Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Не знам што подразбирате под егзема, бидјеќи има разни црвенила со различни дијагнози. Мислам дека е многу важно да се даде права дијагноза од искусен кожен лекар, не од педијатар. Кај ќерка ми која има 5 ипол години за прв пат се појави црвенило и груба/рапава кожа во пределот каде што се свиткуваат рацете и каде што се свиткуваат нозете од задната страна (значи не на лакти и колена туку позади нив). Многу ја чешаше и почна да станува се полошо - поцрвено и поголемо. Педијатрот ми рече да ја мачкам со Стелатопиа Мустела, не и помогна воопшто. Матичниот општ лекар во градника што им е ми рече да земам некоја си крема Кутерит Г која е на база кортико. На форумов прочитав за д-р Нина од Мидикоз и закажав кај неа. Докторката е закон, а наплаќа само 300 ден преглед. Ми рече ова е само од многу сува кожа, лек нема освен постојано на тие места да се влажни кожата со мрсна крема. Ми препорача вазелин како најчиста без бои, хемикалии. Во аптека кога отидов да купам и им кажав за што ми е ми препорачаа Weleda со невен. Во жолто пакување е, кремата е во туба и е многу масна. Германска линија, чини колу 450 ден. На природна база е, а содржи невен, сусамово и бадемово масло, пчелин восок и камилица. За недела дена мачкање 2 пати на ден (наутро и навечер) и кожата и е како нова, нема ни трага ни глас од црвенилото и сувата кожа. Од истата линија има и шампонче за тело (сакпо е околу 800 ден) и млеко за тело кое исто е скапо околу 900 ден. Ама кремава вреди за сите пари. Инаку кожната лекарка ми рече дека за овој вид на кожна промена никако кортико оти само ќе ја влоши состојбата а мустела, еуцерин и слични не се доволно мрсни, само ја влажнат кожата.
blue_blue сосема си во право , се им е дерматит. И јас сакав да пробам со вазелин.Кажи ми имам каталог на Веледа може да пишеш како точно пишува да не ја утнам.Сакам да пробам со органска козметика но дали Веледа,Логона или Корин де фарм.
MMM27 пишав погоре ние бевме на Детска клинка -Имунологија.Лек нема , ако нема алергија на храна е добро.Ете некогаш нема причина но мора да се испита и внимава на храна.Но бидејќи има 3 години сигурно веќе знаете дали нешто реагира.... храна, хемија, материјали... има ли нешто?
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
се појави црвенило и груба/рапава кожа во пределот каде што се свиткуваат рацете и каде што се свиткуваат нозете од задната страна (значи не на лакти и колена туку позади нив). Многу ја чешаше и почна да станува се полошо - поцрвено и поголемо.
Блу-блу ваква промена на кожата како што опишуваш,ми се појави мене кога имав 13-14години.Јас сум имала од секогаш проблематична-сува кожа.Но конкретно овој случај како што опишуваш и буквално на истите места го имав и јас.Мене на кожен лекар ми кажаа дека се работи за еден вид на алергија на конзерванси во храната.Освен терапијата што ја земав,ми препишаа и режим на исхрана,нагласено ми беше да избегнувам сувомеснати производи,паштети,и друга конзервирана храна.10 дена бев на јогурт,кисело млеко,ориз,компири и сл.Од тогаш веќе не се појави.И кај вас дај Боже да не се повтори,но имај си ја предвид за исхраната.
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
blue_blue секако дека дијагнозата е потврдена од кожен лекар и тоа не од еден туку од 3, не би пишувала на памет дијагнози да не знам. Не станува збор за сува кожа. Причината се уште не ја знаеме, состојбата се влошува после пад на имунитет, на пример кога е болен, после примена вакцина и слично. Исто така се влошува при допир со волна, ги имам исфрлено од употреба сите ќебиња. Бидејќи не е докажано дали е нетолеранција на некоја храна, чекаме термин на имунологија, од храна исфрливме мед и цитрусни овошја, бидејќи тоа видливо ја влошува ситуацијата.
Никаде јас не кажав дека немате потврдена дијагноза ниту пак дека се работи за сува кожа, си пишав искуство свое од кое нели секој ми кажа различно (педијатрот, лекарот во градинка и кожниот лекар) и помогна само тоа што го кажа кожниот лекар. Не знам, може ете се потрефило да погоди дијагноза од прва. Во твојот случај, ако дијагнозата е потврдена од три лекари тогаш и терапијата треба да делува пошто знаат што е значи треба да знаат и со што да го излечат. Ако не делува ништо од тоа што ти дале за мене тоа значи дека ја утнале дијагнозата или ги утнале лековите (препратите). Би барала и 4 мислење и алтернативни опции од типот на хомеопатија, ајурведа и слични. Секогаш почитувам прво класична медицина, но кога гледам дека нема логика во тоа што ми го викаат или дека терапијата нема никаков ефект (а за жал денес има едно чудо нестручни лекари) би се обидела со други методи. Нормално, само мое мислење и став - ти ќе си направиш онака како што е најдобро за твоето дете пошто ти си знаеш најдобро
ИЗВОРНА ПОРАКА: MMM27
blue_blue секако дека дијагнозата е потврдена од кожен лекар и тоа не од еден туку од 3, не би пишувала на памет дијагнози да не знам. Не станува збор за сува кожа. Причината се уште не ја знаеме, состојбата се влошува после пад на имунитет, на пример кога е болен, после примена вакцина и слично. Исто така се влошува при допир со волна, ги имам исфрлено од употреба сите ќебиња. Бидејќи не е докажано дали е нетолеранција на некоја храна, чекаме термин на имунологија, од храна исфрливме мед и цитрусни овошја, бидејќи тоа видливо ја влошува ситуацијата.
MMM 27... egzema se javuva najcesto kako rezultat na alergija na mleko. Da probas da sifrlis se sto e mlecno od ishranata na deteto na otprilika dve nedeli da vidis kako ke reagira, dali ke ima podobruvanje. ISfrlete se sto sodrzi duri i tragi od mleko i industriski proizvodi so mleko vo prav. A za test za alergija ne ste trebale tolku da cekate, ste mozele i porano da napravite, na moeto dete mu zemaa krv od vena uste koga bese 3 meseci za alergiski testovi. probajte bez mleko i mislam ke vidite podobruvanje, nisto ne gubite.
Го проверуваме и тоа, веќе 3 дена е без млеко, сирење и слично. Јас неколку пати ги прашав докторите за тест за алергија, но ми кажаа дека тестот под 3 години не е релевантен. Инаку ситуацијата како бебе беше само на рацете и тоа во зима. Од пред 3 месеци почна да се шири. Во право е и deluxe rr, јас како што спомнав имам алергии на полен и трева и егзема на рацете која се влошува кога јадам конзервирана храна или сувомеснати производи. Доколку има некој напредок со диетата ќе ви пишам.
Од многу сува и испукана кожа до дерматит има разлика,ама ете кај многу лекари е исто.Дерматитот е акутен со рани ,силно чешање ,а испукана која е испукака.Штом се јавува минимално и по 3 година тоа не е алармантно и со козметика се средува. MMM27 ако е само во зима и е на едно место тогаш може да е само од конкретна храна.Се надевам со диетата ќе биде ок.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Dreamline
A za test za alergija ne ste trebale tolku da cekate, ste mozele i porano da napravite, na moeto dete mu zemaa krv od vena uste koga bese 3 meseci za alergiski testovi. probajte bez mleko i mislam ke vidite podobruvanje, nisto ne gubite.
Му правеа на М на 5 месеци ,но најточно е ова
ИЗВОРНА ПОРАКА: MMM27 Јас неколку пати ги прашав докторите за тест за алергија, но ми кажаа дека тестот под 3 години не е релевантен.
но не дека не е релевантен но може да биде показател.
Можни алергии се млеко,јајца, цитрусни, и не продукти со конзерванси.Ни покажадека не е алергија на млеко ама решив да пробаме со млеко со екстензивен хидролизат на казеин кое е наменето за деца преосетливи на белковини од кравјото млеко. Цените се овие Новалац-Алтернова 400гр. 1.019ден Аптамил АДЦ 400гр 1.473 ден Аптамил хипоалерген 400гр 791 ден Хумана хипоалерген 500гр 499ден
Првите две се токму такви а другите две се хипоалергени.Прво што прашав педијатар е за млечните ноќни каши кои содржат АД ,е да на тие има најповеќе реакции.Па така јадеме само домашна храна. Има ли некој со искуство со дерматит и хомеопатија?
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
Melanija RR, сега не е минимално и само на зима, тоа беше кога беше бебе. Сега нон стоп се чеша има на многу места по телото, дури има и крв од чешање. Затоа ни дадоа сирупи за алергија за да се намали чешањето. Овие млека што ги наведе се ок, но синот има 2 и пол години, никогаш и не пиел вештачко млеко бидејќи го доев подолго време. Многу ќе биде тешко да се издржи со диетата, особено што оди во градинка. И јас сакам да слушнам дали има некој искуство со хомеопатија за оваа проблематика.
MMM27 i jas imam alergija na polen i jas imam egzema na racete sto mi izleguva od odredeni sapuni i detergenti. Sinot e alergicen pak na mleko. Probuvajte bez bleko ama barem 2 nedeli da pominat. A toa sto go dois nema vrska, mlecniot protein preku mekoto tvoe se izlacuva kaj deteto. I jas doev no bev na nemlecna ishrana. Inaku jas iskreno vo homeopatija ne veruvam.
Ќе те замолам да ми пишеш што пишува на декларацијата точно што е, зошто вака на германски во каталог го нема а на нет на страната има на англиски па незнам кое е .Фала ти
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
MMM27 I kaj mojot sin e karakteristicen osipot na kozata pred razboluvanje,i den denes e toa taka,prv znak deka ke se razboli mi e toj a koga ke ozdravime si se vrakja vo normal.I nie prvo bevme so alergija na mleko I mlecni proizvodi za da so tek na vremeto taa alergija se smiruva I se pokacuva alergijata na polen,i toa bilo normalno kaj ATOPICARITE.Daj mu vreme na deteto da zajakne,sostojbata ne pominuva nego slabee.Moe novo otkritie koga se kremi vo prashanje e edna shpanska krema BLUE CUP ja ima vo ZEGIN I e 800 den,na baza na voda e I skroz bezbedna duri I za novorodencinja.Sum probala se I sekoja krema no ovaa bash me iznenadi
Фала ви на советите, на имунологија имаме термин дури на крај на мај , секако ќе ви пишам што сме направиле со диетата и на прегледот.
МММ27 сега ги прочитав во целост твоите постови,и ми прелета една мисла низ глава.Водена од сопственото искуство.Јас како што пишав погоре имам сува и проблематична кожа.Миатата година на 2-3 пати ми се случи на ногата над коленото(не на место каде што кожата се оптегнува од виткање)ми се појави црвенило мало колку монета,многу ме чешаше нервозно,дури и го раскрварив од чешање.По извесно време забележав дека се приширило,со истиот интензитет на чешање.Во моментот немав друга крема и се сетив на Канестен,која ја имав во моментот.Се мачкав неколку пати(3пати) во текот на денот,и веднаш забележав дека јадежот се смири и црвенилото се намали.Така продолжив една недела и целосно исчезна.По неколку месеци повторно се јави исто така на другата нога,и повторно со Канестенот се смири.Доколку имаш при рака од оваа крема,намачкај го слободно,биди упорна 1-2 недели мачкај со кружни движења,убаво да се впие.Можеби ќе има резултат,мене навистина ми помогна.
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
Какви искуства имате со кремата афлодерм? Денес матичната ни ја препиша поради црвени обравчиња и мали акни, но читам во упатството доста несакани ефекти и сега не знам дали да ја користам воопшто. Треба да ја користиме 3 дена по 2 пати и после сме на контрола. Досега пробавме мустела стелатопиа, панетен но не помагаат.
Афлодермот е кортико,токму тоа со можни понатамошни штети.И нас ни го даваа но се Еуцерин по 3 пати на ден се смири, се надевам нема да биде толку пак лошо за кортико. Ilina87 мое мислење е НЕ ако не е многу воспалено, да ќе помогне,може нема никогаш повеќе да се појави а може пак за 10 дена Процени ја состојбата и лекарот
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
Фала Меланија, а и со еуцерин купка го бањам, но нема некој ефект. Последите дена му е посмирено црвенилото и заради тоа се двоумам. Со мустелата малку се подобрува, но не исчезнува во целост.
Да допотпрашам Tanjat7880 кремата BLUE CUP е 50гр. 776 ден, и Еуцерин 20% омега крема која е за дополнување и нега за сува кожа е пакување од 50гр.А дерма е исто крема но 200мл. За поголема површина 50мл е многу мала количина, дали пак се нанесува како во една точка?Лосионот на Еуцерин 400мл е 1.100 но цело тело поминувам. Дали крема е подобро од лосион,воопшто како намена и впивање?
Предлог за капење освен маслената на Еуцерин?
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
Да пишам да непишам на околу 8 и пол месеци по се и сешто мачкање,прашоци,тргање завеси, внимавање на храна..... незнам од што конкретно ,веројатно од се по нешто, дерматитот му се изгуби Одприлика почнав алишта да перам со течна нила за шарени алишта,редовно секој ден капки витамин Ц, само домашни каши 2 пати во ден овошни и една зеленчукова со секој ден комбинации со морков,спанаќ или блитва,и тиквица, во тој период го мачкавме само со Пантексол кремата, почна со вакцини, А+Д3 капки..... едноставно незнам како од рака исчезна
Се надевам како и што се претпоставуваше јакнење на имунитетот после тоа почнавме глутен,телешко месо и засега на се е ок.Исхраната му стагнираше но ќе надокнади со вкусови
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
Темава е за деца ама морам да прашам.... од дете имам егзема по рацете, како мала и на нозете ми искачаше но сега е само на рацете, на периоди искача, но кога ќе излезе ми е прав хорор. На лекар кога сум била како помала ми дале само канестен. Сега знам дека ќе ми дадат нешто на природна база, но ако има некој предлог за нешто екстра ефикасно нека пише. Сега ми се појави на среден прст на десна рака и цел прст ми е црвен едвај детето го фаќам а за бањање кога треба да ја намачкам или да и ја измијам главата со шампон за мене е вистински хорор.... мн ми пречат средства сапуни пампони, зеленчук да не зборам, посебно краставица патлиџан ако треба да здробам а за компир да не спомнувам воопшто.....
Од органска козметика Логона и посебно фалена е Weleda,поново и Корин де фарм. Пробај со поефтини варијанти како Пантексол крема 120ден
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
aj da pisam i jas nesto za dermstitot koj ne maci 8 meseci. Znaci site kremi gi iskoristivme, Mustela, A0derma , Eucerin, nisto,od kortiko mackame Avnantan, i propratno uste neznam kolku kremi bez kortiko. Jas po moi ekspreimenti , vovedov i hiperalergeno mleko i skors se iscisti ama posle pak novo na novo. Vo posledno vreme detevoo i mi grci, neznam dali e seto povrzano so dermatitot , ama izgleda i toa e. Pedijatrite vo mojot grad mi velat deka do govina , ke tera taka posle deka ke se povleci, ama jas ne mozam da spijam mirno, a me macii grcejneto mn.Ajde majcinskimislejna:) dali da odam do Sk, ds vidam so ke mi recat i kade da odam? vo Kozle na klinika???? veke ne znam za kade da baram upat.
Од матичен педијатар побарај преку Мој термин да ти закажат преглед за на Детска клиника на Имунологија.Таму ќе разговараш и ќе го прегледаат
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
Од органска козметика Логона и посебно фалена е Weleda,поново и Корин де фарм. Пробај со поефтини варијанти како Пантексол крема 120ден
Прочитав во постарите постови за др. Нина во дебар маало, се јавив и жената по тел ме праша што како и ми даде крема др. Таис, ми кажа да не фаќам никакви детергенти, прашоци и што помалце да го мокрам рацете, за три дена ми се среди егземот. Е сега, вчера на малата и се уцрви газето и прочитав дека е и за иритирана кожа на бебиња, и ставив абе детево се утепа рикајки одамна така неплачела. Инаку со драго срце ја препорачувам, преглед кај неа е 300 ден што значи нити чекање редици по државна ни малтретирање а мн ефикасни совети дава..