Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Што играте додека сте на плажа? 3.7.2013 9:36:23
vezilka RR
Јас порано, пред да имам дете, на плажа најчесто читав. Понекогаш игравме карти или јамб. Или решавав крстозбори. Сега, тоа е малку поинаку ЛАни лето, игравме со топки, и малку со кофичка и лопатки.
За годинава спремам цел репертоар. Освен станддарните, кофички, лопатки и калапи за правење фигури од песок, за на плажа, спремаме и топки, тениси, фризби. Имам спремено, лепак, водени боици и кутии, па ќе лепиме на нив камчиња, песок и школки, ќе правиме украси.
RE: Што играте додека сте на плажа? 3.7.2013 9:55:35
Mihaela 2010
Jas kako dete koga sme idele na odmor sto mi ostanalo vo sekjavanje sekogas lovevme ribi,koga idevme vo Ohrid,Livadiste i tn.. toa mi bese epten kejf,ke si zemevme edno kantice so voda i sto fatime fatime,posle gi pustavme pak vo voda sobirav skolki,pravevme zamoci vo pesokta,mislam deka toa e standart koga si na plaza Sobirav najrazlicni formi na kamcinja,pa si gi nosev kako spomen doma Sto znam sega ne mi teknuva bas,ama ete super ideja pred odmor ,pa koj e po kreativen neka pise
RE: Што играте додека сте на плажа? 3.7.2013 10:46:07
Carrie RR
Јас на плажа само читам книги, се сончам 5 минути и влегувам во вода. Може во спат некој јамб да падне или карти, ама ретко. Генерално сакам да читам и да си викам - е ова е живот
RE: Што играте додека сте на плажа? 3.7.2013 10:51:18
vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Carrie RR
Јас на плажа само читам книги, се сончам 5 минути и влегувам во вода. Може во спат некој јамб да падне или карти, ама ретко. Генерално сакам да читам и да си викам - е ова е живот
Хи, хи, пред да се роди Никола и јас така си викав. Читкај си ти дури уште можеш . Ќе те навратам после некое времена темава да те прашам дали уште си читкаш
RE: Што играте додека сте на плажа? 3.7.2013 10:56:12
vezilka RR
Децата ги учат математичките и научните концепти преку игрите со песок. На пример, кога малите деца претураат песок од еден во друг сад, тие учат да проценуваат, стекнуваат чувство за волумен, учат за материјали од природата, за броење, па дури и едноставни концепти во физиката и уште ако ги потпрашуваме додека играат, на примерК „Дали мислиш дека песокот станува поразличен кога му дотураш вода?“ или „Како го направи мек песокот за да можеш да правиш разни фигури?“, допринесуваме играта да стане корисна за развојот на децата.
RE: Што играте додека сте на плажа? 3.7.2013 11:02:08
Carrie RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Carrie RR
Јас на плажа само читам книги, се сончам 5 минути и влегувам во вода. Може во спат некој јамб да падне или карти, ама ретко. Генерално сакам да читам и да си викам - е ова е живот
Хи, хи, пред да се роди Никола и јас така си викав. Читкај си ти дури уште можеш . Ќе те навратам после некое времена темава да те прашам дали уште си читкаш
Така и јас си реков кога ти го читав постот дека порано си читала. Си викам значи броени се летата со книга на плажа. Ама ќе смислам некоја стратегија до тогаш, таман кога ќе се навратиме на темата, да сме живи и здрави, нема да е за брзо
RE: Што играте додека сте на плажа? 3.7.2013 11:02:42
rina13
Порано правев и играв се. Сега освен удоволување на детево ништо друго, ќе ги гледам другите како читаат и ќе ми течат лиги а во себе ќе си викам и ќе си се тешам чекајте ќе видите со деца и вие
RE: Што играте додека сте на плажа? 3.7.2013 11:04:17
vezilka RR
Закопано богатство Подгответе однапред, разни предмети како: пластични коцки, автомобилчиња, камчиња и слични предмети, ставете ги во кутија и закопајте ги на одредено место во песочникот. Раскажете им куса приказна за пиратите кој поминале од тука и го сокриле „богатството“, а потоа побарајте од децата да го пронајдат и откопаат скриеното богатство.
RE: Што играте додека сте на плажа? 3.7.2013 11:04:56
Mihaela 2010
ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13 RR
Порано правев и играв се. Сега освен удоволување на детево ништо друго, ќе ги гледам другите како читаат и ќе ми течат лиги а во себе ќе си викам и ќе си се тешам чекајте ќе видите со деца и вие
Aj aj a da se tesis deka mozebi tie ti zaviduvaat?? Se vo svoe vreme,ima vreme i za kniga,sto tuku se zalite Vezilka pusti mozokot na pasenje,ne tuku mu ja misli za igrive,spontanite raboti se najubavi
RE: Што играте додека сте на плажа? 3.7.2013 12:53:10
Melanija RR
vezilka RR секоја чест за идеите ова се ќе запишам ќе треба за година -две.
До сега на плажа само се сончав и решавав крстозбор или судоку.Читање книга на плажа не ми иде,додека мм си носи по 2 книги и цели ги чита (чудак )
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Што играте додека сте на плажа? 3.7.2013 13:02:46
sandriana RR
Ако имате чамче на дување или нешто слично, може да си направите и базен за риболов. Ова го видов кај пријатели, ама не стигнав да прашам од каде го набавиле сетот за риболов. Имаше пластични рипчиња со место за закачување на јадица, и една пластична трска со пластична јадица, и децава се утепаа играјки. Оваа опрема може и да се импровизира сигурно - наместо риби некои поситни играчки со дупчиња, наместо трска стапче со конче и јадица нека биде дел од закачалка на пр. Базен може да се направи и со каменчиња во плиткото, нели. Ете, мене тоа ми текнува во моментов. Искуство немам се уште, бидејки лани ем бевме помали, ем не бевме на одмор....за годинава, ќе видиме како ќе биде А пред да се роди Т, и јас бев од тие дремачите со книга на плажа и покрај базен
RE: Што играте додека сте на плажа? 3.7.2013 13:46:48
elenak
Уф кога ќе ми текне на оние ,,убави,, времиња на плажа, со ладно нескафе и книга на лежалка. Едвај чекав да дојде нов ден и да се укотвам Цел ден не мрдав од плажа. А сега не знам, годинава мислам ќе биде доста интересно со оглед на тоа што ѕверкава не ја занимаат ни игри ни играчки. Идеиве здравје догодина ќе ги реализираме. Инаку пред освен што читав, морав некогаш и мм да го дружам нели (оти он не е по читањето) па игравме табла или тенис.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
RE: Што играте додека сте на плажа? 9.7.2013 22:20:23
Felly RR
Еве Везилке и овде извештај да си пишам. СО мало дете не ти треба ништо освен лопатчиња и кофичиња. Па кој ќе работи нешто друго кога има толку песок да се копа.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Што играте додека сте на плажа? 10.7.2013 11:13:11
Bethany
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR
Еве Везилке и овде извештај да си пишам. СО мало дете не ти треба ништо освен лопатчиња и кофичиња. Па кој ќе работи нешто друго кога има толку песок да се копа.
Ете и ние бевме во оваа категорија на копачи Лопатка и кофа и камионче за собирање каменчиња, песок и закон. Имавме и чамче мало па мало во вода, малку на плажа, го наполнивме со вода, па со песок и така менувавме. ж Па собиравме каменчиња во кофиче, па фрлавме во вода и така. Не му беше досадно ама ич! Знаеше и сам да се занимава.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
RE: Што играте додека сте на плажа? 10.7.2013 12:03:56
masa
За книга нема шански две години по ред си носам и одвај 20-30 страни ќе прочитам и тоа во соба навечер некоја страна,џабе само ја носев секој ден на плажа не дојде ред да ја извадам .Додуша недојде ред да се посончам малку,да легнам да полежам 5 мин.Најмногу играме со песок со кофички и лопатки,помалку со топка и други реквизити иако имаме еден куп и чамци и еден змеј (ќерката го вика коњ ),ама некако песоков најголем ќеиф прави.Е годинава сме поголеми може и некоја игра да смислиме да биде поинтересно.
RE: Што играте додека сте на плажа? 10.7.2013 13:08:36
Bethany
И јас демек земав со мене и книгите, ама не за на плажа бидејќи знам дека не можам таму да читам, туку кога одмараме. Не земавме ни лаптоп, ништо, баш сакав книга, ама никако не дојде на ред ни таа. Кога одмарав, навистина одмарав- мислам се комирав Од сонце, од вода, кога легневме попладне со синко воглавном спиев и јас.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
RE: Што играте додека сте на плажа? 10.7.2013 21:41:36
Bethany
Фала Везилке Се одморивме, со проодено дете е полесно отколку во фаза на проодување како лани на одмор, душа ми излезе, едвај чекав да помине одмор-измор Сега беше супер лесно.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR
Ете и ние бевме во оваа категорија на копачи Лопатка и кофа и камионче за собирање каменчиња, песок и закон. Имавме и чамче мало па мало во вода, малку на плажа, го наполнивме со вода, па со песок и така менувавме. ж Па собиравме каменчиња во кофиче, па фрлавме во вода и така. Не му беше досадно ама ич! Знаеше и сам да се занимава.
Се цитирав со постот од погору: кофичка и лопатка, песок, каменчиња, вода - добитна комбинација. Истури од кофичето во чамчето, собери каменчиња/песок/вода во камиончето, од камиончето во кофиче, од кофиче во чамче и се така во круг. Успат малку прошетка до шанкот, тушевите (ааа тоа му беше нешто неодоливо, какво море-какви бакрачи -тушевите кога види се таму бегаше) Супер ни беше, не му беше досадно, а ниту нам.
Децата на неговата возраст и поголеми со тоа воглавном се и занимаваа... Ништо не им треба повеќе од тоа.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
RE: Што играте додека сте на плажа? 4.8.2013 18:39:02
vezilka RR
Значи се игравме, игравме со кофички и форми од кои правевме замоци, ама најинтересно ни беше да правиме базен. Игравме тенис и на песок и во вода, игравме одбојка и на песок и на вода исто така и многу му беше интересно. Пушувавме на песокот букви и бројки. Игравме закопано богатство, папучата на тато, која и трајно ја загубивме, толку добро ја скривме, шро пола плажа после не можеше да ја најде, хехехе, па ем испадна занимација за цела плажа, ем тато си доби нови папучи. Ама најмногу сакавме да се бањаме.
RE: Што играте додека сте на плажа? 16.8.2013 17:53:30
Felly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
Игравме закопано богатство, папучата на тато, која и трајно ја загубивме, толку добро ја скривме, шро пола плажа после не можеше да ја најде, хехехе
Е ова и нас ни се случи, само не на тато, туку на Матеа папуча остана на плажата закопана. Барај, барај, под лежалки, околу лежалки, никаде го немаше. Не знам како се загуби
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Што играте додека сте на плажа? 17.8.2013 19:07:10
sandriana RR
Ние сме денес втор ден на плажа, и за чудо некое, детево не е многу захтевно за играње - пријатно сум изненадена од нејзе, за разлика од дома. Си игра сама на песокот, или во плиткото во вода, и не бара ништо особено внимание. Можеби возраста е таква, можеби нејзиниот карактер се менува (уште 2 недели 2 години).