|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва...
1.10.2009 9:28:50   
ivche
Јас на Мартина и давам Imuno baby - шуруп на Erbavita, по препорака на матичната. Од таа фирма пиевме и Calma baby, за смирување кога и илзегуваа запчињата и многу сум задоволна. Овие шурупи се и за новороденчиња.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва...
1.10.2009 9:30:11   
mother 29
да.точно е за перлите,зашто баш др. ми напомена ..масло!
инаку за деца до 3 год. дозата е 1,5 мл.тоа е многу малку на врв од пипета и ние без проблем ја пиеме.добро се потресува малку ама битно е да голтне и нели после да не поврати!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва...
1.10.2009 9:32:38   
mami
уф ние сме сеуште само на вит.Ц и природно сокче за железото.. треба да одиме пак на испитување на крвта па тогаш ке прашам дали треба да пие уште нешто плус или не

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва...
1.10.2009 9:33:39   
profesorica
мотхер 29 збориш за маслото со вкус на банана така?го има во зегин?и кога да почнам да му давам, јас сега мислев пак да почнам со вигантолuser posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва...
1.10.2009 9:51:12   
big_mama817
и јас на син ми до првата година му го давав имуно од Ербавита и навистина бев задоволна всушност ги користевме скоро сте сирупи од ерба вита и бевме задоволни user posted image

< Поракaта ја уредил big_mama817 -- 1.10.2009 9:52:01 >


_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот profesorica)
Revisions: 2 | Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва...
17.10.2009 12:24:08   
BEBICA
KAŠICE ZA IMUNITET                                                                 Od 7 meseca   ČORBICA OD PIRINČA I KARFIOLA   Potrebno je: 100 gr. karfiola, 1 šargarepa 1 kašika pirinač, jedan list peršuna i maslaca.   Očistite i naseckajte povrće kuvajte ga s pirinćem u maloj količini vode, a pred krajdodajte kašicu maslaca i prokuvajte još malo. Zatim sve stavite u blender ili izgnječite ako je dete veliko.                                                        Od 7 meseca   PIRE OD CVEKLA, KROMPIRA I ŠARGAREPE   Potrebno je: 50 gr. cvekle, 1 sredni krompir i 1 šargarepa.   Očistite i naseckajte povrče, pa ga kuvajte poklopljeno u maloj količini vode. Kada omekša propasirajte, dodajte 1 kašicu maslaca i ponovo prokuvajte još 5 minuta.     Za decu starija od 12 meseci   VOĆNI FRAPE   Potrebno je: 200 ml. mleka, jedno žumance,voćni sok po izboru ili još bolje sveže voće (banana, kajsija, trešne, sljive....) to vi odaberite. U mleko stavite žumance i mutite dok masa ne postane penasta. Zatim nalijte voćni sok ili voće koje ste odabrali i mutute još malo.      

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва...
19.10.2009 13:47:43   
Еца
Со сигурност можам да кажам дека за зајакнување на имунитетот кај децата помага супа од јунешка, телешка коска. Значи се вари коската едно час, час и половина, се цеди,се лади и можете да ја замрзнете во оние садови за коцки мраз. При готвење на детето храна додавајте по една до две коцки(доколку е помало)јас на Мартина по три коцки и ставам, три до четири пати неделно, и за два месеци проверете крвна слика, помага, од искуство кажувам. Нормално и за кревање на имунитет, затопа само домашни супи на децата, никако готови.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва...
19.10.2009 13:49:10   
profesorica
да и јас на Дамјан му давам супа од коска и пилешка супа со моркови.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва...
19.10.2009 13:53:06   
Iva
Михајло како што не јаде ништо ако не беа домашниве супи детево во болница ќе ми завршеше. Јас сум била таква ништо не сум јадела ама со супи сум пораснала.
Сега му купив и Др.Лео сируп многу го сака па некако буткаме работа.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва...
19.10.2009 13:54:25   
mis.
И ние правиме супа од коски мм бидејќи е месар по професија тој ги спремаuser posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва...
20.10.2009 18:40:46   
Saturn
Перлите ги најдов во блиската аптека, има една мала, но добро снабдена до „Жапон“ во Карпош 1. Се викаат Carlson vitamin D. Ги побарав како перли од рибино масло. Не викам дека тие од Алкалоид се лоши, ама јас сакав да се од рибино масло, а не од соино. Веројатно ги прават од соино за да им бидат повкусни на децата, на знам. Пишува дека се за деца од 3 години (како и на повеќето витамински сирупчиња за деца), а почнав да и ги давам пред да наполни 2 години. Видоевски (ортопедот) кога бевме на последната контрола (на година и пол мислам беше) ни кажа да почнеме со рибино масло ако успееме да и дадеме, и бидејќи не успеавме user posted image  ги најдов перливе. Не и ги давам баш секој ден (особено не во летниот период) но во неделата можеби по 2 пати и давам.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва...
20.10.2009 18:41:36   
Saturn
Откако престанавме со Vigantol ортопедот ни препорача да и даваме рибино масло (ако успееме). Бидејќи рибиното масло стварно е гадно, па макар и со вкус на банана или шумско овошје, барам перли со рибино масло. Прво во аптека ми дадоа едно од Алкалоид (мислам) но отпосле (откако и самата ги пробав за да видам дали се со истиот вкус како оние перли што  јас ги обожавав каско мала) видов дека нема рибино масло во нив туку соино масло со додаток на Д витамин. Потоа најдов (некакви американско производство) перли со вистинско рибино масло. И среќа ќерка ми ги сака бидејќи мисли дека тоа се бомбони кои што прават “пук„ кога ќе ги прегризе со забите, а и количината во една перла  не е голема за да и стане гадно (а тоа е дневната доза за мало дете - една перла). Инаку кога има промена на времето или кога одиме во некакви периоди кога владеат вируси по игротеки или места со многу луѓе, превентивно во свежо исцедениот сок (што и го приготвувам секое утро) и капнувам малку од сирупот Саностол (мултивитамиснки за деца).

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва...
20.10.2009 18:48:16   
Saturn
Го имаме купено оној џусерот Jack LaLain (не знам дали се пишува така, ама знаете оној штш го рекламираат на топшоп). Во него правам сок за сите домашни од сабајле, ставам и овошје (сезонско: јаболко, грозје, портокал, лимон, претходно имаше праски, кајсии, сливи, сме ставале и ананас, јагоди) и зеленчук (цвекло малку и морков). И го разблажувам со вода, многу е јак така чист ако се пие. Многу е вкусен и секогаш го испива цел, за разлика од купечките сокчиња. Дури и на почетокот кога почнуваше со сок (после 5ти месец) прво едвај малку пиеше од тие од јаболко, нели прво се почнува во јаболко, па морков, па да не се мешало поради алергии. Ќерка ми сама посегаше по нашите чаши и дадовме да проба, после не сакаше да престане user posted image . Среќа немаше никакви лоши реакции user posted image

(Одговор на членот barbi)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва...
21.10.2009 8:12:55   
mami
На последната контрола ортопедот рече дека сега веќе треба да престанеме со Вигантолот и може да земеме од мултивитаминските сирупчиња па му земав од Пиковит- ми рекоа дека само тој и уште еден биле за деца до 3 години, па сега му го мешам во сок, пие Ц витамин секој ден, јаде јаболки, банани, грозје, домати...да му дадеш сирово така е јаде се, а зготвено во манџа никакоuser posted image user posted image

(Одговор на членот Saturn)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва...
31.10.2009 8:53:55   
ripce
Еве се обидов да го средам текстот на БЕБИЦА...

APIFORTE меден сируп за зајакнување на имунолошкиот систем

APIFORTE - Меден сируп е потполно природен препарат подготвен од високо квалитетен мед и диво цвеќе и течен екстракт од четири билки:

Коприва (Urtica Herba), Шипка (Cynosbati fructus), Ајдучка трева (Millefolii Herba) и Нане (Menthae piperitae folia).

Оваа комбинација на билки и мед е исклучително позитивна и има заштитен ефект на организмот. Сирупот APIFORTE се препорачува за лица со слаба отпорност на инфекции, со низок имунитет и склони на болести, за лица исцрпени по болест.

Медот е богат со многу хранливи компоненти за заштита. Тој се користи како храна и лек во исто време. Се препорачува за јакнење на телото, зголемување на отпорноста кон болести и превенција од студ и слабост по менталните и физичките напори.

Четирите медицински билки: Коприва, Шипка, Ајдучка трева и Нане и традиционално се признати за нивните корисни дејства на организмот. Копривата е здрава и диететска храна со стимулативни ефекти врз метаболизмот: го зајакнува организмот, ја подобрува крвта слика и прочистува крвта. Шипката, која е богата со витамин Ц, флавоноиди, каротеноиди и минерални состојки, го подобрува имунитетот на телото, и неговата отпорност кон болести. Ајдучката трева има антисептично, антиинфламаторно дејство, го зајакнува телото после болести. Нането е богато со етерични масла, има антисептично и седативно дејство и му дава на APIFORTE - медниот сируп пријатен вкус.

Индикации за употреба:

Го зајакнува имунолошкиот систем, како природен извор на здрави хранливи материи помага вонадминување на слабост по болести.

Дозирање:

Една лажица сируп 3-5 пати на ден пред јадење. Погоден за деца. Може да се користи како терапија за поддршка, заедно со лекови пропишани од страна на лекар.
 

Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Совети зајакнувате имунитетот на вашето д...
5.11.2009 21:58:03   
BEBICA
Витамини за деца  Опис MULTI-SANOSTOL сируп: тоа е мултивитамински сируп особено се препорачува за деца (од 1 година на возраст). Тоа е означен како превентива на витаминот СИДА кај децата, бремени и доење жените, како и кај луѓето со inappetence. Тоа им помага на спречување на инфекции, развој и пораст на заболувања, исцрпеност и замор. Тоа може да се подобри целокупната состојба откако поминале болест. Препорачана доза: деца на возраст од 1 - 5 Употреба 5 ml двапати дневно (се споредува со teaspoonful); деца од 6 годишна возраст користете 10 мл двапати дневно (се споредува со лажица). Овие дози не смеат да бидат надминати! Multi-Sanostol preparation can be used without consulting a physician for a period of 3 months. Мулти-Sanostol подготовка може да се користат без да се консултираат со лекар за период од 3 месеци. Подготовките не смее да се користи од луѓе со hypersensivity на било кој од подготовките компоненти, луѓе со зголемена содржина на калциум во крв и урина, или хипервитаминоза А и Д. Консултирајте се со вашиот лекар за употребата на други препарати со содржината на витамини и минерали. Не се препорачува; постои закана на некои витамин групи (особено А и Д).





< Поракaта ја уредил Еца -- 5.11.2009 22:30:33 >


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Совети зајакнувате имунитетот на вашето д...
5.11.2009 22:11:42   
April
Јас сум задоволна и од Propolaid (PropolBaby Sciroppo), го има во Зегин по ОК цена, содржи прополис, ехинацеа, ацерола (природен извор на витамин Ц) и мед. Со вкус на јагода е има ок вкус. Мислам дека штом ќерка ми го пие, секое дете би го пиело user posted image . Единствен начин да внесе прополис за грлото. Обидете се. 

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Совети зајакнувате имунитетот на вашето д...
5.11.2009 22:23:20   
Јасминка
Јас на син ми почнав да му давам KinderImmun кој покрај сите витамини содржи и колострум. Кратко време го пие, но мислам дека е ОК.

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Совети зајакнувате имунитетот на вашето д...
10.11.2009 12:09:25   
mother 29
ИЗВОРНА ПОРАКА: Јасминка

Јас на син ми почнав да му давам KinderImmun кој покрај сите витамини содржи и колострум. Кратко време го пие, но мислам дека е ОК.


и  јас исто,само ние го пиеме ете, втора зима по ред!user posted image

(Одговор на членот Јасминка)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва...
10.11.2009 13:05:48   
Mila na mama
Вчера ми препорачаа едно сирупче на база на прополис со витамин Ц и уште нешто. Не сум давала ништо и не знам дали да почнам.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва...
10.11.2009 13:10:21   
mother 29
јas bi ti советувала да даваш.sega posebno vo zima ,treba dopolnitelna borba so virusite!јас му давав лани на мојот колострум и ц витамин!?оваа год. киндер имун!

а кој сируп ти го препорачаа?

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва...
10.11.2009 13:12:50   
profesorica
нас пиковит ни рекоа сега, ок е тој? кој го користел?

јас до сега ништо за имунитет не сум давала, бидејќи цицаше ама сега кога го одбив да давам нештоuser posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва...
10.11.2009 13:14:26   
mother 29
сум давала и пиковит.добар е!
сега има бонбончиња пиковит со витамини и плус минерали(меки се и се растопуваат)

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва...
10.11.2009 13:17:39   
Mila na mama
Името на сирупот ќе ви го пишам од дома. Не ми текнува.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Совети за зајакнување на имунитетот на ва...
10.11.2009 13:18:08   
profesorica
епа нешто му препишале на Дамјан дали е сируп или бомбончиња.ќе видам после ќе земеме.обавезно.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?