Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Враќање на тежината од пред забременувањето 17.6.2009 9:07:36
mami
Со доењето се троши многу енергија ( килоџули). Дел од енергијата се зема од масното ткиво, кое мајката го депонирала во тек на бременоста. Повеќето жени имаат потреба од екстра оброци за задоволување на овие екстра калориски потреби. Иако доењето одзема многу енергија, обично се потребни неколку месеци за да се вратите на тежината од пред породувањето. Сепак, одреден број ж ени имаат проблем со екстра тежина. За да го загубат вишокот на килограми, тие треба да се придржуваат кон следните препораки:
Консумирајте немасно месо и риба (печено, варено, динстано, на скара но не пржено).
Консумирајте зеленчук- 5 пати во тек на денот.
Јадете овошје - најмалку 2 пати во тек на денот.
Користете обезмастени млечни производи.
Да се внимава со путер и маргарин, дозволени се само мали количини.
Избегнувајте масна храна, како чипс, богати десерти или грицкалки пржени во зејтин.
Ограничете го внесот на шеќер, во форма на слатки напитоци, овошни сокови, слатки, бисквити, кекси и бомбони.
Движете се - на пример, шетајте го бебето во количката- 30-тина минути на ден.
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 10.6.2014 14:47:42 >
RE: Враќање на тежината од пред породувањето 17.6.2009 9:15:29
Еца
Движењето е најважно, а јас практикував одење по скали, бидејќи живееме на 9 кат, секое излегување Мартина во кенгур и по скалите, надолу, нагоре.Немаше ни два месеци јас ја симнав килажата, дури и ослабев.Затоа, јадете си во нормала, но бидете физички активни, движете се, качувајте се по скали...Губете калории со својот сопруг, сеедно, ваш е изборот.
RE: Враќање на тежината од пред породувањето 17.6.2009 9:39:39
niki
Koga prestanav da dojam i se vrativ na starata tezina i toa za nekolku dena, ama nemav mnogu visok, a pomogna i toa sto pocnav na rabota pa mi se sluci edna stresna situacija tamu. Jas koga sum pod stres slabeam, a koga e se vo red si stavam nekoe kilce, ne mnogu 2-3.
RE: Враќање на тежината од пред породувањето 17.6.2009 9:45:52
mami
ние сме во кука на спрат па јас секојдневно качував и симнував дваесетина скали по незнам колку пати во денот,а и што вика Ники, нервоза, караница и отиде цела тежина, сега сум дури и во -
RE: Враќање на тежината од пред породувањето 18.6.2009 9:15:06
Aleksandra
Kaj mene nisto ne pomaga ni dvizenje ni nervozi, nemozam i nemozam da se vratam na starata kilaza. Neznam sto da pravam davajte nekoj sovet vaka vise ne ide mnogu sum debela
RE: Враќање на тежината од пред породувањето 5.7.2009 19:01:25
Еца
Биба Добре ни дојде, да те прашам колку време како го доиш твоето мало? Бидејќи јас со доењето многу брзо симнав килажа, ама по породувањето преферирав многу супи.
RE: Враќање на тежината од пред породувањето 7.7.2009 15:31:40
Maca25
jas mnogu se popraviv otkako se porodiv. Aktivna sum preku celiot den (kerka mi e mnogu aktivna i po cel den se drzime vo race i se setame) ama jas nikako da oslabam. Nina ke pravi na 9 juli pet meseci i planiram uste eden mesec da ja dojam i posle da pocam so nekoja dieta. Se nadevam deka ke se vratam na starata kilaza posto ne mozam da se prilagodam na "novovo" telo.
RE: Враќање на тежината од пред породувањето 7.7.2009 15:45:33
mami
Маца25 прво- аватарот ти е најубав на свет а второ- за телото на мајката да се врати во нормала приближно како пред бременоста треба да поминат минимум 9 месеци...затоа почекај, трпение, се во свое време..Јатрва ми се врака полека во нормала а малиот ке полни 9 во септември...
RE: Враќање на тежината од пред породувањето 3.8.2009 23:00:42
Еца
Ајде мамички да си дадеме поттик малку да бидеме поакзивни, а не само да се жалиме како не можеме да ги изгумбиме килограмите.Нормално дека се се може, па и вишокот кг. Еве еден интересен текст.Се само да дојдеме до посакуваната тежина
Многу е нормално по породувањето да паднете во депресија поради својот изглед. Не потресувајте се, тоа е добар знак дека сте се соочиле со фактот и дека е време да направите нешто за себе. Најкритични делови се олабавените гради и половината. А бидејќи сега сте ограничени со времето, и 5 минути во денот се доволни за почеток.Тешко ви е да се одделите од вашето малечко, па правете го тоа заедно. Освен што ќе се чувствувате подобро, многу повеќе ќе се зближите со своето дете.
Пуштете музика. Бебињата уживаат да слушаат музика уште додека се во утробата. Затоа слободно навикнувајте го да слуша музика, а вие кренете ги рацете и слободно играјте. Преку танцувањето ќе ги раздвижите своите мускули и циркулацијата.
Пешачење. Доколку надвор времето е убаво, искористете го. Земете ја количката и шетајте со своето дете. Пешачењето, особено ако брзо одите, многу ќе ви помогне во губењето на калориите.
Купете видео. Денес можете да најдете видеа за вежбање наменети за мајки и деца. Доколку немате од каде да купите, побарајте на интернет. Вие ќе слабеете, а вашето малечко ќе се забавува пред ТВ.
Користете го времето за спиење. Времето додека детето спие посветете си го себеси. Правете вежби за загревање, трчање во место, стомачни и др. Придржувањето до ова правило, иако трае кратко, ако го почитувате секојдневно, ќе ви донесе резултат.
Направете игра од вежбањето. Ако вашето дете е малку поголемо, вашиот процес на вежбање направете го игра за него. Покажувајте му ги вежбите, а тоа нека ги повторува по вас. Забавувајте се.
RE: Враќање на тежината од пред породувањето 1.9.2009 19:46:26
mami
трпение спасение...на женското тело му требаат и до 9 месеци за да се врати во нормала..значи секоја мајка треба да е свесна дека нејзиното тело веке никогаш нема да биде исто, па сте родиле дете, нормално е малку да се проширите кај колковите или градите...а за се останато ке мора да се почека а и да се делува со вежби нормално
RE: Враќање на тежината од пред породувањето 2.9.2009 11:16:13
mother 29
jas kkilogramite (+ 10 kg od bremenosta )gi skinav uste vo bolnica duri otidov vo - mal problem bese stomakot ami toj posle 5-6 mes. se vrati vo kolosek.sega vo leto so jadenjto(ovosje ,zelencuk) oslabev uste 1-2kg .taka da sum poslaba od periodot koga ostanav bremena.ama sega vo zimo...mmm koga ke im se pruzam na pastramajliite..ke si kacam nekoe kilce
RE: Враќање на тежината од пред породувањето 2.9.2009 11:19:27
mami
леле ние исти а? и јас отидов во минус...после 10 дена од пораѓајот јас можев да си влезам во старите фармерки, ни стомак ни ништо немав..еве сега сум качила цело едно килце..се надевам дека барем уште 5 ке успеам некако
RE: Враќање на тежината од пред породувањето 9.6.2014 14:41:26
vezilka RR
Лелеее едвај чекав да се пофалам. Две кила сум минус од пред бременоста. Не знам на што се должи, се надевам не е на стрес, ама како и да е во пеилоф ми оди.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
RE: Враќање на тежината од пред породувањето 9.6.2014 19:10:32
Defne90 RR
Сега ги исфрлаш вишокот на течности кои што се собирале во текот на бременоста и тоа е нормално.А инаку и со самото тоа што бебето цица се согоруваат многу калории.Еве баш гледам сега кај мене кога веќе не го дојам дека веднаш додадов две кила.Така да очекувај везилка овој период да изгубиш и повеќе килограми.Јас кога се породив бев 66 кг и успеав без диети без нништо да симнам дури 8 кг и се тоа благодарение на доењето секако откако исфрлив неколку кг вишок на течности.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
RE: Враќање на тежината од пред породувањето 10.6.2014 8:05:52
Felly RR
Супер Везилке, за тебе. Кај мене важеше правилото - 9 месеци ги качуваш килограмите, 9 ги симнуваш. Ама бааги килца имав ставено + па може затоа и ми требаше повеќе време да се вратам на првобитната тежина.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Враќање на тежината од пред забременувањето 10.6.2014 8:38:06
Felly RR
Хехее, МММ27, баш ме насмеа. Ама во право си, малку и насловот е нелогичен. Сите зборуваме за враќање на тежината од пред ЗАБРЕМЕНУВАЊЕТО. Ајде модераторите ќе средат.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.