доручек (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


big_mama817 -> доручек (14.10.2009 9:06:48)

Што им давате на вашите деца обично за доручек?
Син ми викенд кога е дома значи кога не е во градинка обично јаде јогурт,јајце,пржени лепчиња,сирење и сл.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Mihaela 2010 -> RE: доручек (3.10.2011 14:23:23)

Jas na kerka mi za dorucek i davam:lepce namackano so abc krem sir,palenta so pavlaka ili kiselo mleko,ponekogas biskviti so mleko,no pretezno toa za vecera i go davam,vareno jajce so pavlaka,lepce so puter i sirence ili patligjance,tarana ponekogas...




arh_diz -> RE: доручек (4.10.2011 10:55:51)

Za dorucek mu davam obavezno zitarici ,palenta,oriz ,griz so mleko i mnogu mu se dopaga.Mnogu retko se slucuva da mu dadam nesto drugo ako mu dadam drugo toa e obicno nekoe ovosje




AnnaMolly RR -> RE: доручек (4.10.2011 19:32:46)

koga sme doma, odnosno koga ne odi vo gradinka jademe za pojadok zitarki, na primer ovesni snegulki so jogurt, palenta, kornfleks, griz, tarana ili jajce przeno na oko, a poretko lepce namackano i biskviti so mleko, toa najcesto ni e za vecera.




Maca25 -> RE: доручек (4.10.2011 23:09:38)

Кога сме дома со Нина, најчесто за викенд, доручекот обаезно и е овошје. Се што имам од фрижидер овошно [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] вадам, мијам, лупам, сецкам и јадеме. После 2 саати од овошјето знае да побара пак нешто да јаде, а тогаш сме најчесто надвор, па јаде некое кроасанче или кифличка.




kikicka -> RE: доручек (24.10.2011 16:12:11)

i nie ili jogurtce so jajce i lepce,ili zitarki so mleko ili jogurt,ili kajgana,kori,tarana,karamelino,ili vanilino so biskotki i slicno




Felly RR -> RE: Доручек (25.1.2012 13:37:33)

Започнете го денот со појадок- поговорка која е секогаш актуелна. Наутро желудникот ја очекува количината на храна, за чие внесување често сме мрзливи. Редовниот појадок е особено значаен во исхраната на децата и никако не би смеел да се прескокнува. Редовниот појадок обезбедува:
  • доволна количина на енегија за учење и игра
  • детето има добра терморегулација
  • децата се расположени и разиграни
  • отпорни се на болести
  • постигнуваат подобри резултати во учењето
  • појадокот придонесува за одржување на константно ниво на шеќер во крвта
Доколку појадокот се прескокнува:
  • децата се поспани и нерасположени
  • имаат послаб имунитет
  • потешко ги реализираат обврските
  • потешко се контролира телесната тежина
  • се зголемува можноста од заболување на органите за варење.
Нутриционистите  посочуваат дека навиките за редовен појадок се стекнуваат во детството. Слично е и со стилот на јадење, односно употребата на приборот за јадење. Затоа родителите мораат со својот пример да им покажат на децата како  да го започнат успешниот ден! Родителите имаат голема одговорност и придонес во изградбата на навиките на детето, кои ќе го следат низ целиот живот.
Детскиот појадок мора да биде лесен, богат со житарици и јагленохидрати, сиромашен со масти и сол.




vezilka RR -> RE: Доручек (25.1.2012 13:44:19)

Јас на Никола за доручек обавезно му давам овошје..или чисто. или со павлака или со житарки. Откако почна со цврста храна секогаш доручекот му е овошје.




AnnaMolly RR -> RE: Доручек (25.1.2012 13:47:43)

Јас па никогаш не сум му давала овошје за појадок. Тоа ми е за ужина. За појадок најчесто житарки јаде.

Е, сега, јас имам едно прашање.
Филип станува во 06:40 часот, а првиот оброк (појадок, нели) му е дури во 08:30 во градинка. Дома не сака да јаде, сум му нудела и јадење и млеко... Не сака.

Да не е многу толку време без да јаде? Кога сме дома обично се буди накај осум, па до девет најдоцна појадува. А вака му се фаќаат два часа да не јаде.




nadica -> RE: Доручек (25.1.2012 13:47:59)

како и за секој оброк со Н така и за доручек се молиме што да биде [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image] во градинка нема проблем ама еве цел јануари дома ми ја пукна главата
најчесто ја нудам од тоа ние што јадеме (варено јајце со јогурт, мармалад/мед/путер со млеко/чај, кифличка, панцерота, бурек,...) е ако не сака измислувам топла вода




Snowhite RR -> RE: Доручек (25.1.2012 20:30:14)

Болна тема, не дека не јаде, туку дека секој ден јаде чоколино или евентуално млеко со бисквити, зашто не пие млеко, а ако не му дадам млечен оброк на сабајле, покасно не сака, па така секое сабајле чоколиното, некогаш и навечер пак млечен оброк 




Felly RR -> RE: Доручек (25.1.2012 21:54:41)

Матеа насабајле бара млеко, и кога ќе го испие (околу 200 мл) ништо друго не сака.




kikicka -> RE: Доручек (26.1.2012 11:01:24)

Ние или доручкуваме во 10ипол или во 9 ипол зависи кога ке стане ,инаку и ние не пиеме сабајле млеко па имаме млечен оброк чоколино,млекобискоти,ванилино,микс енд плеј јаболко,или јогурт и житарици,кори,терана,јајце лепче зависи ..што др можам да и давам?




AnnaMolly RR -> RE: Доручек (26.1.2012 11:07:58)

Можеш пржено лепче со јајце, варено јајце со крем сирење, кајгана...
Јас овие работи обично за вечера му ги давам.




Slagjana -> RE: Доручек (26.1.2012 12:35:29)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Матеа насабајле бара млеко, и кога ќе го испие (околу 200 мл) ништо друго не сака.


Исто. Само што не се 200, туку 250мл. И после јади дури по 3-4 саати.




Felly RR -> RE: Доручек (26.1.2012 13:33:21)

Oхоооо, па тоа е супер. Матеа до ручек може самоп да поткасне некое залче леб, нешто грицки и толку.




Maca25 -> RE: Доручек (26.1.2012 18:43:36)

Нина еве ја скоро 3 години и кога е дома за појадок бара овошје. Ама јаде количински многу овошје. Јаде по една банана, една круша, 3-4 сливи, 1 киви, јаболко неколку кришки( не го сака многу), може и една мандарина или портокал да изеде. И сево ова излупено и исецкано на коцки во тањир и за 10 мин го нема [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

После ова не сака долго да јаде, ама ако и спомнам палента или тарана одма ќе прифати, колку и да и е полн стомакот. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Се надевам дека ќе и остане ова јадење овошје наутро и понатаму.

Е кога оди во градинка, тогаш си појадува што има таму за појадок, ама пред да излеземе обично пие цеден сок од портокал или мандарина.




vezilka RR -> RE: Доручек (27.1.2012 9:26:11)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR



Се надевам дека ќе и остане ова јадење овошје наутро и понатаму.




Токму тоа сакам и јас на Никола да му го всадам како навика и затоа секое сабајле инсистирам на овошје. Ама во последно време нешто не го сака како порано и ако не изеде толку колку што сметам дека треба ( а тоа се околу три овошки, банана обавезно и плус на пр. круша и кива или така нешто) тогаш през денот му давам уште некоја овошка. И обавезно свежо цеден сок секој ден.




Pepelaska * -> RE: Доручек (4.2.2012 19:46:12)

Ние за доручек јадеме или палента со абц, бисквити со млеко, јуфки со зденка, чоколино, ванилино, некогаш тост со кашкавал, некогаш пржено лепче, еднаш му дадов еурокем. Ич не сака да јаде насабајле Мартин, во 6 пие млеко па може му држи.Ќе пробам и јас со овошје или исклучиво со солени работи.




Felly RR -> RE: Доручек (22.9.2014 17:56:56)

Кога е за викенд дома, најчесто и правам овесни снегулки со јогурт, а може и пржено лепче или пак некогаш лепче со кремче/мармалад. Овошјето го чуваме за ужинка.[sm=smiley36.gif]




Snowhite RR -> RE: Доручек (22.9.2014 23:14:03)

Jана на сабаjле пие млеко и после по 2-3 саати jади нешто друго или jогурт со житарици или со леб или геврече, леб со намаз, со еурокрем, ако има на маса домати тоа jади, се што ние поjадуваме тоа, а М или геврече, бурече и нешто слично или леб со нешто намачкан




elenak -> RE: Доручек (23.9.2014 9:51:39)

Јована јадеше овошје за појадок кога беше ептен мала, т.е на почеток кога почнавме до дохрана, а после веќе го префрливме во прва ужинка. Некако овошје не ми е како за појадок, не ми е логично како може да ја држи сита овошје. Инаку појадокот ни е главен оброк, станува од спиење и прво што вика е ,,мамо ми се ручка,,. Сега кога оди на градинка малку забушаваме дека таму не јаде се, па после дури во 11 од ручекот јаде по малце, а дома кога иде во 12 обавезно овошје. За појадок вртиме неколку комбинации, палента,јогурт со корнфлекс,тарана, пжрено лепче за викенд, јајце варено или пржено или печено лепче со кашкавал. И се тоа е во комбинација со јогурт или к.млеко. Е од ова ништо нема во градинка, затоа и не јаде појадок таму.[sm=smiley13.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Доручек (23.9.2014 9:57:16)

Koga sme vo gradinka nasabajle mozno e da izede banana pred iskacanje ili biskvitka pa si tera vo gradinka.
Za vikend obicno jade ovosje banana ili jabolce dur mama i tato pijat kafe posle si doruckuvame.lepce so Zdenka, ili tost jogurt i nekoe pecivo, vareno jajce i tn




bucko mal -> RE: Доручек (23.9.2014 13:50:09)

Mene me interesira pred da gi nosite vo gradinka/shkolo decata dali im davate dorucek?

Jas nikogas ne sum davala ama sega golemiov sin se navikna pred da odi vo skolo jade zitarici.
Malovo koga pocna vo gradinka nautro mu davav samo mleko,no mi prepracat ucitelkite da mu davam dorucek.Kasnuva dve,tri lazicki zitaricki kolku da se rece deka jadel.A mleko si prodolzi da pie.Znam deka treba da prekinam so mleko nautro ako sakam da doruckuva ama on mnogu saka mleko da pie mi e zal da mu go skratam toa zadovolstvo.Od druga strana vo gradinka vo 9:30 potkasnuvaat ovoshje,jogurt,mleko,zitarici-ova ne mozam da go narecam dorucek zatoa sto ne e dorucek[sm=smiley1.gif] Rucekot im e vo 12:00 nekako mnogu vreme mi e toa [sm=zmeden.gif]
Sovet?




Felly RR -> RE: Доручек (23.9.2014 13:59:30)

Јас не и давам наутро, зошто веднаш кога ќе ја однесем појадуваат таму, ако и дадам дома да јаде, па таму нема да сака.




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>