|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
5.9.2013 11:56:20   
bucko mal
AnnaMolly RR vo koja gradinka odi Filip?
koga te citam si mislam se raboto za istata gradinka vo koja odeshe sin mi.
Sin mi odeshe vo 13 Noemvri taa kaj Beko I uslovite I ucitelkite bea super.
Ucitelkite se vikaa Aleksandra I Natasha.
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Според мене, условите во градинката на Филип се и повеќе од задоволителни. Сум пишувала стопати, ама еве ќе повторам.
-лани од темел е реновирана градинката, со нови прозори, врати, подови и мебел (шкафови, маси, столчиња)
-чисто е секогаш
-јадењето им е одлично, разновидно
-воспитувачките во неговата група се одлични, а тоа се гледа по Филип, ги учат, ги едуцираат, многу убаво ги анимираат

Честопати се организираат работилници со родители, учителките секогаш се расположени за разговор. Ние со родителите се менуваме еднаш месечно праќаме фотоапарат да ги сликаат во текот на денот децата и имаме милион слики, се гледа како убаво си играат и си учат децата, како си јадат на масички, како се мијат рачиња...

Јас сум презадоволна од неговата градинка.



_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
5.9.2013 17:39:35   
Felly RR
Тоа со фотоапаратот Анамоли, не ми е многу веродостојно. Што викаш по ФИлип повеќе ќе видиш, дали учат нешто, колку се грижат за нив и сл, а со фотоапарат, сигурно дека ќе сликаат само пријатна атмосфера. Тоа повеќе за некој спомен од градинка да ви остане, а не дека по сликите ќе видиш што тие всушност прават.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
6.9.2013 10:49:42   
AnnaMolly RR
Да, во 13 Ноември оди ама во онаа во Дебар Маало.

Фели, имам слики и кајшто плаче Филип, една дури и кајшто се кара со другарче за играчка :) Можеби навистина се фокусираат убави работи да сликаат, ама еве има и по некоја веродостојна :) Како и да е, мене ми е полесно на душава кога гледам како си игра со децата и барем си правам слика дека стварно му е убаво :)

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
9.10.2013 16:46:17   
mommy_angels RR
Денес ептен ме налутија и утре мора да се разговара сериозно.Ми се јавија детето ми било болно да си го земам и нормално се загрижив мислев детево ми е болно user posted image .Отидов и си ја земав,а таа ни б од болна.Си јадеше ,си пиеше ,си играше ,си пееше.Детето два пати какало за саат и пол и тоа било проблем.Изгледа некој треба да им објасни на теткиве во градинка дека мало дете може да го направи тоа и нормално е да столицата може да биде потечна ако јадело помека храна user posted image .Изгледа најлесно им е да се откачат од децата ,а тоа што од памет ги вадат родителите ,не е многу важно.Би требало да се изброи до десет пред да се постави дијагноза user posted image .Откако тргна во оваа градинка ми беа ок учителките,дури и приметив дека на детето му се допаѓаат ,ама сега ме изнанервираа со ваквото однесување

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
11.10.2013 15:29:48   
Martins mom
Воопшто не сум задоволна. Градинката во која одеше М е најновата во нашиот град, ама нечисто бре, кога и да влезеш во ходникот мирисаше на чорапи, а пак кога ќе се отвореше вратата од просторијата каде што дечињата и јадат и спијат и играат цел ден...во несвест да паднеш. Храната, т.е главните оброци може да се каже дека се ок, ама ужинките-многу благо, кроасани, наполитанки,па 3 крем банани се...уау.Место тоа, стварно би можело некое сезонско овошје. Инаку син ми тргна при крај на август, па чекавме септември за да почнат со „настава“, па помина и септември, па ај октомври ни напишаа што материјали да си купиме. мартин толку многу очекуваше дека ќе црта, ќе учи песнички, а кога појде во градинка- се разочара, цела замисла му се сруши. Ми вели, па мамо само дремиме таму, досадно е. А за тоа колку болести закачивме за краток период и колку кг. изгуби моето дете тамуuser posted image user posted image user posted image А наводно јадел, е тоа лажење на учителките од такт ме вадеше...па шо мораш да лажеш, кажи ништо не стави во уста и готово!

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
13.10.2013 22:34:11   
Felly RR
Што мислите сега со лиценците - ќе се подобри ли работата со децата во градинките?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
14.10.2013 8:38:00   
mommy_angels RR
Мене ова ми личи како за вадење лекарско,сите здрави и прави излегуваат.Ете така си мислам дека ќе биде,пак сите ќе добијат лиценца и пак истото во градинките.Колку да се рече дека државата нешто прави за децата.
Денес го носам детето и што да видам ,на лист со црвен фломастер (демек поупадливо) "Ве молиме кој ги зема по грешка белите патичиња со розево да ги врати!!! "Хахахах,да де,да по грешка,за срамота сме и ние родителите понекогаш.Ама и тие направиле цела градинка,нови шкавчиња и проблем било да се стават бравички на шкавчињата???

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
14.10.2013 10:55:44   
vezilka RR
Мене во целата приказна ми остана нејасно како ќе утврдат дека бебиситерката зема пари за чувањето а не е тоа како го нарече министерот, семејбо згрижување. Кога пари им се даваат на рака, а не на сметка. Пак ќе остане слободен избор, пак тие за поефтино, ќе даваат пари на рака, за да не плаќаат и персоналец. Е, да, уствари со ова сакаат да соберат уште некоја пара од персоналец, да поднапунат каса.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
14.10.2013 11:07:41   
sandriana RR
Го наслушнав вчера, те синојка муабетов, и јас исто се прашував - како ќе го регулираат моментот на превара дадилка-семеен пријател (тетка, баба, вујна и сл).
Пример - некоја тетка чува дете веќе неколку години, задоволна и таа и семејството, пред се детето - и сега ќе ја тераме да полага за лиценца, да ја пријавуваме како дадилка и да плаќа/ме персоналец??? Нема тука ќеа за никого, освен за државата.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
17.10.2013 15:41:50   
vezilka RR
Во една онлајн дискусија имаше предлог времето после спиње да го решат со тоа што ќе вработат волонтери, бедејќи нели немаат кадар и ресурси за тоа да го прават воспитувачките. Мене ми се виде како интересен предлог. Не сум сигурна дека ќе пројде кај надлежните оти сепак ќе имаат трошоци, ама вреди да се продискутира како идеја. Ајде ме интересираат и ваши мислења.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
18.10.2013 9:38:33   
sandriana RR
Дај Боже да профункционира, ама не ми се верува и мене.
Оваа недела кај Т во група, попладне е само една негователка (другата е на боледување), па сама се бори со 20 и кусур деца.
Фер би било и кон децата и кон соодветниот неварботен кадар да примат барем волонтери, па да имаат децава занимација и надзор.
Има ли негде официјално да се произнесеме по таа дискусија, да се потипше петиција, да се спроведе до надлежното министерство?

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
18.10.2013 12:08:37   
vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Дај Боже да профункционира, ама не ми се верува и мене.
Оваа недела кај Т во група, попладне е само една негователка (другата е на боледување), па сама се бори со 20 и кусур деца.
Фер би било и кон децата и кон соодветниот неварботен кадар да примат барем волонтери, па да имаат децава занимација и надзор.
Има ли негде официјално да се произнесеме по таа дискусија, да се потипше петиција, да се спроведе до надлежното министерство?


Не, сега за сега ова е само предлог од родители во една иницијатива за подобри услови во градинките. Ама ако иницијативата е успешна, тогаш може овие предлози некогаш ќе се најдат на маса. Е сега за да биде успешна иницијативата, треба родителие да бидат малку поактивистички настроени.


< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 20.10.2013 10:15:06 >

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
20.10.2013 10:11:47   
Snowhite RR
За мени во детските градинки имаме тема ТУКА
постовите што се однесуваат на тоа ќе ги преместам таму

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
4.11.2013 22:48:00   
mommy_angels RR
Е денес откако ја земав А од градинка сум ваква user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
Учителката ми рече била тешка за јадење на што прво останав занемена и ми вика дека проблемот бил што требало сама да јаде ама така пола и паѓало на земја,а вториот проблем бил што ја ставала на нокшир ама таа пак завршила работа во памперс. Како одговор на сето тоа којзнае колку време ја оставила така затоа што газето и е жар црвено. И згора на се кога и реков дека е сосема нормално дете на 18 месеци да ги прави овие работи се дрзна да ми каже дека ние не сме се труделе да ја научиме на овие работи и ми затвори врата дека децата биле сами. За оваа конкретна особа наслушнав вакви работи,ама си викав ајде преувеличуваат. Е сега се фати со погрешна личност!!!! Утре ќе биде најфино и културно опомената а доколку продолжат ваквите испади ќе биде пријавена . И да,јас не се плашам дека ќе ми го мрази детето или малтретира,зашто не е ни сама во просторијата,а и некој кој е задолжен да ми го чува најмилото,а згора на тоа е платен од пари од мене и маж ми и другите родители НЕ СМЕЕ да се однесува вака!!!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
11.11.2013 9:26:16   
sandriana RR
Следувале измени во Законот за заштита на децата : измените на Законот за заштита на децата предвидуваат воведување нова форма на згрижување, воспитание и образование на деца од претшколска возраст - центар за ран детски развој, следење на присутноста на децата и кадарот во градинките, како и воведување електронско досие за децата со информации за нивните активности и афинитети или евентуални проблеми.
Лична карта на градинки во Македонија

- детски градинки 54
- деца 26.000
- вработени 3.750
- најавени нови вработувања 252



Извор: Нова Македонија


Да се надеваме дека ќе тргнат работите на подобро.


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
13.2.2014 9:40:44   
vezilka RR
БЕБЕТО ОД ШТИП НЕ ИЗЕЛО ОТРОВ, НО ЗОШТО СЕ КРЕНА ПАНИКА – ИМАЛО ЛИ ОТРОВ ЗА ГЛУВЦИ ВО ГРАДИНКАТА?
Објавено: 12/02/2014 12:34

Kристина Ампева, мајка на 17-месечното бебе за кое вчера се крена бура од сомнежи дека голтнало отров за глувци во градинка, вчера изјави дека според резултатите на крвта Анџела немала труење. Информацијата дека со Анџела с` е во ред ја потврди и директорката на скопската клиника Аспазија Софијанова додавајќи дека тоа е веќе отпуштено да си оди дома.

mother-_-baby-1_1Целата приказна почна кога мајката на Анџела напишала на социјалните мрежи дека се во болница откако во градинка ќерка ~ голтнала розово парче отров за глувци.

- Завчера околу пладне негувателка во детската градинка се посомневала бебето случајно да не дошло во контакт со некаков отров оти претходно во градинката била извршената дератизација, па тоа веднаш било однесено во болница каде што не биле констатирани никакви знаци на труење – вели Илија Митров, директор на детската градинка „Асибо“ во Штип.

Според официјални информации од штипската болница, детето додека престојувало кај нив, немало клинички знаци на труење. На Kлиниката за детски болести било испратено по барање на родителите.

- Јас ги разбирам родителите, но крената е непотребна паника – вели Александар Стојановски, директор на штипската болница.

Она што сега се наметнува како прашање на кое одговор бараат сите родители кои имаат дечиња во градинските е дали навистина имало отров во градинката кое бебето можело да го голтне. Ако имало зошто имало?

gradinka deca„Воспитачката постапила правилно, како мајка! Не сакала да ризикува и веднаш алармирала иако не била сигурна што детето лапнало и секоја чест за неа. Јас сакам да знам дали навистина децата биле внесени во училница каде непосредно пред тоа се ставало отров за глувци, ако е така тогаш тоа е страшно. Се знае дека 15 месечни бебиња лазат, ставаат работи во уста… со кој памет ги внеле во просторија каде имало отрови?, прашува Наталија Богатинова од Скопје мајка на 3 год дете во градинка.

„ во градинките има деца во една група по 10 15 – неможат воспитачките да постасаат сите да ги имаат постојано на око. Прашувам ако се вршела дератизација зошто не се затворила градинската додека не изветрее отровот. Па и да не го голтнало детето тие отрови испрауваат и децата ни ги дишат,, вели Пелагија Ванковска, мајка.

„ Каде има дим има и оган. Не би требало да се заташка оваа работа сега. Штом е крената толкава паника значи имало шанси тоа што го голтнало детето да е отров – среќа пто не бил па детето е добро. Мајката на фејсбук убаво напишала дека им рекле дека постои моѓност да голтнало отров, нешто голтнало, не знаат што, и нормално е секој родител да не сака да ризикува и да инсистира да детето биде однесено во болница. Ќе каже ли некој ИМАЛО ОТРОВ ВО ПРОСТОРИЈАТА ИЛИ НЕ – И АКО ИМАЛО ЗОШТО ИМАЛО????, Вели Дијана Божиновска, мајка

„ Прво директорот информираше дека немало детето како да додје до отров во градинката, зошто тогаш е крената паниката? знаеме ли каде ни ги чуваат децата?, прашува Милан Ѓурчинов татко на 2 годишно девојче кое посетува градинка.

Извор: MK News

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
13.2.2014 9:43:53   
vezilka RR
Навистина, и јас се прашувам, знаеме ли ние каде ни ги чуваат децата? И навистина останува бледо и необјаснето прашањето зошто воопшто детето било пратено во болница дека голтнало нешто отровно, ако во градинката не се прскало со отров за глувци? Сосем не логично.. Ние родителите трерба да инстираме овој случај да се разреши до крај, имало или немало отров во градинката воопшто???

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
17.2.2014 19:32:54   
Bethany
Денес и званично бевме во градинка, бевме кај педагог, се запознавме со воспитувачките, со децата, всушност некое време поседевме внатре и прашавме што не интересира.
Ќе тргнува званично од први март, ама за некој ден ќе почнам да го носам по саат време и јас ќе бидам со него за да се адаптира на новата средина. Инаку, на него многу му се допадна, ама дали дека и ние бевме со него user posted image

Што се однесува до условите, оваа градинка е најдобра од сите тука. Може и подобро секако, ама барем личи на некоја детска установа, доста е голем простор и што е најбитно, не е гужва бидејќи е така малку на крај од градот, па луѓето повеќе се одлучуваат на таа што е во центарот, да им биде успат.
Денес беа околу 15 деца, во тоа време беа составени помалата група со групата на син ми, ама тоа само привремено, и со нив беа 4 воспитувачки. Хехе, добро е, барем можат се да постигнат.
Жените (воспитувачките) беа толку отворени и љубезни, се ме испрашаа за него, сака ли да јаде, што прави, како прави, разговараа со него, дури и ми кажаа дека ако нешто не сака да јаде ќе му правеле нешто друго. Јас им кажав да нема потреба тоа да прават бидејќи не сакам на такво што да го учат, ама битно е што навистина беа отворени за да помогнат во се.
Ми кажаа дека ќе учат песнички, дека ќе имаат и физичко, посебно сега кога е потопло времето ќе излегуваат надвор, сега учат на темата мајка поради 8. март и така. Ќе бојат со боички во росица итн.
Единствено ми се пожалија дека немаат баш многу играчки, ама па ги има дома, таму не му ни требат ако се организирани со активностите.
Ете, мене ми се допадна првиот впечаток, па ќе видиме понатаму. Се надевам дека Ј ќе биде задоволен и среќен user posted image



_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
17.2.2014 22:40:38   
mommy_angels RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

Денес и званично бевме во градинка, бевме кај педагог, се запознавме со воспитувачките, со децата, всушност некое време поседевме внатре и прашавме што не интересира.
Ќе тргнува званично од први март, ама за некој ден ќе почнам да го носам по саат време и јас ќе бидам со него за да се адаптира на новата средина. Инаку, на него многу му се допадна, ама дали дека и ние бевме со него user posted image

Што се однесува до условите, оваа градинка е најдобра од сите тука. Може и подобро секако, ама барем личи на некоја детска установа, доста е голем простор и што е најбитно, не е гужва бидејќи е така малку на крај од градот, па луѓето повеќе се одлучуваат на таа што е во центарот, да им биде успат.
Денес беа околу 15 деца, во тоа време беа составени помалата група со групата на син ми, ама тоа само привремено, и со нив беа 4 воспитувачки. Хехе, добро е, барем можат се да постигнат.
Жените (воспитувачките) беа толку отворени и љубезни, се ме испрашаа за него, сака ли да јаде, што прави, како прави, разговараа со него, дури и ми кажаа дека ако нешто не сака да јаде ќе му правеле нешто друго. Јас им кажав да нема потреба тоа да прават бидејќи не сакам на такво што да го учат, ама битно е што навистина беа отворени за да помогнат во се.
Ми кажаа дека ќе учат песнички, дека ќе имаат и физичко, посебно сега кога е потопло времето ќе излегуваат надвор, сега учат на темата мајка поради 8. март и така. Ќе бојат со боички во росица итн.
Единствено ми се пожалија дека немаат баш многу играчки, ама па ги има дома, таму не му ни требат ако се организирани со активностите.
Ете, мене ми се допадна првиот впечаток, па ќе видиме понатаму. Се надевам дека Ј ќе биде задоволен и среќен user posted image



Ух ,ова како да не пишуваш за во нашата мила земјичка user posted image .Со среќа да му биде тргнувањето на Ј,ви посакувам брза и лесна адаптација и се надевам дека твоите први впечатоци ќе те следат и понатаму

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
18.2.2014 9:03:12   
VAGA2
Синчето мое иде во Мајски цвет - Тафталиџе. Имаме неполни 4год. Презадоволна сум и со исхраната и со активностите и со односот на воспитувачките! Имаме убава соработка! Се почитуваат барањата обострано! Претходно идевме во Сончоглед К.Вода! Беше добо, но овде е многу подобро, најмногу поради тој однос родител-воспитувач! А идеме во градинка од 10мес.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
24.2.2014 18:27:54   
TARA1
Sakam da prasam kako plakate vo gradinka? Kaj nas baraat do 10vo mesecot da se plati za tekovniot mesec i mene to strasno me iritirauser posted image
Dali e takavo site gradinki?

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
24.2.2014 22:38:37   
Snowhite RR
Да, тоа е ново пρавило и сега пρед една недела κоба имавме ρодителсκа се пофалија деκа отκаκо се воведил тој пρинцип подобρо било, мене исκρено тоа не ми мемува, освен пρвиот месец κога испадна за два да платиме после тоа е исто дали плаќаш за пρетходниот или за теκовниот сеκаκо до 10 тρеба да платиш 1500




_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот TARA1)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
25.2.2014 10:28:42   
sandriana RR
Кај нас се уште плаќаме во распон од 1 месец - уплатниците ги добиваме секогаш после 5ти, најдоцна до 10ти, и има простор да се плати до добивање на следната уплатница.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
19.7.2014 6:20:05   
bucko mal
Mozam da kazam deka sum zadovolna od gradinkata.Cekav da pomine nekoe vreme pa da iskomentiram zas na pocetokot site se superuser posted image
Ima propusti,ama koga ke Im se kaze se popravaat.Na primer,predadeno dete so poln pampers,mokri corapi ili skros bes corapi na 8stepeni nadvor.
Vo grupata se okolu 10-12 deca a nikogas ne se site sobrani, imaat tri ucitelki.Imaat mnogu igracki,knigi,slozuvalki.Hranata e ok,dosta e zastapeno ovoshje I zelencukot.
Poseben vpecatok mi ostavaat ucitelkite,kako se odnesuvaat so decava.Si gi guskaat, bacuvaat decava se taka tivko smireno,popoleka.
Najgolemiot problem mi e toa sto mnogu bosi,goli gi ostavaat.Isto taka I izotvoreni vrati I prozori.Jas neznam kako na niv ne im studi.Kako ne cuvstvuvaat promaja.Ama toa,taka e vo site gradinki/ucilista,nemozam tuka nisto da smenat.Sto vika soprugov podobro da se pravam deka ne gledam inaku ke treba doma da go cuvame.
Imaat kniga kade se zapisuva se za sekoj den sto se pravele I kakov den imalo deteto dali bil sreken ili tazen.
I toa, nigde nema sovrseno.

< Поракaта ја уредил bucko mal RR -- 19.7.2014 6:24:58 >


_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: Колку сте задоволни од условите во детски...
10.6.2015 15:14:05   
vezilka RR
Бев да го запишам Јосиф во градинката во која оди и Никола. И таа, раководителката ме прашува за од кога сакам да почне, и јас и велам, октомври некаде. Лелее кога писна, нееее, нема шанси, ми вика, сега има 35 деца во јаслената група, а уште 35 се на список за од септември. А јаслената група, нели во септември не се празни цела, туку само децата кои тогаш ќе имаат 18 месеци, ги ставаат во поголемата група. И јас и викам сега што? Што да правам јас. Па почна да ми реди, колку многу деца имало, малку кадар имале, немало простории и сите познати работи кои ние родителите веќе ги знаеме. И и викам јас, добро, дајте на напишеме писмо, да се потпишат родителите и да го пратиме у општина дека имаме потреба од уште кадар, простор и се што набројавте. Ме гледа и вика, аааа нееее, џабе, нема шанси, сме пишувале ние и ништо. Абе викам јас ако сте пишувале, дајте пак ќе пишеме оти проблемот не е решен. И ме избрка, кутрата, ми вика ќе ви се јавиме во август да ви кажеме каква е состојбата. Гарант ќе ми се јават да ми кажат дека имало место, за да не пишувам писмо, user posted image или ко што вика мажле нема никад да го примат, да не им се мотам у двор.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот VAGA2)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?