Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Прва посета на стоматолог на детето 30.7.2014 9:09:26
Mila mamicka
Драги мамички, би сакала да ве прашам за вашите искуства со стоматолог на вашите дечиња. Имено, син ми има 27 месеци и вчера прв пат го однесов на стоматолог. Посетата помина добро, докторката беше многу фина со син ми, успеа да му ги прегледа сите забчиња, и сите му се во ред. Моето прашање е дали, кога вие ги однесовте вашите дечиња на стоматолог, ги премачкуваа со нешто за превенција од кариес. Мојата докторка не го премачка, и кога ја прашав дали сега ги премачкуваат децата (оти некои пријателки ми кажаа дека нивните ги премачкале) ми рече дека има поделени мислења во врска со премачкувањето и дека сега не се препорачува. Какво е вашето искуство со ова?
RE: Прва посета на стоматолог на детето 30.7.2014 9:31:37
AnnaMolly RR
Јас го однесов Филип првпат на забар на околу 3,5 години. Забарката матична му е ненормално фина жена, тој се заљуби во неа на прв поглед. До сега имаме пломбирано две запчиња кои имаа минијатурни скоро невидливи точкички и редовно си одиме на контрола. Не го премачкувале со ништо, првпат слушам за ова. Би сакала и јас да слушнам искуства околу ова.
RE: Прва посета на стоматолог на детето 30.7.2014 11:34:16
Defne90 RR
Јас синко мој за првпат го однесов на стоматолог мислам дека немаше ни три години.И ептен многу му се допадна стоматологот.Ние немаме пломбирано запчиња ама редовно ни ги премачкуваат предните 4 затоа што му поцрнеа од многу пиење сок.Инаку сигурно го носиме барем дватипати во месецот на премачкување некогаш и по еднаш неделно.Тоа е течност со пријатен вкус и тој со уживање си оди секогаш на стоматолог.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
RE: Прва посета на стоматолог на детето 30.7.2014 11:55:22
Mihaela 2010
Nie isto trgnavme na nekoi 3.5 godini na zabar i sum zadovolna od zabarkata epten Nie imavme edno zapce malku so karies,i ni gi premackuvaa Znaci idevme tri nedeli po red ednas nedelno,na premackuvanje kako prevencija Sega oddamna nemame pojdeno,od septemvri obavezno,zosto mislam deka imame zabce dve za plombiranje:((
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
RE: Прва посета на стоматолог на детето 30.7.2014 13:29:14
Mila mamicka
Значи, како што кажувате, тоа премачкување се врши доколку детето веќе развило кариес, па да се спречи понатамошно ширење на истиот. Можеби затоа нашата докторка ни рече дека нема потреба од премачкување, син ми нема ниту еден кариес.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.