|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Криза во бракот
7.4.2015 0:39:54   
Hopeful RR
Драга Defne RR, одамна го следам муабетов и не знам што да кажам, се си мислев и се надевав дека е безазлено, но после ова денес, гледам дека не е.

За жал, мислам дека неговата посесивност и ограничувањето на твојата слобода се сериозно нешто и на граница на патологија. Не сакам да го навредам ни него, ни тебе, којзнае што му се случува на човекот, но ова едноставно нема смисла, ни поента. Во ваква ситуација, најлогичното нешто што можеш да го направиш е да го седнеш на сериозен муабет, на страна од сите, и да му кажеш неколку работи.

Прво, не може да се однесува вака со тебе, посебно ако не си го заслужила тоа. Што и да е, ако нешто му пречи кај тебе, може човечки да ти каже наместо вака да се изживува и емоционално да те манипулира и злоупотребува.
Второ, не смее да си игра играчки и да ризикува развод, освен ако стварно не е спремен за тоа. Нека не те сфаќа здраво за готово, ти не си тука марионета што вечно ќе седи покрај него и ќе му ги исполнува сите желби и каприци.
Трето, мора да сфати дека секој е индивидуа за себе и дека едноставно, нема право да ти ја ограничува слободата - реална, виртуелна, социјална и секаква.

Мора да се почитуваш самата себе и да го направиш она што е најдобро за тебе. Ако не преземеш ништо, тој ќе продолжи да те навредува и повредува, пошто очигледно твоето добро однесување Никако немој да дозволиш ова да ескалира, затоа што епилогот е јасен - ти ќе бидеш нервозна, исфрустрирана, изманипулирана и осамена, а тој којзнае што, не е ни битно. Дури и по цена да го оставиш, мора да бидеш позитивно себична и да се заштитиш самата себе си. Од нас имаш поддршка за се user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 201
   RE: Криза во бракот
7.4.2015 9:10:32   
Tanjat7880
Of bre Defne,ete toa e KRIZA vo brak!!!Mora lavovski da se izborish so istata i pritoa da mislish deka odlukite koi gi nosish ne se samo za tebe nego vlijaat i na tvoite deca!
Najlesno e RAZVOD ako ti preku ova psihicko maltretiranje(koe isto e kaznivo delo kako i fizickoto)nemozesh da pominesh!No da receme deka ti sakash da se borish i ne se otkazuvash!Morash da razmislish kako ponatamu,shto toa ti treba da napravish vo ramkite na zaednickiot krov za da imash svoj mir!Za da dojdesh do odgovor na ova prashanje treba da gi sogledash svoite resursi i da deluvash vo ramkite na istite i da gi iskoristish maksimalno.
Covekot tvoj ima nekoj problem,ocigledno nesaka da go spodeli so tebe i ventil si mu ti istiot da go "reshava".No sega ne e vazen on ili negoviot problem nego vazna si TI i tvoite deca.ON nemoze da go kontrolira svojot bes(barem taka jas zakluciv,se nadevam gresham!)i go istura na tebe.Ne si dolzna toa da go trpish i toa morash da go sankcionirash.Donesi nekoj radikalni odluki i promeni vo vasheto ziveenje i sproveduvaj gi bez ogled na se,ne razgovaraj nego deluvaj!Jas bi go distancirala na povekje nacini,bi spiele oddelno,nema povekje familijarno gostvuvanja kaj moi,tvoi bilo roditeli bilo drushtvo za da mu stane jasno deka vo brakot ima KRIZA.I bi razgovarala so nekogo(najubavo e stucno lice,psiholog,psihijatar)koj mi e dovolno blizok da da mi pomogne.E sega koj bi bil toj nekoj?!Nemam majka no i koga bi imala ne bi ja sekirala so ovoj problem,neznam kakvi vi se odnosite so tatkoto no nego bi mu kazala i bi ocekuvala toj da razgovara(ako e razumen covek koj moze da pomogne)so nego vo ime na bracnata zaednica.Ako ni tatko ti nemoze togash bi porazgovarala i pobarala pomosh od kumot ili nekoj stabilen covek koj i dvajcata go znaete i na koj mu go cenite mislenjeto!
I shto i da napravish problemot nema da se reshi preku nokj,ti si vo kashata i istata ja podnesuvash i trpish no taa e tvoj izbor.Problem pogolen nastanuva ako tie napadi na bes gi nasoci kon decata.E togash ti kako majka nema da mozesh da podnesuvash i trpish,toa e vekje krajno seriozna rabota koja nema da ja pominesh,zatoa deluvaj sega.
Dokolku ON saka da pobara strucna pomosh ke bide mnogu polesno,so mal broj terapii on kje moze da se kontrolira,no za toa treba negova volja!
Sum bila i jas vo vakva situacija,mnogu mi pomogna psihijatar(kaj nego otidov oti beshe drugar na dedo mi)koj me naveduvashe da donesuvam odluki i lesno da gi sproveduvam istite za da se zashtitam sebe si,a toa e najvazno,placenjeto i kukanjeto nema da ti pomognat!
I druga rabota,cekogash angaziraj go okolu decata,na primer ako odat na jazik ili nekoj sport on da gi nosi i vrakja!
Ti ja posakuvam celata srekja na ovoj svet i veruvam deka ti si pametna zena koja kje se izbori so ova i da treba borba,spremi se za istata!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 202
   RE: Криза во бракот
7.4.2015 11:02:05   
Kvisko
DefneRR мој совет ти е сериозен разговор и потоа да си го фатите патот кај некој стручњак за брачни проблеми или пак на психолог/психијатар кој може да ви помогне.
Не е вашата работа за штипкање и бацување и на почеток пишав ептен е сериозно кога има недоверба во бракот. Бракот пред се треба да се темели на заедничко разбирање, доверба и искрен разговор. Штипкање и бацување и секс се шлагот на тортата не се суштината.
Затоа прво разговор па помош од стручно лице. Без тоа ништо не правите само е се измачувате и двајцата.

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 203
   RE: Криза во бракот
7.4.2015 23:56:30   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90 RR

Значи жени кај мене наместо да се поправи ситуацијата се повеќе се влошува.Значи се трудам јас буквално во се да му угодам,постојано го бакнувам и му кажувам колку го сакам,правам се што ќе посака.Ама тој како да не го цени тоа.

Јас ете понекогаш сакам да си поседам навечер и да си пуштам некој филм да гледам,и многупати му имам речено и на него да остане со мене ама тој не сака.И не само што не сака туку и буквално ми наредува дека нема шанси да ми дозволи да останам и да гледам филм туку сакала или не ќе си легнам.Исто имам забрана и да не се дружам со неколку пријателки затоа што според него биле некултурни и лошо ми влијаеле.

И ако се деси да не го послушам одма почнува да навредува,да вика дека веќе не му е гајле за мене и да праам што сакам затоа што сме расчистиле засекогаш.За фб да не ни пишам,вика дека никогаш нема да ми дозволи да си го активирам.И се осеќам ко мало дете,се ми е забрането,ништо не ме слуша и толку многу исфрустрирано и занемарено.

Defne, овде имам неколку поенти - можеби ситуацијата се влошува, бидејќи постојано и постојано му угодуваш, го бакнуваш и му кажуваш дека го сакаш. Се додека не научиш дека прво треба да се цениш себеси, а потоа да очекуваш да те почитуваат и другите, така ќе биде. Ниту ти го дал животот, ниту има право на него. Не си негова робинка. Бори се за своите права.

Понатаму исто...кој е тој да ти ДОЗВОЛИ да гледаш филм? Човеков мисли дека е сопственик на твојот живот, а ти му го дозволуваш тоа.

Кој е тој за да го послушаш? Па нас малите деца не не слушаат, маки мачиме со нив..
Кој е тој да дозволи или забрани ти да имаш социјален живот?

Defne, не знам која е причината за ваквото однесување на мт, но која и да е, што и да стои зад ова, ова не смее да ти се случува и не смееш да го дозволиш. Те молам собери сила, некако влеј си самодоверба, еве и ние ќе ти помогнеме и барем стави го на игнор, ако не можеш повеќе. Јас бре не би му зборнала после овие негови постапки, не па да го бакнувам?
Мислам дека колку побрзо излезеш од маѓепсаниот круг во кој сосила си втурната и колку побрзо се охрабриш, толку побрзо ќе го решите проблемот. Вака само ќе станеш темпирана бомба која ќе разнесе се кога ќе експлодира.

< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 7.4.2015 23:59:13 >

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 204
   RE: Криза во бракот
8.4.2015 2:16:43   
marchi
Defne i jas sum pominala niz slicna situacija, nie izgleda prvo krizite gi dozivuvame pa posle ubavite raboti. user posted image problemite se onolku seriozni kolku sto nie samite im davame serioznost. Se slozuvam so prethodniot komentar i donekade so komentarot na tatjana. Jas sepak sum za opcijata ignore zasto pominavte niz opcijata razgovor i toa pridonese minimalni rezultati. Uostalom zarem internet i kompjuter se pricina za razvod? Da bideme realni. Jas vo situacijata ne gledam pricina za razvod. Covekot e najverovatno preterano ljubomoren, ili defne nesto nesvesno zgresila ili coekot si umisluva i se plasi da ne dozivee razocaruvanje. Tocno deka treba malku distanca da ne bide epten mu "odis po gazot" bidi malku samouverena. Pocni i ti da mu nareduvas nekoi blagi naredbi sto vsusnost sepak ke vi pomognat da go pomimete vremeto zaedno. Kako na primer demek so naracala pica i naredbata ke bide da toj pusti film. Naredbata da bide deka Sledniot vikend na pr mora da e sloboden zasto ste zakazale da odite na izlet zaedno so nekoi bliski prijateli, bilo kumot ili drug bracen par.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 205
   RE: Криза во бракот
8.4.2015 7:55:45   
Tanjat7880
Lele Defne,te mislam i nekako si davam za pravo mnogu da "ti se pravam pametna"i da komentiram!
Sega kje se potrudam da bidam kratka...
1.za razgovor vremeto e pominato,treba poradikalni pristapi a i promeni vo zaednickiot zivot-toa TI go sproveduvash i stoish na istoto!
2.kompletno negovo ignoriranje so ultimatumi za prevzemanje na merki kaj strucno lice za definiranje na gnevot i zelbata da "poseduva"-ova zavisi od nego!
3.po mnoguuu dolgo vreme dozvoluvanje na zaednicki(mislam vie dvajca)aktivnosti koi kje bidat nametnati od tvoja strana(ednash nedelno pazarenje vo market,pazar,garderoba i patiki i za tebe i za decata kje kupuvash sama,toa e pocetok na samostojnost)a nema druzenje i redovni poseti kako dvojka!
4.POKAZI mu deka i ti imash CRVENA LINIJA i deka preku nea ne pominuvash,ZAKANI SE i ako on e i malku razumen i dobro vospitano dete i te kako kje gi svati porakite shto mu gi prakjash.
5.veruvam kje se pokae(sepak sakam da veruvam deka sega ti preteruvash i deka ne e bash MORAM DA SI LEGNAM,NESMEAM DA GLEDAM FINLM i deka ova go pishuvash vo afekt)no i pokraj pokajuvanjeto ti treba da ostanesh dosledna na sebe-uplati vikend so decata nekade SAMA...i najbitno potrudi se da najdesh rabota!

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 206
   RE: Криза во бракот
8.4.2015 14:01:29   
Defne90 RR
Женски фала ви намногу за советите.Инаку веќе не знам што да мислам за нашата брачна криза.Значи како што реков,еден ден е прекрасен и буквално нежен и мил и ми угодува,додека наредниот ден ко да не е тој.Само наредува и кажува што да се прави.Му викам ти не може мене да ми наредуваш,ова е мој живот,и јас имам право да си го живеам како што сакам.А он на тоа ми врати со па јас ќе ти наредувам јас те издржувам.И молк.Не сакам да се расправам и веднаш заќутувам.Гледам дека и другите од фамилијата му влијаат на неговото однесување и затоа тој е таков.Му зборуваат као демек неразумна сум и интернет не е за неразумни луѓе.Не им се допаднаа пријателките со кои се дружев и му ја наполнија главата дека биле расипани.Значи од светци и светици мене ми дојде преку глава затоа што почнаа да ми се мешаат во животот и да ми го управуваат преку мојот маж што пак се ги слуша.И му кажав сношти нема шанси така да дозволам да остане и да ни тапка во место бракот а уште помалку некој да кажува како да го консумирам и што да правам.Се им кажува на неговите и они само му даваат команди.И тоа ужасно ми пречи.Инаку сношто пробав со игнорирање не му зборев се правев ко да не го заслушувам и на легнување иако никогаш не ми вика добра ноќ сношто ми рече и ме бакна.И денес некаде е расположен па планирам да го соберам и да му кажам дека ако планира да изиграва тиранин и да наредува и да биде љубоморен до тој степен јас ќе побарам стручна помош за да си го решиме проблемот.И само да ви кажам дека ве сакам многу што секогаш ми давате поддршка и ми влеавте толку многу самодоверба.И морам да верувам дека ќе успеам.Поинаку и не сакам да помислам дека може да биде.Фала многу женски и ве сакам.па ќе ви пишам што и како направив.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 207
   RE: Криза во бракот
8.4.2015 14:59:06   
Ilina87
Defne, мој совет гледај најди си некоја работа, веднаш поинаку ќе те гледа и повеќе ќе те цени. Од самата помисла дека си самостојна и дека можеш финансиски и сама да опстанеш ќе научи да те цени, ќе знае дека можеш без око да ти трепне да го напуштиш.
Гледај игнорирај го некое време, не му зборувај, не му прави јадење, не му пеглај алишта, нека осети малку тежина, како да не постои.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 208
   RE: Криза во бракот
8.4.2015 15:33:35   
Tanjat7880
Ej Defne,najbitno e tuka da se "olesnuvash",nie kje komentirame,nema da te svatime shto si sakala da kazesh,so nekoi zborovi mozno e i nesakajki da te navredime no kazuvanjeto na problemot e del od resavanjeto na istiot,ti si priznavash deka imash problem i stanuvash svesna deka morash da go reshish!
Eve jas,imav rabota(ne deka zimav golema plata,majka mi pokojna vikashe platata si ja troshish samo na hulahopki i konduri!)i istata mi go odvlekuvashe vnimanieto od problemite,sega sum bez rabota no ne dozvoluvam nishto i nikoj(osven sinot)da ne iznervira i podmesti od kolosek!
Jas vo ime na decata bi gotvela i zaedno bi rucale,no na masata samo razgovor okolu decata i secenje koga kje saka tebe neshto da ti kaze ili naredi(znaci i pri finokja i pri nefinokja)!
Starite se edno no negovata labilnost e sosema neshto drugo....na nejze treba da se raboti...no poleka bez brzanje!
Odrzavaj ja kukjata,neka bide isprano,ispeglano zgotveno,deca imash i tie sega gledaat shto e red vo kukja a nego so odnesuvanje ignoriraj go!
I da,sepak preispitaj se zoshto TIE drugarki bash im se tolku antipaticni,mozda ima neshto shto ti ne go gledash...

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 209
   RE: Криза во бракот
8.4.2015 15:58:51   
kapina
Defne jas potpolno te razbiram znaci jas bev doma 5 godini ne oti ne mozev da najdam rabota tuku oti odevme po bolnici i bi ti preporacala da si najdes rabota da ne sedes doma em ke si imas paricki tvoi zaraboteni em nema da moze da ti vika jas te izdrzuvam i kaj mene bese taa situacija i ednas eden den mi pukna filmot i otidov vo zavodot za vrabotuvanje im kazav oti baram rabota za konfekciski modelar bez da znae mm i za nekolku dena mi se javija i me viknaa da rabotam vo taa konfekcija kade do den denesen

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 210
   RE: Криза во бракот
8.4.2015 16:23:15   
Hopeful RR
Девојки, не го дефокусирајте проблемот, не е битно дали работи или не. Што ако не може, или не сака да работи, зарем е помалку вредна за неговото скапоцено внимание?! Ајде ве молам! Секому му се случува да остане без работа и ако брачниот партнер не те поддржи, налет бракот. Зарем мм ако добие отказ, а јас работам, ќе му кажам такво нешто, дека го издржувам?! Друго е проблемот, не работата.

Defne90 RR, не викам да не си најдеш работа, најди си но само ако ти сакаш или чувствуваш потреба, сама за себе, а не ради него и неговата почит. Проблемот се решава со разговор, а не со секундарни стратегии. Седнете и разговарајте, прашај го човечки што се случува. Ако сам не сака да збори, одете на психолог. А ако ни тоа не помогне, боже мој, има и други решенија, не си сама на светот, и не си должна да бидеш негов заложник и жртва.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 211
   RE: Криза во бракот
8.4.2015 17:53:28   
lukajana RR
Јас мислам дека проблемот не е што не работи туку е само изговор ,а доколку почне да работи ке биде уште полошо.Човекот е љубоморен на фб а како би било Дефне да оди на работа и секој ден да има контакти со луѓе тогаш љубомора до плафон.

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 212
   RE: Криза во бракот
8.4.2015 18:18:28   
kapina
I jas imav takvo iskustvo zatoa go kazav toa isto bese i kaj mene jas pecalam jas sto sakam ke si kupam e i nemozev nisto nemozev da kazam a za ljubomora neznam ne e ljubomoren mmmnogu

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 213
   RE: Криза во бракот
8.4.2015 19:07:16   
marchi

ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90 RR

Женски фала ви намногу за советите.Инаку веќе не знам што да мислам за нашата брачна криза.Значи како што реков,еден ден е прекрасен и буквално нежен и мил и ми угодува,додека наредниот ден ко да не е тој.Само наредува и кажува што да се прави.Му викам ти не може мене да ми наредуваш,ова е мој живот,и јас имам право да си го живеам како што сакам.А он на тоа ми врати со па јас ќе ти наредувам јас те издржувам.И молк.Не сакам да се расправам и веднаш заќутувам.Гледам дека и другите од фамилијата му влијаат на неговото однесување и затоа тој е таков.Му зборуваат као демек неразумна сум и интернет не е за неразумни луѓе.Не им се допаднаа пријателките со кои се дружев и му ја наполнија главата дека биле расипани.Значи од светци и светици мене ми дојде преку глава затоа што почнаа да ми се мешаат во животот и да ми го управуваат преку мојот маж што пак се ги слуша.И му кажав сношти нема шанси така да дозволам да остане и да ни тапка во место бракот а уште помалку некој да кажува како да го консумирам и што да правам.Се им кажува на неговите и они само му даваат команди.И тоа ужасно ми пречи.Инаку сношто пробав со игнорирање не му зборев се правев ко да не го заслушувам и на легнување иако никогаш не ми вика добра ноќ сношто ми рече и ме бакна.И денес некаде е расположен па планирам да го соберам и да му кажам дека ако планира да изиграва тиранин и да наредува и да биде љубоморен до тој степен јас ќе побарам стручна помош за да си го решиме проблемот.И само да ви кажам дека ве сакам многу што секогаш ми давате поддршка и ми влеавте толку многу самодоверба.И морам да верувам дека ќе успеам.Поинаку и не сакам да помислам дека може да биде.Фала многу женски и ве сакам.па ќе ви пишам што и како направив.user posted image

Izvini ama za mene e navreda da mo rece deka toj me izdrzava i so toa da me obvrzuva da mora da go slusam. Pa nemu dolznost mu e da ve izdrzuva. Stom taka reci mu deka ke baras rabota za da ne bide deka toj te izdrzava. Daj mu do znaenje deka si sposobna i deka si mozes sama da se izdrzuvas. Mora malku strogo. Ne deka vistina ke rabotis. I ete toa ignoriranje pocna da dava rezultat. Te baknal ti posakal dobra nok. Moras i da mu dades do znaenje deka tebe nikoj od nadvor ne ti vlijae deka sama svesna i so svoja volja se griziz za semejstvoto i glupavo e pokraj takov trud i povituvanje toj da gi slusa lugjeto od ulica.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 214
   RE: Криза во бракот
8.4.2015 19:28:21   
kapina
A i drugo sto sakav da kazam licno jas i pokraj tie maltretiranja od mm jas te izdrzuvam tie se moi pari jas sto sakam toa ke pravam i razmisliv realno i za staz sega sum mlada no eden den ako nemam staz starosta ke ja bara mladosta a i doagaat sekakvi situacii i dobri losi vo zivotot toa go zboram licno za mene si a defne samata si znae dali ima prilika da rabote ili ne

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 215
   RE: Криза во бракот
8.4.2015 19:49:57   
AneLav RR
Dafne 90 веќе подолго време го читам твојот проблем ама овој пат решив да ти пишам , за разлика од другите јас ќе бидам малку подиректна.
Според мене целиот проблем кај вас пред се произлегува од годините што ги имате од неискуството и младоста која сте ја поминале во прерано склучен брак. Мораш да поминеш некои работи во животот за да сватиш дека тие се сосема неважни за да се прави проблем окулу нив.
Во еден претходен пост велиш дека ти си ја иницирала несвесно неговата љубомора со тоа што си се доопишувала со други мажи на нет. Одговори си на прашањата: Зошто си го правела тоа? Си се осетила помалку сакана и запоставена па ти требало внимание од некој друг?Или пак си сакала да видиш дали сеуште си привлечна и приметлива за останатите? Тоа е токму таа неискусност, неизживеаност и немање самодоверба тоа е одлика на еден млад и незрел човек. За тоа си требала да поразговараш со сопругот,да се обидеш да го заведеш или да одбереш некој друг начин за да го привлечеш неговото внимание, а не да предизвикуваш љубомора кај него (тоа се прави во тинејџерските години а не во брак). Од тука почнала да му се разнишува довербата.. Сигурно си рекол ако тоа го правиш на нет ќе го правиш и на други места. Довербата е многу клучна работа во еден брак.
Збраните што ти ги става за социјалните мрежи, дружби со другарките и.тн. произлегуваат токму од неговата недоверба во тебе. Ако си згрешила нешто човечки извини се и ако не се прифати извинувањето постојат други решенија. Не си должна да трпиш нечие изживување без ралика од што и да е предизвикано без разлика дали е психичко или физичко. Прашај се зошто да му се умилкуваш и зошто сите тие послушности од твоја страна ако не чувствуваш некаква вина? Ако ти си запоставена и повредена однесувај се ти така тебе нека ти се угодува. Зошто ти да угодуваш со тоа го потврдуваш она за кое те обвинува и покажуваш некаков страв и помала вредност.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880
Jas vo ime na decata bi gotvela i zaedno bi rucale,no na masata samo razgovor okolu decata i secenje koga kje saka tebe neshto da ti kaze ili naredi(znaci i pri finokja i pri nefinokja)!
Starite se edno no negovata labilnost e sosema neshto drugo....na nejze treba da se raboti...no poleka bez brzanje!
Odrzavaj ja kukjata,neka bide isprano,ispeglano zgotveno,deca imash i tie sega gledaat shto e red vo kukja a nego so odnesuvanje ignoriraj go!
Жената не треба да му слугува на мажот и да му угодува само за децата да гледаат некаков привиден ред и мир. А односот на таткото спрема мајката и обратно без искрени насмевки, без искрени нежности и без искрено споделување на заедничка среќа. Каква љубов ќе дадат тие деца ако не ја гледаат.

ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina
I jas imav takvo iskustvo zatoa go kazav toa isto bese i kaj mene jas pecalam jas sto sakam ke si kupam e i nemozev nisto nemozev da kazam a za ljubomora neznam ne e ljubomoren mmmnogu
Во бракот постојат компромиси и приоритрети. Каков е тој однос јас печалам ќе си купам што сакам. Она што е приоритетно за семејството и домот ќе го купам, за друго ако се има доволно финансии и ако можам да си дозволам малку луксуз.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR
Девојки, не го дефокусирајте проблемот, не е битно дали работи или не. Што ако не може, или не сака да работи, зарем е помалку вредна за неговото скапоцено внимание?! Ајде ве молам! Секому му се случува да остане без работа и ако брачниот партнер не те поддржи, налет бракот. Зарем мм ако добие отказ, а јас работам, ќе му кажам такво нешто, дека го издржувам?! Друго е проблемот, не работата.
Потполно се сложувам со Hopeful RR.Многу лесно можат да се променат работите па да мораш и ти да го издржуваш и што после ти ќе му префлаш? И зарем домашните обрски и обрските окулу децата не се работа, само што таа работа нема цена. Секој во бракот придонесува на свој начин тоа е заедница. Не треба да се гледа кој што прави и како го прави тоа, битно е да се функционира како целина и сите да бидат до некаде задоволни.

Ако бракот се сведе на взаемни префрлања, без взаемни компромиси и без взаемни приоритетни работои и без взаемна доверба за жал тука нема иднина. Се создава една потполно нездрава средина пред се за двајцата партнери, а потоа индиректно и за децата. Ако децата не гледаат како се дава и споделува љубов нема да научат ни да ја возвратат истата.
Ние можеме да даваме различни мислења и судови во однос на тоа што ти ни го презентираш но само ти твојот сопруг ја знаете вистината и суштината за вашиот проблем. Никој не е должен никого да трпи. Запомни без секого се може не може човек со секого да живее. Отворете ги картите на масата и кажете си ги вашите приоритети. Ако не наидете на взаемно разбирање нема потреба да се уништувате ни вие ни вашите деца во една нездрава средина.
Извинете за долгиот пост.

< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 8.4.2015 19:59:44 >

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 216
   RE: Криза во бракот
8.4.2015 22:06:28   
Hopeful RR
Да не ја цитирам AneLav RR, ама во целост се согласувам, ПОТПИС!

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 217
   RE: Криза во бракот
8.4.2015 22:37:03   
mommy_angels RR
Со ова што го напиша Анелав потполно се согласувам.Тоа што ти си терала муабети со некој по нет е само твојата потреба да се чувствуваш убаво и посакувано од некој маж,кога веќе го немаш тоа дома.Што значи вината реално треба да си ја превземеш.А како што и претходно дискутиравме,машкото его е посебно,си бара нега и грижа user posted image ,па не така лесно заборава предавство(реално или виртуелно).Е тука би завршила со разговорот околу тоа што ве довело во моменталната ситуација и би се свртела кон тоа каков е твојот живот со него.
Драга моја,најдобронамерно и пријателски,независно колку го сакаш сопругот и колку многу си го сакаш бракот,не се однесувај како робинка и нечија слугинка.Наредбите и навредите нека си ги чува за пред огледало,а спрема тебе нека се однесува како човек.Колку и да погрешил некој ,на другиот му останува или да прости или да си замине.Психичкото и физичкото насилство се НЕДОЗВОЛИВИ.
И уште нешто ,изреката "поради децата останувам" е крајно глупава и неиздржана.Моја девиза секогаш е -Подобро сам,отколку во лошо друштво

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 218
   RE: Криза во бракот
9.4.2015 2:27:12   
marchi
Imam edno prasanje za defne : vide li tvojot maz dali i sto si pisuvala na fb so nekoj si drug? Po odgovor na ova prasanje ke ti izjasnam 2 slicni slucuvanja pa da napravis sporedba.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 219
   RE: Криза во бракот
9.4.2015 10:04:05   
AneLav RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: marchi

Imam edno prasanje za defne : vide li tvojot maz dali i sto si pisuvala na fb so nekoj si drug? Po odgovor na ova prasanje ke ti izjasnam 2 slicni slucuvanja pa da napravis sporedba.

Марчи која ти е поентава на прашањето сега ќе се шпионираат по фб и повторно ќе влагаат во недоверби? Кој што пишал и да пишал нешто иницирано е од нешто претходно. За доверба се работи овде не за нешто друго. Проблемот е поширок ако се навраќаат на тоа кој пишал и што пишал и зошто пишал во недоглед ќе оди работата. Треба да ги остават сите тие работи зад себе и да си се извинат и да продолжат нормално доколку е можно.Довербата е многу голема работа лесно се губи а могу потешко се враќа.На тоа треба да работат.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 220
   RE: Криза во бракот
9.4.2015 10:11:52   
Tanjat7880
AneLav,ako majkata ja sreduva kukjata kade zivee ona,mazoi no i decata i gotvi i pere i pegla vo istata ne e sluguvanje na mazot nego moralna obvrska shto sekoj zdrav roditel treba da ja pravi vo ime na svoite deca.Da,da sme vo sredno i jas mozda bi mislela samo na sebe no gladni,zelni i valkani deca jas ne bi ostavila samo za da ne mu sluguvam na mazot!!!
Decata go osekjaat problemot no isto taka osekjaat i nekoja sigurnost koga osnovnite raboti RODITELOT gi pravi vo sekojdnevniot zivot.
Da ne meshame BABI I ZABI,sepak vie ste mladi i mozda ne ste se sretnale so problemi koi kje ve navedat da si navednete glava i da si recete zivotot prodolzuva no koga imash deca nemozesh da si dozvolish da PRKOSISH ko 4 godishno dete !!!!

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 221
   RE: Криза во бракот
9.4.2015 11:13:20   
Hopeful RR
Очгиледно имаме различни сфаќања за животот, затоа што за мене пркосот е една од основните позитивни особини на човекот, тоа е оној порив што го тера да оди напред и да се бори за нешто подобро, затоа што знае дека заслужува повеќе.

Во контекст на врска и брак, зошто да наведнувам глава ако нешто суштински не ми одговара? Ако не сум задоволна од врската, зошто сум во неа? И немојте да ми спомнувате ради децата, тоа едноставно не е доволно. По ваква логика, со ќутење и веднење глава ќе завршиме со одобрување емоционално и физичко насилство, не гледам друг крај. За мене една од најлошите македонски поговорки е - наведната глава сабја не ја сече. Тоа ми е типичен пример зошто тапкаме во место и никако да се избориме за нешто повеќе, и на лично, и на колективно ниво.

А моментот дека готвењето, перењето и пеглањето треба да е моја морална одговорност не сакам ни да го диксутирам, искрено. Морална одговорност е бидам добар човек, совесен и одговорен брачен партнер, рамноправен и свесен за сите постапки и одлуки, и одговорен и грижлив родител. На децата не им треба слугинка дома, туку role model, пример по кој ќе учат и ќе се раководат во сопствените животи. Зарем вака би ја учела сопствената ќерка, да ќути и да ведне глава? Или пак синот, ако покаже насилен карактер, ќе му кажеш дека е тоа во ред?

За проблемот на Defne90 ја знаеме само едната страна, и не можеме да бидеме објективни. Но, според нејзините податоци, очигледно е дека станува збор за повредена доверба и неизживеаност пред брак, па лечење детски болести на ризичен начин. Не напаѓам и не одобрувам никого по дифолт, но секој треба да тргне од себе, да биде самокритичен, па после може да се прави муабет и за другиот.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 222
   RE: Криза во бракот
9.4.2015 11:14:40   
AneLav RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

AneLav,ako majkata ja sreduva kukjata kade zivee ona,mazoi no i decata i gotvi i pere i pegla vo istata ne e sluguvanje na mazot nego moralna obvrska shto sekoj zdrav roditel treba da ja pravi vo ime na svoite deca.Da,da sme vo sredno i jas mozda bi mislela samo na sebe no gladni,zelni i valkani deca jas ne bi ostavila samo za da ne mu sluguvam na mazot!!!
Decata go osekjaat problemot no isto taka osekjaat i nekoja sigurnost koga osnovnite raboti RODITELOT gi pravi vo sekojdnevniot zivot.
Da ne meshame BABI I ZABI,sepak vie ste mladi i mozda ne ste se sretnale so problemi koi kje ve navedat da si navednete glava i da si recete zivotot prodolzuva no koga imash deca nemozesh da si dozvolish da PRKOSISH ko 4 godishno dete !!!!

Tanjat 7880 мислам дека не е ПРКОСЕЊЕ да имаш свое мислење и да не дозволуваш некој да те гази и понижува. Никој не рече децата гладни и нечисти да се остават. Но децата имаат двајца родители. Работа на договор во семејството е кој што ќе прави окулу нив. Ако е морална обрска на жената да ги прави сите оние работи за кои велиш ти дека треба тогаш би требало да е и морална обрска на мажот да ја почитува и цени својата жена, а не таа да ја витка главата и да замолчува. Децата чувствуваат сигурност и среќа кога и родителот така се чувствува. А децата се многу прилагодливи суштества и што вика мами енџелс погоре „поарно сам отколку во лошо друштво“

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 223
   RE: Криза во бракот
9.4.2015 11:24:24   
Tanjat7880

ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR

Tocno,obvrska na mazot e da ja pocituva zenata i zrtvata nejzina i toa moralna obvrska e,se slagam.No,nekogash i nekade ima edno no mazot ne go pravi istoto i odi skroz sprotivno.I shto togash?!On rekovme treba da se smeni,treba da poseti strucno lice i taka natamu,znaci ne e odgovoren=BOLEN E.I reshenie e i zenata sega po difolt da bide BOLNA i da pravi istoto shto i mazot,i kade e tuka krajot,kade e mudrosta na seto ova...
Zboruvam za realen zivot,za usponi i padovi kaj sekoe semejstvo,teoretski ti si vo pravo no stvarnosta sosema poinaku se igra i zivee.
I ushte ova,rekov jas nerabotam a rabotev(ete,bev nezavisna)i jas sum svesna deka mojot maz me izdrzava,rani ili kako i toa da go recam.I mislam,pak kje recam samo mislam deka koga bi bila vo situacija da mi kaze JAS TE RANAM jas na toa so morna i ladna glava kje mu recam deka e taka i deka jas sum svesna za istoto.Mene toa ne bi me navredilo(barem taka mislam)

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 224
   RE: Криза во бракот
9.4.2015 11:34:04   
AneLav RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880
Zboruvam za realen zivot,za usponi i padovi kaj sekoe semejstvo,teoretski ti si vo pravo no stvarnosta sosema poinaku se igra i zivee.
I ushte ova,rekov jas nerabotam a rabotev(ete,bev nezavisna)i jas sum svesna deka mojot maz me izdrzava,rani ili kako i toa da go recam.I mislam,pak kje recam samo mislam deka koga bi bila vo situacija da mi kaze JAS TE RANAM jas na toa so morna i ladna glava kje mu recam deka e taka i deka jas sum svesna za istoto.Mene toa ne bi me navredilo(barem taka mislam)

Тања секој во семејството и за семејството придонесува на свој начин. Ако некој само заработува, а ти правиш се останато за семејството тоа не е некој да ТЕ РАНИ. Мене многу би ме навредило тоа.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 225
Страница:   <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Оди на:

Анкета

Кој ги чува вашите деца?
Jana9

Кој ги чува вашите деца кој неодат во градинка или пак во школо?

Мама (50%)

Тато (10%)

Баба (30%)

Дедо (0%)

Жена кој ја плаќаме (5%)

Некој друг (5%)

Број на сите гласови: 20

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!