|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Сличности и разлики помеѓу нашите деца
23.2.2014 21:50:24   
Snowhite RR
Велат една мајка, два карактери, односно како да не ги родила една мајка. Па дали е навистина така. Да си ги напишеме сличностите и разликите помеѓу нашите деца

Сличности:
И двајцата беа мирни бебиња, си спиеа цела ноќ, немаа грчеви, такви работи
И двајцата не сакаа цуцла
И двајцата ги доев до 13 месеци
И двајцата не пиеја течности, вода, сок, чај до година
И двајцата се тешки за заспивање

Разлики
Михаил не пиеше млеко и млечни производи и до ден денес не пија и не јади, а Јана си пија и млеко и јогурт и павлака и се што е млечно
Михаил не пиеше воопшто од шише, а Јана пија
Михаил сок и чај дури сега почна да пија, сок така и така, а чај повеќе, а Јана еве после година пија и сок и чај
Михаил првите чекори ги направи на 13 месеци, а прооде на 14, Јана првите ги направи на 10 и пол месеци, а сама прооде на 13 месеци
Михаил беше помирен, сам си заигруваше, а Јана е полоша, се лути за се и сешто и слабо се заигрува со играчки
Михаил кога ќе заспиеше, топ не го разбудува, а Јана само малку да шушниш одма се разбудува
Михаил спија каде и да го легниш, а Јана само в спална
Со Михаил повеќе се влечкавме по доктори, а Јана (да не ја заречам) можам да кажам дека ја немам однесено на лекар, до сега само еднаш има пиено антибиотик
Михаил послабо јадеше, се молевме за јадење, додека не тргна во градинка, а Јана јади се, нормално има периоди и таа кога протестира

Па сега засега толку, ако ми текне уште нешто ќе допишам
Ајде сега вие кои имате најмалку две деца кажете кои се сличности и разлики меѓу нив

Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Сличности и разлики помеѓу нашите деца
24.2.2014 1:36:18   
Defne90 RR
И кај нас е нешто слично само обратно.Ајде и јас да ги напишам сличностите и разликите.
СЛИЧНОСТИ:Ги нема многу ама ете некои;Ајде најпрво и двајцата ги донесов на свет со природно породување.
И двајцата проодеа на 15 месеци.
И двајцата се темпераментни.
И двајцата стануваат ноќе по повеќе пати,не спијат како некои деца по цела ноќ.
И на двајцата првите запчиња им никнаа на 10 месеци.
РАЗЛИКИ:Мислам дека разлики има повеќе.Еве некои;Марјан не цицаше воопшто не сакаше да ми ја фати градата и цело време се измолзував до 40 и му додавав и АД.После преминавме само на АД.Александра уште од првиот ден си почна со цицање и ете до ден денес уште цица има скоро 16 месеци тој за разлика од Марјан е заљубен во градите.
Марјан пие сок уште од 3 месеци а Александар дури сега почна по малку.
Марјан Си пие млеко уште од 5 месеци и до ден денес пие ептен многу а Александар не сака ни да го помириса.
Александар уште од 8 месеци јаде павлака,кисело млеко,јогурт,а Марјан дури сега почна по малку.
Марјан дури сега почна да јаде чоколади а Александар јаде уште од 10 месеци и ептен ги сака.
Марјан јадеше до пред некое време само пасирано и блендирано, а на АЛександар никогаш му немам пасирано храна и јаде побрзо од Марјан иако има само 4 запчиња.
Марјан бараше постојано да биде во раце и не знаеше да се заигра со играчките,а Александар не сака во раце сака сам да си оди и се заигрува со играчките.
Марјан не лазеше ич, а Александар лази уште од 10 месеци сега откога прооде лази послабо.
Марјан првпат се разболе после првиот роденден а Александар се разболе прв пат кога имаше само месец ипол.Со александар бевме постојано по доктори до пред годината а Марјан го носевме само за да си ги приме вакцините.
Александар е подруштвен и подружељубив за разлика од Марјан и полесно се дели од мене иако тој цица а Марјан не цицаше.
Марјан заспиваше само со мене и тоа само дома и во неговото креветце,а Александар заспива со сите кај и да се најде.
Па тоа е отприлика,гледајќи ги моите деца забележувам дека има повеќе разлики од сличност.И да не заборавам разлика во физичкиот изглед ептен малку си личат речиси и да не си личат чиста спротивност се.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Сличности и разлики помеѓу нашите деца
24.2.2014 1:54:35   
Defne90 RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

Ми текна уште на неколку разлики.Значи Марјан цицаше цуцла до 15 месеци а Александар воопшто не цицаше.Марјан имаше многу грчеви и тие траеја многу долго време некаде до 6 месеци а Александар речиси и да немаше.марјан обожаваше да се вози во дубалка го стававме до 14 месеци во него,лом го направи,а Александар воопшто не сакаше да го ставаме.Неговиот се е здрав и чисто нов дека не е користен.Марјан не сакаше да се вози во количка а Александар обожава секогаш си заспива во неа кога и да го ставам.Марјан одеше на прсти до 3 години,а александар не оди воопшто на прсти.Рекламите и песните што му се допаќаа на марјан кога беше на таа возраст не му се допаѓаат воопшто на Александар.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Сличности и разлики помеѓу нашите деца
19.6.2015 15:09:49   
vezilka RR
Исти а различни, хехехе.
Слични се оти си наликуваат, во ликот, иако малиов е со виткано косе и плаво-зеленкасит очи, а големово со кафеави очи и права коса. Се родија приближно со иста килажа, и приближно исто растат. И двајцата спијеа како бебиња по цела ноќ. И двајцата си се јашни деца, па сум немала проблем со јадење.
Големиов етен цицаше и сакаше да цица (мислам дека и сега на 4 ипол ако го прашам дали сака, ќе рече дека сака) а малово се одби уште на 3 месеци. Големово беше, и уште е, ждерач на енергија, сака цело време да биде во центарот на вниманието, како бебе, цело време сакаше во раце и сл. Малово е бубалка, сега за сега, дури не прооде, не не бараше за во раце или нешто да пишти некој да му обрнува внимание. Големиов плаче(ше) во просек по пет пати на ден, малово еднаш на пет дена. Големиов се дигна на нозе на 11 месеци, и тогаш и почна и да лази, а прооде на година ипол. Малово се дигна на нозе на 7 месеци, од 10 веќе патка, и сега на годинка е скоро прооден., а не пролаза воопшто. Никола пак мислам дека збори од кога се роди, дури не се ни сеќавам дека некогаш не знаел да збори, а малово еве уште не збори, не кажува ништо освен случајни слогови. Големиов не беше љубобитно бебе, а малово сака во секое дупче да ѕирне, и се да фати и отвори. Никола не седеше у количка ни за жива глава, а малово си седи.

Кога споредувам вака повеќе се различни отколку слични, ама јас имам чувство како да се исти, како одново Никола да го растам.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 4
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:

Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?