|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Родителска средба (во градинка)
16.9.2013 11:09:03   
AnnaMolly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Родителската ни е закажана за утре. Имам неколку прашања спремни, за приемниот ден обавезно ќе прашам, ќе предложам група да оформиме на ФБ каде би комуницирале родителите и така. Ајде ќе кажам впечатоци после родителската.

Ние имаме група на ФБ и одлично ни функционира. Само родителите сме во неа, си разменуваме искуства и мислења, си ставаме слики од дечињата... Одлична идеја ти е тоа.
А наставнички не примаме :)))

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Родителска средба (во градинка)
17.9.2013 19:53:22   
sandriana RR
Родителската помина попладнево, и горе долу беше тоа што очекував - управителката се изјасни за финансискиот дел, ни поделија уплатници за материјали и за Росица, не опоменаа редовно да си плаќаме аконтација. Присуствуваше и докторката, кусо се изјасни за систематските прегледи и кои деце не би требало да се носат во градинка(со какви симптоми). Негователките си кажаа за моменталната состојба и бројноста на децата, и некои интерни случувања.
Некоја посебна дискусија не се разви од страна на родителите.
Ни дадоа и анонимни прашалници да пополниме за тоа колку сме задоволни од условите, програмата и персоналот во градинката, како и да напишеме забелешки, предлози и пофалби.
Значи, во нашата група останува индивидуално да се информираме и дејствуваме, а едукативни работилници за родители би се организирале во иднина неколку пати, веројатно по даден повод.
Ете, накусо извештај за средбата.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Родителска средба (во градинка)
17.9.2013 22:50:01   
Snowhite RR
И јас денеска бев на родителска, сметките да се плаќаат до 10 ти за тековниот месец, да се носат децата до 8.30 после се заклучуваат вратите, да не се носат деца со терапија и само со уреден брис, при тоа кажаа дека родителите им подметнувале лажни резултати така што делот каде е бактеријата и терапијата која е соодветна да се прима го кинеле, па еве рече дете донесено со два негативни бриса сега повторно имало бактерија, што значело дека е добиена од градинка, па кога и реков дека тоа значи дека ние другите во тој случај џабе правевме брис, рече дека сакале да им подметнат ама тие ги сетиле демек, друго за колективното осигурување.
А читам сандриана дека кај вас во градинката има доктор, а баш една од родителите праша дали има доктор и одговорот беше дека по систематизација било предвидено ама немало примено, кога ќе се одобрело финансии ќе примеле.
Друга дискусија се разви дека во вецеата нема капаци на шољите и еден родител им рече дека постојано зборуваат за брисеви, бактерии, а во вецеата не е чисто, па ако тие не можат, ние да донираме да се купат, ама као биле по посебни стандарди правени и немало такви, па капак на се, се погоди во просторијава каде беше родителската, а инаку е трпезарија, зад врата две метли имаше, па кога им ги покажа и ги праша што бараат овие метли овде каде јадат децата, а се потенцијален извор на бактерии не знаеа што да кажат.
А јас навистина сум била во вецеата и шољите немаат капаци и плус не се чисти и човекот беше во право дека оттаму најмногу бактерии доаѓаат
И заборавив да кажам ќе се формирале и совети на родители и торти да не се носеле за родендени, исто кажаа за бришачи да се купуваат за една употреба и чаши пластични за една употреба
А имаше тема за совет на родители некадеuser posted image , ај да побарам да не пишувам овде

< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 17.9.2013 22:54:57 >


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Родителска средба (во градинка)
17.9.2013 23:07:54   
vezilka RR
Мене од родителскава најбитно ми беше да ги запознаам учителката и негувателката, оти нови ни се од годинава. И задоволна сум. Учителката ми се виде ептен спремна и ептен педагог. Имаше брз и ефективен одговор на секое прашање, а беа поставени неколку на тема развој на децава. Условите се тие, ги знаеме од лани. Некои родители бараа да се организираме да ја украсуваме училницата, а некои да се купело ТВ, што не ми се допадна ама ич. Друго вообичаено се зборуваше, за куќниот ред на градинката, за програмата, и за соработката меѓу нас, родителите со нив. Нема приемен ден, туку секој ден во периодот од 12:30 до 14:00 може да дојдеме или да се јавиме во градинката за да прашаме зза децата или било што друго. Воглавно тоа беше.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Родителска средба (во градинка)
17.9.2014 23:35:46   
Felly RR
Мамички, дали веќе ви поминаа првите родителски во градинка? Гледам ова време минатата година веќе имало во повеќето градинки. ПИшете искуство како поминавте на првата родителска средба.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Родителска средба (во градинка)
18.9.2014 8:43:09   
Mihaela 2010
Nas ni e zakazana vo sreda,mm ke odi pa ke vidime sto i kako ke bide,sto ke baraat i sto ke nudatuser posted image

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Родителска средба (во градинка)
18.9.2014 16:01:50   
miana
Јас бев на родителска, списокот ќе ви го испратам што се треба..Моето дете има две ипол години а списоков е пренатрупан, но рекоа дека ке им биде и за наредната година.


Инаку помина добро, истите учителки и се што и беа и на поголемата керка.. Се правеа разговори од типот - што и како се работи.
Од 8 ипол појадуваат , па имаат занимање до 10 , во 10 имаат ужинка, па гледаат цртани и сл, па во 11 ипол ручаат и легнуваат да спијат. Во 14 ч ги стануваат, им даваат ужина и по дома ...

Потпишувавме дозвола за да ги изнесуваат надвор од градинка, за да ги има во медиуми и сл.



< Поракaта ја уредил Felly RR -- 25.9.2014 11:58:32 >


_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Родителска средба (во градинка)
18.9.2014 16:32:54   
Felly RR
Миана, списокот го префрлив во темата Училишен прибор.
Ние уште не сме биле на родителска, лани беше многу порано, но може и сме ја пропуштиле оваа година, бидејќи баш овие денови М не оди во градинка заради конјуктивитисот.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: Родителска средба (во градинка)
24.9.2014 13:03:34   
Mihaela 2010
Nie denes imame roditelska vo gradinka,mm ke ide i mnogu me interesira sto ke se slucuva..
utre ke ve izvestam sto ke ni pobaraatuser posted image

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 84
   RE: Родителска средба (во градинка)
25.9.2014 7:43:17   
vezilka RR
Вчера имавме родителска. Добро помина, не известија за промените. Место Росица да зимаме Смешко, и место од ПД, материјалите за работа да ги набавуваме од друга фирма. Ама ѓомити не прашуваа дали се согласуваме, а тоа сигурно веќе договорена работа на ниво на општина. И ужинкага после спиење не смеат да ни ја даваат веќе, туку ако ја изеде детето таму ок, ако не, нема за дома. Побаравме повеќе родителски средби и ни рече дека не смее самоиницијативно да свика таа освен ако не и кажат од управата, но родителскиот одбор може да свика. Исто падна предлог да си купиме телевизор и двд оти наводно од цела градинка само нашава група немале. Ај и тоа се сложивме. Тоа беше воглавно.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 85
   RE: Родителска средба (во градинка)
25.9.2014 8:42:05   
Mihaela 2010
I nie vcera imavme roditelska, osven toa da ne se nosat bolni i nedoleceni deca vo gradinka,drugoto vo globala e isto...
500 den pobarale -300 za materijali i 200 za matematika..vo ponedelnik ke gi nosat vo ZOO, vo plan im bilo da poset_at i nekoja farma,da decata se zapoznaat odblisku so domasnite zivotni,sto me bendisa taa aktivnost,vsusnost potrebni se povekje takvi aktivnosti.


< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 28.9.2014 15:01:22 >


_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 86
   RE: Родителска средба (во градинка)
25.9.2014 11:04:00   
sandriana RR
И нашата градинка вчера имаше родителска - сума сумарум: Изгласаа наместо Росица, да земаат Смешко децата (600 денари годишно), 600 денари за материјали (наместо Просветно Дело повторно дадоа фора за гласање - изгласаа/вме за другата фирма што давала гратис опрема за градинката), одбравме Родителски одбор (те си се пријавивме - и јас оваа година се пријавив), ни ја соопштија програмата, распоредот на дневни и тематски активности и сл. Нормално, муабет за редовно плаќање на сметките, и дискусија околу носење на болни/недолечени деца во градинка.
Воспитувачката и негователката како тим се супер, за мој вкус и од впечатокот што го имам досега, и тие треба да ги доведат децата до крај на градинката.
А да, имаше и предлог за дополнителна активност за воведување балет (нешто што би се доплаќало околу 300-400 ден.месечно), ако најдеме соодветна балетска група/студио/педагог -и добиеме одобрение од општината.
Англиски имаат како редовна активност, а исто така од Октомври би доаѓал и логопед 1 неделно, ако добро разбрав.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 87
   RE: Родителска средба (во градинка)
25.9.2014 12:06:58   
Felly RR
Дискусијата за училишен пробор е префрлена во соодветната тема ТУКА.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 88
   RE: Родителска средба (во градинка)
28.9.2014 12:27:04   
Snowhite RR
И кај нас за утре е закажана родителска средба па ќе видиме што ќе се каже овој пат, дали нешто ново или тоа истото што се зборува на родителска, за болни деца, за сметките бла бла

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 89
   RE: Родителска средба (во градинка)
28.9.2014 15:04:09   
Snowhite RR
Дискусијата околу дополнителни активности е преместено ТУКА

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 90
   RE: Родителска средба (во градинка)
29.9.2014 12:03:30   
Felly RR
Кај нас денес има закажано родителска средба, но ние двајцата со мм сме на работа во тоа време. А баш имав нешто да си кажам на родителскава, што ме имаше изнервирано, ама ете не ми испадна шанса. user posted image Ај ќе пишам во друга тема.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 91
   RE: Родителска средба (во градинка)
30.9.2014 12:21:05   
Gwendolin
А кога закажуваат родителски средби во градинка, јас појма немам? Ваљда немам пропуштено еве трет месец одиме во градинка. Тууу баш ме интересира баш сакам да одам, може и другарки ќе си запознаам user posted image

_____________________________

Само Вселената и човечката глупост се бескрајни. Всушност, за Вселената и не сум толку сигурен. - Ајнштајн

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 92
   RE: Родителска средба (во градинка)
30.9.2014 12:22:47   
Mihaela 2010

ИЗВОРНА ПОРАКА: Gwendolin

А кога закажуваат родителски средби во градинка, јас појма немам? Ваљда немам пропуштено еве трет месец одиме во градинка. Тууу баш ме интересира баш сакам да одам, може и другарки ќе си запознаам user posted image

Pa obicno pri kraj na septemvri ,koga neli site se sobrani od po odmori...bi trebalo ucitelkata da ve informira,ili pak koga go nosite deteto prasajte si...ednas godisno roditelska ima,neli da soberat pari i ostanati raboti sto e potrebno user posted image

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Gwendolin)
Непосредна врска до пораките: 93
   RE: Родителска средба (во градинка)
30.9.2014 12:33:06   
Gwendolin
Аха, а па ај денес ќе прашам кога ќе ја земам цуцата. Леле уште пари ли ќе собираат? А тоа секој месец што носиме марамчиња, павловичеви, тоалетна, сапуни, пластични чаши, брисачи... тоа ваљда не се рачуна во пари user posted image user posted image .

_____________________________

Само Вселената и човечката глупост се бескрајни. Всушност, за Вселената и не сум толку сигурен. - Ајнштајн

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 94
   RE: Родителска средба (во градинка)
30.9.2014 12:39:32   
Mihaela 2010

ИЗВОРНА ПОРАКА: Gwendolin

Аха, а па ај денес ќе прашам кога ќе ја земам цуцата. Леле уште пари ли ќе собираат? А тоа секој месец што носиме марамчиња, павловичеви, тоалетна, сапуни, пластични чаши, брисачи... тоа ваљда не се рачуна во пари user posted image user posted image .

Pa ne se sekjavam kolkava ti bese maleckata,ako ste vo jasli,mislam deka nema nisto da vi baraat osven ova pogore sto si go napisala kremi,vlazni,jas nemam iskustvo poso ne idevme u jasli,ama za pogolemki si baraat za materijali pari..

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Gwendolin)
Непосредна врска до пораките: 95
   RE: Родителска средба (во градинка)
6.10.2014 17:30:27   
Bethany
Пред некој ден имавме родителска (прва) средба, заборавив да пишам, а ми беше едно ново, посебно мило, искуство. Па прва родителска средба де user posted image

Воглавно, траеше кратко, некои 20 минути, учителката ни објасни што треба да донесеме, ни даде некои инструкции за нас како родителите, ги пофали децата, поставивме по некое прашање и тоа.
Нема да имаат децата англиски бидејќи за тоа треба конкурс да се распише, па да се активира некој волонтер или како и да функционираат работите, а инаку имаше пред некоја година и други активности, сега нема освен што ќе учат од уџебникот: математика, песнички итн...

Учителката ја нагласи достапноста, дека секој родител може секогаш да се распраша подетално за детето, и не охрабри нас родителите, да ги прашуваме децата што правиле, што училе во градинка, да активно учествуваме во се.

После средбата прашав за Јаков конкретно, и учителката ми вика дека е добар, заинтересован, се гледало дека работиме со него (а јас се гордеев, хехе, да даде Господ секогаш само пофални зборови да слушам user posted image ), дека знае математички форми, англиски зборови итн.

А јас како родител, можам да ги пофалам и другите деца од групата (од 3-4 години) дека навистина се сите умни и културни деца. user posted image



< Поракaта ја уредил Bethany -- 6.10.2014 17:33:38 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 96
   RE: Родителска средба (во градинка)
9.10.2014 23:27:45   
Snowhite RR
Значи минатата недела имавме родителска и баш мислев да не одам, зашто стално е истото за сметките, деца здрави да се носат..бла бла, ама добро што отидов. Сето тоа во кратки црти го повтори дирекотрката и после имаше предавње на тема: Правилна употреба на антибиотици и навистина информативно и едукативно беше предавањето од страна на докторка

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 97
   RE: Родителска средба (во градинка)
7.10.2015 11:29:59   
sandriana RR
Вчера беше родителската средба во нашата градинка, за сите групи - од јасли до голема група.
На почеток беа собрани сите родители, од сите групи во сала, каде кратко обраќање имаше докторката од градиката за важноста на соработката меѓу родителите и воспитувачите - носење потврди за здравствената состојба на децата, потребата и значењето на изолирање на болните дечиња од градинка и сл.
Потоа се повлековме во занималните по групи, со воспитувачката и негователката, каде се споделија предвидените план и програма,се избра одборот на родители, се продискутира за трошоците околу потребните материјали, се разрешија одредени прашања и дилеми под точка Разно user posted image . Ни ги предадоа дел од изработките на децата во текот на периодот од Јануари до сега, да имаме увид во сработеното и да си чуваме спомени user posted image .
Во јаслената група тема на муабет - повторно здравјето, лажирани лекарски потврди, потребни количини на влажни марамчиња и непотребна галама.
Како - така, за ова полугодие завршивме групни собиранки.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 98
   RE: Родителска средба (во градинка)
11.2.2016 9:52:18   
sandriana RR
Вчера беше родителската средба во нашата градинка, за сите групи - од јасли до голема група.
На почеток беа собрани сите родители, од сите групи во сала, каде кратко обраќање имаше докторката од градиката за важноста на соработката меѓу родителите и воспитувачите - носење потврди за здравствената состојба на децата, потребата и значењето на изолирање на болните дечиња од градинка и сл.
Потоа се повлековме во занималните по групи, со воспитувачката и негователката


Пак јас на темава, а кога ќе се ослободи од обврски, ќе ја чекам и Везилка рр да се изјасни овде за вчерашната родителска средба user posted image
Горенаведеното се повтори и вчера.
Плус, ни организирале мини театарска претстава воспитувачките на тема однос и соработка меѓу родителите и воспитниот тим. Не знам дали е за фалење или кудење - битно останав изненаЃена user posted image . Дали до толку има неодговорни родители, кои немаат трошка култура, разбирање и чувство за основна комуникација, кога дојде ред на овој начин да се опоменуваат или потсетуваат родителите како се функционира во воспитно-образовна средина.
Добивме реферат за изминатите и за претстојните активности, и пофалба за акцијата на ниво на Општина за собирање на пластична амбалажа/отпад, каде нашата група била најуспешна во нашиот клон.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 99
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?