Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Секаде различни обичаи за се, па и за смртта. Некаде се носи црно, некаде не, некаде се става црна лента над вратата некаде не...КАкви се обичаите во вашиот град по ова тажно прашање?
Се става црна лента над вратата и некрологот на вратата... и црнина се носи, само можеби имам погрешен впечаток, ама мислам дека помладите жени не носат црнина или само извесен период, додека старите (пр. баба ми) поминаа 6 години нон стоп си носи црнина иако ја наговараа да ја остави на 3 години.
_____________________________
"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
Да, да и јас се сеќавам дека за баба ми која почина пред 20 години ставивме и црна лента и некрологот стоее до скоро. За дедо ми кој почина пред 2,5 години ништо. Само некрологот во весник што го пуштија и ништо повеќе...Црно мајка ми не носеше дека јас правев свадба, а тетка ми и сите други да, но само до 40 дена, после веќе не
Црното не жали...Жали душата...Јас тоа најдобро го знам...Татко ми почина пред точно 2 години и 2 месеца,а мајка ми пред 8 месеци,кога јас бев 7 месец трудна...Не носев ниту за едниот,ниту за другиот црно,ама секако не носев ни бело...Си ја носев вообичаената гардероба,само онаа со малку потемни нијанси...И после месец дена од смртта на мајка ми една комшика ми вели:Колку нормално изгледаш,како да не умрела мајка ти...Тие зборови толку ме заболеа,затоа што според нашава малограѓанштина само ако носиш црно тогаш жалиш... Ех,бре,мами,кај ја најде темава...Море од солзи...
кај нас муслиманите не се носи црна облека ниту се става црна лента ниту пак се става некролог туку се носи само шамија на главата со што се покажува нели дека некој пошинал и пред вратата се ства столче со пешкир
Потполно се согласувам..Јас само не знам, стварно не ми јасно како може некој да си дозволи коментар од типот на комшиката на пацувче!!!!!!!!!!! Како може некој да знае како му е на човек во душата!!!!! И на крајот на краиштата што му е гајле дали и колку јас жалам . Секој си жали на различен начин..Значи уф, што ги мразам некои од обичаите...
баба ми никогаш не сакаше цвеќиња, никогаш не сакаше црнина ниту поп.и сите го знаевме тоа. кога почина нејзината сестра почна да се буни зашто не сме во црнина, зашто нема цвеќиња и слично. и јас само смирено и кажав дека тоа е желба на баба ми и ние ќе ја почитуваме зашто она така сакаше, а кога вие ќе умрете нека прават и нека жалат како што сте замислиле. сега не е време за желби и честитки. а тоа комшики и слично што мислеле дали ова дали она нивна работа е, ние си знаеме како ни е во душата и во срцето.
Кога почина свекрва ми, јас не ставив црнина зашто не верувам во такви работи....а мм по една недела отидовме кај поп во црква и тој го искара мм - што е ова, младо дете се завило во црно...црното не жали, жали душата како што нашипавте погоре. Уште истиот ден престана да носи црнина.
А да ви кажам за обичаите....тетка му на мм е од Србија....и почна да му кажува на мм, вака ќе правиме, онака ќе правиме, требало јагне да се заколи да не одел уште некој од фамилијата ....глупости. ММ како што беше избезумен од болка не знаеше што да прави....си го земав за рака и го однесов во црква, си разговаравме со попот и уствари се е така едноставно...само пченица, лебче и вино си земавме и си завршивме работа.
И уште нешто, јас сум од Битола, ама живеам во Скопје и она што го видов овде за Задушница ме шокираше...па луѓево овде буквално одат на пикник по гробишта - си постилаат чаршафи по гробовите, пакој поубава и побогата трпеза ќе нареди....еднаш бевме со мм, и повеќе не одиме на гробишта за овој празник...си земаме пченица и лепче и си одиме во црква....
i jas sum protiv tie obicai;ostanalo nesto od starite,i ako gi slusas lugeto ,poveketo gi teraat obicaite poradi narodot;oti ako nesto ne se napravi,odma e:narodot shto ke rece?!-mislam....
Јас ако нешто мразам тоа е јадењето што се носи...утепајте ме ама уста не ми се отвара тогаш, а уште помалку ми се шета со чинијата да ги понудам другите...Сакам да стојам таму, и да зјапам во сликата на оној што ми го нема веќе...Ги мразам тие трпези за Задушници и сл..никогаш не одам на гробишта на такви празници, одам сама, на раат да си се исплачам и олеснам...
А свеки беше сега во Битола на погреб..кога кажуваше какви се чуда правеле- па ручеци во кафана или дома, па незнам бовчи за сите што го носеле сандакот па незнам што..аман, како да славиме што некој починал
И тука во Скопје исто се прави кафан после погреб....во Бутел има една кафана, абе повеќе прави промет отколку тие што се занимаваат со свадби.
Е и ова да ви го кажам....во станот каде што живееше свекрва ми, требало прозорот да седи отворен 40 дена и светло да свети...а кога прашав зошто, сите ми велат - така треба...а никој појма нема...
Во Врање што бев на еден помет, абе ми се присмеало.....ставиле до гробот едно грне со вода и му дупнале дупче - демек умрениот да си пиел вода
Е и ова да ви го кажам....во станот каде што живееше свекрва ми, требало прозорот да седи отворен 40 дена и светло да свети...а кога прашав зошто, сите ми велат - така треба...а никој појма нема...
За светлото знам,а ма за отворениот прозорец не..Светлото е демек се верува дека до 40 дена починатиот се враќа во својата осба, и затоа да гори светло. Некои дури мислам дека оставаат три чашки- вино, вода и ракија, да не сака да се напие...
Кога почина свекрва ми, јас не ставив црнина зашто не верувам во такви работи....а мм по една недела отидовме кај поп во црква и тој го искара мм - што е ова, младо дете се завило во црно...црното не жали, жали душата како што нашипавте погоре. Уште истиот ден престана да носи црнина.
А да ви кажам за обичаите....тетка му на мм е од Србија....и почна да му кажува на мм, вака ќе правиме, онака ќе правиме, требало јагне да се заколи да не одел уште некој од фамилијата ....глупости. ММ како што беше избезумен од болка не знаеше што да прави....си го земав за рака и го однесов во црква, си разговаравме со попот и уствари се е така едноставно...само пченица, лебче и вино си земавме и си завршивме работа.
И уште нешто, јас сум од Битола, ама живеам во Скопје и она што го видов овде за Задушница ме шокираше...па луѓево овде буквално одат на пикник по гробишта - си постилаат чаршафи по гробовите, пакој поубава и побогата трпеза ќе нареди....еднаш бевме со мм, и повеќе не одиме на гробишта за овој празник...си земаме пченица и лепче и си одиме во црква....
Се согласувам со мн раб од твојот пост Аннабел..точно црно не жали...јс бев 1 год средно кога почина део ми од на маја ми страната...долго време не го преболев..и се уште не сум..ептен сум поврзана со тие баба и дедо од кај мајка ми...и од кога почина дедо ми до ден денес се плашам за баба ми. Мајка ми носесе црно до 40 дена, бабами до 3 год и ја остаи.Овде кај мене во маало има ена жена...детето и пошина ога имаше 14 год...жално мн жално...а она мислам дека до скоро носеше црно...ама сигурно знам дека едно 12-13 год не го извади. Мислам дека црната боја карактеризира и внатрешно чуство, ама па и немора да значи дека ако не носам црно не жалам.
Иначе за обичаите з задушница....ние власите не правиме така...мислам на помени нели се раздава...ама не јадеме на гробишта, и уште помалце на задушница идеме на гробишта и не седиме цела вечер со јадење....може грев ке ме фати ама баш ко на пикник да се лугево. Ние раздаваме тука кај нас и толку...за душа на починатиот. Еднаш на помен кај моја баба(од кај татко ми страната) на гробот до неа исто имаше непто помен...луге почнаа тави да вадат, месен леб, јас мислам уште скара да распалеа таму...ние гледавме и се чудевме...не е убаво тоа. Овде кај нас во фамилија кога имало смртен случај само некролози се објавувале, во Штип кај дедо ми мислам дека имаш и црно на вратата не ме држете за збор мн одамна беше.
А за ова адетиве до 40 дена...кај нас знам дека не се пушта тв до 40 дена, кај баба ми сите огледала беа покриени 40 дена и татко ми и чичко ми пуштија брада тие 40 дена, демек не се бричело до 40 дена.
tatkomi koga pocina nosev jas crno do 40dena,majkami do godina a bratmi do 7dena snaami voopsto ne nosese znam deka ne ja boli i ne zameruvav inace crninata ja nosev deka taka se custvuvav,ne poradi narodot sto ke kaze,toa voopsto ne mi znacese vo tie migovi ne deka posle 40dena mi prestana bolkata no prvite 40dena na adaptacija deka go nema tatkomi poveke so nas me srozuvaa potoa si viknavme pop doma za 7 dena,ni prokadi,ispea molitva i razgovarase so site nas doma otvoreno ni rece tv ke si pustate,ne muzika no ke se odnesuvate normalno covekot ne se vraka jas mu kazav nesto sto mnogu mi tezese,imeno poslednite denovi pred smrtta bidejki tatkomi bese tesko bolen i me molese da mu pomognam a neznaev kako, mu se miólev na boga da go spasi od tie maki,t.e poskoro da pocine nerazbirajte deka ne go sakav tatkomi,toa mn mi tezese,otidov i vo crkva so taa molba i mu kazav i na popot deka koga pocina tatkomi i mene mi olesna,mislev deka ke mi vika kakov vernik sum no mi rece ti si vistinski vernik samo so spasenie na dusata tatkoti se spasil od ovozemnite maki nikogas nema da gi zaboravam poslednite 2-3dena od zivotot na tatkomi velejki samo spaseteme,ve sakam site,cuvajte se....... jas se plasev kako vo zivotot ponatamu i popot mi rece ke zivees kako tatkoti da e so vas,toj sigurno sakase da se mazis i zatoa ke si ja baras srekata pred da se omazam se mislev dali e toa pametno deka tatkomi nema dolgo vreme kako e pogreban no i svekrvami bese pocinata 3meseci pred tatkomi pa taka so zaednicka bolka i mnogu ljubov resivme zaedno da gi preproduvame tie teski migovi od nasiot zivot so soprugot sekoj postapuva onaka kako sto misli deka e najdobro ovde pak vo germanija bev na pogreb,denta na pogrebot zenite bea vi crno,mazite so beli kosuli, svirea na piano,drzea baloni so srce(sto mi izgledase smesno)i potoa site se razotidoa a od utredenta bas nikoj,duri ni roditelite ne bea vo crno zivotot prodolzuva.......
Кога почина татко ми носев црнина до 6 месеци, иако знам дека тој би ми се лутел. Некако се` ми беше црно и внатре па не гледав причина да носам друга боја. На инсистирање на син ми, мајка ми, мм ја симнав црнината инаку којзнае до кога ќе носев. Мајка ми сеуште носи, иако поминаа пет и пол години. Понекогаш става кафено, темно плаво, но ретко. Кога се роди Миа стави бело и додека доаѓаше носеше бело. Црнината не е некој обичај, кој што не чувствува нема да ја носи...кога ќе те напушти некој близок нема ништо светло..облеката е само маска која ја прикрива темнината во душата.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Не жалам со гардеробата или со изгаснат телевизор. Јас сакам да носам светла гардероба а и не сакам ни ден без музика па така и мајка ми кога почина никогаш не облеков црно заради тоа (освен за погребот што бев во некои темни нијанси). Телефонот со музика и слушалките на уши. Ја тажев и сеуште ја тажам со солзи во очите и црнина во срцето... не гледам зошто некој друг да убедувам дека ми е тажно и дека ме боли. Имаше реплики од страна на баба ми (стара жена де) немој да ја заборавиш мајка ти, ја заборави мајка ти... и јас само на тоа во себе си додадов - не замарај чоече... и да сакам да ја заборавам нема да ја заборавам, а обичаи ко обичаи, јас и никогаш не се наслонувам на нив едино тогаш кога мора за да не ме замараат и да не си направам дополнителен проблем.. подобро да издржам еден ден во црно отколку да ми зборат цел живот за некое непочитување... тоа е само мое мислење.
Сепак ова е само мој начин, секој си има свој.. за некој е симбол црното за мене беше темната поезија... секој си има свој начин.. не е битно каков е... загуба го загуба знае стварно да сруши еден цел свет.
< Поракaта ја уредил unicorn -- 6.3.2012 16:49:07 >
Дури има свет и век различно ќе се толкува жалоста и егзибиционизмот кај луѓето. Кај нас се прават пикници на гробишта, па се гледа кој какво и колку донесол и слични други малограѓански работи. Зато шо пола живот ми помина на гробишта, луѓе тоа за мене има и некој дискретен шарм, сето тоа натпреварување и загледување под око по наредената тезга на гробовите. Е многу ми е јако, кога има помен (40 дена, 1 година, 3 години) после пеењето на гробот кај нас се руча во трпезарија и претежно жените што за секунда се расплакале на гробишта. жедно натегаат по едно ѕидарско пивце ,,за душа,, на брат ми или татко ми. Тоа со црнината е облик на егзибиционизам и покорување на некои норми од малограѓанштината, а кога гледам луѓе во црнина како да слушам: ,,Aces Denied`` Јас сето тоа го преживеав со цинизам и black metal музиката од Marduk.
Oblekata definitivno ne zali. Bez razlika dali i kolku vreme ke nosis crno. Dali ke se sminkas ili ne i sl. A kaj nas sekako deka se preteruva so jadenjata po grobista, toa nikogas ne sum mozela da go razberam i verojatno i nema. Pa koj kolku donel, kakvo donel, zosto toj ne donel, lele kolku nisko i uzasno.... I uste nesto sto ne mi ostava ubav vpecatok e, za vreme na onoj rucek "za dusa". Si sednuvaat site i veke pocnuvaat drugi muabeti, lugeto si se smeat, muabetat i sl..kako na proslava. Mene toa ne mi dopaga, cesto ako se zagledate navistna taka izgleda. Pa mene ne mi se ni jade vo tie momenti posle pogreb i nekako se gubi dostoinstvoto na samiot cin na isprakanje na pokojniot. Neznam kako ova bi se promenilo, verojatno nikako
_____________________________
You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!
Во нашата мила Македонија облеката жали. А за ручањето после погреб ок е, имав време да размислувам на таа тема и мислам дека е од практични причини. Мислам дека во минатото кога немало превозни средства од денешен тип луѓето иделе пешки по секакви временски прилики и тој оброк е многу окрепувачки за нив. Но точно е дека тоа не значи да се заборави поводот за тоа јадење, туку се прават муабети ,Од Морава до Дунава``.
Jas ne gledam nisto loso vo pravenjeto normalni sekodnevni muabeti za vreme na rucekot po taznata ceremonija. Spored mene, toa e simbolika deka zivotot prodolzuva ponatamu. Sto i da se slucilo, svetot ostanuva na zivite i na decata, i mora da se prodolzi. Se razbira deka treba da se odbelezi dostojno, bez preteruvanje so pienje, jadenje, muzika... No, kako sto i samite popovi na krajot velat - nego/nea lesna mu zemja, vie mladite da ste vie zivi i zdravi, zivotot prodolzuva ponatamu vaka ili onaka.
_____________________________
There are no strangers, just friends you haven''t met yet!
Па нормално дека терба да продолжи животот и да се прават муабети за секојдневни теми без шмркање мрсули на сред јадење. Сето тоа треба да биде достоинствено, а не да си одат дома пијани или испокарани за партија и која со кој ги правела оние работи. Честа слика е она со пијанството. А многу јак момент е кога идат стари баби и дедовци со само едно кесенце и во него си ставаат ама буквално од се и сешто што има. Па каша попара е внатре, а интересен момент е тоа што знаат од која домакинка е тоа колаче или таа и таа торта. Овие муабети ми се прајслес.
леле мама 06,остави ти други пијани,а попот пијан па и почна да ика од пијанство на сред погреб ,не знаеш дали е смешно или жално, а црнината кај нас е за "што ќе рече народот",жали душата и срцето,не облеката
можеби сум пишала. баба ми кога почина направивме така како таа сакаше. имаше луѓе кои се противеа ама исто им се фаќаше јас реков така како што сакаше ќе биде и точка. црно не носевме, цвеќиња немаше и поп имаше само во капела чисто од христијански демек. црно никогаш не носела, цвеќиња освен посадени мртви, набрани, не признаваше, а попови мислам дека од душа не ги поднесуваше и освен во капела никогаш не сме викнале на гробишта поп, свеќи исто така не сакаше и чудесија сестра и кога оди во црква и пали за нејзе свеќа и се гасне. за време на јадењето се разбира дека се разговараше за нејзе, па фамилијарно беше, и се разбира дека се смеевме на згодите и незгодите кои ги поминавме заедно.секој си знае колку му недостига кога некој ќе замине и нема повеќе да го чуе или види ама плачки, рикања, трескања од земја на гробишта па виења не можам и не можам да поднесам.