|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  19 20 [21] 22 23   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Полицистични јајници
13.2.2014 22:39:04   
andrijance90
Ke mi se namalel so dietata insulinot , i jas se soglasuvam deka ne moze ishranata do tolkava mera da gi sredi vakvive problemi. Eve jas od 16 godini sum so pcos a slaba bev epten, nosev pantaloni XXS I XS user posted image a nitu dobivav nitu ovulacii imav. Se popraviv malce nakaj 22 godini ama ne od hormonive tuku od lezenje user posted image samo si sedev doma, si jadev sto mi tekne i normalno kilazata si dojde user posted image jas vnimavaam sega na ishranata cisto za mene, ama kamo sreka da mi se sredea problemive so hrana nisto nemase da jadam user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 501
   RE: Полицистични јајници
13.2.2014 22:43:13   
mommy_angels RR
Јас сум тежок случај на ПЦОС и еве и после породување не ми е регулиран циклусот(а нели после породувањето се се средувало user posted image ).Е сега Андријанче 90 ,знам дека иритира зборот диета,ама мислам дека навистина има корист,само што јас не би ја нарекла диета туку начин на исхрана.После абортусот што го имав,што од нервоза,што затоа што така решив,сменив сосема исхрана.Благото и тестенините сосема ги исфрлив од животот и може да се живее без нив user posted image .Ова навистина имаше влијание кај мојот циклус.Е сега дали поради тоа или затоа што сосема се опуштив и не мислев на правење дете или пак морскиот воздух и вода влијаеа,незнам ама јас останав бремена кога најмалку очекував.Со ова сакам да кажам ништо не е на одмет,(за ендокринологија не сакам ни да се потсетувам),ама работите што барем малку може да ти помогнат,не пречи да се направат.
Чисто за илустрација,при царскиот рез докторката што ме правеше ми рече дека толкави големи јајници во живот нема видено(а секој ден оперира),а тоа е резултат на ПЦОС,дури и ми напомена првите неколку дена после операцијата многу внимателно да станувам.Мој совет би бил комбинирај од се по малку и резултатот ќе биде видлив.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 502
   RE: Полицистични јајници
13.2.2014 23:09:01   
andrijance90
I jas ne jadam blago, bel leb testenini, veke 5 meseci ali nazalost nema efekt user posted image ne be takvo e kaj mene od sekogas i koga jadam i koga ne jadam toa e...user posted image A, ti si ostana bremena bez terapija? user posted image Problemi so hormoni nemase? Inace jajnicive i mene mi se zgolemeni baagi, sega malce se podnamaleni ali sepak se golemi user posted image Mislam po losa i komplicirana rabota od pcos nema ama ke bide i toa mora user posted image

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 503
   RE: Полицистични јајници
13.2.2014 23:15:25   
Kvisko
Andrijance90 инсулинската резистенција кај ПЦОС нема врска со тежината. Најчесто е поврзана, ама не мора да значи. Кај жените со нормална тежина дури и потешко се регулираат симптомите на ПЦОС со инсулинска резистенција. Инаку јас имав нормална гликемија (дури и на долна граница), ама инсулинот после 1 час ми скокна до 130, шеќерпт си остана околу 5-6.

Инаку ова со овулацијата и начин на исхрана и кломифени и слично е се индивидуално. Јас на пример настрадав од кломифенот што ми го препиша матичната. Првиот циклус имав фолукил што прерано прсна, потоа од него почнаа да ми се прават цисти што пукаа нареднито циклус ама комплетно ми ги реметеа циклусите. И тоа траеше до пред неколку месеци. Сега метформинот мислам дека малку од малку ми помогна. Последниот циклус со стимулација со 50мг кломифен имав еден убав фоликул и супер естрадиол.
Претходно за чудо имав една природна бременост која заврши со спонтан од сосема друга причина (септум).

Со ПЦОС никогаш не се знае ниту дали ќе има нити кога ќе има овулација. Се е до среќа.

(Одговор на членот andrijance90)
Непосредна врска до пораките: 504
   RE: Полицистични јајници
13.2.2014 23:23:24   
kapina
jas utre  ke ispituvam na 13 den fsh lh i estradiol se nadevam ovoj pat ke bidat vo red oti vo oktomvri site bea nizki 

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 505
   RE: Полицистични јајници
13.2.2014 23:35:59   
andrijance90
Ili sreka Kvisko ili sek*anje sekoj den po nekolku pati user posted image user posted image ke se pogodi ednas sigurno user posted image Jas se izvinuvam vaka ama moze da se proba i toa user posted image

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 506
   RE: Полицистични јајници
14.2.2014 9:00:01   
Kvisko
Пробано и тоаuser posted image . Ако нема овулација ништо, плус нема ни сперматозоиди од пречесто. Јас сега за сега сум само на мислење дека е само до среќата и до ништо друго. За жал зашто јас очигледно сум од тие без среќа.

(Одговор на членот andrijance90)
Непосредна врска до пораките: 507
   RE: Полицистични јајници
14.2.2014 9:16:34   
mommy_angels RR
A, ti si ostana bremena bez terapija?

Шест месеци се немав напиено ни аналгин ,а не пак хормони.Моите се во хаос,ако ме видиш колку влакна имам по мене,се ќе ти биде јасно.Јас броев денови,стимулации со кломифен,метформин,инсеминации,ин витро,значи се по ред.И на крај останав бремена случајно.Квиско,да,до среќата е,или како што си викам јас ,тогаш требало да биде.И јас во тие седум години си мислев не сум јас од тие среќните,ама гледаш сум згрешила.
Женички само храбро на мегдан со макава и ќе видите дека вие сте посилни.

(Одговор на членот andrijance90)
Непосредна врска до пораките: 508
   RE: Полицистични јајници
14.2.2014 11:44:15   
LoveableMe RR
Mommy angels, може ли да ја раскажеш твојата успешна приказна за забременување во темата Приказни со среќен крај, се она што си поминала со ИВФ хормони и друго, па како случајно забремени, да ги охрабриме другите членки. Позз

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 15.2.2014 20:51:08 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 509
   RE: Полицистични јајници
14.2.2014 19:17:15   
Kvisko
Се бидува. Ако е само ПЦОС проблем а се друго е во ред шансите да се деси природно се добри. Некогаш ќе има овулација.
Кога ќе се наталожат проблеми и мора да се бориш на повеќе фронтови е тоа е веќе друга приказна (а јас сум во таа приказна). Ама и јас се надевам дека ќе биде. Немам избор.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 510
   RE: Полицистични јајници
16.2.2014 11:57:58   
Kvisko
MommyAngels дали може да објасниш што точно исфрлли од исхраната. Јас последнито месец изфрлив се што има глутен. Ај кажи пример за дневно мени и состојки што ги јадеш, а што не јадеш.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 511
   RE: Полицистични јајници
17.2.2014 18:22:00   
butterfly1
I mene me interesira vo vrska so ishranata user posted image Jas denes izedov dve cokoladi user posted image majke mi ke mi se slosi sega no ne jadam blago moze so godini , denes nesto taka mi dojde ubavo na dusava raspolozena se osetiv i se pocastiv user posted image valjda nisto nema da mi stane user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 512
   RE: Полицистични јајници
17.2.2014 22:56:40   
mommy_angels RR
Јас незнам дали да кажам дека бев на некој режим на исхрана,едноставно тогаш така се чувствував и таа храна ми одговараше.Најважно,леб,бели пецива,пици тестенини ,ништо од тоа воопшто не јадев.Ниту пак благо.Дневните потреби за шеќер ги задоволував со овошје и тоа до првата половина на денот,навечер не јадев.За појадок обично беше овошје,за ручек што ќе зготвев,значи не е важно ,компир,месо ориз ,манџи,буквално се,само без леб и со многу салати.Вечерата најчесто беше свеж зеленчук или салата,со сите зачини и најчесто тоа беше шопска салата,со сиренце нормално.Количината никогаш не ми беше важна,јадев дури сакав user posted image .
Ова можам да кажам дека е некој режим на исхрана на дијабетичари(знам зашто ги имам во фамилија) и затоа и погоре ви реков,не за џабе се прават тие испитувања на Ендокринологија и тие диети се даваат за синдромот на ПЦОС.Кај мене исхраната и тоа како влијаеше на циклусот,а и на телесната тежина.
Во право си Квиско ,кога повеќе проблеми се измешани,е уште потешко,ама наше е да ги елиминираме еден по еден.Резултатите се неизбежни user posted image
И уште нешто,ова е еден вид здрава исхрана,а физичката активност е уште еден дел од мозаикот кој придонесува за уште подобри резултати.Барем ова е моето искуство,не викам дека е чудотворно,ама ете мене ми помогна.

(Одговор на членот butterfly1)
Непосредна врска до пораките: 513
   RE: Полицистични јајници
18.2.2014 9:30:44   
Kvisko
Супер фала што сподели.

Јас секако внимавам што јадам. Отсекогаш сум јадела мусли за доручек зашто без доручек не функционирам. Откако го направив ОГГТ тестот сфатив и зошто, имам висок инсулин и низок шеќер.
Во последно време отфрлив и благо (освен едно парче торта за роденден). Последниов месец отфрлив и се што е пченично брашно.
Никогаш не сум била со вишок килограми, ама сега сум послаба од било кога.
Сепак и со метформин и со сменет начин на исхрана едноставно имам предолг циклус и непредвидлив. Се надевам само дека метформинот ќе ми помогне околу овулациите (или веќе помогнал).

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 514
   RE: Полицистични јајници
18.2.2014 14:09:53   
vezilka RR
princess_22 најубаво е да си провериш преку крв. Постовите, бидејќи се работи за знаци на бременост ќе ги префрлам таму.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 515
   RE: Полицистични јајници
19.2.2014 6:03:27   
merilin
Zdravo devojki!!!
Jas se izvinuvam ne sum sekogas aktivna megutoa cesto ve citkam.Da spodelam nekoja dopolnitelna informacija za onie koi sakaat user posted image
Pijam poveke vitamin od koi:vitamin D so Calcium(okolu 2000mg),multivitaminski,Omega 3,i najvaznoto kombinacija od dva vitamin vo edno paketce INOSITOL I FOLNA KISELINA.Jas sum vo USA I ovie dva vitamin se prodavaat vo edno paketce Dnevnata doza na Inositol treba da bide 2000mg a folnata okolu 400mg.Bez da probam da pijam vitamin jas ne dobivav iako uste ne sakam user posted image
Otkako pocnav jaas dobivam ciklus vekje 3 meseci pod red.Srekna sum sto ne sum na kontraceptivi poveke bidejki me izluduvaa.Se nadevam ke pomogne na nekogo.Imam edno prasanje do vas hormoni ispituvav dve nedeli pred da dobijam menzis I dva meseci posle prekinuvanje na kontraceptivi dali rez se lazni????Imam pokacen prolactin I maskite hormoni sekako .Ne znam kolku e tocen rez dali prolaktinot varira .
Vi blagodaram RR

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 516
   RE: Полицистични јајници
19.2.2014 9:54:45   
sasaiciko
Moi RR za zal od forumot inseminiciii preminuvam tuka poradi toa ste sabajlevo mi kaza dekase vbrojuvam vo ovaa grupa. sakam da prasam dali nekoj od Vas ima pieno metformin

(Одговор на членот merilin)
Непосредна врска до пораките: 517
   RE: Полицистични јајници
19.2.2014 10:41:16   
bebence19
jas imam policisticni jajnici sega sum 24 nedela bremena :), probav se i sesto, bev na lekar se obiduvave 1,5 godina i na kraj si ostanav prirodno bremena nemam koristeno nisto od lekarstva no zatoa piev caj i toa posledno pred da ostanam bremena piev ajducka treva, neven, seme od kopriva i plus brusnica ne se sekavam dali imase uste nesto no mislam deka bea tia gi imav pieno i prethodno i sega na mene ciklusot mi docnese do 12 pa i 15 dena, koga go piev ovoj caj mi se regulirase. No jas mislam deka se fati posto se opustivme i zaboravivme deka pravime bebce imeno bevme kaj organdziski koj me napravi neplodna za posle dve nedeli da doznaam deka sum bremena :)

_____________________________

знам дека можеме :)

(Одговор на членот sasaiciko)
Непосредна врска до пораките: 518
   RE: Полицистични јајници
19.2.2014 11:06:18   
sasaiciko
Jas veke neznam kade da se obratam.So mm se obiduvame da zabremenav veke 3 godini.lani ni kazaa deka mm ima slab spermogram i ni preporacaa direktno da odime na invitro bidejki nema doolno materijal za inseminacii.Od fondot ne vrakaa dva pati i tretiot pat pobaraa cetri inseminacii vo period.prvata ja pravevme pred nova godina i se si bese vo red so mene i moite folikuli(golemina , brojka) samo sto brojkata na spermatozoidi kaj mojot soprug bese mala. Koga dojde vreme za vtora iseminacija folikulite nikako da porasnat.Mi preporacaa se detalno okolu hormonite da proveram .izleze deka eden del mi se vo red a nekoi ne.Poradi toa mi rekoa deka spagam vo grupata na policisticni jajnici bidejki insulinot mi mnogu zgolemen i mi kazaa tezinata vo najmozno kus pediod da ja namalam. E sega nemozam da razberam edna rabota ovaa tezina jas ja imav i pred dva meseca ne mi e smeneta samo sega nemam razvivanje na folikulite .HELP nekoj nekoj sovet ?

(Одговор на членот bebence19)
Непосредна врска до пораките: 519
   RE: Полицистични јајници
19.2.2014 12:13:52   
Kvisko
Полицистичните јајници се непредвидливи. Некогаш супер растат фоликулите некогаш воопшто не растат некогаш прават цисти. За жал нема универзален рецепт за помош. Кај секого е различно. Во принцип ако имаш вишок килограми со регурлирање на тежината би требало да се подобри состојбата. Метформинот помага и за тоа. Јас конкретно пијам 500мг заради тоа што ми се создавата цисти и немам овулација. Имам нормална тежина и инсулинска резитенција (висок инсулин, нормален шеќер).
Не се секирај штом е отркиен проблемот ќе се реши само треба трпение.

(Одговор на членот sasaiciko)
Непосредна врска до пораките: 520
   RE: Полицистични јајници
25.2.2014 18:46:55   
Stefanija Stefi
Моја пријателка имаше ваков проблем...после 25 год отиде на гинеколог прв пат и и открија полицитични јајници... не беше убаво запознаена со таа проблематика и многу беше исплашена... одеше во Плодност правеше тестирања и одеше на редовни прегледи... пиеше таблетки без прекин додека не и кажеа да ги прекине и секои 3 месеци одеше на котрола... резултатот се виде веке после 6 месеци... почнаа да се намалуваат цистите за веќе по 1 година да нема ниту една циста. Сега е бремена мислам 4-5 месеци и понатаму си оди редовно на контроли и се е во ред. user posted image

(Одговор на членот veckasr)
Непосредна врска до пораките: 521
   RE: Полицистични јајници
2.3.2014 20:54:09   
tila
ve molam za sovet user posted image user posted image jas imam policisticni jajnici. no sega nesto se slucuva so mene i sum preplasena neznam sto da pravam eve skoro tri nedeli sum griposana i se otruv od apcinja, mojata maticna mi prepisa amogsiklav apcinja da pijam zatoa sto i grloto mi bese vospaleno, no mi se pojavi drug problem dali e poradi apcinjata ili gripot stvarno neznam tri nedeli po malku krvaram nekogas imam negoj den ne i sto e najvazno koga imam odnosi krvaram go prasav ginekologot ne mi dade konkreten odgovor se plasam molam za sovet

(Одговор на членот Stefanija Stefi)
Непосредна врска до пораките: 522
   RE: Полицистични јајници
2.3.2014 21:08:28   
petra27
Jas cel zivot imam policisticni jajnici....i eve po vtor pat sum trudna i toa sega so bliznaci...ne se plasete so pdredena terapija se se sreduva...jas ne dobivav redovno no ete se e ok....

(Одговор на членот tila)
Непосредна врска до пораките: 523
   RE: Полицистични јајници
2.3.2014 23:43:16   
kapina
Sestra mi e so neredoven ciklus visok testosteron I insulin pa eve ja bremena e so vtoro deteveke e10 nedeli. I Toa I dvete bremenosti I se po priroden pat piese pred Da ostane bremena siofor I spirinolakton I eutirox I esega samo I kazale da odmara oti plodot go nosi nizko I samiot endokrinolog mi kaza pred nekoj den oti se cude kako so dvojno pokacen testosteron I so neredoven ciklus ona ostana bremena po priroden pat dva pati

(Одговор на членот petra27)
Непосредна врска до пораките: 524
   RE: Полицистични јајници
3.3.2014 12:24:52   
Kvisko
Tila за да добиеш конкретен одговор сепак ќе треба да одиш не гинеколог. Мене ми се случувало заради полицистичните јајници да крварам долго вреем и секогаш сум добивала терапија за средување на циклусот. Многу е неодговорно гинекологот да не ти каже ништо. За жал полицистичните јајници се непредвидливи, нема никакви правила.

Исто се непредвидливи и за забременување. Некогаш не се никаков проблем некогаш се страшен проблем.
Секогап тоа го кажувам и пак ќе го кажам се зависи од среќа.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 525
Страница:   <<   < Претходна страница  19 20 [21] 22 23   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  19 20 [21] 22 23   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?