sandriana RR
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: fifi16 здраво мамички јас сум нова на форумот и се зачленив најповеќе за оваа тема и за помош... знам дека малце е долго, но се надевам дека ќе добијам некој совет од вас... значи во брак сум 2 ипол години, и имам син од 2 години, со маж ми не сме во добри односи, кога се роди малиот премногу се каравме поради мајка му бидејќи таа знаеше се, после тоа тоа се среди сега сме преселени кај мене и се е во ред, е сега отогаш нам ни се расипаа однсите и не живееме убав живот... инаку јас имам 22 а маж ми 26 години, тој работи а јас не, пред да се запознаам со него, одев со едно дете од кое бремена и по негова принудба аборирав ( за тоа не сакам да се потсетувам бидејќи премногу ме боли ) после раскинувањето се запознав со маж ми и поради психичката состојба во која се наоѓав останав бремена повторно и се зедовме, одевме само 3 месеци... пред една година го изневерив мажот ми со бившиот, тој дозна и по долго молење ми прости... јас отогаш немам никаков контакт со бившиот и не ни го планирам тоа... ние уште пред да се случи тоа секојдневно се каравме, но сега последните 2-3 месеци тоа стана неподносливо, само ме расплачува, ми тера инат, почна и да ме тепа кога е пијан, и тоа се за толку кратко време, стана се поизразено, упорно го терам да разговараме но тој несака, само ме откачува, на моменти знае да биде и прекрасен но тоа е ретко... за сексот воопшто не сакам да зборувам, гледа да се задоволи само тој, мене никако... можам слободно да кажам дека иако ми е маж јас се страмам од него... му предложив да одиме на брачно советувалиште тој несака, му зборувам, не ме слуша, веќе почнав и да се откажувам, а кога ќе му спомнам развод, не сака, тогаш разговара со мене ми ветува сва и свашта, така сме неколку дена и после тоа пак стара песна... ве молам за помош, бидејќи стварно не знам веќе што да правам, не сакам син ми да расте без татко а и јас не сакам да се разделам од него fifi16, добредојде пред се на РРаја, се надевам дека ќе ти бидеме потпора во овој тежок период и дека бргу ќе го надминеш проблемов. Прво да сфатам - живеете кај тебе, во домот на твоите родители? Во заедница? И сите караници и физички пресметки се одвиваат таму, во присуство на твоите? Како тие ве прифатија? Второ - не би сакала да те навредам никако, но сметам дека премногу си избрзала со одлуката да се врзеш со овој човек, на сметка на стварање дете. Односно, во период кога си била најранлива, си донела избрзана одлука. Оттука произлегло и неверството, во тој чувствителен период. Нејсе, не сакам да судам...биднало... Причината да останеш со сопругот не треба да биде детето. Тоа е погрешно. Подобро среќен развод и стабилни родители, од несреќен брак и дисфункционално семејство. Но, ако тебе сеуште ти стојат чувствата за сопругот, тогаш преслушај се себе, види што сакаш, што треба и што може да се спаси и да се надоградува во вашиот однос. За што се карате, кога веќе сте настрана од мајка му, која била проблем? Дали има проблем во комуникацијата? Дали доволно се запознавте во меѓувреме? Мора да најдеш начин да го убедиш да посетите соодветна установа - советувалиште или психолог и да одлучите со нивна помош како да го надминете овој сериозен проблематичен период.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
|