|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  83 84 [85] 86 87   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вештачко оплодување V дел
10.9.2014 16:02:08   
kapina
Da da sigurno znae kolku moze da pie edna solja najmnogu dve

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2101
   RE: Вештачко оплодување V дел
10.9.2014 16:18:04   
LoveableMe RR
Hopeful, некои пијат кадфе, некои не, искуството е различно, зависи што ти кажал докторот според твоите дијагнози. Јас денес бев на консултација кај др. Димитров во Ремедика и да се договориме за терапијата, беше малку резервиран околу можноста за претходно правење хистеро-лапароскопија, за тоа ќе пишувам во соодветната тема.

Малку се разочарав, бидејќи секогаш кога се спремам и мислам ете сега добро ќе испадне, како секогаш нова пречка да ми се појавува и малку сум разочарана......

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 2102
   RE: Вештачко оплодување V дел
10.9.2014 17:38:42   
Kaya
Фала за советите женски..Пијам течности нон стоп и цело време сум во веце;) кафе пијам или едно или ниедно, некако не ми сака душата не дека не смее.. Лавабл немој да се секираш. Не разбрав Димитров ти вика да правите хистеро-лапаро пред ивф или? И мене така пред два месеци кога требаше да правам ме врати за хсц ама ете и тоа помина.. Бацкии

_____________________________

PCOS+олигоастеноспермија, 1 обид за IUI= /, многу малку пливачи :) 1 IVF - тешка хиперстимулација, freeze all; 2 FET=/, во план трет FET...

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 2103
   RE: Вештачко оплодување V дел
10.9.2014 19:22:46   
macika4
Ajde moi doktorki da ve kazam taka zasto izgleda nie poveke znaeme od samite doktori da vi postavam prasanja,denes bev kaj maticen posle neuspesnoto invitro i sakam da si ispitam kade e problemot i mu vikam na doktorot sto treba da ispitam nekoi genetski ispituvanja ili neznam sto zamislete neznaese da mi objasni ama tamn nisto ja mu kazuvam sto da mi dava i na krajot neznaeja za kariotip od kade da se bara upat i mi dade samo za AFA aj pisete neznam kade da go postavam prasanjeto pa morav tuka vise mi e preku glava od lekari sto nemaat poima sto rabotat ja da mu kazuvam sto mi treba da se ispitam mizerija

_____________________________

обиди= 3 години, 4 инсеминации ,podneseni dokumenti za ivf,neobjasneta neplodnost

(Одговор на членот Kaya)
Непосредна врска до пораките: 2104
   RE: Вештачко оплодување V дел
10.9.2014 19:34:02   
kapina
Inaku zaboraviv da vi kazam posle invitroto ke mi gi ukinat eutirox I bromergon nema da pijam veke ako ne ostanam bremena ako ostanam ke gi pijam vo bremenost a posle ne kafe mene doktorkata mi kaza da pijam I oti imam I mnogu nizok pritosok 90 so60

(Одговор на членот macika4)
Непосредна врска до пораките: 2105
   RE: Вештачко оплодување V дел
10.9.2014 19:35:40   
LoveableMe RR
мацика4, имаме тема ХЛА типизација и Генетско испитување.

Јас ги правев тие испитувања и не испадна кузнае што, беше начелно ок со испитувањата, но тие ги правев според насоки од докторот кај што правев ИВФ. Матичните гинеколози не знааат за ова многу, затоа мој совет побарај насоки од гинекологот кај што правеше ИВФ.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 10.9.2014 19:36:04 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот macika4)
Непосредна врска до пораките: 2106
   RE: Вештачко оплодување V дел
10.9.2014 22:42:32   
macika4
a dali nekoja od vas ispituvala niska telesna temperatura mene mi e sekogas 35 5 poveke pati mi e 35 so 2 koga denes mu kazav na maticniot mi vika nemozes da imas takva telesna temperatura nemoze da se zivee kaj se ispituva toa neznae nikoj da objasni kaj opstiot lekar vika kaj ginekolog a ginekolog vika kaj opst e sega aj vidi im pamet ko u selo da ziveam

_____________________________

обиди= 3 години, 4 инсеминации ,podneseni dokumenti za ivf,neobjasneta neplodnost

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 2107
   RE: Вештачко оплодување V дел
11.9.2014 8:37:58   
LoveableMe RR
macika4, јас би те советувала да провериш состојба со шеќерот, обично луѓето со проблем со шеќерот скриен или не, имаат ниска телесна температура, имав случај на пријатели, не знам дали баш тоа е кај тебе, но сепак матичниот лекар треба да знае каде да те упати, можеби најдобро на ендокринологија.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот macika4)
Непосредна врска до пораките: 2108
   RE: Вештачко оплодување V дел
11.9.2014 13:41:27   
sonce79
Сакав да ве прашам дали пиевте некакви витамини додека ви беше терапијата за ин витро. Јас не пијам ништо, ни докторот не ми кажа, а јас заборавив дополнително да го прашам да не треба. user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2109
   RE: Вештачко оплодување V дел
11.9.2014 13:49:19   
Hopeful RR
Ни мене не ми потенцираа, ама пијам редовно Ц од 1000, магнезиум, ацедофилни капсули и хемовит. Тогаш почнав плус и сируп со матичен млеч, цинк и селен.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот sonce79)
Непосредна врска до пораките: 2110
   RE: Вештачко оплодување V дел
11.9.2014 13:49:28   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: sonce79

Сакав да ве прашам дали пиевте некакви витамини додека ви беше терапијата за ин витро. Јас не пијам ништо, ни докторот не ми кажа, а јас заборавив дополнително да го прашам да не треба. user posted image


sonce79, до каде стигна? обичнио даваат цинк, магнезиум, калциум, витамин Д (тоа е во едно пакување), витамин Ц, Б комплекс, а после пункција обично даваат аспирин 100, плус зависи што ќе реши докторот.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 11.9.2014 13:59:45 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот sonce79)
Непосредна врска до пораките: 2111
   RE: Вештачко оплодување V дел
11.9.2014 13:55:06   
sonce79
Јас освен Ц од 1000, ништо др не пијам user posted image
Инаку од петокот до вчера ставав Суперфакт 0.5, од денес ми дадоа Цитротид 1/2 а од утре плус и Фостимон 300. Во понеделник сабајле сум на ехо па ке видиме за понатаму. user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2112
   RE: Вештачко оплодување V дел
11.9.2014 13:59:19   
Hopeful RR
Супер sonce79, со среќа на ехото user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот sonce79)
Непосредна врска до пораките: 2113
   RE: Вештачко оплодување V дел
11.9.2014 14:01:34   
sonce79
Благодарам Hopeful. До сега не беше страшно со инекцииве, сега со новиве ке видам user posted image ама некако баш сум возбудена за секоја нова фаза од процесов, дури ми е малку чудно. Мислев дека постресно ке ми биде, а јас дури радосно си се боцкам user posted image Тебе како ти оди со чекањето? Кога ке можеш да направиш тест?

(Одговор на членот sonce79)
Непосредна врска до пораките: 2114
   RE: Вештачко оплодување V дел
11.9.2014 14:06:25   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sonce79

.....Инаку од петокот до вчера ставав Суперфакт 0.5, од денес ми дадоа Цитротид 1/2 а од утре плус и Фостимон 300. Во понеделник сабајле сум на ехо па ке видиме за понатаму. user posted image


Ајде, што повеќе фоликулчиња, уште 7-10 дена имаш до пункција максимум. user posted image Чекањето е најтешко, ама подобро да се дружиш со луѓе да се занимаваш со нешто и ќе поминат тие две недели.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот sonce79)
Непосредна врска до пораките: 2115
   RE: Вештачко оплодување V дел
11.9.2014 14:32:07   
Hopeful RR
И мене ми стана интересно боцкањето user posted image
Инаку ок ми е чекањето, имам трема од тестот user posted image Овие денови гледам филмови, читкам и така. Ми рекоа да избегнувам многу контакти со луѓе, па не ддоговарам гости, кафиња и сл.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2116
   RE: Вештачко оплодување V дел
11.9.2014 16:02:59   
LoveableMe RR
Весник, постот е префрлен во Генетско испитување. Среќно!

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2117
   RE: Вештачко оплодување V дел
12.9.2014 20:31:04   
macika4
loveableme bev denes kaj privaten ginekolog sto se vodi kako dobar za da moze stvarno nekoj da mi razjasnii mnogu raboti okolu tie ispituvanja i doktorot ubavo mi kaza deka treba da odam kaj doktorot sto mi pravel ivf i so nego da vidime sto ponatamu . A inaku prasav za temperatura dali ima nekoj problem i zamislete ne mi veruvaat deka moze da imam takva temperatura i sekoj sto ke pocnam da zboruvam okolu neplodnosta odma vikaat mnogu sum opsednata so toa epa vise neznam kakva da bidam da pustam se i posle da se jadam neznam sto vise da pravam em sakam se da pustam pa sto dade gospod em sakam da prodolzam mnogu e tesko ne sakam koga ke otidam da prasam za nekoe prasanje odma sum opsednata izgleda kako da im e krivo sto premnogu znam pa zatoa se takvi doktorite ...Epa koga ne sakaat da proverat kade e greskata mora nie samite da se izborime ako cekame na niv nisto od decinja

_____________________________

обиди= 3 години, 4 инсеминации ,podneseni dokumenti za ivf,neobjasneta neplodnost

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2118
   RE: Вештачко оплодување V дел
13.9.2014 10:45:00   
Hopeful RR
Macika4, не знам што да кажам на ваквиот однос на докторите. Ако не, оди пак кај што правеше ивф и напни го за испитувањата. Во секој случај, направи ги оние генетските и имунолошките испитувања за кои пишуваа други рингерајки, и најди сосема трет доктор за следното ивф. Понекогаш и јас се осеќам како заморче, како да не ми се посветува доволно внимание, ама тоа е, знам дека си имаат тон гужви и пациенти и не може да се потресуваат. Колку сака нека се лутат после ако и ние знаеме што правиме и читаме на нет user posted image
Kaya, вчера беше пункцијата, така? Како помина и како си денес? user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот macika4)
Непосредна врска до пораките: 2119
   RE: Вештачко оплодување V дел
13.9.2014 13:47:21   
LoveableMe RR
Каја, те очекуваме со убави вести наскоро и пиши кога трансфер. user posted image Јас бев на консултација кај др.Таше за хистероскопија, но искористив шанса да го прашам и за ИВФ, викам имам ваучер не ми е искористен, што мислите вие како би ме третирале. Тој ја разгледа целата документација и ми рече, веројатно би одел со некои инекции 2-3 пати на 2 ден од циклус, без микрогинон и после со блага стимулација, пошто јајниците добро ти реагирале на претходното ИВФ.

Сега и за тоа сум збунка, дали да сменам одлука и да одам кај него. user posted image user posted image Ееех, жени будали, мозокот ни е чорба, маживе да не мислат вака како нас....

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2120
   RE: Вештачко оплодување V дел
13.9.2014 15:06:11   
Hopeful RR
Loveable Me, ми ги читаш мислите user posted image Истото го помислив, само ти го пишав во другата тема user posted image

Овде би спомнала само за постапката за гребење, во случај некој да не не видел во таа тема. Се работи за благо гребење при самиот трансфер, односно се загребува малку ендометриумот за да се поттикне имплантацијата, и се покажало како успешно. Оваа постапка оди заедно со користење т.н. EmbryoGlue, некоја смеса со хијалуронска киселина која исто така помагала за имплантацијата. Овие податоци ги најдов како дел од едно онлајн предавање на еден германски специјалист, кој покрај овие фактори, ја наведе и хистероскопијата како постапка која се покажала дека го зголемува процентот на успех. Не се работи за отстранување септум, туку е повеќе постапка на буричкање низ матката, што иако не е јасно што прави само по себе, се покажало дека доведува до успешно ивф.

Не знам што од ова се применува кај нас, но добро е да се знае дека медицината оди напред и дека некој сериозно мисли на нас user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2121
   RE: Вештачко оплодување V дел
13.9.2014 15:17:10   
Kvisko
Не е за оваа тема, ама кога одев на ГАК за инсеминации на една друга пацеинтка ден-два после инсеминацијата и правеа нешто на матката како некое засекување наводно помагало за имплантација. Не знам дали е истата постапка или не.
Што и да е само да се фати.

Ви пуштам среќа на сите.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2122
   RE: Вештачко оплодување V дел
13.9.2014 22:17:43   
Hopeful RR
Ова што го објаснуваше докторот во видеото беше во смисла на подзакачување на ендометриумот при самиот трансфер на ембрионите, во комбинација со лекот/хемијата за залепување. Го спомна како scratching. Можеби е истото, но не ми се верува, затоа што овде се зборуваше за релативно нова и експериментална постапка, а некако не ми се верува дека Гак се толку во тек user posted image Ако да, тогаш супер за нив, се оди напред.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 2123
   RE: Вештачко оплодување V дел
15.9.2014 8:51:49   
sanjaaaa!
Кауа како помина на пункција, ЕТ? Се надеваме се е супер, очекуваме да ни го пренесете вашето искуство ... sonce79 и zoya ????

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2124
   RE: Вештачко оплодување V дел
15.9.2014 10:33:52   
sonce79
Здраво девојки..Јас сабајлево бев на ехо.. Фоликули има, околу 8-9 и ако пораснат сите колку што треба супер...user posted image инаку продолжувам со фостимон и цетротид, имам плус и мерионил и вагиналети.. Во петок сум повторно на контрола, и на проверка на хормони и тогаш ке знам дали во сабота ке примам стоп инекција и во понеделник пункција..

(Одговор на членот sanjaaaa!)
Непосредна врска до пораките: 2125
Страница:   <<   < Претходна страница  83 84 [85] 86 87   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  83 84 [85] 86 87   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?