

Тоа воопшто не го осудувам и не ги гледам таквите луѓе за чудаци или не знам таму што. ЈАС сакам да имам деца, и тоа три. А ТИЕ што сакаат или не сакаат не влијае на мене, не ме допира, не ме повредува... Не гледам зошто некому би му пречело тоа што нивни пријатели на пример, не сакаат деца.





aleksandra90 -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (2.5.2011 13:18:32)

Jas mislam deka sekoj si ima svoe pravo na razmisluvanje i na odlucuvanje za nekoi raboti vo zivotot.. Sekoj si ima zacrtano po nesto vo glavata i se stremi kon toa i da go ostvari.. E sega licno jas ne bi mozela da go zamislam zivotot bez deca. Vo niv ja gledam najgolemata smisla vo mojot zivot, ali NE gi osuduvam ni najmalku tie sto ne sakaat deca. Kako sto kazav pogore site razlicno razmisluvame i site imame razlicen pogled kon idninata. 




mami 3. -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (2.5.2011 13:58:33)

I jas si vikam isto, sekoj si ima pravo na svoj zivot, i da pravi so nego sto saka. Ali po moe mislenje na tie sto ne sakaat deca, sega mozebi vo redu ke im bide, ali vo postarite godine t.e koga odminuva vremeto se vise se oseka toa deka ostanuvas sam, nema vecno da bideme maldi site znaeme toa. Jas poznavam mnogu zeni, i mene koga ce me vidat epten mlada so deca mi vikaat podobro mlada, nie gledavme kariera i se drugo samo za deca ne, a sega vec kasno e, a da bile na vreme decata sega vec tie bi imale golemi deca. Ali jas ne osuduvam toa ali ce dojde den sigurno koga ce se pokaat za toa. Ali sekoj si ima svoj pogled kon zivotot.




humana -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (2.5.2011 18:42:04)

Ништо немислам и нема што да се мисли,па нарочито кога е за некој друг ние не можеме да мислеме ама баш ништо,јас замо за мене си знам дека едвај чекам да дојде 20 и да одам на гинеколог да видам како точкичкта станала бебенце[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif],уф полна сум со емоции




Octavia -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (3.5.2011 10:08:07)

А што мислите за тие што имаат деца, ама се неспособни како родители? Мислам дека е многу почесно да се нема деца, отколку да се има само заради тоа што ќе кажат комшиите. Секој има право на избор и се додека тоа право не повредува никого, јас го прифаќам изборот на другиот, каков и да е. Инаку, дебатава може да се прошири и на „Што мислите за луѓето кои имаат само едно дете?“ или „Каков е вашиот став за луѓето кои имаат три деца?“, оти кај нас, по дифолт, нели, „политички коректно“ е да се имаат две дечиња [sm=zmeden.gif]. Некако сакаме да потенцираме дека одлуката да се нема деца е еднаква на себичност, а со тоа демек докажуваме и дека оние што имаат деца се по дифолт несебични и подготвени на жртва (а не сметам дека родителството е жртвување). Ниту сите што одлучиле да немаат деца се себични, ниту сите што имаат деца се несебични алтруисти.




Pepelaska * -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (3.5.2011 10:20:26)

Октавиа се согласувам со тебе, секој си иам право на свој избор, животот е еден и секој си го живее како сака, јас не мислам ништо лошо за тие што не сакаат деца,знали подобро е да немаш отколку да чувствуваш дека ти се товар во животот, обврска или секогаш да бараш начин да ги оставиш за да можеш да си го тераш животот.

Јас не би можела да си го замислам мојот живот без син ми иако непланирано ми дојде, а не ни планирам да го оставам сам, спремна сум за уште најмалку 3 деца[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




penelopa -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (3.5.2011 10:26:53)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Octavia

Некако сакаме да потенцираме дека одлуката да се нема деца е еднаква на себичност, а со тоа демек докажуваме и дека оние што имаат деца се по дифолт несебични и подготвени на жртва (а не сметам дека родителството е жртвување). Ниту сите што одлучиле да немаат деца се себични, ниту сите што имаат деца се несебични алтруисти.


Потпис!!!! Конечно еден разумен одговор ( барем по мојата логика)




Yummy Mammy -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (3.5.2011 10:37:15)

Mislam deka ke se iznauzivaat vo zivotot, no na eden potazen nacin

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley33.gif[/image] (edna slika iljada zborovi, koj sfatil sfatil...)




Snowhite RR -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (3.5.2011 18:01:06)

И јас мислам деке ќе се изнауживаат, ќе се изнашетаат, ќе се изнатрошат пари за се и сешто, но не мислам дека тоа е потажен начин, може ќе биде тажен кога нема да можат повеќе да шетаат и да трошат пари, затоа што ќе останат сами. Не ги осудувам, да имав храброст и јас можеби би направила така, но ова не значи дека не сакам деца или не си го сакам детето, се разбира дека моментално тоа ми вреди повеќе од сите шетања и уживања во животот. 




sandrin -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (3.5.2011 18:24:37)

Site nie (vklucuvajki se i sebe) sakame deca, megu drugoto, za da ne ostaneme sami koga ke bideme nemokni i stari!
Se prasuvam kolku sebicno e pak toa?![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
Vo kolkava mera ljubovta kon decata e (bez) uslovna?! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
A vo kolkava e ocekuvanje za odredeni kompenzatori vo idnina?![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]

Tie sto odlucile da nemaat deca za svojot zivot znaat isto kako i nie za nasiot!!!




anedespo -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (3.5.2011 18:33:11)

Ako nemaat deca ne znaci deka ke umrat sami.  Ke imaat drustvo, isti parovi kako niv, zivotni za koi ke se grizat.  A ako imas deca znaci deka na starost nema da bides sam? Pa decata si stvaraat svoi familii i  se trgaat na strana, starite nikoj ne gi saka. Na ovoj ili onoj nacin site ke zavrsime isto. Pa smislata na postoenjeto ne im e na site vo decata ili ako se bez deca ne znaci deka ke se iznauzivaat. Ednostavno imaat drugi prioriteti i celi vo zivotot, a za toa ne treba na nikoj da mu bide gajle.




skorpijana -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (3.5.2011 18:41:17)

pa vaka ne gi osuduvam samo neka se zaprasaat dali vredi taa odluka site pari na svetot moze da se potrosat site ubavini da isceznat i se ke ostane samo spomen a dali decata se spomen?Zaludno e bilo sto da pisuvam koga nema da promeni nisto ali decata ne bi gi menuvala za patuvanja setanje itn




humana -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (3.5.2011 19:36:05)

pa vaka ne gi osuduvam samo neka se zaprasaat dali vredi taa odluka site pari na svetot moze da se potrosat site ubavini da isceznat i se ke ostane samo spomen a dali decata se spomen?Zaludno e bilo sto da pisuvam koga nema da promeni nisto ali decata ne bi gi menuvala za patuvanja setanje itn
[/quote--- potpis,i na kraj kraeva Bog koga ne sozdal rekol mnozete se:)) barem taka pisuva vo biblijata,ama kako i da e sekoj si znae kako mu e ubavoi dali e sposoben da gleda deca,pa ako ne e podobro i da gi nema




Viktori -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (3.5.2011 21:46:50)

мене само ми пречи што веднаш ги етикетирате како несреќни (во иднина) затоа што немале деца. Ние имаме деца ок. Си ги сакаме ок. Среќни сме, кој е искрен кој не, ама и тоа ОК. Не е темата дали вие би ги мењале децата за пари. И која убавина да ја видат или да ја изгубат? Па они не ги оставаат децата за пари! Не е добро да се осудува ниту да се споредува, поготово кога е неспоредливо.

Божем сите што имаат деца се среќни а? Форумски приказни. Не верувам во нив. Сепак животот не е само "сакање"




humana -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (4.5.2011 0:15:05)

Viktori mila nokoj ne gi osuduva,sekoj si zivee kako misli deka mu e ubavo,i preeska pisav podobro i da nepravi deca ako si oseka deka nemoze da gi gleda.koj kako se sreken taka neka si go fura zivotot




Octavia -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (4.5.2011 9:33:03)

Не во врска со темава, но во контекст на коментарите погоре, ќе бидам невоспитана и ќе напишам дел од разговорот на две бабички од моето соседство од пред некој ден.
Првата баба: „Не ми дојде за празников“ (се мисли на Велигден)
Втората: „Не си му дала пари.“
Првата: „Му дадов минатиот пат ко беше.“
Втората „Е па не биле доволно“
Првата баба (со правдање) „Ами толку имав“...
Првата баба инаку зборува за синот...




Yummy Mammy -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (4.5.2011 15:34:07)

Oh dusa... [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley6.gif[/image]

Ova me potseti da ja posetam baba mi... uste denes... i bez potkup [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]



ИЗВОРНА ПОРАКА: Octavia

Не во врска со темава, но во контекст на коментарите погоре, ќе бидам невоспитана и ќе напишам дел од разговорот на две бабички од моето соседство од пред некој ден.
Првата баба: „Не ми дојде за празников“ (се мисли на Велигден)
Втората: „Не си му дала пари.“
Првата: „Му дадов минатиот пат ко беше.“
Втората „Е па не биле доволно“
Првата баба (со правдање) „Ами толку имав“...
Првата баба инаку зборува за синот...




Bogdancanka -> RE: Што мислите за тие што не сакаат да имаат деца? (4.5.2011 16:04:07)

Секој си има свој живот,нивни живот нивно право,кој како избрал така нека си го живее животот.јас ја почитувам нивната одлука.




Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>