|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  27 28 [29] 30 31   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Инсеминација II
25.3.2014 12:27:30   
Melanija RR
sibelа валидни и одобрени инсеминации се исклучиво во здравствени установи,болници.Не дај боже да треба ИФВ не се валидни, но не само тоа туку ординациите ја немаат потребната техничка опрема.

Дали инсеминацијата е веднаш месец два после лапаро о хистеро не е важно ,најважно е дека барем 6 месеци по тоа шансите се многу големиuser posted image
Мислам погоре пиша Капина дека сега на ГАК била 900 ден

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 701
   RE: Инсеминација II
1.4.2014 15:27:26   
lanicka30
pravev insiminacija na 17-03 i sega vo nedelata trebase da napravam tes ,mene nekako ne mi se brzase i napraviv vcera mi pokaza negativno no jas seuste nemam dobieno ....i sega sum malku zbuneta nemam nekoi posebni siptomi se custvuvam normalno(mozno li e da e nesto hormonalno ili daj boze testot da e gresen ima li nekoj iskustv)???

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 702
   RE: Инсеминација II
1.4.2014 16:00:11   
Hopeful RR
lanicka30, циклусот после инсеминација обично знае да доцни, тоа е заради хормоните. Ако ти е шубе, направи и втор тест, ти посакувам да не сум во право user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lanicka30)
Непосредна врска до пораките: 703
   RE: Инсеминација II
1.4.2014 18:21:34   
Melanija RR
lanicka30 доцни и ако се прима утрогестан вагинално.Навиваме за user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 704
   RE: Инсеминација II
1.4.2014 19:05:00   
kapina
Ispitaj preku krv dali si bremena

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 705
   RE: Инсеминација II
1.4.2014 21:27:54   
lanicka30
ne primam утрогестан ,primav estrofem i klomifen od 5 do 9 den....ke cekame.....user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 706
   RE: Инсеминација II
2.4.2014 14:14:52   
Kvisko
Lanicка30 стискам палци за user posted image user posted image . Направи уште еден тест после неколку дена, ама веднаш сабајле или направи тецт преку крв така ти е најсигурно. Ако не си премногу нестрплива почека уште неколку дена.

(Одговор на членот lanicka30)
Непосредна врска до пораките: 707
   RE: Инсеминација II
2.4.2014 21:07:12   
lanicka30
taznoooo denes sbajle sepak dobiv...user posted image user posted image user posted image ..ovoj mesec sepak ke odmarame i sledniot mesec so novi sili za nova pobedauser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 708
   RE: Инсеминација II
3.4.2014 11:27:56   
LoveableMe RR
Lanicka30, баш ми е жал, навиваме следниве месеци да не израдуваш user posted image . Кај кого правеше?

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lanicka30)
Непосредна врска до пораките: 709
   RE: Инсеминација II
5.4.2014 12:22:46   
Lilja Maria
Здраво девојки

Јас имам правено инсеминација во Систина пред година и 3 месеци,од тогаш незнам дали се разочарав ама не сум била воопшто на доктор и си реков што сака нека биде user posted image Ама ете пак ништо не бидува иако е се во ред со двајцата,па сакав да пробам уште една инсеминација но во ГАК,некако си мислам дека приватниве клиники се повеќе се искомерцијализирани и само за пари,па би сакала да ве прашам колку време се чека на ГАК за инсеминација и како оди за закажување?Веќе сме во брак 3 и пол години...
Поздрав до сите!!!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 710
   RE: Инсеминација II
6.4.2014 18:26:06   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Lilja Maria

Здраво девојки

..... сакав да пробам уште една инсеминација но во ГАК......па би сакала да ве прашам колку време се чека на ГАК за инсеминација и како оди за закажување?Веќе сме во брак 3 и пол години... Поздрав до сите!!!


Здраво Лиља Марија, преку матичен лекар закажи на ГАК кај др. Трајковски или др. Тофовски и потоа тие ќе те стават во програма и ќе ти кажат што треба. Без терапија (кломифен и сл.) инсеминацијата на ГАК чини 900 ден. Поздрав

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Lilja Maria)
Непосредна врска до пораките: 711
   RE: Инсеминација II
7.4.2014 13:46:19   
Kvisko
Здраво Лила Марија,

јас имам стаж со инсеминации на ГАК. Првата ја правев кај Тофоски, а втората и третата кај Милка Трајанова (од неа добивам многу похуман однос, Тофоски е некако презафатен работи и породувања и треба да го бркаш по клиника инаку е тој е супер и најфален). Има и други лекари од тој оддел мислам дека кај сите има ист успех.
Најдобро да си закажеш про преглед преку Мој термин (преку матичниот) па со било кој од нив да се видиш и да се договориш понатаму. Цената на една инсеминација е 900 денари и тоа ти вклучува фоликулометрија, обработка на сперма и самата инсеминација. За стимулација ако е потребно си купуваш од аптека. Мислам дека првата секако ја прават без стимулација освен ако нема апсолутни индикации за тоа.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 712
   RE: Инсеминација II
7.4.2014 15:24:15   
Melanija RR
Навистина на подобро се сменети работите на ГАК а и цената.Порано се одеше на ГАК (друго се кај матичниот) на денот на инсеминацијата и чинеше 1.700 ден ,само третата беше 900.
Се надевам се поажурни дајбоже со повеќе позитивни резултатиuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 713
   RE: Инсеминација II
9.4.2014 20:45:31   
Lilja Maria
Ви благодарам девојки!!!user posted image
Е сега уште ова да прашам јас имам направено микробиолошки брисеви,хсг,ама нешто ме мачи мислам ми рекоа дека треба и лапароскопија да правам user posted image А мене ми беше чисто ХСГто немав ништо,проодни канали се си беше добро,па ме интересира дали ќе треба и лапароскопија за на ГАК за инсеминација?

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 714
   RE: Инсеминација II
9.4.2014 21:16:59   
Melanija RR
На ГАК е потребно па и секаде само ХСГ.Наскоро ќе правиш?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Lilja Maria)
Непосредна врска до пораките: 715
   RE: Инсеминација II
10.4.2014 10:30:24   
Lilja Maria
Фала ти Меланија!user posted image

Да сакам сега во Мај,да добијам менструација па да почнуваме,од испитувања имам се, само мажот ми нема Хив тест уште тоа и доколку не треба лапароскопија тоа е супер може да пробаме на ГАКuser posted image Ќе ве информирам како ќе течи работата,пооздрав и убав ден!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 716
   RE: Инсеминација II
15.4.2014 10:21:52   
Milicka 30
Здраво девојки,
има ли некој искуство со мерионал инекции? Се спремам за 4 инсеминација , па ми кажаа дека овој циклус ке бидам стимулирана со кломифен и мерионал, па доколку некој има искуство ве молам споделете. Некаде читав дека цената е околу 1400 една user posted image

(Одговор на членот Lilja Maria)
Непосредна врска до пораките: 717
   RE: Инсеминација II
15.4.2014 12:09:18   
LoveableMe RR
Milicka30, комбинација со кломифен и стимулација со инекции за ИВФ е добра комбинација и големи се шансите за успех. Позз, со среќа, пиши кога ќе ја правиш

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 718
   RE: Инсеминација II
15.4.2014 13:45:35   
Melanija RR
Milicka 30 како што ти пиша LoveableMe RR ,кломифен и плус инекции се зголемува бројот на фоликули.Јас имам примано гонал, се ставаа во мускулот на надлактицата.Ти посакувам user posted image user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 719
   RE: Инсеминација II
15.4.2014 15:30:47   
Hopeful RR
Milicka30, и јас исто така примав и Кломифен, и Гонал инекции, за што повеќе фоликули. Не знам за Мерионал, но Гоналот беа скапи - накај 1700 ден. За секоја инсеминација ми требаше различен број инекции, но не повеќе од 4. Со среќа, и пиши ни како ќе се одвиваат работите user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 720
   RE: Инсеминација II
15.4.2014 18:00:49   
Milicka 30
Фала ви девојки, утре ми е 3 ден од циклус одам на ехо па ке видам каква точно терапија ке ми препишат, ова ми е последна инсеминација па да видиме што ке излезе. Инаку два месеци пиев микрогинон за средување на хормони .

Хопефул душо што има ново кај тебе? Спремаш документи за инвитро? Јас ако оваа инсеминација е неуспешна веднаш се пуштам по собирање докумети за да не ми истечат овие што ги имам.
Поздрав

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 721
   RE: Инсеминација II
16.4.2014 15:17:20   
Hopeful RR
Milicka30, може и Кломифенот ќе заврши работа, мене за четвртата инсеминација ме стимулираа само со Кломифен. Како и да е, со среќа user posted image

Инаку, ние вчера поднесовме документи за ваучер, ни требаа околу два месеци да ги собереме сите документи, па сега ни останува да се олабавиме додека чекаме user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 722
   RE: Инсеминација II
17.4.2014 19:55:40   
Milicka 30
Јас супер реагирав на кломифенот ама др. се сомнева дека фолкилуте се празни или не квалитетни па од инекциите резултатот бил подобар. Иначе ке примам 4 дена по една почнувајки од 3ти ден и после по 2 на ден до инсеминацијата изгледа.Некако многу ми дојдоа ама се надевам ке имаме позитивен резултат.
Хопефул ти посакувам побргу да добиеш ваучер и да се фатите за работа user posted image
Се изнамачивме сите.....

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 723
   RE: Инсеминација II
21.4.2014 19:23:47   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

A lija marija napravi li nekoi ispituva nja zosto ti e bila neuspesna bremenosta mozda ima pricina zatoa


ИЗВОРНА ПОРАКА: Lilja Maria

Искрено незнам зошто беше неуспешна инсеминацијатаuser posted image Испитувањата си покажуваат дека апсолутно се си е во ред,како што и пишав,еднаш бев бремена но плодот немаше срцева акција,инаку испитувањата ги правиме редоследно,а што се испитува после неуспешна инсеминација стварно незнам?Да го прашам гинекологот во среда па ќе ви кажам или ако знаеш напишиuser posted image Ми остануваат уште 3 инсеминации кои планирам да ги правам во ГАК па после ИнВитро здравје Боже,друго ништо не остана за испитување,гинекологов ми вели дека чим еднаш сум забременила тоа многу дава надеж за повторна бременост.Ќе видиме како ќе биде,инаку се спремам за во Мај на втора инсеминација!Ви посакувам на сите бебчињаuser posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Neznam bas sto se ispituva za neuspesna inseminaciite no znam za neuspesna bremenost I sakam da te prasam Dali imas ispitano afa I d dimeri na transfuziologija


ИЗВОРНА ПОРАКА: Lilja Maria

Мене како виновник за првата бременост не ми најдоа ништо,и рекоа дека така требало да биде,незнам дека испитував такво нешто,знам дека правев инфективен статус а за на трансфузиологија не се сеќавам,инаку сакав да те прашам колку време се чека од кога ќе се достават документите во Фондот?


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Zavisi otprilikamesec plus minus tieispituvanja gi pravat na institut za transfuziona medicina na klinicki centar sto vidi ako gi nemas napraveno napravi gi oti od toa moze da e neuspesna bremenosta I jas imav neuspesna bremenost I toa so IVF I sega koga ke pravam IVF od tamu ke mi go dozirat aspirinot oti pijam I eutirox


ИЗВОРНА ПОРАКА: Lilja Maria

Кај кој доктор си?Јас во среда ќе видам како ќе има термин и кај кој ќе ми закажат,реков веќе нема да бирам оти преку глава ми е од "афирмирани" доктори и сега кој ќе биде слободен тој за побрзо сакам инсеминација во Мај да правам на ГАК


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Proveri si prvo dali imas ispitano afa I d dimeri I lupus ako nemas napravi gi tie ispituvanja pa odi na inseminacija jas bi ti gi preporacaala dr trajkovski za inseminacii prave oni dr tofovski


ИЗВОРНА ПОРАКА: Lilja Maria

Ај препорачајте ми добар доктор од ГАК,прашањево можеби не е за тука но незнам каде да го пишам,планирам да правам инсеминација во Мај во ГАК па сакам да слушнам мислење за докторите кај кој да го терам докторов мој да ми закажи и се разбира дали ќе има термин ќе видиме во среда.Позз


ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Lilja Marija јас одам кај Трајанова на Клиника и за неа имам само пофалби. Инаку најмногу пациенти се или кај Трајковски или кај Тофоски бидејќи порано само тие двајца беа ( и Сапунов) и тие двајца се баш прилично зафатени па многу ќе ги чекаш и искрено јас се нервирав кога требаше да го бркам Тофоски по клиника. Ич не ми требаше тој дополнителен стрес. На тебе е одлуката сите се ОК на ГАК и често работат заедно.
Мој совет ти е да си заказеш прво консултативен преглед за да се запознаеш со лекарот, да не одиш само за инсеминација а да те води матичниот бидејќи тогаш лекарот не ти ја познава проблематиката па нема да добиеш добар совет. Ако те запознаат подобро се поангажирани.



< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 21.4.2014 19:31:38 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 724
   RE: Инсеминација II
22.4.2014 11:17:34   
Hopeful RR
Ljilja Marija, ништо страшно ако не била успешна инсеминацијата, но секако направи уште три пред да одиш на ИВФ. Никогаш не се знае дали ќе фати или не, и има многу случаи што баш па со четвртата останале бремени user posted image

Во однос на испитувањата, и ние се измачувавме со истото после првата неуспешна инсеминација, но нашиот доктор ни рече дека нема потреба да се испитува ништо повеќе од хормонален статус, односно пролактин. Е сега, ако претходно си имала некакви проблеми, а и со оглед на тоа дека имаш една неуспешна бременост, можеби и треба, но консултирај се со доктор, секако. Твојата беше биохемиска или како?

Мој совет е да се олабавите и додека не ги направите сите 4 инсеминации да не се замарате со испитувања наваму натаму, нервози и исчекувања резултати, фрлање пари и губење време. Бидете оптимисти, посветете се еден на друг и пијте повеќе винце user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 725
Страница:   <<   < Претходна страница  27 28 [29] 30 31   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  27 28 [29] 30 31   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?