|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   доручек
14.10.2009 9:06:48   
big_mama817
Што им давате на вашите деца обично за доручек?
Син ми викенд кога е дома значи кога не е во градинка обично јаде јогурт,јајце,пржени лепчиња,сирење и сл.user posted image

< Поракaта ја уредил big_mama817 -- 14.10.2009 9:07:03 >


_____________________________

Децата се најголемо богаство :)
Revisions: 1 | Непосредна врска до пораките: 1
   RE: доручек
3.10.2011 14:23:23   
Mihaela 2010
Jas na kerka mi za dorucek i davam:lepce namackano so abc krem sir,palenta so pavlaka ili kiselo mleko,ponekogas biskviti so mleko,no pretezno toa za vecera i go davam,vareno jajce so pavlaka,lepce so puter i sirence ili patligjance,tarana ponekogas...

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: доручек
4.10.2011 10:55:51   
arh_diz
Za dorucek mu davam obavezno zitarici ,palenta,oriz ,griz so mleko i mnogu mu se dopaga.Mnogu retko se slucuva da mu dadam nesto drugo ako mu dadam drugo toa e obicno nekoe ovosje

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: доручек
4.10.2011 19:32:46   
AnnaMolly RR
koga sme doma, odnosno koga ne odi vo gradinka jademe za pojadok zitarki, na primer ovesni snegulki so jogurt, palenta, kornfleks, griz, tarana ili jajce przeno na oko, a poretko lepce namackano i biskviti so mleko, toa najcesto ni e za vecera.

< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 4.10.2011 19:34:09 >


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: доручек
4.10.2011 23:09:38   
Maca25
Кога сме дома со Нина, најчесто за викенд, доручекот обаезно и е овошје. Се што имам од фрижидер овошно user posted image вадам, мијам, лупам, сецкам и јадеме. После 2 саати од овошјето знае да побара пак нешто да јаде, а тогаш сме најчесто надвор, па јаде некое кроасанче или кифличка.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: доручек
24.10.2011 16:12:11   
kikicka
i nie ili jogurtce so jajce i lepce,ili zitarki so mleko ili jogurt,ili kajgana,kori,tarana,karamelino,ili vanilino so biskotki i slicno

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Доручек
25.1.2012 13:37:33   
Felly RR
Започнете го денот со појадок- поговорка која е секогаш актуелна. Наутро желудникот ја очекува количината на храна, за чие внесување често сме мрзливи. Редовниот појадок е особено значаен во исхраната на децата и никако не би смеел да се прескокнува. Редовниот појадок обезбедува:
  • доволна количина на енегија за учење и игра
  • детето има добра терморегулација
  • децата се расположени и разиграни
  • отпорни се на болести
  • постигнуваат подобри резултати во учењето
  • појадокот придонесува за одржување на константно ниво на шеќер во крвта
Доколку појадокот се прескокнува:
  • децата се поспани и нерасположени
  • имаат послаб имунитет
  • потешко ги реализираат обврските
  • потешко се контролира телесната тежина
  • се зголемува можноста од заболување на органите за варење.
Нутриционистите  посочуваат дека навиките за редовен појадок се стекнуваат во детството. Слично е и со стилот на јадење, односно употребата на приборот за јадење. Затоа родителите мораат со својот пример да им покажат на децата како  да го започнат успешниот ден! Родителите имаат голема одговорност и придонес во изградбата на навиките на детето, кои ќе го следат низ целиот живот.
Детскиот појадок мора да биде лесен, богат со житарици и јагленохидрати, сиромашен со масти и сол.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Доручек
25.1.2012 13:44:19   
vezilka RR
Јас на Никола за доручек обавезно му давам овошје..или чисто. или со павлака или со житарки. Откако почна со цврста храна секогаш доручекот му е овошје.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Доручек
25.1.2012 13:47:43   
AnnaMolly RR
Јас па никогаш не сум му давала овошје за појадок. Тоа ми е за ужина. За појадок најчесто житарки јаде.

Е, сега, јас имам едно прашање.
Филип станува во 06:40 часот, а првиот оброк (појадок, нели) му е дури во 08:30 во градинка. Дома не сака да јаде, сум му нудела и јадење и млеко... Не сака.

Да не е многу толку време без да јаде? Кога сме дома обично се буди накај осум, па до девет најдоцна појадува. А вака му се фаќаат два часа да не јаде.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Доручек
25.1.2012 13:47:59   
nadica
како и за секој оброк со Н така и за доручек се молиме што да биде user posted image  во градинка нема проблем ама еве цел јануари дома ми ја пукна главата
најчесто ја нудам од тоа ние што јадеме (варено јајце со јогурт, мармалад/мед/путер со млеко/чај, кифличка, панцерота, бурек,...) е ако не сака измислувам топла вода

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Доручек
25.1.2012 20:30:14   
Snowhite RR
Болна тема, не дека не јаде, туку дека секој ден јаде чоколино или евентуално млеко со бисквити, зашто не пие млеко, а ако не му дадам млечен оброк на сабајле, покасно не сака, па така секое сабајле чоколиното, некогаш и навечер пак млечен оброк 

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Доручек
25.1.2012 21:54:41   
Felly RR
Матеа насабајле бара млеко, и кога ќе го испие (околу 200 мл) ништо друго не сака.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Доручек
26.1.2012 11:01:24   
kikicka
Ние или доручкуваме во 10ипол или во 9 ипол зависи кога ке стане ,инаку и ние не пиеме сабајле млеко па имаме млечен оброк чоколино,млекобискоти,ванилино,микс енд плеј јаболко,или јогурт и житарици,кори,терана,јајце лепче зависи ..што др можам да и давам?

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Доручек
26.1.2012 11:07:58   
AnnaMolly RR
Можеш пржено лепче со јајце, варено јајце со крем сирење, кајгана...
Јас овие работи обично за вечера му ги давам.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Доручек
26.1.2012 12:35:29   
Slagjana
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Матеа насабајле бара млеко, и кога ќе го испие (околу 200 мл) ништо друго не сака.


Исто. Само што не се 200, туку 250мл. И после јади дури по 3-4 саати.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Доручек
26.1.2012 13:33:21   
Felly RR
Oхоооо, па тоа е супер. Матеа до ручек може самоп да поткасне некое залче леб, нешто грицки и толку.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Доручек
26.1.2012 18:43:36   
Maca25
Нина еве ја скоро 3 години и кога е дома за појадок бара овошје. Ама јаде количински многу овошје. Јаде по една банана, една круша, 3-4 сливи, 1 киви, јаболко неколку кришки( не го сака многу), може и една мандарина или портокал да изеде. И сево ова излупено и исецкано на коцки во тањир и за 10 мин го нема user posted image

После ова не сака долго да јаде, ама ако и спомнам палента или тарана одма ќе прифати, колку и да и е полн стомакот. user posted image

Се надевам дека ќе и остане ова јадење овошје наутро и понатаму.

Е кога оди во градинка, тогаш си појадува што има таму за појадок, ама пред да излеземе обично пие цеден сок од портокал или мандарина.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Доручек
27.1.2012 9:26:11   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR



Се надевам дека ќе и остане ова јадење овошје наутро и понатаму.




Токму тоа сакам и јас на Никола да му го всадам како навика и затоа секое сабајле инсистирам на овошје. Ама во последно време нешто не го сака како порано и ако не изеде толку колку што сметам дека треба ( а тоа се околу три овошки, банана обавезно и плус на пр. круша и кива или така нешто) тогаш през денот му давам уште некоја овошка. И обавезно свежо цеден сок секој ден.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Доручек
4.2.2012 19:46:12   
Pepelaska *
Ние за доручек јадеме или палента со абц, бисквити со млеко, јуфки со зденка, чоколино, ванилино, некогаш тост со кашкавал, некогаш пржено лепче, еднаш му дадов еурокем. Ич не сака да јаде насабајле Мартин, во 6 пие млеко па може му држи.Ќе пробам и јас со овошје или исклучиво со солени работи.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Доручек
22.9.2014 17:56:56   
Felly RR
Кога е за викенд дома, најчесто и правам овесни снегулки со јогурт, а може и пржено лепче или пак некогаш лепче со кремче/мармалад. Овошјето го чуваме за ужинка.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Доручек
22.9.2014 23:14:03   
Snowhite RR
Jана на сабаjле пие млеко и после по 2-3 саати jади нешто друго или jогурт со житарици или со леб или геврече, леб со намаз, со еурокрем, ако има на маса домати тоа jади, се што ние поjадуваме тоа, а М или геврече, бурече и нешто слично или леб со нешто намачкан

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Доручек
23.9.2014 9:51:39   
elenak
Јована јадеше овошје за појадок кога беше ептен мала, т.е на почеток кога почнавме до дохрана, а после веќе го префрливме во прва ужинка. Некако овошје не ми е како за појадок, не ми е логично како може да ја држи сита овошје. Инаку појадокот ни е главен оброк, станува од спиење и прво што вика е ,,мамо ми се ручка,,. Сега кога оди на градинка малку забушаваме дека таму не јаде се, па после дури во 11 од ручекот јаде по малце, а дома кога иде во 12 обавезно овошје. За појадок вртиме неколку комбинации, палента,јогурт со корнфлекс,тарана, пжрено лепче за викенд, јајце варено или пржено или печено лепче со кашкавал. И се тоа е во комбинација со јогурт или к.млеко. Е од ова ништо нема во градинка, затоа и не јаде појадок таму.user posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Доручек
23.9.2014 9:57:16   
Mihaela 2010
Koga sme vo gradinka nasabajle mozno e da izede banana pred iskacanje ili biskvitka pa si tera vo gradinka.
Za vikend obicno jade ovosje banana ili jabolce dur mama i tato pijat kafe posle si doruckuvame.lepce so Zdenka, ili tost jogurt i nekoe pecivo, vareno jajce i tn

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Доручек
23.9.2014 13:50:09   
bucko mal
Mene me interesira pred da gi nosite vo gradinka/shkolo decata dali im davate dorucek?

Jas nikogas ne sum davala ama sega golemiov sin se navikna pred da odi vo skolo jade zitarici.
Malovo koga pocna vo gradinka nautro mu davav samo mleko,no mi prepracat ucitelkite da mu davam dorucek.Kasnuva dve,tri lazicki zitaricki kolku da se rece deka jadel.A mleko si prodolzi da pie.Znam deka treba da prekinam so mleko nautro ako sakam da doruckuva ama on mnogu saka mleko da pie mi e zal da mu go skratam toa zadovolstvo.Od druga strana vo gradinka vo 9:30 potkasnuvaat ovoshje,jogurt,mleko,zitarici-ova ne mozam da go narecam dorucek zatoa sto ne e dorucekuser posted image Rucekot im e vo 12:00 nekako mnogu vreme mi e toa user posted image
Sovet?

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Доручек
23.9.2014 13:59:30   
Felly RR
Јас не и давам наутро, зошто веднаш кога ќе ја однесем појадуваат таму, ако и дадам дома да јаде, па таму нема да сака.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?