Hopeful RR
|
Сите испитувања треба да се не постари од 6 месеци, така што ако папот ти е нов, нема потреба пак. ХСГ и хистероскопија се прават еднаш, и немаат временски рок, а ќе ти треба уште и: - хормони на 3 ден (исто, ако ги имаш не постари од 6 месеци, не мора нови) - маркери за ХИВ, хепБ и хепЦ (ова за двајцата) - микробиолошки брисеви (наједноставно и најбрзо е во Институт за јавно здравје, за 3 дена се готови) - два спермограми со мин. еден месец разлика - спермокултура - извештаи од инсеминациите - извештај од хистероскопија - извештај од хсг - ехо (бидејќи имаш хсг и хистеро, доволно е обично ехо, не мора 4д) - крвна слика, гликемија, седиментација Мислам дека е тоа, но провери на сајтот на фзо. Од фзо се земаат формулари, додуша ги има и онлајн, од кои еден пополнува матичен гинеколог, другите ти и сопругот, и тоа е тоа. За ваучер обично не се чека многу, зависи колку гужва имаат - јас чекав еден месец, други гледам по 2 недели. Не е многу, во секој случај Е сега, моја препорака ти е сето ова да го правиш на државно од причина што откако ќе се добие ваучерот, пред да се почне ивф-то, треба голем дел од истите испитувања да бидат не постари од 3 до 6 месеци, секој различно, и зависи кога ќе стигне ваучерот, може ќе треба да бидат одново направени - маркери, хормони, брисеви, пап - затоа што може да им биде истечен на нив рокот. Сметај, повторно трошоци, а веќе си платила на приватно... Не се губи којзнае колку време, а се штедат многу пари. Ние така некои од испитувањата по два пати ги правевме, дупли трошоци дури и на државно.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
(Одговор на членот vazna)
|