Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 11.4.2014 11:28:47
Defne90 RR
Женски да ве прашам,го има ли некоја пробано ова сирупче.Ми го фалеа многу бил добар и го зајакнувал имунитетот кај децата.па го зедов да го пробаме.Ете веќе го испија првото шишенце.Може и сега не е време за сирупчиња за имунитет ама моите деца баш и не јадат многу овошје па затоа сум приморана да им давам сирупчиња.Некое искуство со тој сируп?
< Поракaта ја уредил Defne90 -- 11.4.2014 11:29:39 >
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 7.5.2014 19:17:56
Felly RR
Бубубебе, јас немам до сега користено, ама мислам дека и 1 е доволно, а какво е тоа упатство? Има баш нешто пишано за зајакнување на имунитетот како би се користеле?
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 8.5.2014 13:32:57
Bububebe
Начин на употреба: Јајцата се консумираат во сирова состојба,така што првите три дена се земаат по три јајца на ден,а наредните денови се земаат по пет јајца наутро половина час пред јадење. На деца во зависност од годините им се даваат: -до 2 години по две јајца на ден -до 5 години по три јајца на ден -до 10 години по четири јајца на ден. По завршувањето на терапијата ,два месеци се прави пауза,па потоа се продлжува со терапијата
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 21.6.2014 0:19:04
Melanija RR
Мене ме интересира дали нешто од ова е за дете/ бебе под 1 година, превентивно јакнење на имунитетот. Целта ми е од септември градинка па ете ме интересира што би можело.Секако ќе се консултирам со матичен педијатар но сакам да знам искуства.
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 21.6.2014 10:48:56
Defne90 RR
Меланија обично се што се дава за зајакнување на имунитетот се препорачува да се дава на деца постари од годинка.Јас барем на моите порано од годинка не сум им давала ништо.Давај му многу овошје и зеленчук.Нема поубав начинза зајакнување на имунитетот од свежото овошје и зеленчук.Тоа е моето мислење но може некоја рингерајка знае и му има давано на детето нешто што може да се дава и на помала возраст од една година.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 21.6.2014 17:09:12
Snowhite RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90
Меланија обично се што се дава за зајакнување на имунитетот се препорачува да се дава на деца постари од годинка.Јас барем на моите порано од годинка не сум им давала ништо.Давај му многу овошје и зеленчук.Нема поубав начинза зајакнување на имунитетот од свежото овошје и зеленчук.Тоа е моето мислење но може некоја рингерајка знае и му има давано на детето нешто што може да се дава и на помала возраст од една година.
Се согласувам со ова и јас, само здрава храна и многу овошје и зеленчук, житарки
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 21.6.2014 23:36:29
mama_06
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR
Мене ме интересира дали нешто од ова е за дете/ бебе под 1 година, превентивно јакнење на имунитетот. Целта ми е од септември градинка па ете ме интересира што би можело.Секако ќе се консултирам со матичен педијатар но сакам да знам искуства.
Од лично искуство, Стефан на 8 месеци фати пневмонија, лежевме 8 дена на болница ама не го доизлечија. Главата партал од инфузии му беше па викнавме еден стар доктор да го види. По негова препорака му давав по една лажица мед од БАГРЕМ, значи исклучиво багрем имал помалку алергени и по едно витамин ц за деца. Не знам дали е до медот, ама од тогаш не ми е разболен. Докторот рече дека можело да се дава од 6 месеци нагоре. Исто така ми рече до 3 години да се пијат капки витамин д и во лето, по една капка. Испоштовав се што ми кажа и еве резултати. И на малово му давам мед и вит.ц па еве до сега не е разболено. Многу битна работа кај моиве деца се покажа редовното чистење на носињата. Секој ден со физиолошки, и ако има нешто тоа да се исчисти за да не му слезе на дробови.
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 22.6.2014 0:06:09
Felly RR
Покрај свежо овошје и зеленчук што пишаа погоре другите рингерајки, и вит Ц, јас ќе додадам само некој витамински сируп што може дополнително да се дава. Пиковит на пр, иако е за од 1 год, може и од 9 месеци да се почне со тоа што се дава пола доза од препорачаната. А има и други витамиски препарати што се даваат на дечиња помали од година.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 17.7.2014 23:52:32
Melanija RR
Денеска бевме на педијатар и прашав (спомнав дека ќе оди во градинка) за витамински сируп ми рече не по година се даваат, а баш ќе има година кога ќе оди.Не заслушнав спомна некој но ми рече потоа.Не било на одмет 2 пати неделно да давам пробиотик како Пролаиф или НОрмиа и тоа го јакнело организмот.
ИЗВОРНА ПОРАКА: mama_06
Многу битна работа кај моиве деца се покажа редовното чистење на носињата. Секој ден со физиолошки, и ако има нешто тоа да се исчисти за да не му слезе на дробови.
Кога нема да се појави убаво малку надвор го чистиме 1 неделно со физиолошки и аспиратор.Така што ова ми држи вода засега
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 15.9.2014 13:33:39
Felly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila mamicka
Драги мајки, син ми од денеска тргна во градинка. Сакав да ве прашам , што превземавте во врска со имунитетот на децата кога тргнаа во градинка. Не прашувам од аспект на витамински сирупи, оти такви не планирам да давам, туку во врска со исхраната, или пак некои природни препарати за подобрување на имунитетот. Дали сабајле, пред да тргнете во градинка им давате нешто на вашите деца, свежо цеден сок или сл?
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 15.9.2014 13:34:45 >
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 15.9.2014 13:38:15
Felly RR
Бидејќи те интересираат природни препарати, јас лани на М и давав по една лажичка мед наутро, пред одење во градинка, а свежи сокови секако во текот на денот, одкако ќе си дојдеше дома. Оваа година плус планирам да направам маџун, па да и давам и од тоа. Кога беше помала го пиеше маџунот во чај, но лани не го сакаше. Е сега ќе пробаме пак оваа година белки ќе биде успешно.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 16.9.2014 13:15:42
miana
Ми рекоа дека маџунот бил за прочистување на црниот дроб, а не за имунитет ( тоа моја свеки, знаете она се знае ) Кажете ми навистина кое е својството на маџунот и како им го давате на вашите деца? Мене ми рекоа да одам во тиквеш таму пордавале, било поефтино од зегин...
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 16.9.2014 13:22:43
Mihaela 2010
Jas ne planiram koj znae kolku da preteruvam so preparati za imunitet osven toa sirupcetoo sto redovno i go davam, c vitamince i se razbira cedeni sokcinja i svezo ovosje..
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 16.9.2014 13:37:18
AnnaMolly RR
Јас му давам само лук двапати најмалку во неделата, природен мед што сум милијарда посто сигурна дека е природен и чист и цедени сокови и тоа не секој ден. Ете го здрав прав, супер силен имунитет има.
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 16.9.2014 13:52:39
Defne90 RR
Јас им зедеов оваа година по препорака на матичната Мulti Sanostol with Iron и еве веќе две недели им давам.Се надевам дека ќе имаме подобрување на имунитетот и дека оваа есен и зима ќе поминеме без температури и настинки.Барем не да бидат зачестени де.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 16.9.2014 14:45:49
Felly RR
Миана, маџун јас колку што имам читано, е за зајакнување на имунитетот, а исто и се препорачува при инфекции на дишни патишта. Може е добар и за прочистување на црниот дроб, но 100% помага и за ова што го пишав. Впрочем и црниот дроб, претставува лабораторија на човечкиот организам, ако е тој здрав и чист сигурно тоа значи дека и целиот организам ќе биде поздрав.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 16.9.2014 14:50:33
miana
Ке го земам.. Се пробав па ке пробам и со ова...Инаку јас им давам имунобор кидс сега за сега , а планирам и пиковит IQ како замена за д витамин и така...Фала за одговорот..Инаку за сите што сакате да земете маџун, го имало во тиквеш, карши Холидеј ин и бил поефтин од Зегин и бил многу добар.
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 17.9.2014 14:32:05
Felly RR
И ние веќе почнавме со Имунобор кидс капсули, и сега еве ми текна да ве прашам. Од која возраст им давате на децата да ја голтаат капсулата така како што е, не отворена и растворена. Има поголем ефект ако се голтне така, зошто се растворала во тенкото црево, а вака ако ја отвориш, додека да дојде до тенкото црево, желудочната киселина веќе уништувала некој дел, па се намалувал ефектот. Искрено јас цело време и ги отварам, ис амо прашакот го растворам во вода, и навистина има ефект, затоа ги купив и оваа година.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 19.9.2014 10:01:46
Snowhite RR
И јас му ги растворав на Михаил кога беше помал, а после кога почна да пие апчиња со голтање со вода, ја прашав матичната дали може да му ги давам нерастворени, зашто може така да ги пие, таа ми рече да продолжам да му ги растворам во вода, дека така имало поголем ефект и јас и понатаму му ги растворав
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 19.9.2014 10:35:43
Snowhite RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana
Ке го земам.. Се пробав па ке пробам и со ова...Инаку јас им давам имунобор кидс сега за сега , а планирам и пиковит IQ како замена за д витамин и така...Фала за одговорот..Инаку за сите што сакате да земете маџун, го имало во тиквеш, карши Холидеј ин и бил поефтин од Зегин и бил многу добар.
И јас имам од Тиквеш, на Јана и го давам во млеко по едно лажиче, а на Михаил во чај кога пие, зашто друго тој не пие, така што него не му давам секој ден, бидејќи се уште не е почната сезоната на чаеви, а инаку може да се става и во сок или во кашичка било која
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 19.9.2014 10:48:27
Felly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR
И јас му ги растворав на Михаил кога беше помал, а после кога почна да пие апчиња со голтање со вода, ја прашав матичната дали може да му ги давам нерастворени, зашто може така да ги пие, таа ми рече да продолжам да му ги растворам во вода, дека така имало поголем ефект и јас и понатаму му ги растворав
Фала ти , Сноу. Ќе продолжам и јас така, со растворање. Затоа пишав дека имаше ефект, а и претходно цело време така сум и ги давала, но малку ме збуни ова затоа прашав.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва... 2.10.2014 16:18:12
Mihaela 2010
jas po preporaka na komsikata koja vekje go koristi ova sirupce, i e mnogu zadovolna planiram denes da go kupam za M vekje na ESI imame koristeno i bev zadovolna,ama ete sakam da go smenam,za imunitet i apetiti e,pa ke go koristime nekoe vreme,se nadevam deka ke ima efekt eve na ova mislam
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.