|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   ПВЦ дограма
21.7.2013 12:04:10   
Felly RR
Сакаме есенва да ги менуваме прозорците, па добредојдени се секакви искуства - на што треба да се внимава кога се купува ПВЦ дограма, искуства со фирми и сл.
Старите прозорци ни се дрвени, ама се прилично стари, и во зима од секаде дува. Затоа сакаме пред да почне грејнава сезона, да го решиме тој проблем. Па затоа ми треба совет - што треба да бараме кога одбираме ПВЦ прозорци.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: ПВЦ дограма
21.7.2013 13:10:47   
topce
веројатно знаете ама еве јас да си потсетам.
после промена на прозорците доколку немате термо внатрешна или надворешна изолација ќе ви појави кондезација на вода, а со тоа и мувла на надворешните зидови.така да ако немате термо изолација барем кога менувате се одеднаш средете.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: ПВЦ дограма
21.7.2013 23:40:54   
Felly RR
Уф, топче, па баш и не помисливме на ова. За надворешна изолација тешко ќе оди, евентуално внатрешна. А без разлика на тоа колку коморни, или типот на стакло - сепак би се јавила влага?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: ПВЦ дограма
22.7.2013 0:00:47   
elenak
Тоа т.н ,,потење,, се јавува само кај алуминиумот. Со ПВЦ прозори и врати нема таков проблем, дефинитивно. Ние ги сменивме а немаме никаква изолација на ѕидови па немаме проблем. Инаку мој совет ви е за прозори исклучиво ПВЦ,а влезна врата или врата за ВЦ алуминиумски. А за марка нашите прозори се на REHAU и задоволна сум.    

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: ПВЦ дограма
22.7.2013 8:44:39   
Mihaela 2010
I nie pred nekolku godini stavivme na Rehau,3 komorni mislam,epten dobri se, nisto od nadvor ne se slusa,a i od nigde ne ti duva...pre pre zadovolna...sega i vo sobata na kerka mi ke gi menuvame starite,i gi viknavme istite decki

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: ПВЦ дограма
22.7.2013 12:21:06   
Felly RR
Да за Rehau и јас од што читав на интерент, се во групата на најквалитетни производители. А колку години гаранции ви дадоа? Мислам, даваат ли воопшто гаранција?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: ПВЦ дограма
11.8.2013 10:10:07   
Felly RR
Ние вчера малку разгледувавме кај нас - ама секаде ни нудеа само некои непознати производители, само еден ни понуди Трокал (5 коморни и 6 коморни), другото се беше бугарски фирми, и еден ни понуди од австриска фирма, мислам, X TrU, со 10 години гаранција. Дали има некој искуство со оваа фирма?
И што препорачувате за стакло - обичен термопан, или 4сезони?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: ПВЦ дограма
24.9.2013 15:08:48   
Felly RR
Пак јас на темава.user posted image Последно, најдовме на едно место Rehau, 5коморни со К стакло (демек да не се губи топлината од внатре), и се иста цена како Трокал.Трокал има 7 години гаранција, а за Рехау имаме само усна гаранција. Што ми препорачувате?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: ПВЦ дограма
24.9.2013 15:28:18   
elenak
Ние еве 4 години ги имаме ставено новите прозори и не се сеќавам дали ни е дадена гаранција, ама еве мајка ми сега баш ќе ги менуваат и од фирмата со која се договараа им рекоа дека материјалот е германски (не е Рехау) и дека имал 30 години гаранција.
Инаку баш јас бев таму и прашував дали Рехау е стварно најдобар и човекот ми рече дека и тие го работеле пред некое време ама имале многу поплаки, демек пожолтувала пластиката на прозори и врати на јужна страна како најизложени на сонце. Е сега дали е стварно така или тој само си го фалеше неговото не знам.user posted image

< Поракaта ја уредил elenak RR -- 24.9.2013 15:31:20 >


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: ПВЦ дограма
24.9.2013 15:34:00   
elenak
Ова 30 год за материјалот, а конкретно за прозорите не знам дали даваат, ќе видиме кога ќе ги наместат за некој ден. Абе па секако ако нешто се деси ќе дојдат да ти поправат/заменат, тамам работа.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: ПВЦ дограма
24.9.2013 15:34:18   
Felly RR
Еве еден текст од енегретскаефикасност.инфо, па може ќе му се најде и на некој друг.

На што треба да внимавате кога купувате нова ПВЦ дограма?
Posted by: Предраг Стојковски

Повеќе пати зборувавме за топлинската изолација на објектите, како и за тоа каде се најголемите топлински загуби и како да ги намалиме. Како што веќе пишувавме и што е веќе општо позната работа, најголемите топлински загуби се преку лошата/неквалитетна дограма – и до 50% од вкупните топлински загуби. Најлесен начин но во исто време и најскап, па инсталираме нова квалитетна дрвена или ПВЦ дограма. Вториот, или low-budget начин е да поставиме траки за дихтување со кој што донекаде ќе ги намалите топлинските загуби.

Но да се вратиме на првата опција – инсталирање на нова дограма. Обично кога се работи за нова дограма сите помислуваме на нова ПВЦ дограма. Но внимавајте и тука има неколку стапици во кој што можеме да влеземе доколку не внимаваме. Денес на нашиот пазар можеме да најдеме најразлични модели на оваа дограма, со различен квалитет и со различни цени. Обично кога купуваме нешто гледаме да поминеме што поевтино – ги купуваме оние производи кој што се поевтини, па така и со ПВЦ дограма. Обично се водиме со следната логика – ќе заштедам на ПВЦ дограма а затоа ќе земам нешто друго. Но ПВЦ дограмата е скапа работа, за да се водиме со оваа логика.


Основното прашање е зошто имаме иста дограма а различни цени? Одговорот е едноставен – не е секоја дограма квалитетна дограма. Денес на нашиот пазар можеме да најдеме неквалитетна дограма која што се продава како дограма која што е произведена во Германија или пак во Австрија, а всушност таа е произведена во Кина или пак во Турција. Оваа ПВЦ дограма не ги исполнува стандардите како на нашата држава, така ни на Европската Унија. Од технолошки аспект оваа дограма е осиромашена на секој можен начин.

ПВЦ профил

Самиот ПВЦ профил од кој што е направена дограмата е осиромашен за оние најбитните елементи кој што се во исто време и најскапи, како што се на пример адитиви кој што го продолжуваат векот на користење на оваа дограма, ја даваат стабилноста на самата смеса од кој што се добива ПВЦ профилот.

Дебелината на ѕидовите на оваа дограма е намалена, па така наместо минималната дебелина која што треба да биде 3 mm, таа изнесува 2 mm. Намалената дебелина ја намалува и самата ефикасност на ПВЦ профилите за 33%.

Гумените дихтунзи се изработени од неквалитетни гуми, па по одреден временски период ја губат својата еластичност и почнува да се рони. Со самата неквалитетна гума, ПВЦ дограмата не дихтува како што треба да дихтува.

Поцинкуваното зајакнување, кое што треба да биде поставено на секој ПВЦ профил е уште еден начин на превара. Според стандардите, треба да има челично зајакнување кое што не смее да биде потенко од 1,5 mm. На нашиот пазар можете да најдете ПВЦ дограма која што го има оваа зајакнување, но кое што не е подебело од 1 mm.

Механизмот

Првиот показател на квалитетот на ПВЦ дограмата е самиот механизам. Првите проблеми кај оваа дограма се јавува поради лошиот механизам – отворањето и затварањето на прозорците.

Стаклото

Во поевтината дограма иди и поевтино стакло, па така прозорците кој што ги купивте пропуштаат влага и истите замаглуваат.

На крај да ве прашаме да ли ќе се одлучите за поевтина ПВЦ дограма?

Како да се заштитите?

Еве ги основните фактори на кој што треба да внимавате кога купувате нова дограма:

Изберете озбилна компанија кој што подолг временски период работи на нашиот пазар

Писмена гаранција на пазарената дограма

Сервис и обезбедени резервни делови и по истекот на гаранцијата

Материјалот од кој што е произведена дограмата

Гаранција и времето на испораката на прозорците

Потеклото на дограмата може лесно да се провери на интернет (нели се продаваат како „германски“ ПВЦ профили)

Се надеваме дека овој текст ви даде основни насоки кога се одлучувате за избор на нова ПВЦ дограма, која што треба да овозможи намалување на топлинските загуби.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: ПВЦ дограма
16.8.2014 10:57:16   
Rajna.vojvoda
Nie gi promenivme prozorcite so PVC Rehau i sega zasega sme zadovolni, so 4 sezonsko staklo se. Rehau e demek najdobar pa ke vidime kako ke se pokaze

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: ПВЦ дограма
10.2.2015 14:33:47   
sonc90
ne e aktivna temava odamna ama si ja imame "makata" pa da ve prasam za sovet tie koi sto ste imale iskustvo od vakov tip...smenivme prozori,imavme od starite drveni(od na Hitler vremeto) i stavivme pvc arno ama ni se pojavi muvla na nadvoresnite zidovi...procitav pogore deka resenieto e izolacija megjutoa sakav da znam dali pomognal gips kartonot kako vnatresna izolacija ili ke morame da stavame i od nadvor tvrdopresovan stiropol?

(Одговор на членот Rajna.vojvoda)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: ПВЦ дограма
10.2.2015 15:22:44   
Malecka23
I ne mora da znaci.Ete kaj nas doma imame smeneto prozori a nemame nadvoresna nitu vnatresna izolacija veke 4god i nisto ne bidnalo.Mnogu zavisi na koja strana se prozorite,dali kukata e na povisoko dali e na mesto kade direktno duva kakvo greenje koristite i dali cela kuka od dednas se zagreva ili ne.Na nas sega ni se javi vlaga vo hodnikot i na nadvoresnite zidovi ama toa e od sto ni e poplaven bukvalno podrumot inaku vaka nikogas do sega.Inaku imame trokal od prospera 4k staklo i zadovolna sum

(Одговор на членот sonc90)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: ПВЦ дограма
10.2.2015 21:11:50   
sonc90
Nie sme skroz na prizemje,od dole imame podrum.ne sme direktno na veter osven ednata soba sto e izmegju 2 zgradi so edniot nadvoresen zid pa e na promaja...ama ova ne e samo vo taa soba tuku vo dvete kade imame staveno prozori...a ni se pojavi i kaj vleznata vrata(i taa ni e nova,aluminska)...inaku ni se great sobite ama ne cel stan...lele me znam,mora nekako da se sanira i toa pod hitno zs nie sme so bebe...

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: ПВЦ дограма
27.11.2016 23:02:27   
riccardo
zdravo sakam da prasam dali nekoi moze da mi kaze sakam da dignam potkrovje zakonski mislam dekae 1,500 a jas sakam da bide 1,700 dali ke racuna posle kako sprat ako so 20 stima pustam povisoko

(Одговор на членот sonc90)
Непосредна врска до пораките: 16
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?