|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  81 82 [83] 84 85   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вештачко оплодување V дел
3.9.2014 13:47:06   
Hopeful RR
sonce79, со среќа и лесно user posted image
И јас така се чувствував, ама не е толку страшно колку што изгледа. Боцкањето исто не е проблем, одма ќе се навикнеш, а од ефектите - очекувај малку гадење, чувство на подуеност, главоболки и малце поголема емотивност, ама сосема подносливо.
Каде ќе го правиш ivf-то, кај кој доктор?

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот sonce79)
Непосредна врска до пораките: 2051
   RE: Вештачко оплодување V дел
3.9.2014 15:27:44   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sonce79

Здраво на сите, нова сум на форумов но ве читам веке некое време. Морам да ви кажам дека многу научив од се што прочитав. Јас во петок почмувам со терапија за првото ин витро со долг протокол. Имав 2 претходно, на природен циклус + 2 инесминации. Имавме проблеми со Фондот и со ваучерот, но вчера ни стигна известување дека жалбата ни е усвоена и ваучерот одобрен.:) точно на време, бидејќи веќе се решивме да не ги чекаме и да одиме приватно. Малку ме вади од памет целото тоа боцкање со хормони да бидам искрена.. како ќе делуваат на тело, психа и сл. Ама вероватно не е многу страшно а? user posted image Поздрав и многу среќа до сите..


Здраво сонце79, добредојде на форумот, се надеваме на дружба и размена на искуства и мислења. Мило ни е што научи многу работи, сите ние по нешто учиме овде. Среќно за ИВФ-то, пиши кај кој доктор правиш и зошто стигнавте до ИВФ, што проблеми имавте досега?

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот sonce79)
Непосредна врска до пораките: 2052
   RE: Вештачко оплодување V дел
3.9.2014 22:41:00   
skriena
zdravo devojki kako ste eve jas konecno denes dobiv odvaj cekav da mi dojdi i utre ke zakazam za da pocnam so postapkava so zamrznatite bebuski pa ke ve izvestuvam pozz i so sreka na site

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2053
   RE: Вештачко оплодување V дел
3.9.2014 23:08:54   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: skriena

zdravo devojki kako ste eve jas konecno denes dobiv odvaj cekav da mi dojdi i utre ke zakazam za da pocnam so postapkava so zamrznatite bebuski pa ke ve izvestuvam pozz i so sreka na site


Skriena супер, пиши кoгa ќе биде трaнсфер. Пoзз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот skriena)
Непосредна врска до пораките: 2054
   RE: Вештачко оплодување V дел
3.9.2014 23:25:59   
gina
moeto ivf se odlozi izbrisete me od spisokot za terapija Lazareski mi rece deka mora da pravime histeroskopija da se otstrani septumot... custvata mi se ispomesni cel den si user posted image
neznam dali i finansiski ce mozeme da izdrzime mnogu e skapo a na klinika treba da se ceka a nemam nikogo ni vrska ni nisto mnogu sum zagrizena i nervozna neznam kako ce izdrzamuser posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2055
   RE: Вештачко оплодување V дел
4.9.2014 7:51:00   
mili_vanili
Zdravo devojki, odamna ne sum se priklucila vo diskusiite . Na site koi se vo postapka ili sega pocnuvaat im posakuvam uspeh.

Pozdrav

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 4.9.2014 9:18:47 >

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 2056
   RE: Вештачко оплодување V дел
4.9.2014 9:18:29   
LoveableMe RR
Постовите се префрлени во Информации за остварување на правото преку ФЗО.

Џина, го копирав постот во Хистероскопија, таму повеќе ќе ти одговорат рингерајките.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот mili_vanili)
Непосредна врска до пораките: 2057
   RE: Вештачко оплодување V дел
4.9.2014 13:02:22   
sonce79
Ви благодарам,LoveableMe RR и Hopeful. Јас сум кај др. Лазаревски во Систина. Тој ми е доктор долго време, уште од старата Систина. Кај мене почна пред 2 години, не се пазевме околу 7-8 месеци, и останав бремена, ама испадна вонматерична. Среќа, само со инекции се исчисти се, и не мораше да правам никакви интервенции. После година дена од тоа, бидејки ништо не се случуваше правев проодност на каналите, и едниот ми беше замрсен (не спротивната страна на која што беше вонматеричната) и правев лапароскопија за да се среди. се помина супер, и докторот, како што е позитивен, рече дека сигурно ке се решело со тоа се. Меѓутоа бидејки ништо не се случување, после неколку месеци направивме инсеминација, па уште една, па пробавме со ин витро на природен циклус, ама првиот пат имаше една јајце клетка -празна, а вториот, имше 2 ама недоволно развиени. И тогаш. се решивме да одиме на класично ин витро. Е после тоа, од фондот ги чекавме 3 месеци, бидејки ми дадоа ваучер ама со донорски јајце клетки. Немаа објаснување зошто, освен дека немало добри јајце клетки на 2 пункции што сум ги правела, иако никаква стимулација не примав. На мојот коментар дека да ги немало 2 пункции во документите немало да има проблем, докторот од комисијата ми одговори со ,највероватно,. и после жалбата и 2 месеци, завчера ми стигна известување дека ми ја прифакаат и ми одобруваат ваучер со сопствен материјал user posted image . И за да имаме пак компликација, денес ми јавија дека имам бактерија на брисовите и утре ке видам дали ке се почнува терапијата или повторно ке се одложи. Ете така, се рапишував јас, извинете, ама веке се нервирам што не можеме да почнеме од глупости.. Поздрав до сите.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2058
   RE: Вештачко оплодување V дел
4.9.2014 14:48:46   
LoveableMe RR
sonce79, ти посакуваме успех, со терапија антибиотска ќе се реши проблемот со бактериите. Известувај не. user posted image

Ја чекаме Хопефул да ни каже како поминала на пункцијата.user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот sonce79)
Непосредна врска до пораките: 2059
   RE: Вештачко оплодување V дел
4.9.2014 19:04:39   
Hopeful RR
Еве сум user posted image
Пункцијата помина ок, аспирираа 10 јајце клетки и примерокот од сопругот е ок, така што ептен сме задоволни. Ембриологот одлучи да се применат и двете методи, и IVF и ICSI, и утре чекаме повик user posted image
Анестезијата лесно ја поднесов, единствено имам болка во јајниците и матката која не се смируваше, па бапнав еден кетонал, ми рекоа дека смеам. Од терапија ми дадоа Кринон гел, Декортин, Аспирин и Фемибион.
Фала ви на сите за убавите зборови, ептен ми помогнаа user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2060
   RE: Вештачко оплодување V дел
4.9.2014 19:10:09   
kapina
Super hopeful ajde sega neka se razvivaat site10 jk kako sto treba vo odlicni embrioni.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2061
   RE: Вештачко оплодување V дел
4.9.2014 20:48:57   
LoveableMe RR
Супер Хoпефул, уживaј сегa и oдмaрaј. Пиши кoгa трaнсфер, пoзз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 2062
   RE: Вештачко оплодување V дел
4.9.2014 21:07:00   
Kaya
Браво Хоупфул! Сега уживај и чекај си ги бебињата;) Јас денес бев на контрола, естрадиолот ми беше близу 800 и јајниците добро реагираат. Ми продолжија уште 5 дена стимулација, па во вторник пак контрола.. Докторот ми кажа пункцијата би била меѓу четврток и недела, наредна недела..јухуу се ближи;) Со среќа на сите!!!

_____________________________

PCOS+олигоастеноспермија, 1 обид за IUI= /, многу малку пливачи :) 1 IVF - тешка хиперстимулација, freeze all; 2 FET=/, во план трет FET...

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2063
   RE: Вештачко оплодување V дел
4.9.2014 22:03:27   
sanjaaaa!
Hopeful Одлично!!!! Цел ден те очекувавме да ни ја кажеш оваа убава вест!!!! Ајде опуштено и на ЕТ да си ги прибереш бебушките, мисли позитивно, така и ќе биде!!!
Ајде и Кауа набрзо ќе ни каже убава вест, само убави работи да читаме и пишуваме! Среќно и на двете, и на сите следни!!! Заедно полесно ќе минеме низ процедуриве!!! поздрав

(Одговор на членот Kaya)
Непосредна врска до пораките: 2064
   RE: Вештачко оплодување V дел
4.9.2014 22:03:35   
Melanija RR
Hopefuluser posted image со лесно user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Kaya)
Непосредна врска до пораките: 2065
   RE: Вештачко оплодување V дел
4.9.2014 22:48:11   
mili_vanili
Hopeful, toa e odlicen broj na jajce kletki, bravo. Vo terapijata imas li estrofem?
Izvini ne sledev izvesno vreme, kaj koj doktor si?

Te cekame so ubavi vesti utre i denovite sto sledat....

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2066
   RE: Вештачко оплодување V дел
5.9.2014 10:45:49   
Hopeful RR
milli_vanilli, немам естрофем се уште, може ќе ја дополнат терапијата после трансферот user posted image

Инаку девојки, денес ми се јави ембриологот и ми кажа дека има одлични резултати и 6 ембриончиња! user posted image Утре сабајле во 8.10 треба да одам на трансфер user posted image

Што мислите, ако вратиме 2, дали се исплати да замрзнуваме 4? Да не е мал бројот, да не не се исплати...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот mili_vanili)
Непосредна врска до пораките: 2067
   RE: Вештачко оплодување V дел
5.9.2014 10:59:49   
LoveableMe RR
Hopeful, супееееееееееееееееееер. Смрзнувајте обавезно, немојте да се мислите, ако ти треба за наредно бебе, ќе можеш со тие, наместо да примаш пак терапии. Пиши кога трансфер.user posted image

*******2014*******
user posted image user posted image user posted image АКТУЕЛНОuser posted image user posted image user posted image

11.08 - Hopeful - почеток со терапија (Ивановски, Систина)
21.08 - Kaya - почеток со терапија (Димитров, Ремедика)
01.09 - Zoya - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
05.09 - sonce79 - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
/.09 - skriena - трансфер со смрзнати ембриони (Лазаревски, Систина)
11.09 - Loveable Me RR- почеток со терапија (Димитров, Ремедика)
/.09 - Tea88 -почеток со терапија (Таше Tрпчевски, Плодност)
.09 - butterfly00- почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
/.09 - Milicka30 -почеток со терапија (Таше Tрпчевски, Плодност)
/.09 - kapina - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
/.10 - весник - трансфер со смрзнати ембриони (Лазаревски, Систина)


=========================

user posted image ИСЧЕКУВАЛКИuser posted image
04.04 -Hopeful =пункција / 06.09 = ET

=========================
20.09. - Hopeful = ТЕСТ

ПОДДРШКА
user posted image

firenca didi, Adelle,gina,Bogdancanka RR, koki12, skopjance, mimiiiiiiiiiiiii, taci14 ,Herco, trust, kapina, cacim, babyhope, LoveableMe RR, I LOVE, baby77, Anna78, kate.., dzvezda, bubble, SOLE, butterfly00, snekki, milasteve, almushka, Yaya,skriena, brm_bm, mery, macika4, весник, marina111
=====================

2014 година
nataly86 user posted image Lina*user posted image Каrmauser posted image biljana87user posted image Anonimenuser posted image babylove**user posted image avgustina2 user posted image Kolacence user posted image fragolina user posted image lolla user posted image mesecina83 user posted image lily98 user posted image stefanieuser posted image



< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 5.9.2014 13:10:45 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2068
   RE: Вештачко оплодување V дел
5.9.2014 12:04:50   
Hopeful RR
Loveable Me, утре сабајле е трансферот user posted image
Инаку дефинитивно сакаме да замрзнеме, ама дилемата ми беше дали е исплатливо замрзнувањето за 4 ембриони, ми се гледаат малку...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2069
   RE: Вештачко оплодување V дел
5.9.2014 12:13:11   
sanjaaaa!
Одлични резултати ти кажал ембриологот Hopeful!!!!! Со среќа и со лесно!!!!
Супер 4 ембриони не се малку да ги замрзнеш! Ајде за 2 недели чекаме позитивен тест за бременост и славење!!!!!user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2070
   RE: Вештачко оплодување V дел
5.9.2014 12:33:35   
Melanija RR
Убави вести Hopeful user posted image а најубавата за две недели user posted image

LoveableMe RR многу ми се допаѓа што пишува каде се прави ИФВ, некои пишуваат и комплет терапија.Вака е се запишано и секој може да прочита какви се терапии се даваат.Браво user posted image user posted image user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот sanjaaaa!)
Непосредна врска до пораките: 2071
   RE: Вештачко оплодување V дел
5.9.2014 13:09:57   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Loveable Me, утре сабајле е трансферот user posted image
Инаку дефинитивно сакаме да замрзнеме, ама дилемата ми беше дали е исплатливо замрзнувањето за 4 ембриони, ми се гледаат малку...


Смрзнувај обавезно, не се малку супер бројче се. user posted image user posted image Утре да ти посакаме со лесно трансфер, гледај да одиш со полна бешика или ако чекаш претходно во ходник, замоли ги сестрите да ти дадат да се напиеш вода. Позз

Kaya, леле имаш уште малце, ајде чекаме кога пункција. Како си задоволна со постапката, докторот сестрите?

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 5.9.2014 13:11:32 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2072
   RE: Вештачко оплодување V дел
5.9.2014 16:37:27   
Kaya
Хоупфул, со среќа утре и чекаме убаво вести! Туку, јас мислам дека настинувам, баш сега, ќе се убијам..сега се мислам дали да се напијам еден Фервекс или нешто слично, ама страв ми е заради другите лекови.,.Ќе пробам со прополис спреј и витаминотерапија;) Инаку, од Ремедика сум генерално задоволна, иако е малку хаотично, ми се чини цело Скопје и шире прави ин витро;) Докторот е фин, оптимистичен ама и реален..

_____________________________

PCOS+олигоастеноспермија, 1 обид за IUI= /, многу малку пливачи :) 1 IVF - тешка хиперстимулација, freeze all; 2 FET=/, во план трет FET...

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2073
   RE: Вештачко оплодување V дел
5.9.2014 16:46:08   
Hopeful RR
Kaya, одма цеден лимон на гладно секое сабајле, витаминска терапија и прополис, па и парацетамол, да не прерасне во нешто посериозно! Одмарај со чаеви, супи и пиј витЦ од 1000 по две на ден. И мене ми се појави баш додека се боцкав со Фостимоните и се извадив од памет, ама со парацетамол се среди. Не е проблем за со другата терапија - ги прашав и ми рекоа дека се што може бремени жени да пијат, може ни ние во постапка. Времево е глупаво, променливо, и тоа е. Не се секирај, до трансфер ќе бидеш супер user posted image

< Поракaта ја уредил Hopeful -- 5.9.2014 16:47:26 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kaya)
Непосредна врска до пораките: 2074
   RE: Вештачко оплодување V дел
5.9.2014 16:51:35   
Kaya
Фала Хуопфул, ме утеши:) user posted image

_____________________________

PCOS+олигоастеноспермија, 1 обид за IUI= /, многу малку пливачи :) 1 IVF - тешка хиперстимулација, freeze all; 2 FET=/, во план трет FET...

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2075
Страница:   <<   < Претходна страница  81 82 [83] 84 85   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  81 82 [83] 84 85   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?