|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  17 18 [19] 20 21   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Полицистични јајници
15.9.2013 15:08:24   
Melanija RR
ANA81 добре дојде на Рингераја и од мене user posted image

Твоето е искуство ќе биде важно за сите кои имаат полицистични јајници.
Во однос на твојата дијагноза имаме тема ТУКА=Xипотироидизам и тема за билките Лекување неплодност со билки =ТУКА

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 451
   RE: Полицистични јајници
19.9.2013 20:32:24   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: pepermint

после 5 месеци од моето предвремено породување во 24 недела почнав да се подготвувам за др. бременост. Направив комплет микробиолошки - уредни, TORCH-уредно, хламидија преку крв-негативна, комплет крвна слика - покачен холестерол, и сега поради огромен стрес ми се појавија цисти на десен јајник, правев и тумор маркери - ок се, сега незнам ќе видиме ќе проба со терапија да ги среди цистите. Тироидна испитав - ок. Сакам да одам на преглед кај др. димитров да слушнам и негово мислење.


ИЗВОРНА ПОРАКА: pepermint

дали некоја од вас има искуство со алтернативна медицина за лечење на цисти?


(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 452
   RE: Полицистични јајници
25.10.2013 12:23:33   
andrijance90
Aj da prasam i tuka nekoja iskustvo ima so Spironolakton ( 25mg) prepisan mi e radi zgolemena vlaknetost no vo upatstvoto na lekor pisuva deka e za visok pritisok,za isfrlanje na visok tecnosti od teloto, i ona sto mi e najcudno pisuva deka kako nus pojava moze da se javi zgolemena vlaknetost i nepravilni ciklusi user posted image i stvarno ne sfakam koja e pridobivkava od lekot i zasto se dava ovoj lek user posted image

isto da prasam onie sto piele Metformin koj go piele toj od Alkaloid ili onoj germanski mislam bese Glukofaz taka nesto..jas pijam od alkaloid ama edna prijatelka mi vika ne bil bas dobar toj user posted image

< Поракaта ја уредил andrijance90 -- 25.10.2013 12:31:32 >

(Одговор на членот teona)
Непосредна врска до пораките: 453
   RE: Полицистични јајници
26.10.2013 11:46:25   
Lina*
Za ovie prvive prv pat slusam a za Metforminot i mene endokrinologot mi gi preporaca Glukovaz a nikako od Alkaloid.

(Одговор на членот andrijance90)
Непосредна врска до пораките: 454
   RE: Полицистични јајници
26.10.2013 12:59:14   
andrijance90
Jas zedov Siofor germanski mi gi preporaca farmacevt kako najdobri za zeludnikot isto i ona gi piela :) Glukofazot nemaa crtka za secenje, a jas treba da go delam apceto, 850 mg dva pati dnevo da go pijam, nasabajle edna polovinka i navecer drugata..

Ke zaboravev da ve prasam dali moze da se obiduvame za bebce dodeka se pie metformin? Vo upatstvoto pisuva deka ne smee user posted image


< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 26.10.2013 20:41:27 >

(Одговор на членот Lina*)
Непосредна врска до пораките: 455
   RE: Полицистични јајници
1.11.2013 14:13:16   
Kvisko
И јас пијам метформин 500 милиграми дневно. Во Аптека ми го препорачаа Глукофаж и таков си купив. Пијам по едно апче сабајле. Инаку имам некоја гранична инсулинска резитенција и затоа пијам мала доза.
Имам полицистични јајници цел живот и мака мачам со циклуси. Успеав еднаш претходно да останам бремена ама за жал имав missed абортус заради септум во матката. Оттогаш веќе три години се маткам по лекари, сама ги убедувам да ми направат анализи и мислам дека дури сега најдов лекар што ќе ме види во целина. За жал пред да стигнам до неа по игра на случајнот матичната ми даваше кломифен што уште повеќе ми го збуни телото па сега секој месец ми се создава циста наместо да ми пукне фоликулот. Метформинот ми го даде сегашната лекарка по претходно направен ОГТТ тест и го пијам со надеж дека ќе ми помогне и за среднување на цистите и за средување на другите хормони. Дури сега почнав повторно да имам надеж дека ќе можам да останам повторно бремена.
Андријанче90 слободно пиј го метформинот влијае посредно на квалитетот на јајце клетките преку средување на инсулинската резитанеција и останатите хормони. Кога се постигнува бременост со метформин се продолжува со пиење метформин и во текот на бременоста како превенција од спонтан абортус.
ПЦО синромот е комплексна работа и понекогаш за такви жени важат други правила.

Само најде еден лекар на кој му веруваш и кој навистина ќе ти се посвети, без тоа ништо.

< Поракaта ја уредил Kvisko -- 1.11.2013 14:15:59 >

(Одговор на членот andrijance90)
Непосредна врска до пораките: 456
   RE: Полицистични јајници
2.12.2013 16:12:05   
andrijance90
Ke me umrat mene ovie moi jajnici, ne znam dali metforminot e slab deka pijam od 850mg ednas dnevno ama kako da ne deluva user posted image minatiot mesec dobiv na 26ti den od provociranata menstruacija vo oktomvri ( na 3.11 dobiv) a eve mesecov nema nisto, sabajle samo kako rozenikav iscedok imav si vikam aj ke dojde ama eve nisto nema user posted image Bolki imam epten slabi skoro neprimetlivi, i nekoi bodezi vo leviot jajnik user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 457
   RE: Полицистични јајници
2.12.2013 18:39:22   
Kvisko
Следи ја состојбата и ако не се подобри оди на лекар. Може да ти е сменет сиклусот и од тоа што пишуваш дека премногу си ослабнала. Кај жени со нормална тежина или малку над нормала кога се препишува метформин се внимава да не осабат премногу зашто и наглото слабеење може да доведе до промена на циклусот (во смисла отсуство на овулација, слаб цилус итн). Мене ми ја намалија дозата на метформин на 500 откако им кажав дека сум ослабела и тоа само малку.
А може и да си бремена. Направи си тест. АКо е така супер.

(Одговор на членот andrijance90)
Непосредна врска до пораките: 458
   RE: Полицистични јајници
2.12.2013 19:32:01   
kapina
A da ne si bremena adriance napravi test za bremenost mojta sestra dodeka go piese sioforot ostana bremena

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 459
   RE: Полицистични јајници
2.12.2013 21:09:49   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: andrijance90

Ke me umrat mene ovie moi jajnici, ne znam dali metforminot e slab deka pijam od 850mg ednas dnevno ama kako da ne deluva user posted image minatiot mesec dobiv na 26ti den od provociranata menstruacija vo oktomvri ( na 3.11 dobiv) a eve mesecov nema nisto, sabajle samo kako rozenikav iscedok imav si vikam aj ke dojde ama eve nisto nema user posted image Bolki imam epten slabi skoro neprimetlivi, i nekoi bodezi vo leviot jajnik user posted image


А да не си бремена? user posted image

(Одговор на членот andrijance90)
Непосредна врска до пораките: 460
   RE: Полицистични јајници
3.12.2013 15:50:15   
Melanija RR
Kvisko стварно си имала лоши лекари,џабе време си губела.Септум се отстранува, кога се пие кломифен за да не создаде цисти се прима инекција прегнил, а ако ОГТТ е во ред нема потреба од метформин.

Сериозно информирајте се сами не чекајте лекарот да ви каже,ако се суетни тоа што учелле тоа не се информираат дополнително.

andrijance90 ајде израдувај не user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 461
   RE: Полицистични јајници
3.12.2013 16:10:26   
andrijance90
ne sum bremena devojki toa sigurno, zabraneti mi se odnosite se dodeka ne otidam na kontorola zaradi problemov so bakterii sto go imavuser posted image ne znam sto se slucuva, sabajlevo povtorno rozenikav iscedok pomesan so kafeno, bolki malce pojaki ( sega prestanaa) Utre sum kaj ginekologov , ke go nosam spermogramot od mm da go vidi, i da vidime sto da pravam ama metforminov kako da ne deluva user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 462
   RE: Полицистични јајници
3.12.2013 16:12:16   
LoveableMe RR
Ајде оди кај гинекологот, па пиши ни пак. Не донесувај заклучоци пред време за Метформинот, пред да се потврди дали делува или не, треба да направиш контрола, тоа обично му треба колку што знам неколку месеци за да делува. Позз

(Одговор на членот andrijance90)
Непосредна врска до пораките: 463
   RE: Полицистични јајници
3.12.2013 16:18:21   
Kvisko
MelanijaRR септумот не ни знаев дека го имав се додека не останав бремена и имав missed заради тоа што плодот се закажил на септумот. Никој пред то а не го видел септумот затоа што така требало да биде. И не е тоа заради лекарска грешка едноставно не с еслучило да одам на гинеколог во втора половина на циклус кога септумот полесно би се видел. Септумот го видоа дури на киретажа и тоа им бил сомнителен на лекарите што ја правеа интеревнцијата па го викнале на сред интервенција Димитров кој потврдил дека веројатно се работи за септум. Човекот потоа ми објасни дека не е ретко септумот да не се види се додека не дојде до бременост, односно спонтан некогаш и заради поставеноста на септумот, матката итн итн. Истиот тој Димитров и отстрани септум на една моја другарка при хистероскпија а претходно ни неговот изверзирано око не го видело спетумот. Се случува да не може да се види.

Мојата голгота со септумот е дека сум имала „среќа“ (односно несреќа) првиот пат да останам бремена природно, спонтано и покрај тоа што имам полицистични јајници цел живот. Никој не е виновен што јас сум имала и полицистични јајници и септум. Тоа е тоа за септумот.

Проблемот е што после таа спонтано настаната бременост долго време сите лекари ми велеа дека само треба да се опуштам и ќе се среди. Е не се среди и тука лежи зајакот. Во меѓувреме сама истражував и пробував сама да дојдам до одговори. Сама си отидов на испитување на ХСГ откако увидов дека матичната не ја бива за ништо. И нормално сменив матична па сега се поместувам од мртва точка. И со новата матична тргнав на клиника.

За метформинот не сум јас со перфектен ОГГТ. Имам како што пишав гранична вредност. Гликемијата ми е ОК, ама инсулинот ми оди се качува премногу високо после саат време од пиење на растворот. Потоа се враќа многу блиску до горната граница на нормалното. Со оглед на тоа што другите хормони сите ми се во граници на нормала (освен инверзен однос ФСХ ЛХ и низок естрадиол од време на време) баш полагам надеж дека ете баш тој инсулин е проблем. А има и жени со нормален ОГГТ на Запад, а и во Хрватска колку што имам читано што пијат метформин зашто само така добиваат квалитетни јајце клетки.

Единствено што си замерам сама на себе е што и покрај тоа што ми беше сомнително за употребата на кломифенот по препорака на таа матичната што ја сменив го пиев. Тоа ми направи проблем за кој сегашните лекари ми викаат дека ќе треба време да се среди.
Сега кога ќе примам кломифен секако ќе се оди со Прегнил и со инсеминација нема веќе чекање.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 464
   RE: Полицистични јајници
3.12.2013 16:45:13   
Kvisko
Andrijance90 мене ми кажаа дека ефектите од метформинот се очекуваат после 3 месеци континуирано пиење. Не се обесхрабрувај веднаш. Исто ми кажаа и дека ко нема ефект од него после 6 месеци треба да се прекине зашто па и не е убаво константно да се пие. Кај ПЦОС се пие по потреба.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 465
   RE: Полицистични јајници
4.12.2013 21:15:17   
andrijance90
Eve me mene bev denes kaj doktorot mi rece moze da cekame da dobijam uste cel mesec aber nemalo tenok endometriumot bil mnogu user posted image mi dade primolut nor da pijam 7 dena, a na 5ti den da ispitam prolaktin ( zaso imav problemi so nego) i sedimenmtacija i da se javam da zakazam za hsg, saka da vidi kakvi se tubite zaso vaka nisto nemoze da mi dava kako stimulacija bez toa i samo vreme minuva .
E sega kako sto znaete jas maka macev so bakterii, piev vibramicin sumamed eritromicin vaginaleti i sega stavam linex lady vaginaleti, deneska mu velam na nego i na sestrata da [pravime brisevi neli ne smee so bakterii ako nedaj boze ima da pravam hsg i me iskaraa, deka sum citala po internet ne sum slusala nusto deka dobar doktor sum imala da sum se opustela ke si zaplacev za malce od sto me karaa user posted image
Mi rece brisevi januari duri koga ke zavrsam so linex lady. I sega na trista uma sum, sto da pravam , sto ako ne se izlecile bakteriite, jas i minatiot pat mu spomnav kako ke pravime hsg ako imam bakterii on mi rece ne se sekiraj ti ke lezis jas ke se macam tamu user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 466
   RE: Полицистични јајници
5.12.2013 21:27:27   
Melanija RR
Постовите за ХСГ се префрлени во соодветната тема Проверка на проодност на каналите

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот andrijance90)
Непосредна врска до пораките: 467
   RE: Полицистични јајници
30.12.2013 22:28:53   
merilin
Zdravo RR

Sakav da spodelam s vas moite hormonalni rez.Imam pokcen prolactin(4-23 a jas imam 74ng/ml) potoa pokacen testosterone (1-6 a jas imam 9.7pg/ml) I na krajot pokacen DHEA Sulfate(140-400 a jas imam nad 500 mcg/dl)
Ne gi poznavam referentnite vrednosti bidejki sum vo usa I zam deka ne se isti kako vo mk ama mi rekoa pred da pristapime kon terapija za PCOS za maskite hormone moram da ispitam kaj endokrinolog od koja pricina e pokacen prolaktinot a toa me zagrizuva...megjutoa sto e toa e takve sme rodeni....Vi posakuvam na site srekni praznici

< Поракaта ја уредил merilin -- 30.12.2013 22:33:25 >

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 468
   RE: Полицистични јајници
31.12.2013 10:07:15   
LoveableMe RR
Merilin, здраво, доколку те интересира само пролактинот, имаш тема Хормонална рамнотежа услов за бременост, имаш информации за сите ние што имаме покачен пролактин, а во оваа тема имаш за полицистични јајници. Позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот merilin)
Непосредна врска до пораките: 469
   RE: Полицистични јајници
3.1.2014 5:47:35   
merilin
Zdravo RR
Srekni praznici vi posakuvam i se najubavo vo novata godina .
Moram da priznam deka za nova godina go dobiv najuubaviot poklon.ke bidam kratka: prestanav so diane posto mi beese smaceno od hormoni i pocnav da zimam vitamini od koi Inositol, folna kiselina ,calcium so vit d ,omega 3, vitex ..
Po mesec vreme odnosno ma 31 vi dekemvri jas dobiiiiv menzis. ( vo moj slucaj bez apcinja nikako ne dobivav nitu na. 6 meseci).zvuci skapo no ne zalev za proba. Seto toa i mn dr raboti nauciv od angliska web strana specijalizirana za pcos megjutoa se plaka da bides clen.prodzuvam so isto tempo i ovoj mesec pa ke vi pisam rezultati...pozdrav do site rr. :)

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 470
   RE: Полицистични јајници
3.1.2014 12:54:00   
Melanija RR
merilin тоа се одлични вести user posted image и се надевам скоро user posted image

Доколку сакаш можеш да споделиш дел од тие информации што си ги нашла на нетuser posted image

Имам едно прашање.За што се пие метформин, и кои испитувања се прават за да се претишат апчињава?Знам дека е за полицистично но конкретно ме интересира.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот merilin)
Непосредна врска до пораките: 471
   RE: Полицистични јајници
3.1.2014 14:07:09   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

СИМПТОМИ НА СИНДРОМОТ НА ПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ ИЛИ ПЦОС
Жените со синдром на полицистични јајници имаат барем неколку од следниве симптоми:
  • Нередовна менсруација. Ова е најчестиот симптом. Менструацијата се јавува на растојанија поголеми од 35 дена, често пати може да изостане со месеци. Нередовните менструации можат да се јават од пубертетските денови или пак да започнат после зголемувањето на телесната тежина.
  • Зголемено ниво на машки хормони, што од своја страна предизвикува: зголемена влакнавост, опаѓање на косата, акни и сл. Но не сите жени со ПЦОС ги имаат изразено овие симптоми.
  • Односот на лутеинизирачкиот хормон (LH) и фолукулостимулирачкиот (FSH) е 2-3 пати поголем во корист на LH.
  • Зголемени јајници со многубројни цисти. Оваа појава може да се забележи на ултразвук. Но има жени кои имаат јајници со оваков изглед, а го немаат синдромот на полицистични јајници. Исто така има жени со ПЦОС кои немаат овакви јајници.
  • Неплодност. Често пати кај жените со ПЦОС има отсуство на овулација, односно не созреваат јајце клетките.
  • Прекумерна телесна тежина.
  • Темни флеки на кожата на вратот, под мишките, на внатрешноста на бедрата, под градите и на вулвата.
  • Дијабетес тип 2 или пред дијабетес. Се карактеризира со неспособност на организмот добро да го искористува инсулинот, односно во организмот постои нечувствителност на инсулин. Уште е наречен скриен дијабетис или нарушена способност на организмот за толеранција на глукоза. Во нормални случаи кога има вишок на шеќер во организмот, инсулинот прави тој да се складира. Со тоа нивото на шеќер се одржува исто. Кај дијабетис тип 2 ова функција е нарушена и нивото на шеќер во крвта после оброкот значително расте. Се испитува со тест на толеранција на глукоза.
  • Висок крвен притисок.
ПОСТАВУВАЊЕ НА ДИЈАГНОЗА

За поставување на оваква дијагноза е потребно да се проучат клиничките симптоми кај жената, да се направаи ултразвучен преглед, како и лабораториска анализа на хормоните. Можат да се направат и дополнителни тестови за толеранција на глукоза и присуство на маснотии во крвта. Раната дијагноза е од голема важност за да се спречат подоцните компликации како: дијабетис или срцеви заболувања. ЛЕКУВАЊЕ НА СИНДРОМ НА ПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ
Лекувањето на жените со ПЦОС се состои во лечење на конкретните проблеми. На пример се превземаат мерки ако се работи за неплодност, се земаат други лекарства ако се работи за акни ит.н. Долгорочно многу е важно да се намали ризикот за: висок крвен притисок, висок холестерол во крвта, срцеви заболувања, зголемена телесна тежина и дијабетис.

Медикаменти за регулирање на менструалниот циклус:

Контрацепција. Ако не се обидувате да останете бремени, докторот може да Ви препише контрацептивни медикаменти. На овој начин се намалува количината на машките хормони, а се намалува и ефектот од преголемото количество на естрогени. Ова ќе ги намали шансите за појава на ендометријален рак или ненормални крварења.

Прогестерон.
Алтернативен метод е да земате прогестерон (најчесто Дабростон или Примолут Нор) во втората половина од циклусот, секој месец. Ова ја регулира менструацијата и ги намалува шансите за ендометријален рак, но не го намалува нивото на машките хормони.

Третмани за постигнување бременост:
За да забремените потребно е да се постигне овулација. Често пати овулација се постигнува со користење на Кломифен. Кломифенот е хормонален препарат, кој се зема 5 дена во првата половнина од циклусот, најчесто од 5-9 ден или од 3-7 ден. Ако лекарот увиди дека не се постигнува овулацијата, може да Ви препише и Метформин. Кај повеќето жени е ефикасна терапијата со Кломифен или комбинацијата со Метформин. Ако не се успее и на овој начин, се даваат гонадотропини во вид на инекции.

Доколку не се успее да се предизвика овулација со медикаменти, се прави т.н. дренажа на јајниците. Тоа се изведува со лапароскопска операција, при која се прават убоди со струја или ласер, на површината на фоликулите на јајниците. На овој начин се уништуваат делови од јајниците, но се овозможува овулацијата. Успешноста на операцијата е поголема кај жени, кои телесната тежина претходно ја довеле во нормала.
Медикаменти за тип 2 дијабетис:

Често се употребува метформинот, за кој исто е утврдено дека после неколку месечна редовна употреба, позитивно влијае и врз овулацијата,.

ЗДРАВ НАЧИН НА ЖИВОТ
Од примарна важност при третирањето на ПЦОС е водење на здрав начин на живот:
  • Редовно вежбање. Често пати редовното вежбање е единствен начин кај жените со ПЦОС, за справување со нетолеранцијата на гликоза. Со вежбањето доаѓа до искористување на вишокот шеќер во крвта. Колку повеќе вежбате, толку подобро.
  • Намалување на телесната тежина. Одржувањето на нормална тежина, често пати е најсигурен начин за да се избегнат другите симптоми на ПЦОС. Често пати жените со преголема телесна тежина ако ослабат, повторно може да ја повратат овулацијата или да се ублажат другите симптоми. Зголемената телесна тежина може да биде одлучувачки фактор и за појава на дијабетис тип 2.
  • Јадете интегрални житарки, мешункасти растенија, кафеав ориз, многу зеленчук, овошје и друга храна богата со растителни влакна. Колку побавно храната се преработува во желудникот, толку побавно се зголемува и концентрацијата на шеќери во крвта, што е многу важно заради опасноста од дијабетес.
  • Избегнувајте едноставни шеќери како: слатки, газирани сокови, премногу овошни сокови и сл.
  • Избегнувајте храна богата со маснотии.
  • Доколку пушите, престанете.
  • Исфрлете го алкохолот.
  • Не заборавете ги редовните лекарски контроли, на тој начин можете да спречите многу од можните компликации кај ПЦОС.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Dimitrina

[align=left.... Имав многу безуспешни обиди да забременам во текот на 1 година од бракот, потоа уште една година бев подложена на разни протоколи за забременување (кломифени, пурегони, прегнили и сл), имаше овулација по вештачки пат, но бебе немаше[image]

Потоа, јас работата ја зедов во свои раце, консултирајќи разни студии на Интернет....и почнав (скоро целосно на своја рака) да пијам МЕТФОРМИН.... кој ми помогна да си ги вратам овулаторните циклуси, и по 6 месеци пауза со секакви лекови (исклучиво метформин, намалување на телесната тежина за цели 10кг и пиење на чај ВРКУТА или МАЦИНА ТРАВА) јас останав бремена и ја имав најлесната бременост на свет и го родив моето најмило детенце.....



ИЗВОРНА ПОРАКА: Dimitrina

.......Значи, пред да направам било што на своја рака, јас нормално, во консултација со мојот гинеколог, ги направив сите можни испитувања (иако сите ми се смееја дека треба да чекам барем една-две години). Значи приказната беше ваква:
- Испитувања на хормоналниот статус на 3, 15 и 21 ден од мензис= малку покачен тестостерон и намален прогестерон (индикации дека станува збор за ановулаторни циклуси, и тоа не секогаш)
- Спермограм- кај сопругот се беше ок
-Почнат протокол со кломифен (кој треба да предизвика овулација) и следење на растот на фолекулите= со секоја доза на кломифен (и тоа најмала) јас имав овулација, но бебе немаше.
- Два циклуса под терапија со пурегон (малку појаки хормонални лекарства)= Овулација +, бебе-
- Испитување на проодноста на јајцеводите- се е ОК
На мојот доктор му спомнав дека сум читала по интернет или по формуми за Метформинот, но тој некако беше не баш среќен за оваа идеја и ми рече да отфрлам стрес и дека здравје боже за некои 6-7 месеци да се обидам со вештачко оплодување. Потоа правев четири месеци пауза, почнав да водам малку поздрав живот и да ги пијам метформинот на своја рака (ми ги препишуваше општиот матичен доктор), одат на рецепта и чинат околу 20 ден (што е ништо во споредба со стотиците евра кои ги дадов за пурегоните и сл. препарати).



_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 472
   RE: Полицистични јајници
3.1.2014 14:26:47   
Melanija RR
LoveableMe RR фала ти user posted image
Ова го прашав бидејќи последнава година читам на доста рингерајки им го даваат тој лек.И повеќето немаат направени некои испитувања, па баш мислев да пише некој рингерајка со искуство.

Јас имам еден вид на полицистични,но со редовен циклус , имам влакнетост и немав овулација, и баш затоа после 6 месеци по лекари матичната ме испрати на ОГТТ (скриен шеќер).Баш супер е тоа од постот на profesorica
.Многу исправно ме водеше матчниот гинеколог .Се чудам како без тој тест и инсулин хормонот даваат да се пие метформин,ако нема резистентност кој ги троши јајниците.Инсулинот ми беше ок,исто ООГТТ и пак немав овулација.

После толку искуство знаеме да ги поврзуваме работите ( несудени лекари со мака user posted image )

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 473
   RE: Полицистични јајници
3.1.2014 14:51:50   
Kvisko
Јас не сум чула неојк да добил метформин без да го направи тој тест. Сите што ги знам го имаат направено тестот или го земаат метофрминот на своја рака. Конкретно јас го направив па врз основа на тој тест добив терапија метформин. Јас како што пишав сум граничен случај односно инсулинот многу ми се покаќува после 1 саат, а гликозата ми останува нормална. На 2 саат вредноста на инсулинот ми се спушта скоро на горна граница. На Ендокринологија ми рекоа дека ако добиеле ваков резултат кај друг пациент би било ОК, ама бидејќи се работи за ПЦОС (со другите хормони во рамки на нормала) да си се косултирам со гинекологот па ако гинекологт одлучи да добијам терапија да ја добијам. И така и бидна добив мала доза која сега за сега ми помага во регулирањето на цистите и на циклусот.

Знам за случаи во странство каде пред ИВФ им даваат на пациентките метформин за да се подобри квалитетот на јајце клетките дури и ако тестот е со нормлани вредности.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 474
   RE: Полицистични јајници
28.1.2014 12:21:13   
Shygirl
Здраво...
Јас сум нова на форумов и го имам истиот проблем како сите вас. Имам 20 години, а овој проблем го открив кога бев 18. Тогаш прв пат посетив гинеколог и кога ми кажаа веднаш почнав да пребарувам по интернет (бидејќи сум паничарка) и сватив дека е сериозно. Сеуште сум мала да размислувам за дете, но многу се плашам. Одам на секои 6 месеци на преглед во Св. Лазар. Имам слушнато дека на многу им помогнал чајот од невен и кантарион, па сакав да прашам како го конзумирате вие? Дали може да се меша и дали е ефективен? И дали го набавивте од аптека? Ви благодарам многу :-)

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 475
Страница:   <<   < Претходна страница  17 18 [19] 20 21   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  17 18 [19] 20 21   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?