Enika -> RE: Црнина и други обичаи... (18.2.2010 12:07:43)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Annabel Кога почина свекрва ми, јас не ставив црнина зашто не верувам во такви работи....а мм по една недела отидовме кај поп во црква и тој го искара мм - што е ова, младо дете се завило во црно...црното не жали, жали душата како што нашипавте погоре. Уште истиот ден престана да носи црнина. А да ви кажам за обичаите....тетка му на мм е од Србија....и почна да му кажува на мм, вака ќе правиме, онака ќе правиме, требало јагне да се заколи да не одел уште некој од фамилијата[sm=zmeden.gif] ....глупости. ММ како што беше избезумен од болка не знаеше што да прави....си го земав за рака и го однесов во црква, си разговаравме со попот и уствари се е така едноставно...само пченица, лебче и вино си земавме и си завршивме работа. И уште нешто, јас сум од Битола, ама живеам во Скопје и она што го видов овде за Задушница ме шокираше...па луѓево овде буквално одат на пикник по гробишта - си постилаат чаршафи по гробовите, пакој поубава и побогата трпеза ќе нареди....еднаш бевме со мм, и повеќе не одиме на гробишта за овој празник...си земаме пченица и лепче и си одиме во црква.... Се согласувам со мн раб од твојот пост Аннабел..точно црно не жали...јс бев 1 год средно кога почина део ми од на маја ми страната...долго време не го преболев..и се уште не сум..ептен сум поврзана со тие баба и дедо од кај мајка ми...и од кога почина дедо ми до ден денес се плашам за баба ми. Мајка ми носесе црно до 40 дена, бабами до 3 год и ја остаи.Овде кај мене во маало има ена жена...детето и пошина ога имаше 14 год...жално мн жално...а она мислам дека до скоро носеше црно...ама сигурно знам дека едно 12-13 год не го извади. Мислам дека црната боја карактеризира и внатрешно чуство, ама па и немора да значи дека ако не носам црно не жалам. Иначе за обичаите з задушница....ние власите не правиме така...мислам на помени нели се раздава...ама не јадеме на гробишта, и уште помалце на задушница идеме на гробишта и не седиме цела вечер со јадење....може грев ке ме фати ама баш ко на пикник да се лугево. Ние раздаваме тука кај нас и толку...за душа на починатиот. Еднаш на помен кај моја баба(од кај татко ми страната) на гробот до неа исто имаше непто помен...луге почнаа тави да вадат, месен леб, јас мислам уште скара да распалеа таму...ние гледавме и се чудевме...не е убаво тоа. Овде кај нас во фамилија кога имало смртен случај само некролози се објавувале, во Штип кај дедо ми мислам дека имаш и црно на вратата не ме држете за збор мн одамна беше. А за ова адетиве до 40 дена...кај нас знам дека не се пушта тв до 40 дена, кај баба ми сите огледала беа покриени 40 дена и татко ми и чичко ми пуштија брада тие 40 дена, демек не се бричело до 40 дена.
|
|
|
|