|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4] 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Сурогат - мајка !?!
10.2.2013 23:09:37   
suzeto
i jas se soglasuvam deka nema nisto loso da bides surogat majka ke mu pomognes nekogo ...a ne e isto da posvois tugo dete toa nema tvoi geni ........i ne e isto koga sme bile nie bremeni znaci sme bile za nas toa si go znaes a koga si surogat majka toa e veke sosema drugo i nemozis da go imas istoto custvo....

(Одговор на членот majka na eva)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Сурогат - мајка !?!
11.2.2013 0:35:22   
zzaa
mozebi ke zvuci sebicno no jas nikogas ne bi se nafatila da bidam surogat majka,nekako ne mi e svatlivo,znam kako e da go nosis 9 mececi da se potresuvas za sekoj pregled i da se raduvas na sekoe dvizenje na user posted image i kako se raga.Iako znam deka toa user posted image nema da imam moi geni,i na nekoj ke pomognam ali nema sansi,pa makar i za sestra mi da stanuva zbor.A ti za pari sto se surogat majki pa ic ne gi svakam so srce imat.

_____________________________

Денот кога се збогатив ... Станав мајкa
http://lpmf.lilypie.com/9ToIp2.png?PUn0FHCJ
принцеза на мама

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Сурогат - мајка !?!
11.8.2013 0:42:18   
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Kolku ste zapoznaeni zatoa deka makedonci plakat po60iljadi dollari za surogat majkiod ukrainai gruzija I veke policijata im e vlezenavotragata na ovojnelegalen biznis


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот zzaa)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Сурогат - мајка !?!
6.1.2014 22:01:31   
Sanosan24
Ние раговаравме на оваа тема... и тој некако се плаши друг да носи наше дете, страв му е дека таа личност ќе се поврзи со бебушот па подоцна кога ќе го роди да не го даде, јас не сум одлучна го имам истиот страв но од друга страна си велам ако избереме личност на која и веруваме 100% нема да имаме таков проблем user posted image ...а и гледам сега има некој закон за сурогат мајка.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Сурогат - мајка !?!
9.1.2014 11:19:14   
LoveableMe RR
"Сурогат баба: Во 58 година ќе ја роди својата внука

Педесет и осумгодишната Јулија Наваро од американската сојузна држава Јута се согласила да биде сурогат мајка на својата ќерка Лорена Меккинон и нејзиниот сопруг, така што во февруари ќе ја роди својата внука.

Лорена долго време имала проблеми со зачнување поради што брачниот пар одлучил да пронајде сурогат мајка. Откако потенцијалните понуди пропаднале, Јулија сама се понудила.

Сопружниците на овој начин ќе заштедат околу 30.000 долари, кои би ги дале за трошоци на сурогат мајаката."

Извор: А1ON


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Sanosan24)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Сурогат - мајка !?!
20.1.2014 16:00:46   
vezilka RR
Министерството за здравство денеска почна серијал дебати на тема „Концепт за изменување и дополнување на Законот за биомедицински потпомогнато оплодување заради воведување на можноста за добивање дете со помош на сурогат мајка“ кој се одржа на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство - Скопје.

Станува збор за концепт многу широко дебатиран во светот, кој не е воведен во Германија, Франција, но е воведен во Англија, САД, Холадија, Белгија, Русија, Канада итн.

Министерот за здравство Никола Тодоров истакна дека имаат предлог-концепт на закон кој сакаат длабински да го издебатираат со стручната јавност, но не само од медицински туку и од правен, етички и семеен аспект.

- Она што го имаме предложено за дебата е дека сурогат мајка може да биде жена која е психофизички здрава и постара од 21 година. Таа треба да помине сериозно психолошко и правно советување кое треба да го прават комисии кои се составени од лица кои имаат големо искуство во областа на психологијата, психијатријата и на правото. Лицата во комисиите задолжително треба да имаат поминато психолошки тест и тест за интегритет, да имаат 10-годишно искуство, а треба да се изработи и националнен водич за психолошко и за правно советување, посочи Тодоров.

Укажа дека се предвидени забрани за рекламирање, за регрутирање на сурогат мајчинството итн., како и законски казни, кривични санкции до или над 10 години затвор за оние кои ќе постапуваат спротивно на одредбите од законот, особено оние кои ќе организираат, подведуваат или го спроведуваат овој концепт на сурогат мајчинство спротивно на законските одредби.

- Има два концепти на сурогат мајчинство-алтруистичко и комерцијално. Ние предвидуваме еден подвид на алтруистичко сурогат мајчинство и да можат да бидат исплатени определени трошоци на сурогат мајката кои се поврзани со нејзиниот живот за време на сурогат мајчинството односно трошоци поврзани за правилна исхрана, за лекување, прегледи итн. Имаме ограничување предвидено во концептот за висината на овие трошоци кои не може да бидат повисоки од една просечна плата исплатена месечно во стопанството во Македонија, издвојувајќи ги тука трошоците за преглед или за породување, рече Тодоров.

Тој појасни дека сурогат мајката има право да избере дали ќе се прегледува во приватна или во јавна здравствена установа и зависно од тоа трошоците треба да бидат покриени од страна на брачните другари.

- Подносител за сурогат мајчинство може да бидат само маж и жена кои се во брак и се државјани на Македонија, кои поминуваат еден период на психолошко и правно советување за целиот процес. Како мајка на детето се запишува жената која го има поднесено барањето за сурогат мајчинство. Има предвидено само еден исклучок од тоа-само во случај на смрт на двајцата подносители на барањето (мажот и жената) за сурогат мајчинство и само тогаш сурогат мајката има право да се запише како мајка и има родителско право и остварување на ова право согласно законот, додаде Тодоров.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека според концептот една жена може еднаш да биде сурогат мајка. Таа треба да биде државјанин на Република Македонија.

Посочи дека во предлог-концептот е забрането примање парична надокнада за сурогат мајчинство од семејството и доколку тоа се констатира предвидени се сериозни санкции.

- Во Законот предвидуваме кога може маж и жена да поднесат барање за сурогат мајчинство-доколку станува збор за вродена аномалија кај жената, односно аномалија на матката и ако до вакви оштетувања дошло како резултат на несакани појави од хирушки интервенции или лекарски грешки и после три неуспешни обиди на ин витро. Триста педесет до 450 жени во репродуктивен период имаат вродена аномалија. Има сериозна бројка на двојки кои имаат потреба од сурогат мајчинство и заради тоа ја отворање оваа дебата, потенцира Тодоров.

Истакна дека во концептот се обидуваат да забранат жени да го користат сурогат мајчинството како професија.

- Тоа во концептот се обидуваме да го забраниме, да нема жени кои ќе заработуваат и кои ќе живеат со сурогат мајчинство, на пример повеќе пати да бидат во функција на сурогат мајка. Во концептот имаме предвидено дека се зема јајце клетка од жената и од мажот кои го поднесуваат барањето за сурогат мајчинство, а сурогат мајката е практично само инкубатор кој носи генетски материјал од мажот и жената, рече Тодоров.

Целиот процес на серија дебати на повеќе различни нивоа предвидено е да трае неколку месеци, а како што нагласи Тодоров, планираат да отворат и посебен форум на страната на Министерството за да може секој и на анонимна основа да го изрази својот став.

Учесниците на дебатата - стручни лица, експерти го поздравија почнувањето серијал дебати за разгледување на концептот за добивање дете со помош на сурогат мајка.

Тие укажаа дека треба да се прецизира горната старосна граница на жената која може да биде сурогат мајка, и дека треба да и се остави доволно време таа да размисли пред да одговори на барањето за сурогат мајчинство итн.

Учесниците во серијалот дебати со своите коментари и предлози треба да дадат квалитативен придонес кон изготвувањето на измените и дополнувањата на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување заради создавање законски можности за добивање дете со помош на сурогат мајка.

Извор: 24 Вести

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Сурогат - мајка !?!
20.1.2014 16:08:50   
Melanija RR
Што туку слушнав за ова на вести.
Се надевам дека сето ова ќе биде добро прецизирано во законот и многу парови ќе имаат можност и право на детски плач и смеа.user posted image user posted image user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Сурогат - мајка !?!
20.1.2014 16:15:18   
vezilka RR
И јас се надевам дека нема да направат карма каша и од овој закон. Ќе го следиме вниимателно процесот. Ама мораше да го пикнат и она дали е морално, демек само од алтруистичкапобуда да било, да не се заработувало од тоа. А што се заработува од донирање на сперма, никому ништо, хм..

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: Сурогат - мајка !?!
21.1.2014 14:10:01   
LoveableMe RR
Се надевам ќе им донесе среќа на сите кои сакаат да станат родители, а поради одредени причини не можат, но има многу недоречености во предлогот, се надевам ќе биде дополнет и подобар за спроведување.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 84
   RE: Сурогат - мајка !?!
30.8.2014 21:29:44   
LoveableMe RR
"Првото бебе од сурогат мајка во Македонија ќе се роди 2015

Објавено: 29/08/2014 20:58

Сурогат мајка може да се биде само еднаш. Жената треба да е државјанин на Македонија на возраст од 25 до 50 години, да е мајка на најмалку едно дете, да е психофизички здрава, да не е кривично гонета, да не е зависник од дрога и да нема заразно заболување. Овие услови се зацртани во предлог измените на законот за биомедициснко потпомогнато оплодување. Од друга страна право на дете од сурогат мајка имаат само брачни парови со македонско државјанство. Ако жената од оправдани причини неможе да забремени. Брачната двојка има право на 2 деца од сурогат мајки. Регистар за оваа постапка ќе води министерството за здравство. Пред започнување на постапката мајката и паровите ќе се запознаат.

Пред спроведување на постапката на внесување на ембрионот во матката на жената гестациски носител, задолжително е претходно заедничко психолошко советување на брачната двојка и на потенцијалниот гестациски носител во времетраење од три месеци, при што ќе се одржуваат најмалку две средби месечно, како и задолжително правно советување на двете страни. За таа цел, ќе биде изработен и објавен Национален водич за психолошко и правно советување на брачната двојка и на потенцијалниот гестациски носител за оваа постапка, рече Никола Тодоров, министер за здравство.

Според Тодоров сурогат мајчинството во Македонија треба да биде само од хумани причини, да им се помогне на паровите кои неможе да имаат деца. Брачните парови на сурогат мајката треба само да ги надоместуваат само трошоците во текот на бременоста и да не бидат поголеми од една просечна плата, а подарокот по породувањето да не е поскап од 100 евра. Сурогат мајката има право на породилно од 45 дена,а жената за која е родено бебето 9 месеци. Во случај на комерцијализација се предвидува казна затвор од 6 месеци до 5 години за секој кој ќе земе или даде пари за да друга жена им роди дете. Кривично ќе одговараат и медиумите ако јавно изнесат податоци за лицата кои се одлучиле за сурогат мајчинство.

- Бевме загрижени дека доколку се дозволи сурогат мајчинството, следниот чекор би бил дозволување на ектогенеза (раѓање на дете во инкубатор), што можеби ќе биде медицински можно во наредните 10ина, а можеби и повеќе години. Се запрашавме дали е тоа патот по кој треба да оди човештвото? Затоа воведовме кривично дело, според кое со казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор ќе се казни тој што надвор од телото на жена „одгледува“ ембрион или фетус заради раѓање на дете (ектогенеза, додаде Тодоров.

Концептот сурогат мајчинство функционира во САД, Англија, Русија и во други западноевроски земји. Кај нас неодамна доби зелено светло од Владата и е во собраниска процедура. Претходно имаше неколку јавни дебати со психолози,психијатри,правници и претставници на верските заедници. Првото бебе од сурогат мајка се очекува да се роди во 2015 година."

Извор: МКД news

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 85
   RE: Сурогат - мајка !?!
30.8.2014 21:41:03   
Melanija RR
user posted image user posted image user posted image се надевам се ќе биде во ред и навистина ќе имаат дете тие што треба да имаатuser posted image

Веројатно и другите работи ќе бидат додефинирани.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 86
   RE: Сурогат - мајка !?!
29.9.2014 14:22:24   
LoveableMe RR
"Првото македонско семејство кое доби бебе од сурогат-мајка

Ж.З и К.З. од Македонија имаат бебе родено од сурогат-мајка од нашата агенција. Кога нивниот син имаше две недели, среќната, сега тројка, се врати дома веднаш откако сите документи беа завршени од страна на нивната амбасада.

Сега, откако поминаа неколку месеци, тие ни испратија преубава слика и ни дозволија да ја споделиме со нашите читатели.

Многу се радуваме дечки, Бог да ве благослови и да уживате во најголемото чудо во универзумот – чувството да се биде МАМА и ТАТО! Најдобри желби за вашиот син, му ги испраќаме нашите прегратки и бакнежи.”

Ваков поздрав упати украинската агенција „Successful Parents” на својата „Фејсбук„ страница, поздравувајќи го првото македонско семејство кое преку сурогат-мајка добило потомство.

Украина ваквиот принцип на сурогат-мајчинство постои веќе неколку години, а оваа агенција е формирана во 2003 година, со тоа што има две свои подружници, од кои едната е во соседна Бугарија, пишува „Вечер“.

Законот во Украина, но и во Бугарија го дозволува сурогатството и донирањето на јајце-клетки, а ги заштитува правата на родителите и на бебето.

Клиниката овозможува идните родители да го одберат и полот на ембрионот во нивната програма. Но, како што повеќепати напоменуваат, клиниката работи според сите здравствени законски нормативи на Украина.

На својата веб-страница агенцијата ја промовира својата програма за сурогат-мајки и според нивните пресметки, паровите кои имаат потреба од сурогат-мајка тоа ќе ги чини околу 40 илјади долари.

Практика во Украина е гестациската бременост на сурогат-мајката, што значи во претходно подготвената матка на сурогат-мајката се пренесува веќе оплодена јајце-клетка, односно ембрион од двајцата родители, а сурогат-мајката единствено го носи плодот низ бременоста и не е генетски поврзана со бебето.

Пакетот за сурогат-мајка ги вклучува подготовките и трансферот на ембрионот од биолошките родители во сурогат-мајката во една од клиниките на ”Successful Parents Agency” . Целокупниот пакет на оваа клиника чини 34.950 долари, а во пакетот се вклучени консултации и координации за целата програма. Тоа значи дека биолошките родители си бираат сурогат-мајка од датабазата на агенцијата, кои, според стандардите на оваа агенција, се на возраст од 20 до 30 години, иако законот во Украина вели дека секоја жена на возраст од 18 до 35 години која е психички и физички способна може да биде сурогат-мајка. Секоја сурогат-мајка мора да има родено барем едно свое биолошко дете, како и да се уверат дека жената нема никакви проблеми.

Со цената се опфатени медицинските тестови за сурогат-мајката и лековите за нејзината подготовка за бременоста. Додека траат сите процедури, идните родители се запознаваат со сурогат-мајката и се во контакт со неа.

Во цената спаѓа и оплодувањето на јајце-клетката и еден трансфер на ембрион во матката на сурогат-мајката, грижата околу бременоста на жената и сите медицински прегледи и породувањето.

Биолошките родители за тие 40 илјади долари добиваат и посредување околу регистрацијата на новороденото бебе, како и подготовка на сите потребни документи кои треба да се достават во матичната амбасада на биолошките родители на бебето.

Од Агенцијата напоменуваат дека од денот на потпишувањето на договорот до денот на оплодувањето на сурогат-мајката потребен е еден месец, а по две недели од оплодувањето и се прават крвни анализи на сурогат-мајката за да се потврди бременоста.

Според нивните кажувања, во последната година побарувачката за сурогат-мајка е многу зголемена, и тоа се бараат здрави жени со европско потекло, па затоа тие ја шират својата база на потенцијални сурогат-мајки. Во болницата во секој момент работат со минимум 5 сурогат мајки и биолошките родители на бебињата, и тоа од различни страни на светот."

Извор: Република

------------------------------------

Се надевам со законов што наскор треба да се донесе во РМ и да се овозможи сугорат мајка, нема да мора нашите сограѓани да оставаат огромни пари во Украина.....


< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 29.9.2014 14:23:07 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 87
   RE: Сурогат - мајка !?!
12.11.2014 15:45:27   
LoveableMe RR
"Три чекори до сурогат мајчинство

Стапија во сила измените и дополнувањата на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) со кој се воведе можноста за добивање дете со раѓање од страна на друга жена или таканареченото сурогат мајчинство. Од крајот на октомври може да се користат сите механизми воведени како новина со овие законски измени.

Ова денеска на прес-конференција го истакна Татјана Васиќ-Бозаџиева, државен советник во Министерството за здравство, која рече дека новината се однесува на сите брачни двојки кои не може да ја реализираат родителската улога по природен пат и на сите хумани жени кои од алтруистички побуди би родиле деца за овие брачни двојки за да им го покажат патот за остварување на овие можности.

- Првиот чекор што треба да го направат заинтересираните е да се обратат во Министерството за здравство, да достават документација со која потврдуваат дека ги исполнуваат условите. До Министерството може да се обратат жени на возраст од најмалку 25 години живот и повозрасни, односно на возраст за која е оценето дека е во добра психофизичка и општа здравствена состојба која и овозможува на жената здрава бременост и раѓање на здраво дете. Покрај тоа, жените треба да бидат мајки на најмалку едно дете и да бидат македонски државјани, посочи Васиќ-Бозаџиева.

Од друга страна, до Министерството, истакна таа, може да се обратат брачни двојки, државјани на Република Македонија, кои имаат проблем со женски или машки стерилитет, односно жената од брачната двојка нема матка и/или има оштетена матка, нема јајници и/или има оштетени јајници, а мажот од брачната двојка исто така истовремено може да има стерилитет кој не може да биде излекуван, како и во случај кога брачната двојка дотогаш имала три неуспешни бремености на жената.

- Министерството за здравство води два регистри, од кои еден за жените кои се потенцијални гестациски носители, а другиот за брачните двојки. Министерството ги внесува податоците во овие регистри откако ќе утврди дека се исполнети условите со што се заокружува неговата улога во оваа фаза на утврдување на статусот на потенцијален гестациски носител, односно брачна двојка која има право да побара раѓање на дете од друга жена, речеВасиќ-Бозаџиева.

Појасни дека вториот чекор што треба да го направат заинтересираните брачни двојки е да се обратат во Министерството за здравство со барање за увид во соодветниот регистар заради вршење избор на гестациски носител.

Изборот на гестацискиот носител, нагласи таа, не го врши Министерството за здравство, туку самата брачна двојка, која има право на пристап до податоците во регистарот на жени-гестациски носители заради вршење избор и за таа цел повторно се обраќа до Министерството за здравство со барање за увид во соодветниот регистар.

- Само за илустрација, во постапката за посвојување дете, Комисијата за посвојување врши избор на најсоодветен посвоител по електронски пат од првите три можни посвоители од листата на можни посвоители. Значи, улогата на Министерството за здравство е да ја гарантира законитоста на постапката, но не и да се вклучува во поврзувањето на брачната двојка и гестацискиот носител, потенцира Васиќ-Бозаџиева.

Укажа дека третиот чекор што треба да го направат заинтересираните брачни двојки е да се обратат во Министерството за здравство за да ја почнат постапката за БПО со гестациски носител, а тоа го прават со доставување писмено барање до Министерството за здравство. Појасни дека за да почне постапката на БПО со гестациски носител, потребно е сите учесници во постапката да се согласат (со давање на писмена изјава заверена кај нотар) и претходно да бидат стручно советувани за психолошките и правните последици од оваа постапка, од страна на Комисијата за психолошко советување и Комисијата за правно советување.

Министерството за здравство по добивање на писменото барање, рече Васиќ-Бозаџиева, ќе утврди дали се исполнети сите услови од овој Закон за поведување на постапката и писмено ќе ја извести брачната двојка и потенцијалниот гестациски носител.

- Доколку се исполнети условите за поведување на постапка на БПО со гестациски носител, брачната двојка и потенцијалниот гестациски носител склучуваат договор за уредување на меѓусебните права и обврски кои произлегуваат од таа постапка. Брачната двојка и потенцијалниот гестациски носител можат да ја повлечат согласноста се додека ембрионот не е внесен во матката на жената гестациски носител, а најдоцна два дена пред денот на внесувањето на ембрионот во матката на жената гестациски носител, посочи Васиќ-Бозаџиева.

Нагласи дека за разговор на оваа тема и одговарање на сите прашања кои ги имаат брачните двојки или жените кои би сакале да бидат гестациски носители, Министерството за здравство во секое време е отворено за комуникација.

Брачната двојка има право да бара поведување на две постапки на БПО со гестациски носител кои успешно ќе завршат со раѓање на по едно живо дете од секоја постапка, додека гестацискиот носител има право само еднаш да роди едно живо дете за друг. Гестацискиот носител и жената од брачната двојка која е во работен однос ги има сите права од областа на работните односи, пензиското и инвалидското осигурување и здравственото осигурување по основ на бременост и раѓање.

- Тоа значи дека гестацискиот носител која е во работен однос има право на отсуство од работа поради бременост и раѓање во времетраење од 45 дена од денот на раѓањето на детето. Жената од брачната двојка остварува право на породилно отсуство како да го родила детето. Во име на Министерството за здравство ги повикувам сите брачни двојки кои сакаат да ја остварат родителската улога и сите хумани жени кои сакаат да им помогнат да се обратат до Министерството за здравство. Тоа може да го направат уште денеска, додаде Васиќ-Бозаџиева. "

Извор: МИА



_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 88
   RE: Сурогат - мајка !?!
12.11.2014 16:38:55   
Hopeful RR
Браво user posted image
Треба да се отворат и создадат што повеќе можности за добивање дете и баш ми се допаѓа што покажуваме цивилизациски прогрес, за разлика од други земји. Се надевам само дека нема да се злоупотреби ова, и тука мислам на потенцијалните гестациски носители, и дека нема да стане извор за заработка и манипулација.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 89
   RE: Сурогат - мајка !?!
12.11.2014 20:15:38   
blond
Ne znam dali sum nenormalna ili hormonite mi vlijaat, ama dodeka zboruvaa na tv za ova preska, placev kako malo dete. Placev od pomislata deka nekoj ne moze da oseti kako e da bides majka. Znaeme kako odat procedurite za posvojuvanje, se nadevam ova ke e mnoooogu pobrzo i nema da se iskoristi za vlecenje pari.
Jas ne znam dali bi se nafatila za vakvo nesto. Od edna strana velam nema sansi, od druga strana koga ke pomislam kolku samo ne mozat da si gi donosat do kraj bebinjata od X pricini, pa vednas bi prifatila. Ama jas sum premnogu emotivna, znam deka posle cel zivot ke bidam vrzana za toa dete sto samo sum go snabduvala so hrana i sto nema moj genetski materijal, znam deka postojano ke go gledam kako del od sebe, sto i na nekoj nacin bi bilo.


(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 90
   RE: Сурогат - мајка !?!
12.11.2014 22:22:29   
LoveableMe RR
Јас мислам дека е благородна работа да подариш дете на некого кој има ембриони, но ете не може да ги износи и да роди здрави деца, а некој може тоа да го направи за тебе. Во странство се работи со сурогат мајките, да прифатат дека тоа не се нивни деца и полесно да го пребродат периодот...не знам кај нас дали ќе има таква поддршка, но знам дека во странство нема сурогат мајка што не сакала да ги даде децата...

А за родителите, тоа е најголема радост...некогаш не вреди ни нерви, ни пари ни болници да се малтретираат со години, башка што психички паровите пропаѓаат после секој неуспех за дете, вака ќе се скраати патот побрзо да добијат деца и јас ја поздравувам многу оваа иницијативаuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 91
   RE: Сурогат - мајка !?!
12.11.2014 23:22:19   
mommy_angels RR
E fala mu na Boga rabotite i kaj nas mrdnaa od mrtva tocka.Ova najsilno go pozdravuvam i se nadevam deka ke se razviva vo vistinski pravec.E sega me plasi malku malograganstinata kaj nas.Mnogu zeni nema da se nafatat bas zatoa "sto ke rece okolinata".Vo sekoj slucaj golema podrska i poklon za sekoja zena sto ke se odluci da bide surogat majka.
A dali jas bi se nafatila,ne sakam i nemozam da razmisluvam bidejki sum del od onie zeni sto vodea teska bitka za bebence.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 92
   RE: Сурогат - мајка !?!
12.11.2014 23:43:57   
kapina
Super e toa samo tolku ke kazam

< Поракaта ја уредил kapina -- 12.11.2014 23:44:50 >

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 93
   RE: Сурогат - мајка !?!
13.11.2014 9:23:34   
LoveableMe RR
Ние сме малограѓани за се и сешто, еве има малограѓанштина и за ИВФ, сигурна сум ќе има и за ова. А по селата кога доеја туѓи деца, тоа не беше страшно, а знаеме преку мајчиното млеко може да се пренесе и добро/и не дај боже лошо....

Ако се работи со активности и крајната цел е благородна, да се подари дете некому кој ете има можност, но не може да го износи до крај од разни причини, секако дека е за поздравување и тука не треба да има дилеми..за жал, пак ќе кажам Албанците и другите заедници во Македонија се посолидарни од нас Македонците и не размислуваат вака како нас...па ние прифативме хомосексуалци, травестити, им се обезбедуваат права како секаде во Европа и полека почна народов да се навикнува на тоа, а ова ќе било проблем... стварно некогаш мислам луѓево имаат помешани стандарди...

Она што е битно е да се работи со сурогат мајките психички да се спремни дека некому прават добро и дека тоа не се нејзини деца, во странство тоа добро оди, кај нас не знам како тоа ќе го изведат...


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 94
   RE: Сурогат - мајка !?!
13.11.2014 10:02:18   
miana
Јас го поздравувам ова, и се секоја чест на оние кои што ке износат туѓо дете, но јас не би можела и не би сакала. Јас сум емотивец и тоа би ме убило и затоа велам секоја чест за оние кои ке прифатат да износат дете од било која причина, па макар и за пари. Јас за ниедни пари на светот не би го направила тоа од повеќе причини.Си размислувам понекогаш дали ако се работи за моја ептен блиска особа, и понекогаш си велам - да, ама не бре брате. Не го може тоа секој, а тие што го можат ги поздравувам и им велам БРАВО!!!
Поздрав и за законот, секоја чест. Одиме напред полека ,полека. Дај боже да се родат вакви дечиња и многу парови да се усреќат.

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 95
   RE: Сурогат - мајка !?!
13.11.2014 13:16:17   
Hopeful RR
Не да сме малограѓанштина него ептен, и баш тоа што вика и Loveable Me, и за ивф се збори свашта, а не па за ова. Колку пати само сме чуле муабети - ех, близнаци ама со ивф, ко да е помалку вредно, или како не ин витро, што е тоа во лабораторија, но бош муабети секогаш ќе има. Но, како што мене и мм ич не ни чуе што некој ќе каже за нашите ивф бебиња, така и на тие парови што вака ќе добијат дете не треба и нема да им е гајле, најбитно е бебето.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 96
   RE: Сурогат - мајка !?!
13.11.2014 14:02:55   
Melanija RR
Се е тоа супер, но да функционира како што треба.Ќе се израдувам кога ќе кажат број колку жени се согласни да се сурогат, и кога еден пар ќе добие бебеuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 97
   RE: Сурогат - мајка !?!
14.11.2014 14:07:10   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Јас го поздравувам ова, и се секоја чест на оние кои што ке износат туѓо дете, но јас не би можела и не би сакала. Јас сум емотивец и тоа би ме убило и затоа велам секоја чест за оние кои ке прифатат да износат дете од било која причина, па макар и за пари. Јас за ниедни пари на светот не би го направила тоа од повеќе причини.Си размислувам понекогаш дали ако се работи за моја ептен блиска особа, и понекогаш си велам - да, ама не бре брате. Не го може тоа секој, а тие што го можат ги поздравувам и им велам БРАВО!!!
Поздрав и за законот, секоја чест. Одиме напред полека ,полека. Дај боже да се родат вакви дечиња и многу парови да се усреќат.



Potpis!!Go poddrzuvam zakonot,im se voshituvam na hrabrite zeni koi ke ja imaat ulogata na surogat majka.
Okolu ova imam nekoi nejasnotii,dokolku ima nekoj poinformiran,mozebi ke mi gi odgatne prasanjata:Ne mi e jasno nesto,toa dete ke bide zacnato od kletkite na dvajcata roditeli,nosi nivni geni, no sto e so zenata koja go nosi toa date 9 meseci?Toa preku placentata,papocnata vrvca e direktno povrzano so NEA,nejziniot krvotok,nejzina krv....Nema toa nikakvo vlijanie vrz deteto,mislam genetski I SL?Ne nastanuva nikakvo mesanje na geni??Jas ova go napisav laicki,he mi se poznati nekoi termini I SL.me razbravte sto me interesira taka?user posted image


_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 98
   RE: Сурогат - мајка !?!
14.11.2014 14:10:24   
LoveableMe RR
Делукс РР, преку крв може да се пренесе не дај Боже заразна болест, хепатит, бактерија и сл, но не гени, ембрионите се развиваат во лабораторија од двајцата партнера, а потоа само се внесуваат во сурогатот мајка и таа треба да ги износи 9 месеци.

Така што од генетика сигурно нема ништо да пренесе, а за другото се прават тестирања претходно, крвна слика и се останато дека е во ред, нема заразно или бактерија и потоа се продолжува со постапката.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 99
   RE: Сурогат - мајка !?!
9.3.2015 1:59:48   
ijasdaprasam
Здраво на сите. Овој Закон е единствена можност на жените со проблематична матка да стигнат до свое дете. Јас боледував од рак на грло на матка и сега ја немам, што е голема траума за мене и сите роднини, особено што неможеме да видиме како изгледа да се има дете. Имам свои замрзнати ембриони во клиника, кои чекаат да бидат израснати во бебе од сурогат мајка. Веќе 4 години се обидувам да најдам сурогат мајка меѓу роднини, без успех, поради тоа што најголем број се постари или и тие немаат деца.

Согласно Законот, ќе ги надокнадам трошоците и финансиски ја наградам мајката за 10 месеци или и повеќе ако се согласи на доење. Покрај тоа вечно ќе бидам благодарна и можеме и да останеме вечни пријатели.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 9.3.2015 13:50:18 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 100
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 3 [4] 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4] 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?