Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост 13.9.2014 15:10:23
Kvisko
Ketrince од моето скромно познавање на хормонален статус на трет ден ти се добри хормоните. Не укажуваат на полицистични јајници (полицистични јајници се индицираат ако ЛХ е повисок од ФСХ а кај тебе не е така). На тринаести ден ЛХ ти е понизок што може да укажува дека овулираш малку покаснон не баш на 14 ден зашто ЛХ е хормон што предизвикува пукање на фолукилот и ослободување на јајце клетката.
Дали правеше и други хормони или само овие наведените.
Ова е се оквирно лекарот кој те води би требало поубаво да ти објасни.
RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост 15.9.2014 13:52:29
miana
Мамички ве молам за помош околу толкување на резултатите... Во последниве два три месеца има провлеми со циклусот кој ми беше редовен како часовник... Час касни по 10 дена, час ке дојде два пати во месецот. Инаку имам две деца и имам 28 години. Докторот ме прати да испитам хормони.. Сега гледам сите одите во одредени денови, кај мене требаше кога испитував дента да ми дојде, но докторот ме гледаше на ехо и рече дека нема да ми дојде... Е сега резултатите ги земав ама поима немам што значат...
Ве молам за помош TSH - 1,89 T4 - 1,18 Prolactin - 3,78 FSH - 25,1 LH 8,32 Estradiol 80,9
Во Јане Сандански ги правев анализите
вредностите не ги разбирам , ако сакате ке поставам слика
< Поракaта ја уредил miana -- 15.9.2014 13:56:33 >
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.
RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост 15.9.2014 14:00:49
LoveableMe RR
Миана, не треба слика, мораш под итно да го намалиш ФСХ, знам дека викаат здраво се храниш и вежбаш, но и екстремни вежби може да те доведат до хормонален дисбаланс, така што, се умерено, никако благи работи шеќери, пржена храна фаст фуд избегнувај во следен период.
Имаш рецепт на суви смокви во маслиново масло, тоа многу помага за намалување на ФСХ, пробај не е на одмет, другиве ти се начелно ок.
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 15.9.2014 14:01:15 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост 15.9.2014 14:57:51
miana
А што е ФСХ устври? Каква врска има исхраната?
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.
RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост 15.9.2014 16:23:45
Kvisko
Miana FSH е фоликулостимулирачки хормон односно хормон што треба да предсизвика растење на фоликулите.
Е сега за него има референтни вредности за секоја фаза од циклусот. Она што го пиша LoveableMe дека е висок се однесува само ако на 3 ден од циклус е со толкава вредност. Исто така за добро да се протолкува резултатот потребни ти се референтни вредности за да се види дали хормоните се во референтни граници или не. Со оглед на тоа што испитувањата ги имаш правено пред да добиеш види референтни вредности за хормони во лутеална фаза од циклусот. Потребно е да испиташ и тестостерон и хормони од тироида зашто и тироидата може да даде пореметувања на цилусот.
Најважно од се е да не паничиш лекарот сигурно ќе има одговори.
RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост 16.9.2014 11:31:54
Libra88
Квиско, а нели TSH i T4 беа хормони на тироидата, или грешка сум???
Дали има некоја со позитивен резултат од смоквите во маслинов зејтин? Инаку јас јадам, веке еден месец, ама уште ми нема дојдено. Пијам и чај од ајдучка трева. Утре ке одам на гинеколог да видам до каде е работата, што се случува.
RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост 16.9.2014 11:34:58
LoveableMe RR
Libra88, тоа да, се тиродини хормони што ги наведе, знам кај некои членки прочитај има ефект ова со смоквите и маслиновото масло. Ајдучката трева исто не е на одмет. Пиши што ќе направиш на гинеколог.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост 16.9.2014 11:51:27
miana
Јас на докторот му ги испратив резултатите на мејл и добив одговор од него ваков Ako ovie rezultati od hormonskoto isleduvanje se praveni tretti cetvrti ili petti den od pocetokot na men. ciklus se sosema o.k Pozdrav Е сега докторот не памти која сум и за што ме пратил на испитувања..Му идговорив дека циклусот ми доцни, а тој пак ми ги побара резултатите да ги види, па пак му ги испратив и сега чекам негов одговор. Што мислите вие? Ако имав добиено ке ми беа нормални според него, а јас немам добиено и сега што?
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.
Јас на докторот му ги испратив резултатите на мејл и добив одговор од него ваков: Ako ovie rezultati od hormonskoto isleduvanje se praveni tretti cetvrti ili petti den od pocetokot na men. ciklus se sosema o.k
Miana, ај да не бидам лошка, ама ако на докторов вредностиве на ФСХ и ЛХ за млада жена како тебе и башка пишува на 3-ти ден од циклус му се ок, не знам што да кажам....еве нека пишат другите...побарај друго мислење од друг доктор.....
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост 16.9.2014 12:13:19
Hopeful RR
miana, и мене не ми личат на најдобри, освен ако во лабораторијата имаат поинакви референтни вредности. Знам дека сега ти доцни, но не те разбрав дали кога си ги правела си била на 3 ден од циклус? Ако не, обавезно повтори ги кога ќе добиеш.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост 16.9.2014 12:23:30
Libra88
Леле колку убава вест видов моментално на страната на систина.. Фала му на бога нема да морам да ја шетам клиниката. Проф. д-р Чедомир Димитровски дел од тимот на „Аџибадем Систина“
RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост 16.9.2014 12:28:13
miana
Циклусот ми касни затоа и ме прати на испитување докторов, ама во мејлот нема поим кој м у ги прака очигледно Најпаметно ми е да ги земам резултативе и кај него на лице место..Иначе Стамболиев ми е доктор
Еве ке ви поставам слика од резултатите таму ги има и вредностите ве молам видете ги па кажете мислење
< Поракaта ја уредил miana -- 16.9.2014 12:30:37 >
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.
RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост 16.9.2014 12:33:50
Hopeful RR
Штом не си имала добиено, не знам кои референтни вредности да ги гледам... А да му отидеш ти на докторот и да го распрашаш асално, не преку мејл? Нека не си игра играчки, луѓе од крв и месо сме ние тука бре. Може се си е ок, само мора да знае и точно да каже наместо ние да нагаѓаме.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост 16.9.2014 12:39:08
LoveableMe RR
Miana од вредностите можеш да видиш ФСХ вредноста спаѓа само во пост-менопаузална фаза, е па сега ти види. Она што ме изнервира е дека ти рекол ако си правела на 3-ти ден од циклус, ок се резултатитие.
Како бре ок? ФСХ на 3-ти ден од циклус со толкава вредност за млада жена, како бре ок?
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост 16.9.2014 12:46:44
miana
Е ајде де, и мене ме зачуди и дефинитивно ке одам. Сега го барав на мобилен не крева..Утре одам со резултатите правац кај него..Мене циклуцот ми касни и последниве три месеца,односно предминатиот каснеше 10 дена, па дојде.. Па минатиот си дојде најнормално , ама дојде два пати ( таман престанав да крварам за два дена пак почнав ) Сега пак касни, и докторот ме виде на ехо и ми рече дека нема да добијам наскоро.. Ме праша под каков стрес сум? Му реков - никаков! Ме прати на ова испитување и ми рече на мејл да му ги пратам резултатите! Иначе некаде има пишувано дека кај нас во фамилија ( прабабами, мајка на бабами, бабами и мајками ) сите рано престанале да добиваат. Прабабами на 28 ( како мене ) ама од стрес, и го стрелале мажот во војна, бабами на 38, откако го родила вујкоми а мајками од 40 тата.. ( на мајками и е истиот доктор и со хормони неколку години и го продолжуваше циклусот ) ама јас па ептен млада без стресови..Јас многу се секирам децава кога ми се болни, тоа ми е најголем стрес, веке не живеам нормално од оваа помисла..Почнува време на вируси а јас психички се пореметувам! Немојте да мислите дека со деца е лесно, ич не е Изнивете што ве замарав, мора ова да го решам веке !
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.
RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост 16.9.2014 12:54:46
LoveableMe RR
Miana, нередовни циклуси со ваков хормонален статус на тоа водат, генетиката не е играчка, но ти кажав вежбај ум ерено, викаат јогата одложува менопауза, храни се здраво и покрај ова со смоквите и маслиновото масло, можеш да земеш нешто за имунитет тие помагаат и за хормоните и мака перуанска, ја има во Рамстор, помага за одложување на менопауза. Позз, пиши што ќе ти каже.
А за децата, не знам која мајка не се секира, ретки се таквите, сите мајки се секираат за децата, но тоа не би требало да влијае до толку на хормоните....
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост 16.9.2014 13:01:55
miana
ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR
Miana, нередовни циклуси со ваков хормонален статус на тоа водат, генетиката не е играчка, но ти кажав вежбај ум ерено, викаат јогата одложува менопауза, храни се здраво и покрај ова со смоквите и маслиновото масло, можеш да земеш нешто за имунитет тие помагаат и за хормоните и мака перуанска, ја има во Рамстор, помага за одложување на менопауза. Позз, пиши што ќе ти каже.
А за децата, не знам која мајка не се секира, ретки се таквите, сите мајки се секираат за децата, но тоа не би требало да влијае до толку на хормоните....
Јас нездраво се секирам и тоа го знам.....Откако децата ми претрпеа лежење во болнициве, мене веке хорор ми претставува секое нивно разболување! Да не даде господ на никој такви лоши хорори, а може и јас ги доживувам како такви! Ке ви пишам што ке ми каже мојот доктор
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.
RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост 17.9.2014 13:52:04
miana
Утрово бев кај докторот..Тој е расеан како и секој и не памти тоа што треба.. Ме стави пак на ехо, ми вика- цитирам - ке добиеш наскоро, не ти давам хормони. Ова високиот ФСХ нека е те плаши зошто ЛХ ти е ниско ( па ми објаснуваше нешто со хипофиза бла, бла ) Ова ти е дефинитивно резултат на емотивен стрес, треба да пиеш нешто за смирување, пиј б6 витамин, не сакам да ти давам деметрин и сл. и опрај си ја главата, не се секирај, ке правиме трето дете, не ми прави муабет за мено паузи , нека не ти паѓа на памет! Е тоа беше одговорот!
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.
Миана, со вакви вредности треба посериозно да пристапи докторот. Естрогенот е висок и ФСХ е висок што укажува на нарушување, но сепак како мислиш така прави, пробај со Б6 и види по неколку месеци како ќе биде состојбата. А за трето дете, сите ти посакуваме ако ти е желба, што поскоро да се отврари едно фудбалерче
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост 17.9.2014 15:00:13
5678m
Miana,
ako sakas treto dete proveri go FSH - to na tret den od menzis.
Jas imam mng golem problem so ovarijalnata rezerva. Denes bev na ginkolog i mi vide samo 3 folikuli, na 6 ti den od menzis, a FSH- to ovoj mesec mi bese 8,8 - normalno, dodeka prosliot mesec stigna do 16,4 - loso. Treba da odam vo petok da vidi dali raste edniot folikul, za eventualno da moze da se razgovara za zamrznuvanje na jajce kletka. Ne mozam da gi sopram solzite. Najmnogu mi e krivo sto sekogas sum vodela smetka za svoeto zdravje, a sega da dojdam do vakva situacija na samo 33 godini. Nemam deca. Neznam sto da pravam i koj doktor da go odberam za ponatamu,dali Remedika ili Sistina. Sekade bev niz Sk. Izvinete sto vi se zalam, ama mng mi e tesko.
RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост 17.9.2014 15:08:59
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: 5678m Jas imam mng golem problem so ovarijalnata rezerva. Denes bev na ginkolog i mi vide samo 3 folikuli, na 6 ti den od menzis, a FSH- to ovoj mesec mi bese 8,8 - normalno, dodeka prosliot mesec stigna do 16,4 - loso.....
Јас сум да провериш за некој месец пак на 3-ти ден од циклус ФСХ и да провериш исто естрадиол, па да споредиме, не очајувај, не е се изгубено, а ФСХ не е правило дека нема да заберемениш. За која болница и кој доктор да решиш, твое е, горе-долу си ја знаат работата и ќе дојдеш до успех. Пиши ни нови резултати во иднина.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост 17.9.2014 17:07:39
Libra88
Јас само што се вратив од гинекологот, ме гледаше на ехо, нема ништо, ми кажа за 10тина дена ке ми дојде. Здравје, планирам за наредниот четврток да закажам кај др. Чедо Димитровски во Систина.
RE: Хормонална рамнотежа-услов за бременост 18.9.2014 9:14:59
LoveableMe RR
Читав на нет дека висок пролактин не може да се третира изолирано и дека мора да се следи тироидната жлезда и ако таа се регулира, се намалува проблемот со пролактинот, кој пак спречува забременување, а тироидната ги регулира скоро сите функции во организмот.
За жал кај нас најчесто третираат пролактин без да ја следат внимателно тироидната и со тоа не го решават проблемот......
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!