Bethany
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki Ova mi e edna od najubavite zabavni temi na forumov a Bethany mi e interesen lik pa moram da si ja prasam nekolku stvarcinja 1. Kade Srbinka zapoznava Makedonec za da se omazi so nego? 2. Na koj jazik komuniciras so sinko? 3. Dali i bog navistina e Srbin? 4. Koj srpski grad bi go preporacala za zivot i zosto? i ako ti kazam deka se selam vo Srbija sto prvo ti paga na pamet? 5. Kolku godini imas? 6. Dali si feministka ili tradicionalista? 7. Poradi koja tvoja osobina nekoj bi rekol deka si neobicna? 1. Се запознавме во Белград, на еден курс/семинар. Никогаш порано немав дојдено тука. 2. Хаха, и јас некогаш истото се прашувам Кога сум лута или изнервирана, тогаш на српски, полесно ми идат зборовите Инаку се обидувам на македонски само, и на него прво да му биде полесно, ама не можам да контролирам секогаш така да испаѓа мешано. Прво му викам: види сине, врне дожд.. а после минута му викам: пада киша Можеби затоа јадничак се уште не зборува, не може да се одлучи 3. Хахаха, па знаеш на времето Мајкл Џексон изјави дека Србите се небески народ, па може да е Се шалам, Бог сигурно не го ставам во калап и оградувам со патриотиски религионизам 4. Нови Сад, имаш се што ти треба, опуштени луѓе (барем на такви се сеќавам), широки улици, друштвен и економски живот итн. А ако ми кажеш да се селиш во Србија, што знам, ништо нарочито, можеби прво ќе помислам од каде сега тоа, ама може и да ми е драго 5. Во ноември полни 33 6. Ниту едно ниту друго. Не се сврставам себеси никаде. Секој мој став, убедување, размислување е стекнато врз основа на проживеаното, па може да испадне некогаш дека сум ко феминистка, а некогаш дека имам традиционални сфаќања. Ама сум антитрадиционална, не практикувам никакви традиции, обичаи и ритуали затоа што некој кажал да треба да се прават, ниту религиозни, ниту друштвени. 7. Хммм... не знам, можеби сум прилично независна отсекогаш и помало бунтовна и тоа отсекогаш
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
|