|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Сурогат - мајка !?!
9.3.2015 10:47:05   
LoveableMe RR
Eхее добро што пак ја отвори оваа тема и ти посакувам да бидеш што поскоро мајка. Знам колкава е желбата да имаш дете, убедена дека има добри жени во Македонија и на РР и дека некоја ќе се нафати да ти го реализира долгопосакуваниот сонuser posted image . Мора да се обратиш во Министерството за здравство, тие ќе ти најдат сурогат, така е правилото.

Јас многупати го терам маж ми, бидејќи имаме смрзнати ембриони да најдеме сурогат, ми се смачи од болници и лекари веќе и да не се мачиме веќе со исчекување, разочарувања, депресии, да одиме со сурогат. Порано не викаше ништо, сега го има фатено некој инает вика никако, не само со сурогат, туку ни доктори нејќе да види веќе....user posted image

Инаку, согласно законот:

"Забрането е објавување на јавен оглас, со посредување на јавните медиуми или на кој било друг начин, да се бараат или нудат полови клетки или ембриони.

Забрането е преку јавен оглас, јавни медиуми или на кој било друг начин да се бара или нуди услуга на раѓање дете за друг (сурогат мајчинство)."


< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 9.3.2015 13:52:06 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот ijasdaprasam)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: Сурогат - мајка !?!
9.3.2015 11:03:46   
ijasdaprasam
Го разбирам него, периодично човека го фаќа депресија и дига раце. Потоа пак се враќа во форма со желба да стори нешто. Криво ми е што се појавија многу парови со проблем во забременувањето. Камо да можевме сите да бидеме успешни во тоа. Фала ти за поддршката.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: Сурогат - мајка !?!
13.11.2015 8:30:44   
LaTana
Dokolku imate vakov problem, baranje surogat majka, ve molam iskontaktirajte me po poraka. Pozdrav do vas i samo verba.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: Сурогат - мајка !?!
13.11.2015 8:53:48   
ijasdaprasam
user posted image

(Одговор на членот LaTana)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: Сурогат - мајка !?!
25.3.2016 15:21:22   
LoveableMe RR
"МАЈКА ЌЕ И' РОДИ БЕБЕ НА СВОЈАТА ЌЕРКА

Родена мајка и најдобра другарка се првите две жени во Македонија кои ќе го пробиваат мразот во заживувањето на сурогат мајчинството, кое кај нас се озакони пред повеќе од една година. Лекарите велат дека тоа се исклучително хумани жени кои решиле чисто од алтруистички причини да им помогнат на своите блиски да добијат потомство.

Ова се неофицијални податоци до кои дојде „Утрински весник“, а кои не сакаат ни да ги демантираат ни да ги потврдат од Министерството за здравство. Од гинеколошки кругови неофицијално се дознава дека кај едниот брачен пар во улогата на сурогат мајка ќе биде практично родителот на сопругата, која иако е во средни години, сепак го исполнува законското ограничување од 50 години и ќе го роди бебето за својата млада ќерка. Кај вториот случај, неофицијални извори велат дека не станува збор за роднински врски меѓу парот и гестацискиот носител, туку сурогат мајка планира да биде најдобра другарка на жената.

Двата брачни пара и идните сурогат мајки најдоцна идната недела треба да потпишат договор, по што ќе почнат со подготовките за медицинска постапка за биомедицинско оплодување, што во двата случаи ќе биде со сопствени јајце-клетки. Ако постапките се одвиваат без проблеми, првите бебиња од сурогат мајки може да се очекуваат идната година.

Заинтересираноста на брачните парови да добијат дете со помош на сурогат мајчинство е голем, велат надлежните. Досега над 30 парови побарале информации за почнување на постапката. Но, за разлика од нив, бројот на пријавени кандидати за сурогат мајки е скромен. Такво нешто досега побарале четири жени. Две од нив биле одбиени со објаснување дека не ги исполнуваат законските критериуми, велат од Министерството за здравство и негираат дека на жените не им било дозволено да бидат сурогат мајки бидејќи се насетило дека овој чин го прават од материјални причини.

„Како што брачните парови минуваат низ многубројни испитувања, така и кандидатите за сурогат мајки подлежат на сеопфатни анализи, од тоа колку се здравствено способни до тоа дали имале проблем со родителското право или, пак, со душевното здравје. Комисиите кои имаат и психијатри и психолози посебно се внимателни на профилот на овие личности, земајќи ги предвид и нивните желби и мотиви за сурогат мајки“, вели д-р Тања Васиќ-Бозаџиева, советник во Министерството за здравство.

Двете исклучително хумани жени се показател дека овој концепт веќе заживува и има реални услови добро да функционира. Затоа, од Министерството за здравство апелираат и ги охрабруваат да се пријават сите жени кои сакаат од хумани и солидарни побуди да помогнат на некоја брачна двојка да создаде свое потомство.

Со сурогат-мајчинство најмногу две деца

Сурогат мајка може да бидат жени од 25 години до 50 години, кои имаат родено барем едно дете и се македонски државјани. Брачните двојки имаат право на овој начин да добијат две деца, а сурогат мајка може да се биде само еднаш. Ова право им следува на брачни двојки не само онаму каде што жената нема или има оштетена матка, туку и на оние без јајници или со оштетени јајници, што подразбира донирана јајце-клетка. Исто така, и за маж кој има стерилитет, како и за брачни парови кои три пати правеле ин витро. Сурогат мајката или брачната двојка согласноста можат да ја повлечат најдоцна два дена пред почетокот на оплодувањето. Во текот на бременоста, брачниот пар на сурогат мајката ќе треба да и' обезбедува соодветна храна, нега и вежби, во износ кој не може да го надмине лимитот на една просечна плата во Македонија. Во текот на бременоста и по породувањето, сурогат мајката може да добие подарок вреден најмногу 100 евра."

Извор: Утрински весник

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот ijasdaprasam)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: Сурогат - мајка !?!
5.6.2016 23:20:36   
sara.b
Пред неколку години дознав дека имам вродена аномалија на матката и дека статистички мал број од жените со оваа аномалија успеваат да забременат и успешно да го доносат плодот.
Послем повеке неуспешни ин-витро обиди, за жал морам да се помирам дека не сум во тој мал процент на срекни жени со таква аномалија, па следна утеха ми е сурогат мајка.

Со маж ми се распрашуваме и за Украина но се охрабрив да споделам со вас со надеж ке се најде храбра Македонка која ке ни помогне да си го оствариме сонот, да имаме и ние дете.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: Сурогат - мајка !?!
5.6.2016 23:36:20   
kapina
Sara b srecno milicka se nadevam oti nekoja od ringerajkite ke ti pomogne ke se nafate da ti bide surogat majka no vidi prasaj nekoja od tvoite bliski prijatelki rodnini dali bi ti se nafatila

(Одговор на членот sara.b)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: Сурогат - мајка !?!
5.6.2016 23:38:06   
kapina
A kakva anomalija imase na matkata te prasuvam oti na mene pred 1 mesec mi vadea pregrada na matkata

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: Сурогат - мајка !?!
6.6.2016 20:11:52   
sara.b
Благодарам Капина, и јас се надевам ке се најде правата личност во право време да ни помогне.
Иначе аномалијата е еднорога матка, со која потешко се забременува и ако се забремени поради големината на матката( половична-недоразвиена) е тешко да се доноси цел семестар плодот, па чести се спонтани или предвремено породување.

Мајка ми имала исто како тебе duplex матка, па откако ја одстраниле преградата не родила мене, сетра ми и брат ми. user posted image

< Поракaта ја уредил sara.b -- 6.6.2016 20:15:20 >

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: Сурогат - мајка !?!
6.6.2016 20:33:35   
scared RR
Sara ја сега чув за женичка со еднорога матка која со серклаж успеа да го износи до 33 недела не се откажувај одма.
Јас имав три аномалии септум, мала матка плус во т форма. Пред две години правев операција ми ја средуваа и прошируваа. Сега сум бремена со триста други проблеми успеав да забременам, 30 та недела сум. Во 22ра ми се скрати цервиксот и се отворив ми направија итен серклаж од тогаш лежам цело време и фала му на бога засега се е ок, идеме кон безбедни недели.
Се ова го правев во систина. Затоа пробај прво не се откажувај и барај повеке мислења.

(Одговор на членот sara.b)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: Сурогат - мајка !?!
7.6.2016 5:03:48   
kapina
Jas da mozev ke ti pomognev no i jas se sprema m za invitro sega na drago srce ke ti pomognev no vo sreda sum na kontrola po histeroskopijata i imam uste nekoi ispituvanja da napravam i ke odam na ivf esenta

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 111
   RE: Сурогат - мајка !?!
7.6.2016 5:15:11   
kapina
Mozam samo da se rasprasam niz drugite forumi dali nekoja ke saka da ti se nafate da bide surogat majka

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 112
   RE: Сурогат - мајка !?!
7.6.2016 23:09:01   
sara.b
Убави новини Scared RR, ти честитам од срце user posted image
За серклаж не сум ни стигнала овие години, а резервите на јаце клетки се намалуваат user posted image

Не сум чула за можно проширување, да не знаеш како медицински го викаат.


(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 113
   RE: Сурогат - мајка !?!
7.6.2016 23:16:31   
kapina
Toa sirenje go pravat koga ja otstranuvaat pregradata na matkat a i mene mi go pravea toa nesto

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 114
   RE: Сурогат - мајка !?!
7.6.2016 23:39:53   
sara.b
Kapina би било супер, ако можеш да прашаш и на друго место дали некоја жена би се нафатила за сурогат мајка.

Дури и некој ако имал лично искуство со сурогатство во Украина а сака да сподели би ни помогнало, но се надевам ке најдам Македонка.


Kapina ти посакувам утре на контрола да си е се во ред, да не му ја мислиш, па Септември со убави вести user posted image

(Одговор на членот sara.b)
Непосредна врска до пораките: 115
   RE: Сурогат - мајка !?!
8.6.2016 9:52:25   
LoveableMe RR
sara.b, многу би сакала да успееш во твојата желба за дете. Досега во РМ има два случаи барем во весниците така објавија, мајка да и биде сурогат на ќерката и втор случај, другарка да биде на другарка сурогат.

Мислам дека луѓето сеуште кај нас се многу затворени и не сакаат да направат ваков хуман гест поради традиционалните вредности кои божем ги негуваме и лажниот морал кој го гледаме на секој чекор. За Украина, имаше еден пост на Плусинфо порано за наш пар од РМ кои го добиле детето по пат на сурогат мајка од Украина. Искрено, не знам каде можеш да се информираш за таму, но знам дека во Украина било многу скапо. Дај Боже да се најде некоја жена која ќе прифати да ти биде сурогат мајка. Среќно и пиши ни доколку има нештоuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот sara.b)
Непосредна врска до пораките: 116
   RE: Сурогат - мајка !?!
10.6.2016 23:15:19   
sara.b
Имаш право Loveable Me RR, не е лесно да се најде. Многумина и незнаат што е поточно сурогат мајка, дека е носител, а не е генетски поврзана па дополнително го усложнува разговорот ако го почнеш, па незнаеш како би те сфатиле. Во секој случај е деликатно.....

Со Украина стапив во контакт со неколку агенции, ама за оваа Successful Parents се мислам. Само за сурогат мајката се плака 13,000евра и плус се друго пропратно треба да се доплати.
Само да не се налета на некои преваранти user posted image Секакви агенции ги има што посредуваат.

Ти благодарам и ако имам нешто ново ке споделам

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 117
   RE: Сурогат - мајка !?!
14.6.2016 11:01:19   
LoveableMe RR
sara.b, јави се во Плусинфо, да ти кажат за сторијата што ја пишувале, а може и да ти препорачаат луѓево што таму добиле дете со која агенција работеле. Со лесно!

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот sara.b)
Непосредна врска до пораките: 118
   RE: Сурогат - мајка !?!
25.2.2024 19:13:10   
AniJo
Здраво на сите.Помислата дека никогаш нема да може да имате дете може целосно да ве порази, оние што имале било какво лошо искуство со забременување, или со бременост, целосно разбираат какви чувства се овие.Од медицинска грешка и јас сум лишена од таа улога во мојот живот.Би сакала да прашам дали има некоја жена што би се нафатила да биде сурогат мајка? Ако има слободно нека ми пише.
Со среќа на сите што чекорат по тој пат!


(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 119
   RE: Сурогат - мајка !?!
25.2.2024 19:13:59   
AniJo
Здраво на сите.Помислата дека никогаш нема да може да имате дете може целосно да ве порази, оние што имале било какво лошо искуство со забременување, или со бременост, целосно разбираат какви чувства се овие.Од медицинска грешка и јас сум лишена од таа улога во мојот живот.Би сакала да прашам дали има некоја жена што би се нафатила да биде сурогат мајка? Ако има слободно нека ми пише.
Со среќа на сите што чекорат по тој пат!


(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 120
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?