Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Jas sum poduena celata si mislam sega uste poveke ciklusot vcera trebase da mi dojde no go nema mozda e od tie stimulaciite sto gi primiv da mi go isporemetat
Мимии . Јас девојки денес правев домашен тест сабајле на 15 ден од трансфер и беше негативен. Утре ќе одам рутински на бета, и чисто се соменвам дека нешто ќе биде поинаку. Требасе барем некаква нијанса на 2 линија да покаже ако имаше нешто. Како и да е се надевам дека за 6 месеци ке биде подобро.
Nina многу ми е жал. Секако наредниот процес со квалитетни јајце клеки и се ќе биде подобро. Дали знаете кои суплементи се користат покрај храната за подобрување на квалитетот на јајцеклетките?
Мими со лесно на трансфер и лесно и брзо да ти минат двете недели Соле среќно на пункција, те очекуваме со убави вести
Мили4каск баш ми е жал, некако бев уверена дека ти ќе ни го разубавиш периодов на чекање! Ајде да почекаме до утре, да не не изнедадиш после бета тестот! Во секој случај тука ќе бидеме за тебе и после 6 месеци!
Scared фала на одговорот. И јас така мислев ама си реков ај да прашам. Mimiii со среќа и убаво исчекување. Mili4ka можеби утре бетата ќе покаже поубав резултат. Nina голема гушка од мене. Се надевам ќе откриете зошто не се оплодила јајце клетката. Инаку и јас ич не го поднесеувам кломифенот. Од него скоро 2 години не можев да се опоравам од цисти на јајниците. Сепак за нареден пат се надевам ќе одиш со стимулација. Стимулацијаа при ИВФ е сосема различна од тој глуп кломифен. Сосема поинаков е принципот на дејствување на стимулациите преку инекции. Инекциите се замена захормоните од хипофизата и така се стимулира јајникот да произведе повеќе јајце клетки, а кломифенто само ги блокира естрогенските рецептори на јајникот па тоа ја стимулира хипофизата да произведува повеќе ФСХ. Скроз различен принцип. Стискам палци наредниот пат се да биде како што треба.
< Поракaта ја уредил Kvisko -- 7.12.2014 17:48:25 >
mili4kask на домашните тестови треба да почекаш 5-10 минути па после да го видиш резултатот, можеби не си почекала доволно... нели имаше случај на форумот незнам точно која РР и покажал тестот дома негативно а преку крв позитивно, колку би сакала утре бетата да ти биде висока ... уффф маки,а се уште немаш добиено нели??
Sanjaaa чекав 5 минути и повеќе јака една линија. Незнам искрено 15 ден од трансфер да не е точен тестот? Некако не ми е веројатно. Како и да е ви благодарам од се срце за искрената поддршка што ми ја давате. Утре сабајле ќе одам па ќе ви пишам.
Девојки еве се вратив од боцкање. Резултатот е негативен. Дури си викам подобро ниту една да не се оплодеше да немав надеж уште тогашкога рече дека ништо од тоа не е квалитетно. Како и да е продолжуваме понатаму и ќе се читаме, тука сум з аподдршка на сите што во моментов ја тераат целава процедура. Мене ова ми е второ инвитро, и ми е многу полесно бидејќи дома ја имам ќерка ми да ме утеши. Затоа посакувам прво Бог да дава таму кај ште е најпотребно и неизбежно, оние кои не се израдувале досега на среќата наречена дете да го почустуваат тоа. Најмногу од се ви благодарам на поддршката која ми ја дававте сите овие месеци. Ве
< Поракaта ја уредил mili4kask -- 8.12.2014 8:44:14 >
Така е! Поготово што имаш дома ќеркичка да ти дава енергија и мотив за следен обид! Сега следниве месеци одмарање, уживање и здрава исхрана за квалитетни јк
Точно така orchid7! Кај мене беше проблем квалитетот на јајце клетките и се се сомневам дека е поради долгогодишното пиење Јасмин. Ова беше прва пауза без Јасминот после 4 години. Квалитетот на јајце клетките беше катастрофален. Здрава храна, полна протеини и суплементи па ќе видиема за 6 месеци како ќе биде. Се надевам подобро. Тебе те чекаме со
Mili4kask, ти реков со тебе сме за се, тука за поддршка, совет, мислење . Оркид7, санјааа, батерфлај како сте?СОЛЕ, како помина пункцијата?Мимии, кога трансфер?
*******2014******* АКТУЕЛНО
01.11 - sanjaaaa - почеток со терапија (Ивановски, Систина) 04.11 - orchid7 - почеток со терапија (Лазаревски, Систина) 00.11 - mimiii - почеток со терапија ((Лазаревски, Систина) 13.11 - SOLE - -почеток со терапија (Петановски, Ремедика) 26.11 - butterfly00- почеток со терапија (Лазаревски, Систина) 2.12 - Ана 78 - почеток со терапија (Лазаревски, Систина) /12 - Kaya трансфер со смрзнати ембриони (Димитров, Ремедика) /12 - LoveableMe RR- трансфер со смрзнати ембриони (Димитров, Ремедика) /.01 - весник - трансфер со смрзнати ембриони (Лазаревски, Систина) 15.01 - Pinky30 - почеток со терапија (Глигор Тофовски, ГАК) ========================= ИСЧЕКУВАЛКИ
28.11 -orchid7 = пункција 30.11 =ЕТ 28.11- sanjaaa = пункција 01.12= ЕТ 06.12 - mimiii = пункција 08.12= ЕТ 08.12 - SOLE = пункција 12.12= ЕТ
=========================
14.12 -orchid7 = ТЕСТ 15.12 -sanjaaa = ТЕСТ 23.12 -mimiii = ТЕСТ 24.12- SOLE= ТЕСТ
jas seuste nemam ciklus dobieno iako mi e redoven sega mi kasne no ovoj mesec sto li ne se napiv sto li primiv si mislam edno dete da odimam za vtoro nema da pomislam da odam po tie patista sega neznam koj kraj da go fatam
kapina, извини, ама не гледам како е ова информација за оваа тема, каде што си даваме надеж за ивф и каде што може само лошо да влијае. Жел ми е за братучетка ти, и ако се работи за конкретен проблем - пиши во тема соодветна за тоа, а ако е онака - во темата за психолошка поддршка. Те молам, разбери не и нас
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
kapina, извини, ама не гледам како е ова информација за оваа тема, каде што си даваме надеж за ивф и каде што може само лошо да влијае. Жел ми е за братучетка ти, и ако се работи за конкретен проблем - пиши во тема соодветна за тоа, а ако е онака - во темата за психолошка поддршка. Те молам, разбери не и нас
Целосно се сложувам. Поддршката тука е всушност позитивната мисла и желбата да успееме во она што ни е цел. Еве во мојот случај, можеби имам едно дете и не треба како што некој вели да ми падне на памет да поминувам низ истиот пат, но сепак сите ние сме различни нели? Јас се одлучив затоа што кога ја родив ќерка ми реков дека секоја нејзина желба во животот ќе најдам сила и начин да и ја остварам. Кога едно дете на 4 години ќе ве погледне во очи и ќе ви каже мамо сакам јас братче или сестричка, да имам како ...некое нејзино другарче, да имам и јас со кого да ја делам собата и играчките да не сум сама кога спијам, што ќе направите вие? Реков таа нејзина желба ќе ја исполнам, колку и да е трнлив патот и колку и пати да треба по него да газам. Се извинувам ако излегов од темата но сакав да си ја ослободам душата и да кажам зошто јас поминувам низ сето ова и ќе поминувам се додека не ја исполнам желбата на детето кое е мојот живот и за кого живеам.
Борбата за бебе е борба за бебе и се болна, тешка тема без разлика дали се работи за прво или второ дете. Тоа е воопшто небитно. Колешката со мене во канцеларија се бори за второ дете и емоциите низ кои поминуваме се потполно исти. Жално е кога се случуваат губитоци на деца од тоа нема ништо поболно, ама останува да се бориме и да се надеваме и нормално да ја полниме темава со убави зборови и поддршка. Се надевам дека сите ќе успееме во борбата полека ќе се селиме на други повесели теми и ќе се радуваме во 2015.
mili4kask, потполно те разбирам. Откога ни излезе успешно ивф-то, сите ми зборат блазе си ти, одеднаш две, и сте завршиле работа, не мора да мислиш веќе, а јас си викам, здравје - нека излезе се во ред, и со задоволство би одела на уште едно. Воопшто не ми значи дали терапијата ми делувала вака или онака на телото, дали било тешко, болно и полно со разочарувања, сепак крајниот резултат е неспоредлив. Сега да не се урочам, ама иако е тежок патот, би го одела пак. Со тоа сакам да ги охрабрам сите во процедура, без оглед на се, да не губат надеж - и медицината оди напред секој ден се повеќе и повеќе, и чуда се случуваат. Само храбро, позитивно, и нема откажување
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015