Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Правилници и законски акти за училишта 9.10.2014 9:58:03
blue_blue
Не знам дали имево на темава го погодив но еве за што би сакала да добијам инфо и помош. Во кој законски акт или правилник е регулирано чија обврска е да ги опремува училницте во училиште. Каде и е дадено на општинта овластување да одлучува што облека ќе носат децата во школо и за таа што општината самостојно ќе ја избере кај е регулирано дека родителот треба да плати. Дали училиштетео согласно важечките регулативи има право да не го прими на настава во основно училиште кое е задолжително со закон ученикот доколку тој не ја носи облеката која општината му наложила да ја носи. Каде се регулирани правата и обрвските на родтелскиот совет и начинот на кој тој донесува одлуки... Ако има правници и некои кои ќе ме упатат на конкретните места кај да ги барам одговорите многу ќе бидам благодарана.
RE: Правилници и законски акти за училишта 9.10.2014 10:02:50
blue_blue
а, да заборавив уште нешто. Дали е законски училиштето да прифаќа „иницијативи на родтилеи“ за опремување на училницата со клими, телевозри, шкафчиња и сл. и кој ќе осигура дека истите се по некој стандард направени и монтирани дека се соодветни за во училница, и кој би ја саносел одговорноста ако истите не се исправни и поради нив се случат повреди - училиштето што дозволило тие да се стават во училница или родителите што ја донеле фирмата АБЦ и платиле таа да ги стави во училница. И дали е дозволено на „иницијативи на родители“ училници од едни деца да имаат од пиле млеко а други да имаат распаднати столчиња и маси и изронети ѕидови со изговор - ама ние немаме пари вие родителите ако сакате средете си...
RE: Правилници и законски акти за училишта 9.10.2014 10:05:15
blue_blue
ова последново не мислев да се разврзува дикусија дали е дозволено, очигледно е, него дали како родители можеме да им поденесем приговор на училиштата, при тоа повикувајќи се на соодвтени акти, дека ова не смееле да го дозволат. Едно е донација со која ќе се опремат сите училници подеднакво друго е што мисли родител АБЦД како треба да изгледа училницата на неговото дете...
RE: Правилници и законски акти за училишта 9.10.2014 10:16:23
Tanjat7880
Eve moe iskustvo okolu otstranuvanjeto na deteto od cas ako ne ja nosi uniformata.Grupa roditeli se javivme vo opshtinata,tamu naidovme na zid I ne ni beshe receno po koj toa clen od zakonot ili po koj toa dogovor e ova kaznivo I kolku cini kaznata za nas roditelite.Potoa se obrativme do ministerstvoto kade ni beshe kazano deka nesmeat da ni gi otstranuvaat decata od cas samo zaradi bojata na bluzata I koga toa go pobaravme pismeno da ni go dadat gi snema,kontaktiravme telefonski,pa so mail pa sega prativme pismeno baranje koe go dostavivme vo arhiva,cel mesec cekame odgovor.Zenata od ministerstvoto rece deka nastavnickata ke bide kazneta od opshtinskite inspekcii ako dozvoli dete da sedi na cas bez uniforma.Zaklucok,jasno e ko den deka nesmeat da nametnuvaat takvo neshto no od druga strana mora ti da igrash kako oni svirat I se taka vo krug...
RE: Правилници и законски акти за училишта 9.10.2014 11:42:41
Felly RR
Не знам дали постои некаков правилник каде има некои одредби за училишни униформи, но според мене, не смее детето да се отстранува од час, заради неносење на униформа, исто како што не смее да се отстранува од час заради неносење на училишен прибор (учебник, тетратка и сл) или пак опрема за на физичко. всушност и овие работи се побитни за непречено следење на часот, а за тоа не се отсртануваат, па ми нема логика заради униформа да не се пушти некое дете да го следи часот. И како тоа кога образованието е бесплатно и не смее да се бара да се купуваат работни тетратки, а може да се бара да купуваат родителите униформи?!? Пак нелогично - што е побитно за наставата, да има ученикот некое дополнително наставно средство или да имаат сите иста облека? Сепак блу_блу, мислам дека одговорите треба да ги барате во општината и во Министерството, бидејќи како што те сфатив, општината е таа која одлучила за униформите, што значи дека училиштето само ги следи упатствата на Општината.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Правилници и законски акти за училишта 9.10.2014 14:37:08
blue_blue
Tanjat,
Ako mozes i ne ti e tesko dali bi me poucila vo poveke detalji (vo privatna poraka ako sakas) sto tocno ste napravile do sega i da vidam nie sto moze da napravime, pa eventualno i da se zdruzime so vas dokolku sme vo ista opstina. Nekako ne sakam seuste da se otkazam od idejata deka treba se ama bas se da progolatme...Istovo i za "praksata" na opremuvanje na ucilnica od strana na roditelite. bidejki mene mi nema logika nie kako roditeli da opremuvame ucilnica...pa neli uredno plakame danok? i kako toa ke se dogovorime sto i koga treba da se opremi i ke se osigurame deka toa e napraveno po odreden standard za bezbednost, udobnost itd...i kakva e potrebata od ova ako go znaeme faktot deka decata vo naredno odd nema ni da ucat vo taa ucilnica...
RE: Правилници и законски акти за училишта 10.10.2014 13:45:00
blue_blue
луѓе, баш ама никој не знае да ме насочи кај да барам одговори на прашањава? Никад не ви дошло при рака ова? Никој не е правник? Никој ама баш никој не знае каде точно може ова да е регулирано и со какви акти?
RE: Правилници и законски акти за училишта 10.10.2014 14:44:53
niki
anaana mislam e pravnik, ama taa ima bebe i mozebi skolskive temi ne gi sledi, mada i ja nema nesto vo posledno vreme, da ja iskontaktiras so pp inaku sosem e nelogicno decata da se otstranuvaat od nastava koga osnovno obrazovanie po zakon e zadolzitelno i spored zakonot sekoe dete ima pravo na nego
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
RE: Правилници и законски акти за училишта 10.10.2014 16:40:49
Tanjat7880
blue-blue,od moeto iskustvo,skoro cetirigodishno mozam da ti kazam deka teshko se doagja do tie odgovori I dilemi.Nie kako klas edinstveno sme postignale promena na odnesuvanje kaj nov nastavnik,taka shto se potpishavme site roditeli I eden koj e precedatel od roditelite vo nashiot klas a e I pravnik ja isturka rabotata.Pismoto za nezadovolstvoto so se potpisite gi dostavi do direktorkata,opshinata I ministerstvoto,rezultat imashe.Mislam deka obvrska za objektot I inventarot na osnovnite ucilishta(ne srednite)e na opshtinata vo koja se naogja shkoloto.Probaj obrati se tamu prvo.Nie(tri majki)se obrativme za uniformite do opshtinata, naidovme na zid(no toa e sosema drugo prashanje,neli?!)
RE: Правилници и законски акти за училишта 13.10.2014 19:34:46
topce
Се разбира дека има институција кај што можете да се обратите.а тоа е народен правобранител.можете анонимно можете група родители....мислам дека дури постои опција тоа електронски да го направите.значи се поднесува представка против училиштето кое одбило да го прими детето заради неносење на униформа а со тоа му го загрозува правото на образование.тие сами по сл должност ќе се обратат до образование и до општината на која припаѓа школото и имаат 8 дена за одговор џо народен правобранител.ако во тој рок не одговорат им следи управна инспекција. Друга опција ви е да се обратите за молчење на администрација ако имате доказ кога сте го поднеле писменото барање.
RE: Правилници и законски акти за училишта 14.10.2014 11:56:48
vezilka RR
За градинјите постои Норматив за градинки и таму е се до детали наведено, меѓу другото и за инвентарот. Мора да постои и Норматив за основните, но еве го барав на страната на МОН и на Бирото и не го најдов. И според мене, за се што сакаат да избегнат одговорност им е иницијатива на родители. Наводно и униформите во О. Аеродром беа иницијатива. Таму кде треба да се насочиме да се изрегулира се баш тие иницијативи, да не може баш се да пројде како иницијатива. Иначе во законот за основно само со една реченица наведува дека училиштето може да се финансира и од други извори, приватни, поклони и слично. И точно е дека не смеат да отстранат ученик од настава заради неносење на униформа, но еве се случува, кај нас во населба група ба деветоодделенци неколку дена не беа примени на настава заради тоа. Мислам дека институциите ја користат нашата пасивна граѓанска активност и се им проаѓа.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
RE: Правилници и законски акти за училишта 14.10.2014 19:06:57
vezilka RR
Денес присуствував на седница на совет на општината во која живеам и меѓудругото се зборуваше и за дел од овие работи. И разбрав дека сите овие работи се регулирани со правилници кои го донесува училишниот одбор. Правилниците не ги разгледува совет. Баш за униформите правилникот се вика Правилник за облекување. Тој а и сите други како право да ги видиме.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
RE: Правилници и законски акти за училишта 15.10.2014 21:38:25
niki
a vo ucilisniot odbor po zakon treba da clenuvaat i trojca pretstavnici na roditelite, sto znaci deka pred da se donese odluka trebalo da gi konsultiraat site roditeli i vo nivno ime da zavzemat stav za ili protiv voveduvanjeto uniformi nekoj nekade prasuvase a ete i mene me interesira, ve prasaa li vas roditelite pred da se donese vakva odluka? se sprovede li nekoja anketa vo vrska so uniformite? se diskutirase li voopsto prethodno na taa tema?...
inaku od moe iskustvo koga so roditeli si imas rabota uf pa toa e bog da cuva, sesto nesto moze da im padne na pamet i da im izgleda super privlecno, zavisi kako ke im go prezentiras, uste ako tipuvas na nivnata neinformiranost, nepromislenost, neznaenje, nezainteresiranost, ramnodusnost sto sakas mozes da im proturis, vo skolskiot sistem roditelite si se najgolemi neprijateli na sebe si i na sopstvenite deca
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together